Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

OnePlus паметни телефони - генерална дискусија

Sapphire

user
11 ноември 2015
1.207
810
@DonFrozex

Јас имам нарачувано од официјланата па можам да споделам искуство:

1. Имав адреса на која требаше да стигне телефонот во Солун, бидејќи телефонот ме претрка а на адресата немаше никој, телефонот ме чекаше во ДХЛ претставништвото (мислам дека може и да се нарача poste restante т.е. пратката да те чека во DHL претставништвото;
2. Иде со официјален Dash charger;
3. Од Полска беше испораката значи нема ни царина екстра ни ДДВ екстра и дојде со Oxygen OS, не со Hydrogen OS;
4. Како bundle ми искочија accessories поефтини;
5. Имам официјална ЕУ гаранција од 2 години на телефонот;

Јас можеби и ќе ја платев цената која Мобеликс ја бараа да го имаа легално увезено телефонот т.е. уредно да плателе давачки кон државата, утре да се расипе телефонот ќе немаш правна основа на која да се повикаш т.е. не можеш да повикаш никаква инспекција да те заштити или да им стегнеш тужба.

Само со економски бојкот на сивата економија истата се намалува.

Јас сум заинтересиран после нова година да го земам McLaren. Планирам во Грција да го порачам со нај скапиот шипинг кој моментално е на попуст од 24евра на 10евра. Телефонот грубо ке ми излези 710евра.

@smole Кажи ми ти сега кога го порачуваше телефонот дали им рече на пакетот да напишат некоја по мала сума или стандард сума колку што кошта телефонот ти напишаа?
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Видете вака, тука има неколку работи што треба да се земат во предвид пред да се блејма или прават споредби.
(не сфатив ништо лично. не пробувам да правдам никој. пробувам да ја опишам реалната ситуација.)
Ќе ви напишам мал реферат, извинете ме што ќе ви одземам малку поче време читајки ја :)

  • Ја гледате цената во USD.
Ова значи дека е таа цена за во Америка, не во Европа.
Пробајте изберете било која друга Европска држава од знаменцето, ќе видете дека и валутата ќе се смене од Долари во Евра.
или со пример: од 579$ станува магично 579€, што е за 13% повеќе од цената на истиот телефон во УСА.
Зошто е тоа така? Го оправдуваат со увозни давачки и специјални закони наметнати од Европската Унија.

Океј, 579€ и не е така лоша цена, особено за нарачување од официјалната страна (бричи муда).
  • Проба да го порачаш? Достапен е во Македонија? Не е, знам.
Но достапен е во Бугарија, или Грција, нели?
Океј, ќе си го порачам таму (ако имаш адреса/пријател/познаник кој би можел да го прими, ахем).
Ќе тркнам (што би рекле колегиве од форумов) на едно Фрапе до јужниот сосед и ќе си го земам. Супер.
Но јужниот сосед исто така има увозни давачки. (23% они, некои 17% бугарите ако не се лажам).

  • Така да ќе треба и кај нив да платиш данок и/или царина (јбг не им ги знам толку добро законите) - бидејки телефонове се испорачуваат од стоваришта исто во Кина.

Стави ги уште 150е грубо да ти се давачките, а може и повеќе да се.

(ќе бидеш пресреќен ако ти го пуштат од Полска во ЕУ земја, па да не мора да плаќаш екстра давачки, но тие залихи од ЕУ се трошат како алва, и имаат Notify Me something bla за кога ќе им стигнат нови залихи, за пак да ги пуштат.)

Океј, го земам во Грчка, фрапето бонбона, море, сонце, мераци.
Ќе го шверцам ајде во МК. Ништо страшно.
Потрошени 30-50 евра за нафта, јадење и кафе, ама фак ит, тоа не се рачуна во трошок, се рачуна ко дневница.

Идеш на граница, поминуваш без проблем.
Тоталка до сега? 800евра некаде?

а знаете уште колку мал милион компликации можат да се десат успат што не успеав да ги набројам?
а знаете дека на официјалната страна не го гледам оној убавиот Даш чаргер прикажан во What's in the Box сликите? туку некој друг сличен, и мора да си го докупите ако сакате? (јбг, исправете ме ако грешам, немам уште нарачувани од официјалната).

Да сумирам:
Не ги бранам ниту оправдувам зашо мобеликс ставиле толкава маржа, ипак е слободен пазар секој може да си ја стави цената колку сака.
Ако мислеш дека има монопол или слични глупости, имаш инспекции за тоа - пријави ги.
Друго, не секој може да го нарача телефонов, затоа што не секој има некој во Странција за да ти пристигне таму.

Не е мое да судам како ги увезуват телефоните, дали ги шверцаат или по регуларни канали, но глупо е тоа што ти обеќаат година дена гаранција, а не ти даваат фискална сметка? ВТФ?
(не сум купувал од нив, следам во коментари што кажуваат луѓето).
Тогаш на што ти се базира таа гаранција што ја кажуваат? Потпис на раче?

Јас барем им кажувам однапред на сите: гаранција на ливче не можам да ви дадам, но тука сум за секое едно нешто за помош. и никој не сум оставил на цедило.

Веќе знаете дека они го прават истото што и јас, и истиот „Кинески“ модел го продаваат што и јас (за ова бев кај нив во продавница проверив). само што маржата им е друга.
Ама морате да вкалкулирате зошто е толку поголема цената од „официјалната“.
тука мора да платат кирии (или да купат простор). мора да плаќаат вработени, придонеси. Мора да држат залихи кои може никад нема да ги продадат. мора да платат сервисер да ти среди нешто ако има заеб...
Така да си се додава тоа на крајната цена, немојте да се залетувате да правите така нереални компарации во цените, кога не ги имате вбројано сите фактори и моменти.

На страна од поезијава погоре, да, се слагам дека 2гб плус РАМ (на веќе премногуте 8 кои ги имаш), портокалово кабелче со Warp charge и амблеми не вредат за 150-200Е доплата во цената.

Со кој ОС доаѓаат овие твоиве? Хидроген или Оксиџен?
 
28 јануари 2017
2.055
4.713
Ресен
Како што кажа @DonFrozex , не се за правдање ама секој може да става маржи колку сака, ти одговара купуваш, не ти одговара, идемо даље.

Во секоја продавница треба да има по едно вакво истакнато.

raa4uog9r8621.jpg
 
smole

poweruser
18 април 2007
3.898
4.579
@smole Кажи ми ти сега кога го порачуваше телефонот дали им рече на пакетот да напишат некоја по мала сума или стандард сума колку што кошта телефонот ти напишаа?

3. Од Полска беше испораката значи нема ни царина екстра ни ДДВ екстра

Нема зашто да им пишам да напишат помала цена од ЕУ до ЕУ е пратката.
 
fuzzjaw

poweruser
13 јануари 2014
2.062
3.832
Веќе знаете дека они го прават истото што и јас, и истиот „Кинески“ модел го продаваат што и јас (за ова бев кај нив во продавница проверив). само што маржата им е друга.
Ама морате да вкалкулирате зошто е толку поголема цената од „официјалната“.
тука мора да платат кирии (или да купат простор). мора да плаќаат вработени, придонеси. Мора да држат залихи кои може никад нема да ги продадат. мора да платат сервисер да ти среди нешто ако има заеб...
Така да си се додава тоа на крајната цена, немојте да се залетувате да правите така нереални компарации во цените, кога не ги имате вбројано сите фактори и моменти.

Иако ти го прочитав цел муабет, и со многу од работите се сложувам, факт е дека многу од нас имаат ваква или таква можност да го порачаат од официјалната страна, по официјалната цена, без многу проблеми и заебанции. Дали е преку другарче или роднина или како и да е, во најлош случај телефонот ќе ти излезе колку што си го платил, плус една кафана за тој што ти го донел.

Мене како краен потрошувач не би ме интересирало какви се трошоци имаат Мобеликс. Она што го наброја ти не е ни се, мора да има и алати, мора да има и резервни делови на залиха, и ако телефонот што си го купил е со фабричка маана, треба на нивен трошок и да ти го заменат, нели. Или бар така би требало да функционира. Ама ништо од тоа не е мој проблем, иако ги знам работите. Мене ме интересира колкава е цената на уредот (MSRP), и колкава е цената кај нас. Ако е преголема разликата, како што е во ситуацијава, мене не ми е во ред, и тука завршува мојот муабет како краен потрошувач. Ако нивниот начин на работа е "крени ги цените до небо, за со два продадени телефони да платиме кирија и вработени, а се друго да ни е ќар" (карикирам), не купувам од нив. Порадо ќе го почекам од надвор, ќе се помалтретирам дури најдам некој, ама на крај ќе заштедам 100-150 евра, и нема да изгубам ништо.
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.407
1.639
Значи сите сме на иста фрекфенција.
Бтв, да додадам на „трошоците на мобеликс“ : само што отварам GsmArena и гледам два огромни вертикални банери од нив од левата страна...
изглеа убава пара лупнале на Google Ads.

Со кој ОС доаѓаат овие твоиве? Хидроген или Оксиџен?
OxygenOS 9.0.5 ако ме држи добро меморија.
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.164
3.214
Струмица
Ставиле фотки од Thunder Purple а сигурен сум дека не можат да ja донесат таа боја.. исто 8 гига рам што е поскапата опција.
Уште да ги праша некој што подразбираат под таа гаранција.. многу ме интересира.

Да ги праша некој што точно продаваат, да нема забуни.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
1+7 најавен со slider

50103899_10156853464299598_3429435423401705472_n.jpg
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
Не знам за вас, ама јас пре би Notch отколку слајдер, особено оној на OnePlus 6T.

Имам iPhone Xs Max, по 2-3 дена користење воопшто не ни го забележување - од друга страна слајдер се забележува со секое користење и мислам дека повеќе ќе „замара“ него малиот notch...
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Не знам за вас, ама јас пре би Notch отколку слајдер, особено оној на OnePlus 6T.

Имам iPhone Xs Max, по 2-3 дена користење воопшто не ни го забележување - од друга страна слајдер се забележува со секое користење и мислам дека повеќе ќе „замара“ него малиот notch...
Поголем проблем кај слајдерот е што зазема огромен дел од куќиштето и заради него страда батеријата. Или ќе е подебел телефонот, ама знаеме дека ниеден производител нема да направи 2мм подебел телефон, туку ќе скрати од батеријата. Со цел да си качи профит се разбира, на сметка на корисниците.
 
Од аспект на производител најмногу се гледа на маркетингот - ако OnePlus 7 нема слајдер, значи ќе остане предниот дел ист како 6t (со notch), односно се губи главната маркетинг фора при рекламирање...

Само кај Apple може да се претстави нова боја и сите да полудат, кај другите малку тешко :D
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Од аспект на производител најмногу се гледа на маркетингот - ако OnePlus 7 нема слајдер, значи ќе остане предниот дел ист како 6t (со notch), односно се губи главната маркетинг фора при рекламирање...

Само кај Apple може да се претстави нова боја и сите да полудат, кај другите малку тешко :D

Па изгледа заврши таа доба. АПпле изгуби 500 милијарди долари или 40% од својата вредност во последниов месец. Ме потсеќа на времето кога балонот на Нокиа почна да дише.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Од аспект на производител најмногу се гледа на маркетингот - ако OnePlus 7 нема слајдер, значи ќе остане предниот дел ист како 6t (со notch), односно се губи главната маркетинг фора при рекламирање...

Само кај Apple може да се претстави нова боја и сите да полудат, кај другите малку тешко :D
Незнам баш. Сега маркетингот е на 855 и на најтшот феноменален.

Мислам дека целата поента се врати на камерите откога Хуавеј извади најтшот, па после гугл го стави во Пилсел. Еве сега хуавеј извади широк агол, наредно и другите тоа ќе го направат.
6т е идеалниот телефон на изглед, само му фали малку буст на камерата за 7ца и малку буст на најтшотот софтверски. И секако 855 процесор. 3700мах батерија е минимумот, ако ја зголемат барем до 4200мах во 7 ќе е совршен телефонот
 
Не знам, најголем купец на премиум телефони се веќе постоечки корисници, што значи дека сопственици на OnePlus 6T би требало да им се најголем пазар. Внатрешни промени и инкрементални подобрувања на камерата нема да бидат толку привлечни како нов дизајн или нешто поопипливо.

Повторно ќе кажам, ова го зборувам од аспект на компанијата и продажната стратегија, претходно телефоните имаа огромни напредоци со секој нов модел и бевте „приморани“ да купувате ако го сакате најдоброто - сега дали имате 845 или 855 не е преголема разлика ако не се стави тоа во функција. Apple повторно е тука во уникатна положба - ќе претстави нов процесор во стара шасија, ама софтверот ќе го дизајнира околу него и веднаш знае како да го продаде.

Во секој случај, согласни сме дека notch-от веќе не е проблем, а дополнително на рендериве гледам chin доле, што според мене не би требало да го има веќе...
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Како 6т биле купци... Па вчера излезе.

А тој што зема онепл7с зема да трае. 5т и надоле може да се купци ама само ако е 3700 или нагоре батеријата. Испод тоа и никој нема да е купец.
 
spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.830
4.973
Писти Охту
Не знам за вас, ама јас пре би Notch отколку слајдер, особено оној на OnePlus 6T.

Имам iPhone Xs Max, по 2-3 дена користење воопшто не ни го забележување - од друга страна слајдер се забележува со секое користење и мислам дека повеќе ќе „замара“ него малиот notch...
Сличен достапен кај нас телефон со така мал ноч ко на 6т е на huawei mate 20, во нептун и сетек го има само. Ама штета, ја носат верзијата само со 4 гига рам.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Еве после 2 недели користење, телефонот е лудница и вреди за секој потрошен денар!
Би те замолил за МНОГУ подетален опис. Што телефон имаше претходно? Во однос на што е подобар од што? Со што споредуваш? Што си користел? Што имаш во непосредна близина? Што највеќе ти се допаѓа? Дали е брз? Дали е флуиден? Дали е респонзивен? Дали е добра камерата? Екранот? Вибрациите?

Многу малку искуства иама со овој телефон кај нас затоа прашувам.
 
CHIMPANZEE

hello world
23 февруари 2011
361
111
Скопје
Би те замолил за МНОГУ подетален опис. Што телефон имаше претходно? Во однос на што е подобар од што? Со што споредуваш? Што си користел? Што имаш во непосредна близина? Што највеќе ти се допаѓа? Дали е брз? Дали е флуиден? Дали е респонзивен? Дали е добра камерата? Екранот? Вибрациите?

Многу малку искуства иама со овој телефон кај нас затоа прашувам.

6t?

Инаку, како е со фингерпринтот кај 6t у споредба со 6? Брз? Спор?

Се префрлам од строго stock андроид искуство (Nexus 5, Nexus 6P). Телефонот е екстремно брз и стабилен, рам менаџмент ПРЕДОБАР, батерија држење речиси два дена со интензивно користење, adaptive brightness, уклучени features како face unlock и комбинација од WiFI/4G. Камерата е солидна накај одлична, посебно ако се симне pixel камерата (кај мене веќе е ставена под дифолт). Екранот е исто така топ, нема да згрешам ако речам дека новиве ајфони вода може да му носат во поглед на екран. Единствена работа што не е reliable (можеби и очекувано) е fingerprint sensor-от, не фаќа секогаш, но кај мене можеби е проблем што уште го немам тргнато фабричкиот screen protector.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно