Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
да го слезам барањето за нова регистрација? барем така прочитав на страницата нивна. од прилика за колку време ке ја напрат промената и дали нешто треба да се плати и како ?
да, тоа барање. За промените знаат да се бавни. Однеси го лично барањето, заедно со другите документи.
А за плаќање, не треба. Мислам дека првите 5 промени не се плаќаа.
Откако ќе го примат барањето во архива за 2-3 дена максимум е завршена процедурата, после дечките одговорни за промени одма ги прават измените чим го добијат тоа барање од архивата.
Инаку архивата на Марнет прима барања до 12 часот секој работен ден, да си знаеш да не одиш напразно после тоа време.
Мој совет ти е во полето за технички контакт да ставиш мејл адреса различна од таа на домејнот што го префрлаш, затоа што во случај на проблеми при префрлањето те контактираат на таа адреса, а доколку не ти е во функција домејнот односно мејл адресата нема да ги примиш тие пораки.
ова во формуларот не му го разбирам:
која адреса треба да ја внесам од хостот IP адресата или да не внесвам ништо?
Доколку даден именски опслужувач се наоѓа во поддоменот кој треба да се регистрира, задолжително се наведува барем една негова званична IP адреса. Во спротивно тоа не е потребно.
Марнет е нешто најпосрано што може да постои. Се диво и живо работи дигитално веќе, тие уште работат со барања вакви, барања такви па дури и се наплаќа за промените... Заради нив ми е страв да купам .mk домен.
се снајдов најдов во cpanel DNS и соодветни IP адреси за нив. го пополнив барањето па дирекно таму пуштив да му го однесат и имало некоја баба на шалтер рекла дека ќе бидеме известени по е-маил