gokica
Модератор
- 13 јуни 2009
- 10.084
- 14.189
Бидејќи работам во потемна просторија а и навечер, и пред се зашто почнав да користам тастатури без осветлување, решив конечно да купам еден лајт бар.
Претходно пробував со УСБ лед светло како и со запалено светло во собата. Не сакав лајт бар долго време заради можен отсјај од фолијата на мониторот кое не би можел да го поднесам.
На крај сепак си реков ќе земам некоја ефтинарија, чисто да пробам. Онака на попуст од Temu го земав ова.
Погледнете го атачментот Monitor Light.mp4
(видеото е од корисник од Тему)
Има две страни. Едната е RGB а другата само бела боја. Белата дозволува подесување на интензитет во неколку степени како и 3 вида на светлина. Од некои 3500K, па 5000К за на крај 6500К. RGB е само со еден интензитет на осветлување и има неколку модови. Чисто како амбиентално светло. Се напојува од USB и не може во исто време да свети RGB и бело. Или едното или другото.
Држачот со кој што доаѓа е наменет за потенки безели. Доколку мониторот има задебелување, како кај мојот Dell, држачот е бесполезен. Но чисто за да пробам, земав една обична црна врвка, ја провнав под држачот назад и го наместив да лежи на безелите од мониторот кои кај мојот монитор се позамашни (Dell UP3216Q).
Поставен вака, најголем отсјај има од безелот. Многу малку е зафатен горниот дел од панелот и освен што сега повеќе се гледа прашина на панелот горе, нема некоја разлика за да ја уништи сликата.
Убавото е што при куцање не гледам повеќе сенки од прстите. Тие се точно под нив кога куцам. А сенките се тенки и скоро невидливи. Како да е осветлена тастатурата сама од себе.
Втората предност е што се намалува контрастот помеѓу темната просторија и светлината од екранот па очите не се замараат до толку. Често кога работев навечер со изгасено светло на бела површина завршував со крвави очи.
Имам намера да купам некое поасално барче. Иако и од ова сум презадоволен вака, макар и обесено на врвка зашто воопшто не се забележува.
Па ете ако некој се двеуми, може да си набави едно ефтинариче и да проба.