Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
пишува дека и AEMI i АЕRI работат до -15C со исти перформанси. Под -15C ќе има ефект грејачот?
Они работат, само кондензатот кој се цеди може да замрзне. За тој кондензат има топач кај некои клими, кај други (скапи клими) е решено на друг начин. Највеќе мрзнење се случува при +3 до -7 степени. И кога многу врне или има магла и влажноста е многу висока.

Како и да е, тоа може и да не е проблем кај тебе со оглед на тоа колку малку ќе се оптеретени климите. И веројатно нема да мрзнат многу.
 

cacan

read-only
22 октомври 2012
8
1
за дневната (37м2 со кујна и ходник) размислувам помеѓу:
- PANASONIC CS/CU - E12QKE (47000)
- GREE HANSOL -30 GWH12TB-S3DBA3E (45000)
- TOSHIBA SUZUMI PLUS RAS-B13N3KV2 (50000)
Меѓу првите две цената сега им е слична, па не ми прави разлика.
Ве молам за аргументиран совет.
 
Последна промена:

krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
Што мака имаш за да знам што да препорачам.
Не прима команди од даљинското. Даљинското е ок, колку што можев да тестирам, и климата работи на физичко дугме.

После толку време ми текна сега да го отворам даљинското и одма ми стана сумљив керамичкиот резонатор - и оп со нов залемен на негово место - си СПИЕ и си работи нормално климава :)

Таман за денофффф :D:D:D
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Вака е генералниот консензус за избор на клими. Го имаш и поназад.

Буџет:
20000 денари - Грее Ломо Еко12
30000 денари - Грее Ломо ЛЦЛХ12 / Вивакс АЕРИ12
40000 денари - Грее Парапетна12 / Вивакс АЕРИ18

Дупли компресори или понапредни клими.
50000 денари - Грее Амбер Новиов 12 / Грее Хансол 12
60000 денари - Мицубиши FH35VE
100000 денари - Панасоник VE12SKE
150000 денари - Даикин Уруру Сарара

Овие се 3.5KW климите кои треба да ги погледнеш согласно цената. Овие се најзборувани и нудат грубо највеќе во тој опсег на цени. Значи ако се бара поголема моќ на греење јас би одел на подобра 3.5KW клима, а не на полоша 5.5KW клима. Што е поентата? Поентата е што моќноста е зависна од две работи: Температура на загревање и количество на воздух.
Значи треба да се види што е поентата на таа клима која ти е потребна.

Ќе дадам еден груб пример. Еве вака:
Една клима која вади 40 степени издув, со 1100м3 проток на воздух, дава подеднакво исто топлина (киловати) во просторот како и клима која вади 58 степени на издув со 650м3 проток на воздух.
Ама во која ќе ти е поубаво да седиш? Поготово ако е мала соба? Значи важно е издувот на климата да е многу топол, а протокот да не е преголем.
Ефтините клими нудат огромен протох со млака температура, а напредните клими нудат повисока температура на издув и послаб проток.
ΔT1*V1=ΔT2*V2
Кај големи простории тој голем издув на 5.5KW ќе има логика затоа што во 60м3 салон треба да дува силно за да стигне до другата страна на салонот. А не да е топло само на едната страна. Но во станови тоа често е гласно и ретко се користат максималните брзини на климите. Ако инвертер од типот на Панасоник VE12SKE 3.5KW е оставен да работи цел ден на 25 степени нема да има никаков проблем да го загрее станот кој е со ПВЦ и со соодветна изолација. Нема ни да го осетиш дека работи. Секако ако вратите се отворени ширум.

Јас би рекол дека треба да се оди на добра 3.5KW клима во твојот случај. Зошто обично грееме 60-80m2 со такви клими ако се ставени во ПВЦ со изолација. А штом неинвертер ти вршела работа, не гледам проблем инвертерот да неможе да се снајде.

Тоа е моето мислење. Секој со своето нели.

Треба овој, и неколку вакви постови, да се стават во некоја паралелна ЧПП тема затворена за коментари). Потоа истата да се наведе во поднасловот од оваа тема.
Барем 50% од спам прашањата би се намалиле. :)
 

MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Летово купив грее ломо лцлх и супер се покажа за ладење.
Вчера и денес го укличив на греење и ми се чини дека има ниска температура на издувот од внатрешната единица.
Денес земав термометар и го залепив на самиот уздув на средина од внатрешната единица.
После пола саат термиметарот покажуваше +40°Ц.
Нели е ова малку?
Како ќе загрева со +40°Ц на -20°Ц на пример?
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Епа не се мери максимална така. Стави ја на максимум 30-31 или до колку иде. И стави на најјак вентилатор или на едно испод најјак. Сигурно ќе крене над тоа. :)
Инаку инвертер е може од рецимо 38 па до 50ц да менува. А некои и до 58-70 идат поскапи модели.

Не се грижи.
 

MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Епа не се мери максимална така. Стави ја на максимум 30-31 или до колку иде. И стави на најјак вентилатор или на едно испод најјак. Сигурно ќе крене над тоа. :)
Инаку инвертер е може од рецимо 38 па до 50ц да менува. А некои и до 58-70 идат поскапи модели.

Не се грижи.
Ок . ќе измерам утре и така фала ти
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Епа не се мери максимална така. Стави ја на максимум 30-31 или до колку иде. И стави на најјак вентилатор или на едно испод најјак. Сигурно ќе крене над тоа. :)
Инаку инвертер е може од рецимо 38 па до 50ц да менува. А некои и до 58-70 идат поскапи модели.

Не се грижи.
Мала исправка на 1ва брзина најчесто се мери како непишано правило за да имаме попрецизна слика за споредба.

На 26°Ц, на АУТО и ИфЕЛ
Во собата беше 20°Ц, згреа до 26°Ц, но воздухот што го издувува нема повеќе од 40°Ц

Aко внатре е 20 и си ставил на ауто со iFeel наместена на 26 нема да дува жешко климата, 6 степени ке ги постигне за брзо кога надвор е 5-10 степени температура, инвертерот се регулира сам за тоа и е економичен, не оди на макс ако реално нема потреба.
 

bobipp

hello world
13 ноември 2009
451
298
bobipp's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 2700X with Wraith Prism Cooler
Motherboard
Asrock B450 Pro 4
Storage
SSD Samsung 860 EVO 250 GB
PSU
Riotoro Enigma G2 650W Gold full modular
RAM
2x8 GB G. Skill Ripjaws V 3200 Mhz
Video card
MSI GTX 1650 SUPER 4 GB OC Edition
Case
Riotoro CR400 2x120 mm fans
Mouse
A4Tech X-710BK
Monitor
AOC i2269vwm 21.5" IPS
OS
Windows 10 Pro
Имам Панасоник инвертер RE-12QKE, 3.5 kW. Купена во мај 2015. Се користи од летото 2016. Значи користена две лета и една зима. Дали треба да отворам да ѕирнам во внатрешната единица во смисла да не треба чистење на некои филтри итн...? На климата пишува дека има антибактериски филтер? Дали тој е фабрички филтер вграден еднаш засекогаш или треба да се менува? Да не го заебам ако чепкам?
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Извади поклопецот и види како е состојба. Внатре филтрите ниеднаш не си ги чистел? Лесно се вадат види ги какви се.
 

zlatko mali

read-only
12 август 2017
3
0
Вака е генералниот консензус за избор на клими. Го имаш и поназад.

Буџет:
20000 денари - Грее Ломо Еко12
30000 денари - Грее Ломо ЛЦЛХ12 / Вивакс АЕРИ12
40000 денари - Грее Парапетна12 / Вивакс АЕРИ18

Дупли компресори или понапредни клими.
50000 денари - Грее Амбер Новиов 12 / Грее Хансол 12
60000 денари - Мицубиши FH35VE
100000 денари - Панасоник VE12SKE
150000 денари - Даикин Уруру Сарара

Овие се 3.5KW климите кои треба да ги погледнеш согласно цената. Овие се најзборувани и нудат грубо највеќе во тој опсег на цени. Значи ако се бара поголема моќ на греење јас би одел на подобра 3.5KW клима, а не на полоша 5.5KW клима. Што е поентата? Поентата е што моќноста е зависна од две работи: Температура на загревање и количество на воздух.
Значи треба да се види што е поентата на таа клима која ти е потребна.

Ќе дадам еден груб пример. Еве вака:
Една клима која вади 40 степени издув, со 1100м3 проток на воздух, дава подеднакво исто топлина (киловати) во просторот како и клима која вади 58 степени на издув со 650м3 проток на воздух.
Ама во која ќе ти е поубаво да седиш? Поготово ако е мала соба? Значи важно е издувот на климата да е многу топол, а протокот да не е преголем.
Ефтините клими нудат огромен протох со млака температура, а напредните клими нудат повисока температура на издув и послаб проток.
ΔT1*V1=ΔT2*V2
Кај големи простории тој голем издув на 5.5KW ќе има логика затоа што во 60м3 салон треба да дува силно за да стигне до другата страна на салонот. А не да е топло само на едната страна. Но во станови тоа често е гласно и ретко се користат максималните брзини на климите. Ако инвертер од типот на Панасоник VE12SKE 3.5KW е оставен да работи цел ден на 25 степени нема да има никаков проблем да го загрее станот кој е со ПВЦ и со соодветна изолација. Нема ни да го осетиш дека работи. Секако ако вратите се отворени ширум.

Јас би рекол дека треба да се оди на добра 3.5KW клима во твојот случај. Зошто обично грееме 60-80m2 со такви клими ако се ставени во ПВЦ со изолација. А штом неинвертер ти вршела работа, не гледам проблем инвертерот да неможе да се снајде.

Тоа е моето мислење. Секој со своето нели.
Fh
Конечно асален Амбер. Не како претходнион што беше. Е ова веќе вреди да се дискутира.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.736
12.671
Skopje
www.wemaxa.com
За Хансол има попуст 45к е сега, има R410A фреон.

Amber e 50к, има R32 фреон, поефикасен е т.е. поекономичен маргинално. Ако парите не се проблем оди со Amber -30, за ладење е поекономичен. Фреонот е пак поскап, ако се најдеш во ситуација да имаш потреба промена на фреон, R32 ти е поскап, моментално нема баш монтери што го работат овој фреон, самиот фреон потешко се наоѓа, не е толку еко-френдли (по-запалив е..) итн.

Ако купуваш сега и бараш за битна просторија (дневен престој на пример) оди со Амбер -30.


GREE HANSOL -30.... 49990
ILI
GREE AMBER -30..... 49900
????????
VO TIM COMPUTERS
 

Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Вака е генералниот консензус за избор на клими. Го имаш и поназад.

Буџет:
20000 денари - Грее Ломо Еко12
30000 денари - Грее Ломо ЛЦЛХ12 / Вивакс АЕРИ12
40000 денари - Грее Парапетна12 / Вивакс АЕРИ18

Дупли компресори или понапредни клими.
50000 денари - Грее Амбер Новиов 12 / Грее Хансол 12
60000 денари - Мицубиши FH35VE
100000 денари - Панасоник VE12SKE
150000 денари - Даикин Уруру Сарара

Овие се 3.5KW климите кои треба да ги погледнеш согласно цената. Овие се најзборувани и нудат грубо највеќе во тој опсег на цени. Значи ако се бара поголема моќ на греење јас би одел на подобра 3.5KW клима, а не на полоша 5.5KW клима. Што е поентата? Поентата е што моќноста е зависна од две работи: Температура на загревање и количество на воздух.
Значи треба да се види што е поентата на таа клима која ти е потребна.

Ќе дадам еден груб пример. Еве вака:
Една клима која вади 40 степени издув, со 1100м3 проток на воздух, дава подеднакво исто топлина (киловати) во просторот како и клима која вади 58 степени на издув со 650м3 проток на воздух.
Ама во која ќе ти е поубаво да седиш? Поготово ако е мала соба? Значи важно е издувот на климата да е многу топол, а протокот да не е преголем.
Ефтините клими нудат огромен протох со млака температура, а напредните клими нудат повисока температура на издув и послаб проток.
ΔT1*V1=ΔT2*V2
Кај големи простории тој голем издув на 5.5KW ќе има логика затоа што во 60м3 салон треба да дува силно за да стигне до другата страна на салонот. А не да е топло само на едната страна. Но во станови тоа често е гласно и ретко се користат максималните брзини на климите. Ако инвертер од типот на Панасоник VE12SKE 3.5KW е оставен да работи цел ден на 25 степени нема да има никаков проблем да го загрее станот кој е со ПВЦ и со соодветна изолација. Нема ни да го осетиш дека работи. Секако ако вратите се отворени ширум.

Јас би рекол дека треба да се оди на добра 3.5KW клима во твојот случај. Зошто обично грееме 60-80m2 со такви клими ако се ставени во ПВЦ со изолација. А штом неинвертер ти вршела работа, не гледам проблем инвертерот да неможе да се снајде.

Тоа е моето мислење. Секој со своето нели.
Во буџет климите сега се вмеша и Daikin (произведен во Чешка ) мислам на најевтиниот што го нудат... моделот FTXB35C
22279839_2003681539876808_5237128451617301873_n.jpg

иако на klimi.mk сеуште го имаат на сајтот со цена 41,000 DAIKIN FTXB35C/RXB35C по супер цена од 40.890 ден. .... ИЦС груп го нудат за 32,700! Lomo LCLH како конкурент за најдобар избор во буџет класата поскапе деновиве иљадарче и сега е 31К, (а пролетоска се нудеше 27К).... прашањето е дали 1,700 Ден поскапиот Daikin опасно конкурира за најдобар во Буџет климите!? И со цена и по перформанси... Мислиш дека не е подобар избор од АЕРИ или ЛЦЛХ во буџет класата...!?
потоа тука е и Panasonic PANASONIC PANASONIC CS/CU-KE35TKE по супер цена од 32.990 ден. со цена 2,000 над Lomo LCLH и 5К поскап од АЕРИ... вака на прв поглед, модел од 2017-та и убави карактеристики има, но пред се ме интересира за Daikin-от што мислиш во споредба со Ломо или АЕРИ?
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
За ДАИКИН имаме Eurovent. Нема што да се „мисли“ може лесно да се провери.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.080
6.014
Io3iJDe.png


Само 2.8 pdesignh, so 4.0 SCOP.
2.48KW со само 2.2COP на -7.


Според мене FH35VE е најефтина клима која вреди да се земе од реномиран производител. Испод тоа изгледа мора да се оди на кина или кореа.
 

Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Овие Najbolja inverter klima u Srbiji - kako izabrati inverter klimu? баш и не мислат така... Истото може да се прочита и на Хрватски форуми. Вели: Подобро е да се земе entry модел на топ производител, отколку премиум модел на Low brend производители!
Веројатно мисли во иста ценовна класа...или каде нема големи разлики во цена.
Инаку нема збор Mitsubishi моделот што го наведе е најдобар избор на пазаров, но е двапати поскап од Daikin-от!
Секој со своите можности и со своите потреби.
 

MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Некој спомена дека сака да го исклучи плазма филтерот.
Може ли некој подетално да ми објасни зошто?
 

kooks

Баниран/a
5 март 2016
95
57
Овие Najbolja inverter klima u Srbiji - kako izabrati inverter klimu? баш и не мислат така... Истото може да се прочита и на Хрватски форуми. Вели: Подобро е да се земе entry модел на топ производител, отколку премиум модел на Low brend производители!
Веројатно мисли во иста ценовна класа...или каде нема големи разлики во цена.
Инаку нема збор Mitsubishi моделот што го наведе е најдобар избор на пазаров, но е двапати поскап од Daikin-от!
Секој со своите можности и со своите потреби.
Штом било така ....да се земе entry модел ама да е марка што уште размислуваш??
зимај Мираи пример за 40.000 со надворешна од 22кг, со фреон 580гр и ке те грее баш исто како рецимо Hansol 40.000 со 43кг надворешна twin kompresor и 1300гр фреон. Или Даикинов за 32.000 со 600м3 максимален издув и нетроши повеќе од 1290W. TOP :)
На Хрватскиот форум доста е популарно Мираито....ама во Далмација каде речиси зима негледаат со температури све над +5Ц :)
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно