Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Филтер за воздух

Speedster

hello world
1 јануари 2016
463
427
WINIX U450 vs WINIX HR1000 . Дали имa некој предлог кој е боље или која е разликата колку што видов на HR1000 има мислам апп wifi за контрола преку моб и сензор за честички . Додека Winix U450 ги нема овие две раб . Да не сум јас нешто грешка ако може мала помош .
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2.613
1.564
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
@Speedster јас го имам Winix P300 и сега размислувам за апгрејд на Winix HR1000 или некој друг.
Голем недостаток е на Winix U/P серијата што го нема сензорот за честици. Во превод, дома може да имаш и загадување 2000, ама филтерот ќе си работи на прва брзина, бидејќи не регистрира дека има загадување. Од друга страна, филтерот ги чисти честичките. Што значи дека одвреме навреме, посебно после отворање на прозор, ќе треба рачно да го пуштиш на поголема брзина за да го исчисти воздухот.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.665
3.263
Дома го имам п450, што со промена на филтерот станува у450 (тоа е единствената разлика).
Сензорот работи, а посебно е осетлив на мириси. Минус му е што нема мобилна апликација, но и не е нешто пресудно. Сепак е комоција и предност. Кога јас го купив мојот уред, хр1000 го немаше како опција, а веројатно тоа би бил изборот.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
Еве како може да се постават многу билки (страшни „отровни“ билки) во мал простор.
indoor-plants.jpg


9-plant-filled-living-room.jpg


Small-Plants-Decor-Living-Room-Corner.jpg
ikea-houseplants-vines-tropical.jpg


@Lokvan, имаш ли измерено колку е ефикасноста на билките што моментално ги имаш дома? За колку време го пречистуваат воздухот?
Сериозно?
Ме прашуваш дали дома имам лабораториска опрема како таа на NASA? :)

Радо би да имам, и уште порадо и покеиф би да можам да измерам со таква опрема. Но... Ај јас да те прашам нешто. Дали ти си бил во свемир, и пошто не си бил - зошто тогаш не веруваш дека земјата е рамна? :D

Се надевам само дека во овој момент навистина не се спремаш да ги споредиш резултатите од научната студија од NASA со доказите рекламите за хемиското прочистување на филтер уредот на @JasSum ? ;)
Пошто долг е патот од научна институција како NASA - до тоа здружението на пpоизведувачи кое ги потпишало рекламите од филтер уредот на ТојЕ? (ЈасСум?)



во негово име, нема измерено. плацебо пуштено на најјако, обвинува за психо ефекти, а самиот пати од нив.
Што е плацебо, тоа што повеќе сум склон да одам според резултатите од научна студија изведене и објавена од NASA? Плацебо е што не ги ставам рекламите од тоа здружението на пpоизведувачи кое ги потпишало рекламите од твојот ценет филтер уред?

Ок бе, како што веќе ти реков - терај си, твое си е што ќе правиш за себе. Штета само што од твојот инает и фамилијата ти страдаат ни криви ни должни.

Патем со ова вербата во рекламите ми заличуваш на верник во скиентолгија, ај што одбиваш да ја перцепираш реалноста - туку и активно врбуваш нови верници. :hay:


edit:
...почна да мираса иако сменет големиот главен филтер . А тоа дека јас несмеам да избришам по дома зашто ако избрисам со ајакс... ке ве замолам на помош . ФАЛА ОДНАПРЕД :)
А тебе друже не те разбрав.
Сеуште имаш во уредот некој од платнените филтри или предфилтри? Или ги смени баш сите филтри и предфилтри што се усисале со Ајакс (или какви таму хемии си употребувал)?

Грее колку што касно увидов испушта озон
Погрешно. Фактите се следниве:
1. Гри нема парче хартија од тоа фенси здружението на пpоизведувачи кое го пишува во рекламите и на амбалажата на Winix филтер уредот (читај: не платиле рекет за да понудат што поевтин производ).
2. Дали Гри филтер уредот испушта озон кога е пуштен јонизаторот, за сигурно знаеме исто колку што за сигурно знаеме и дали Winix испушта озон (читај: не знаеме).
3. Гри пречистувачот го имам јас лично, дури напишав и рецензија за истиот. Од прва рака можам да ти кажам дека ако не сакаш - не мораш да го пушташ јонизаторот. Уредот има разни модови на работа.

Да си ја прочитал рецензијата за Гри, ќе си знаел што да очекуваш (иако признавам не се сетив да напишам предупредување дека филтрите како и секој платнен материјал посипан со Ајакс - ќе мирисаат на Ајакс). Исто така имаш и рецензија за Ваурон на форумов. За Виникс сеуште немаме рецензија, уште го чекаме JasSum да напише. На жалост тој нема време за рецензии - премногу е зафатен со фалење на уредот што го љуби. :)

Но ти изгледаш решен, штом си се решил за „upgrade“ со среќа со новиот уред. Спореди ги после со Гри (JasSum ќе ти објасни како емпириски се мери плацебо). Гледај само за да фер споредба пак да употребиш Ајакс и те молам вернаш потоа упорно прашувај го @JasSum да ти објасни зошто ќе се чустуваш мирис на Ајакс. Дечкото е експерт за овие работи, со задоволство ќе ти помогне. :D

П.С. Да ти дадам илјадарче во ќеш за тој „засмрдениот“ Гри? Чисто да те спасам да не ти смрди и да не те труе со озон? :innocent:
 
Последна промена:

Speedster

hello world
1 јануари 2016
463
427
Значи зашто одма цинизам . Јас побарав помош од сите од сите се јавија двајца да ми помогнат при изборот . Јас не реков да не ми помогнеш и ти при избор ама нејкам моето барање да сочинува како темата самсунг vs apple . Искрено за у соба со дете се раб и искрено затоа и побарав помош . А искрено колку што знам на грее неможе да се исклучи јонизаторот . Ако може упатиме како ??? Втора раб зашто не ми помогнеш кажи ми што да сменам за да престане да мириса прочистувачот ( инаку само главнит филтер хепа филтерот го променив ) ако мислиш дека е тенкиот филтер мрежичката дека може и тој да упил ке земам утре и ке видам што како . Само искрено дали е нормално од 1% мирис од ајакс колку може од крпа ма ламинат пребришан да се умириса цел систем . Кога еве другите уреди може е маркетички трик даваат дека после готвење тешки манџоини дека можеш дс го пустиш и да прочисти . Значи пак барам помош или да ми објаниш некое од горе наведените прашања и примери @Lokvan .
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
Друже, размисли малку. Било кое платно кога ќе се умириса на хемикалија, имаш две опции. Да го фрлиш и да го замениш, или да го испереш.

Се разбира дека мораш и предфилтрите да ги замениш. Со уредот идат 3 додатни заменски предфилтри, но за жал претпоставувам дека не си извадил од предградата во уредот (па веројатно и тие се замирисале на Ајакс). Пробај испери ги, или прашај во Гри за замени.

Инаку неколкумина овде на форумот го имаат пречистувачот, јас лично знам уште неколку познаници и пријатели. Сите го користат и никој се нема пожалено на „мирисање на хемија“.

Понатаму. Сам кажуваш дека уредов се замирисал на хемија од кога окулу него (можеби и малку врз него?) си чистел со Ајакс. Повторно, од кога почнало да мириса на хемија? Од кога си употребил Ајакс. Која е тогаш причината за мирисот на Ајакс?
Ова ќе ти се случело со било кој уред, всушност ме интересира зошто ткаенините во домот не ти мирисаат. И пробај извадија ја таа решетката од активен јаглен (види во сликите од мојата рецензија на што мислам), можеби таа се презаситила со Ајакс (не ти треба, и онака е релативно бескорисна - главна намена и е за лажење на таквите како ЈасСум).
gree-08-jpg.51298


За јонизаторот во Гри пречистувачот. Пушти го во Sleep мод на работа и заборави други сетирања, никогаш нема да се вклучи јонизаторот. За подетални совети, пролистај го упатството. А ако си го изгубил, овде можеш да го надеш упатството:
Master Operation - Gree GCF300CKNA Operation Manual [Page 11]

П.С. Сериозен сум за купување на стариот, ако се решиш на „надградба“ со нов „подобар“ уред :)
 

Speedster

hello world
1 јануари 2016
463
427
Ке пробам сега да ја извадам решетката да видам што е како е и ке дадам инфо . Сега ја читав рецензијата за sleep mode фала и за тоа инфо . А ако нешто го давам прв ке те известам ако ми веруваш 2 пати е упален :)
 

Speedster

hello world
1 јануари 2016
463
427
Го извадив мислам дека се намали мирисот ама очигледно не е од средство за чистење да не така треба малку да миририса незнам конкретно станува збор за последниот филтер црн што е . Тој и хепа филтерот беа умирисани .
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
Гледај, целава работа е чудна. Не разбирам каков мирис чуствуваш, на што те потсеќа? Ако само два пати си го користел уредот, тогаш сите филтри се практично нови (па и тој што си го заменил и фрлил). Имаш влага дома, да не влегло вода некако внатре?
Ако влегло вода, може мувла да се развие - на мувла мириса? Може и средството за чистење, ако некако влегло внатре, или се умирисало од испарувања, да го сменило мирисот со време. Решетката од активен јаглен можеби го упила мирисот...

Сеедно, на крај на исто се сведува. Фрли ја решетката со јаглен. Буквално, не ти треба. Освен ако не смета што е празно местото, тогаш заглави нешто по краевите со иста ширина, штички дрвца или штодае (или исечи ја решетката да остане само рамката). Потоа извади ги филтерот и предфилтрите. Испери ги убаво во леген со некое средство за перење. Избриши го уредот одвнатре и од надвор со вода + течен сапун за раце (уредот исклучен од струја нормално) и потоа избриши го со мокра крпа. Остави го да се исушиубаво еден ден на сонце. Исуши ги филтрите, следниот ден склопи се и пробај. Ако сеуште мириса така тогаш нешто не е нормално (нешто секако не е нормално). Ваљда си уште под гаранција, рекламирај од каде што си го купил уредот (и не го спомнувај дебаклот со Ајаксот).


едит: Патем уште пар работи:
- Јонизаторот може повремено да го пушташ кога нема луѓе дома и во собата, ако пушта озон - озонот сам ќе се изгуби за 15-тина минути (не е стабилен во воздух). Не дека знаеме дека се испушта озон, но ете подобро на сигурно да се игра.
- Имаше во Веро на акција некои филтер уреди (мислам Блуаир беа), некој попуст за направена сметка или слично. Можеш на пример во собата со детето да ставиш некој таков нов уред, а овој Гри да го возиш во дневната.
 
Последна промена:

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.887
5.595
Пошто ме мрзи да барам низ цела тема, кое е тоа здружение што издава сертификати за пречистувачиве ? @Lokvan

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.426
5.585
Сериозно?
Ме прашуваш дали дома имам лабораториска опрема како таа на NASA?
Не бе друже, не те прашав тоа. Каде го виде тоа прашање?
Те прашав дали имаш измерено. Се подразбира некаков мерач за домашна употреба. Ниту ти барам, ниту очекувам лабораториски резултати, туку некоја вредност колку да може да се види редот на величината.

Мислев дека како ентузијаст имаш набавено некаков мерач на квалитетот на воздухот, ако не за друго, чисто од љубопитство да ја измериш ефикасноста на растенијата и пречистувачот и најважно квалитетот на воздухот во твојот дом.

И зошто имаш потреба толку да го изместуваш целиот муабет со внесување теории на заговор?! Со тоа само оставаш впечаток дека го избегнуваш вистинскиот одговор затоа што и ти не веруваш во тоа што го кажуваш.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.665
3.263
Не бе друже, не те прашав тоа. Каде го виде тоа прашање?
Со тоа само оставаш впечаток дека го избегнуваш вистинскиот одговор затоа што и ти не веруваш во тоа што го кажуваш.
Тоа го прави цело време. Јас постирав резултати од прочистувањето. Тоа се фактите.
Од друга страна добивме слики од ботанички градини кои се невозможни во скопските мали станови. Да имав 90 квадрати, одвоев мал сегмент за зелен ќош, што е сепак недоволен за квалитетно БРЗО прочистување на воздухот. Значи зборуваме за минути, не за денови.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.887
5.595
Тоа го прави цело време. Јас постирав резултати од прочистувањето. Тоа се фактите.
Од друга страна добивме слики од ботанички градини кои се невозможни во скопските мали станови. Да имав 90 квадрати, одвоев мал сегмент за зелен ќош, што е сепак недоволен за квалитетно БРЗО прочистување на воздухот. Значи зборуваме за минути, не за денови.
И пак не го разбираш што сака да каже. И твоите мерења и целиот муабет ти се базира само на прочистување механички загадувачи, или просто кажано прашина (ова е пресимплифицирано од моја страна).
@Lokvan тоа не го негира, него дополнува дека ништо со тие уреди не се прави за хемиското и органското загадување. Дури кај поевтините и понеквалитетни уреди, можеш и беља да си направиш со О3.
Наравоучение, и двајцата сте во право. Прочистувач + Растенија е решението за Квалитетен воздух.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
Прочистувач + Растенија + Редовно проветрување во секоја прилика кога ќе се начека почист воздух надвор (најчесто рано наутро). И @marv, не е дека JasSum не може да разбере. Тој едноставно не сака да разбере.
Ако разбере (читај - ако се соочи со реалноста), тогаш ќе почуствува и морална одговорност да постапи според сознанието. Нешто што извесно сака да го избегне.


Не бе друже, не те прашав тоа. Каде го виде тоа прашање?
Те прашав дали имаш измерено. Се подразбира некаков мерач за домашна употреба. Ниту ти барам, ниту очекувам лабораториски резултати, туку некоја вредност колку да може да се види редот на величината.
Не знам за мерачи за домашна намена со ок цена, а кои можат да мерат концентрации на разни поединачни хемиски загадувачи, како формалдехид, бензен, итн. Ако знаеш за такво нешто кажи, пренеси. Јас знам дека се наоѓа по некој модул (за Ардуино или други контролери) за детекција на јаглерод диоксид, јаглерод моноксид, плин, но тоа и не ме интересира колку што ме интересираат работиве како формалдехид, бензен, и другово што е во поголеми концентрации присутно надвор зимно време (и дома што се испушта од модерните материјали во домот).

Како што веќе реков мерењето на тоа би било интересно. Но сето тоа кошта пари и време. Јас времето и енергијата (и парите) ќе ги фокусирам на размножување на билкиве, пошто резултатите од научната студија се доволно добро измерени за мене. Ако праксата (од луѓе кои го практикуваат ова) вели 6-7 билки по возрасен, јас eдноставно ќе одам на 10 и повеќе. И ќе знам дека можам да бидам само во ќар (сеедно што не можам точно да измерам).

Повторно - од следната година ќе имам вишок билки за давање, кој сака да зафати (да клонира) од вишокот. Исто некој ако има од другите билки наведени во студијата на НАСА, нека понуди. Да си помагаме едни на други.
 

Speedster

hello world
1 јануари 2016
463
427
Денеска дојдов до некоја фирма на прочистувачи IQAIR швајцарска фирма . Ми предложија некој модел HealthPro 250NE . И цена нормално со европски снадард 79 000 ден :) . Демек единствен систем што стопирал бактерии и вируси помали од 0.03 микрона . Идел до 0.01 демек е но.1 за асматичари , луге со алергии итн . Да не некој е упатен за оваа фирма . Демек се друго било играчка вика тој од продавницата . У стил на продавач :) . Хахаха за да се продаде брда и планини :)
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.110
6.055
Тоа за ако сакаш ДА СТАНЕШ асматичар е топ Но1 или? Зошто така ми личи мене со дишење на лабораториски чист воздух цело време.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.665
3.263
Прочистувач + Растенија + Редовно проветрување во секоја прилика кога ќе се начека почист воздух надвор (најчесто рано наутро). И @marv, не е дека JasSum не може да разбере. Тој едноставно не сака да разбере.
Ако разбере (читај - ако се соочи со реалноста), тогаш ќе почуствува и морална одговорност да постапи според сознанието. Нешто што извесно сака да го избегне.
Конечно ги одобри прочистувачите.
Празник е денес.
Ти конечно разбра дека #1 се прочистувачите, па фино е да имаш растенија по дома, макар бројот на студијата вика некаде 30 по човек мислам (поправи ме ако грешам, ама 6-7 не беше) а тоа е сериозно зафаќање на простор.
И упорно, не ти ги негирам студиите што наса ги направила, само што мене не ми треба чист воздух задутре, туку ми треба чист воздух 15 минути по проветрување во зимски услови, во Скопје.
Упорно ти напоменувам фактор време, ти упорно го игнорираш тоа.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
...ми треба чист воздух 15 минути по проветрување во зимски услови, во Скопје.
Тоа што ти треба, и тоа што можеш да го добиеш од твојот уред - тоа се две целосно спротивни работи. Без индустриска опрема за филтрирање со цена изразена во 5-цифрена сума евра (и која ќе треба да се смести во простор соодветен како за некој помал магацин), ти ама баш никако не можеш да го добиеш тоа што си го напишал: „чист воздух 15 минути по проветрување во зимски услови, во еден од најзагадените градови на светот“. Тоа не можеш да го добиеш, и затоа (пот)свесно одбираш да веруваш во плацебо, слично како верниците што веруваат во религија.

Филтер уредот што го имаш не може ни механички да исфилтрира за тие 15 минути, а за хемиски да исфилтрира е фантастика. Во стан од 100м2, со плафон на висина од 2.8 метри, имаш 280 кубни метри. За 15 минути нема шанси да исфилтрираш се, па ни во турбо мод и со екстра озон од „неозонирачкиот јонизатор“ вклучен на макс.

А тоа ти што си мерел не се хемиски загадувачи, тоа што си мерел се ппм честички во воздухот (и тоа смо окулу филтерот, каде што ги има најмалку тие честички). Тоа што ти за 15 минути „гледаш“ намалување на МЕХАНИЧКИ ЗАГАДУВАЧИ (честички) - тоа не значи ништо посебно. Слично мерење ќе го добиеш за нешто подолго време И БЕЗ ФИЛТЕР УРЕДОТ. Едноставно затоа што дел од честичките се лепат за ѕидови, за завеси, за намештај и за се друго од ентериерот што има одреден статички електрицитет. Но тоа не значи дека честичкиве ги нема. Малку играње и трчање на децата, мрдање на завесите, често седнување станување од намештајот, и ете ти ги честичките назад во воздухот. И наеднаш ете го уредот пак се пуштил на турбо - ама еј „глеј колку е добро ова, пак за 15 минути го исчисти воздухот!“ :hay:

Го спориш ова? Повели слободно измери време на паѓање на ппм со и без работа на филтер уредот. Па напиши ни ги резултатите овде.


Тоа е за честичките во воздухот и за нивното механичко филтрирање. Како што му објаснив и на @moongose на жалост немаме едноставен начин како да измериме хемиски загадувачи во воздухот. Затоа јас ќе се раководам спред научна студија (и жити се цитирај каде пишувало 30 билки по човек во студијата), а ти и понатаму слободно продолжи си да веруваш во приказните од рекламните материјали.
бројот на студијата вика некаде 30 по човек мислам (поправи ме ако грешам, ама 6-7 не беше) а тоа е сериозно зафаќање на простор.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.887
5.595
Конечно ги одобри прочистувачите.
Празник е денес.
Ти конечно разбра дека #1 се прочистувачите, па фино е да имаш растенија по дома, макар бројот на студијата вика некаде 30 по човек мислам (поправи ме ако грешам, ама 6-7 не беше) а тоа е сериозно зафаќање на простор.
И упорно, не ти ги негирам студиите што наса ги направила, само што мене не ми треба чист воздух задутре, туку ми треба чист воздух 15 минути по проветрување во зимски услови, во Скопје.
Упорно ти напоменувам фактор време, ти упорно го игнорираш тоа.
Ги одобри он пречистувачите одамна. Само после 15мин проветрување, со прочистувачите ќе имаш воздух прочистен само и само од механички честички, што правиме со NO2, SO2, озон, формалдехиди, CO2, CO, о останати хемиски загадувачи. За ова ти треба или бајааги скап пречистувач со посебен филтер за хемикалии, и плус саглам ХЕПА за вируси, бактерии и мувли, најдобро во комбинација со УВ ламба внатре. Се друго што се продава кај нас е само прочистуваење на прашина вклучувајки ги и овде извиканите Виникс и Блуаир.
И да подобро нешто него ништо.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.809
6.505
SK
...со прочистувачите ќе имаш воздух прочистен само и само од механички честички, што правиме со NO2, SO2, озон, формалдехиди, CO2, CO, о останати хемиски загадувачи.
На жалост дури ни тоа. За 15 минути неговиот уред нема да ги исфилтрира ни механичките честички. За 15 минути неговиот уред само нема повеќе да ги детектира истите во близина на сензорот).
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.887
5.595
На жалост дури ни тоа. За 15 минути неговиот уред нема да ги исфилтрира ни механичките честички. За 15 минути неговиот уред само нема повеќе да ги детектира истите во близина на сензорот).
Небитно, еве и да речеме дека му е само за една мала спална соба, и да е добар уредот, и да има доволен проток, т.е. кубикажа, ќе речеме дека ќе прочисти барем 85% од таа соба. Ама само од ПМ честички и толку.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 

Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.959
4.169
Дали само мене листајќи дискусијата ми изгледа како монолог? ( Lokvan...Marv...како можевте скоро ист аватар :D )
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно