Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Поволна прилика - малишава на Flash Sale за 5 долари (плус 1 или 3 шипинг, без и со тракинг), кога оригиналот е 190 евра + ДДВ + (веројатно) шипинг + додатоците се наплаќаат посебно.
Ултон би требало да е квалитетен клон, а атомизерот може и усно и дробно (има тесни и широки комори, влошки за воздух и дриптипови). Не е џенезис, се билда со памук (или може пола со меш, само столбови па врз нив памук, но не може цел од меш затоа што горниот и долниот метален дел се плус и минус). Многу личи на Нектарот, само што воздухот доаѓа од под намотката, не од страна.
Инавера со очекуван празничен попуст од 15% (9th-13th April 2020). Тоа што не го знаеме е ситуацијата со поштите, т.е. шипингот... :innocent:
~~~~~~~~
Не е лошо тие што нарачувале во последниов период да споделат информации. Независно дали биле ароми, ПГ/ВГ, никотин, или опрема.
Официјално нашиот аеродром е даун, но добиваме конфликти информациии. Нешто стигнува, а нешто не.
Не мислам само на Инавера (Полска), туку воопшто.
Малку (повеќе) ни се отежнаа работите и секоја нова информација е од примарно значење во оваа нова несекојдневна ситуација.
Има една интересна екстензија за Хром/Фајрфокс што ја рекламираа на Linus Tech Tips не знам дали е спомената претходно- joinhoney.com Ги нема сите продавници, но наменета е автоматски да бара купони, попусти, кешбеци... и кога ќе се кликне автоматски ги проверува и активира. На Фастеќ, МАП и БЛФ одма ги најде.
Не е нешто особено, но јас си го искористив да пробам дали стварно PostNL проработе.
Мораше преку сертификати за подарок, не дава Пејпал за е-цигари, а при checkout има линк каде да се купат. Има од разни деноминации, мене ми се фати округла сума, па не се мислев многу. Додава еден слој на комплицираност, но не е премногу страшно. Само напомена дека важи истото што и порано, ако внесеш Gift Certificate и потоа од која било причина не ја завршиш нарачката, сертификатот ти се губи, тоа им е баг во системот, но не е страшно, само треба да контактираш support и ќе го вратат.
------
Исто да го спомнеме и купонот за ИнаверчеX20 (важи до 27 декември, -15%) за кој е заслужен @Astraion, кој го дојави. Си наполнив 10 ароми за 20 евра сосе шипинг, кој е многу поволен (3,3 евра, веројатно поради малата тежина), Пејпал работи, шипингот е со обична пошта (AirMail, би требало да е со тракинг како и порано) - не е ДХЛ, иако ја има и таа опција.
Имаше и некои бази од 100 милилитра (36-ки и други) што даваше да ги ставам во корпа, можеби ќутенката ќе може да се нарача. Знам дека порано не можеше, а не се сеќавам дали беше исто - дава да ставиш во корпа, па отпосле ќе ти каже дека не може, што повлекува дополнителни компликации за враќање пари на Пејпал. Во секој случај, мене засега не ми требаат бази, па не ни пробував.