Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Steam Machine за 150$

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.211
1.681
Скопје
Само што нарачав едно, ме чешаше џебот изгледа... :)
Сега само уште да го склопам 3д штампачот што го нарачав пред некоја година, и да му отштампам куќиште... Што нема да се деси во догледно време. :D
Ај нек се нагоде. Пошто неможам да си земам едно, бар за тебе ќе се радувам :).

Чим го добиеш одма мењање паста/падови. Задната плочка е ладилник за рамот кој нема сензор за температура, така да не би било лошо да го појачаш тој дел. Можеш едноставно да ја избушиш плочката и да заштрафиш некој помасивен ладилник, што сигурно ти се матка по кутии, директно на неа(јас додатно и вентилаторче би бапнал). Покрај рамот сигурно ќе се одрази позитивно и на температурата на останатите компоненти пошто е мала матичната.

Ако отклучуваш CU и додатни јадра кај процесорот и/или оверклокуваш, припази на тоа колку струја влече, пошто над 300 вати прочитав дека можело ако е све на макс и фул оптеретено. Зависно од употребата, ако ти иде натаму потрошувачката, тогаш препорачливо би било да се утилизираат и тие додатните мини конектори за напојување на машинчево. Пошто 300 вати преку еден 8 пински конектор се малку многу, може да се стопи од среќа.

Ај уште еднаш нек се нагоде, па обавезно да споделиш искуство од прва рака.

Едит: Изумив да спомнам дека има модели за 3д принтање на ритеншн брекети, да може да му се монтира пример кулер од AM4 напред, ако имаш некој добар што ти се матка низ дома.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.792
6.492
SK
Знаев дека не треба да влагам во зајачката дупка... Додека да разберам што правам, поминале часови во видеа и читање. :-/

Во Нексио нема thermal putty. Веројатно ова ќе го нарачам како замена (според препораките):

А ова го препорачуваат наместо паста:


За ладење изгледа најпаметно е еден подобар 120мм вентилатор, би рекол малку оф-центар од АПУ-то, сечење на горните финови само под вентилаторот. За задната страна ќе видам дали ќе најдам некаде стари Интел кулери, инаку сѐ што наоѓам по дома се некои гломазни парчиња алуминиум.

И ќе видам падови може и да не менувам, само паста за тестирање и проверка на температури. Маката е што нема сензор за задната страна кај видео рамот.

Ако отклучуваш CU и додатни јадра кај процесорот и/или оверклокуваш, припази на тоа колку струја влече, пошто над 300 вати прочитав дека можело ако е све на макс и фул оптеретено. Зависно од употребата, ако ти иде натаму потрошувачката, тогаш препорачливо би било да се утилизираат и тие додатните мини конектори за напојување на машинчево. Пошто 300 вати преку еден 8 пински конектор се малку многу, може да се стопи од среќа.
Tие да ти биле некои MicroFit поротви. Ќе треба или MicroFit adapter да барам и нарачувам, или да најдам такви конектори па да направам адаптер. Пошто никад нема да најдам стари кабли за ретрофит, тие изгледа се за фармите, за поврзување со големи напојувања.

Ако дојде зорт за струја, можно е и дирекно на плоча да се залемат ~16AWG жици (канибализирани од расипано напојување) и така да се склепа некој стандарден конектор.
Ама не планирам оверклок на АПУ, можеби ГПУ клокот да дојде на дифолт за архитекурата (од 2к е ставен на 1.5, копачки финти). И овозможување на јадра и ЦУ-а е интересно, ако се има време за тестирање (што нема да има во догледно време).
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно