TouchIT
lurker
- 9 јули 2018
- 901
- 643
Ако стои како резервација си платил преку онлајн страната на евн и се чека неколку дена, требало да ја платиш сметката преку е-банкарство а не преку страната на евн и ќе добиеше налог со статус конечно реализиран како што доби за приклучот бидејќи го плати преку налог.Мозгалица
Се најдов во необична ситуација со НЛБ банка, па ако има некој искуство нека сподели.
Плаќав за исклучена струја на ЕВН плус за повторен приклучок електронски пред еден саат. Тоа за повторен приклучок уште е во некаква меѓубанкарска пресметка ама кога ќе стиснеш на него се појавува целиот налог како е платено во колку саат број итн. Тоа го наоѓам во "Промет во период".
Од друга страна, исплатениот долг се наоѓа во резервации заедно со уште неколку плаќања кои ги имам завршено деновиве. Таму нема дополнителни информации, само дека е платено толку пати на тој и тој на тој ден. Нема ни саат, ни број на трансакции ни ништо.
И сега во ЕВН ми бараат потврда за да пуштат струја, а јас им давам слика од резервацијата плус тоа целата уплатница од повторен приклучок. Викаат за повторниот приклучок океј, ама ова за долгот што е платен резервацијата не проаѓа, мора дека е конечно платено.
Вака испаѓа дека од некоја непозната причина може да се чека 2-3 работни дена па може и 4 (така ми рекоа на информации во НЛБ, не знам колку е вистина) пред да добијам таква потврда.
Дали има друго решение?
Ако е вака испаѓа дека понекогаш попаметно е да се оди во банка отколку да се користи е-банкарство.