Здраво на сите,
Дојде време да купувам клима за станот па би сакал совет/мислење од вас за конкретни модели.
Станот е 60м2, поткровје (многу ладно во зима, многу топло во лето), север-североисток ориентација, надворешна изолација нема, од внатре има стиропор и гипс картон, прозори пвц (дневна двослојни, спалните трослојни), само од една страна има комшии, под мене се грее/лади.
Дневна со трпезарија околу 30м2 со врата кон ходник (ходник околу 3-4м2), свртување десно каде што има две мали спални соби (по 9м2) и тоалет. Моментално во дневната има клима насочена кон ходникот (не е инвертер, 3.5kw) која што троши доста и често прави дефрости, и под 0 степени понекогаш и не работи.
Барам предлози за конкретни модели на клима со коишто би можело да се грее/лади целиот стан (дневната со трпезаријата и ходникот и до помала мерка во спалните, таму веќе има други елементи).
Буџет околу 70 000 денари. Забележав некои клими коишто имаат слични перформанси (SEER/SCOP, моќност и ефикасност) како Јапонските а се поефтини, дали би добил сличен перформанс/квалитет и со некоја од тие? Сите предлози се добредојдени.
Благодарам однапред
Бидејќи немаш изолација тогаш овој 5.5кв модел
AUX Инвертер клима уред АSW-H18E3A4/QCR3DI Hi Eff - Elipso
- Тип на фреон R32 - Количина на фреон 1.40 kg - Опсег на работа од -30 до +50 °C - Опремена со греач на компресор и филтер за +2.5 PM честички
www.elipso.mk