Темава служи исклучиво за постирање на резултати од мерења потрошувачка на клима уреди и други уреди топлотни пумпи. За се друго на тема на клима уреди дискутирајте во темата „Избор на клима уред?“!
Со оглед на мноштвото непожелни конфликтни ситуации кои редовно се случуваат во дискусијата „Избор на клима уред?“ заради мноштвото од субјективни и необјективни лични мислења, сметам дека постои потреба од една паралелна тема која ќе се занимава исклучиво со документирани резултати од мерења на потрошувачката од мноштвото клима уреди но и сите други топлотни пумпи кои се достапни на нашиот пазар (или се алтернативно достапни преку увоз).
Едноставно кажано, ќе ги споредуваме потрошувачките според тоа колку струја трошиме по кубен метар од нашите станови. Вие презентирајте резултати од мерењето, а овде ќе ви се помогне да се направат пресметките.
Се молат сите потенцијални учесници во темава, да избегнуваат дискусија и реплики овде. Таквите постови ќе бидат пријавувани. При постирање на резлутатите од мерењето треба да се запазат следните правила наведени подолу. Форматот на мислењата треба да биде во следниот облик:
- Податоци за просторот кој се грее, минимално барем површина и висина, а по можност и податоци за изолацијата.
- Просечна температура на која се грее просторијата/станот, евентуално и разликите помеѓу ноќна и денска зададена темература (ако постојат разлики)
- Потрошувачка за недели или месеци. По можност изразено по временски интервали за недели или месеци во spreedshit, идеално би било со вредности од почеток до крај на грејна сезона.
- Фотографии од мерачите за потрошувачка.
- Податоци за клима уредот (топлотната пумпа) во вид на име на брендот, моделот, кратки спецификации за моќноста изразени во киловати електрична и топлинска енергија и/или BTU (British thermal unit).
На крај од постот се дозволени кратки субјективни мислења за уредите кои се презентираат, со додатни информации кои сметате дека се релевантни. На пример дали сте задоволни или незадоволни од уредот кој го користите, и што конкретно ви се допаѓа или не ви се допаѓа. Дискутирање и дебати за презентираните информации не е дозволено овде, но можете постовите од овде да ги цитирате во темата „Избор на клима уред?“ и таму да ги дискутирате. Но не овде.
Поентата на оваа тема е во неа да се постираат исклучиво факти. Факти документирани со мерење на потрошувачка. Потоа врз основа на тие податоци кој сака да прави споредби (на другата тема) ќе може да се прават споредби според потрошувачката по кубен метар.
Повторно, на сите дискусии за презентираниот уред, сеедно дали се релевантни или нерелевантни, сите реплики кон мислењата и презентираните искуства - ним не им е местото овде. Таквите муабети можат да се практикуваат во дежурната тема за јадење бурек: „Избор на клима уред?“.
Оваа тема овде ќе биде наменета само за презентација на факти, и за тие кои немаат нерви и вишок време да се препираат со ботови на другата тема.

Изменето од модератор: