Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Monitor Light Bar

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.084
14.189
Бидејќи работам во потемна просторија а и навечер, и пред се зашто почнав да користам тастатури без осветлување, решив конечно да купам еден лајт бар.

Претходно пробував со УСБ лед светло како и со запалено светло во собата. Не сакав лајт бар долго време заради можен отсјај од фолијата на мониторот кое не би можел да го поднесам.

На крај сепак си реков ќе земам некоја ефтинарија, чисто да пробам. Онака на попуст од Temu го земав ова.

1772047427262.png

Погледнете го атачментот Monitor Light.mp4

(видеото е од корисник од Тему)

Има две страни. Едната е RGB а другата само бела боја. Белата дозволува подесување на интензитет во неколку степени како и 3 вида на светлина. Од некои 3500K, па 5000К за на крај 6500К. RGB е само со еден интензитет на осветлување и има неколку модови. Чисто како амбиентално светло. Се напојува од USB и не може во исто време да свети RGB и бело. Или едното или другото.

Држачот со кој што доаѓа е наменет за потенки безели. Доколку мониторот има задебелување, како кај мојот Dell, држачот е бесполезен. Но чисто за да пробам, земав една обична црна врвка, ја провнав под држачот назад и го наместив да лежи на безелите од мониторот кои кај мојот монитор се позамашни (Dell UP3216Q).

Поставен вака, најголем отсјај има од безелот. Многу малку е зафатен горниот дел од панелот и освен што сега повеќе се гледа прашина на панелот горе, нема некоја разлика за да ја уништи сликата.

Убавото е што при куцање не гледам повеќе сенки од прстите. Тие се точно под нив кога куцам. А сенките се тенки и скоро невидливи. Како да е осветлена тастатурата сама од себе.

Втората предност е што се намалува контрастот помеѓу темната просторија и светлината од екранот па очите не се замараат до толку. Често кога работев навечер со изгасено светло на бела површина завршував со крвави очи.

Имам намера да купам некое поасално барче. Иако и од ова сум презадоволен вака, макар и обесено на врвка зашто воопшто не се забележува.

Па ете ако некој се двеуми, може да си набави едно ефтинариче и да проба.
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.179
18.805
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Види го барот на Ксиаоми, пар луѓе се задоволни од него, јас го имам видено, убаво склопено парче, делува мн квалитетно и прилично ефтино. Не сум го користел во темна просторија, ама чим ова ти се бендисува, тоа скроз ќе те плени.
Еве најдов, знам дека некој скоро го купи и на форумов.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.084
14.189
Види го барот на Ксиаоми, пар луѓе се задоволни од него, јас го имам видено, убаво склопено парче, делува мн квалитетно и прилично ефтино. Не сум го користел во темна просторија, ама чим ова ти се бендисува, тоа скроз ќе те плени.
Еве најдов, знам дека некој скоро го купи и на форумов.

Благодарам. Ќе го купам наредниов период.
 

stefan_mkd

lurker
18 март 2015
843
669
Она што мене ми помага е да го освертлам зидот позади мониторот. Имам обична лампа, свртена према зид и без неа навечер не можам да работам
 

mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.789
4.503
Неготино
Не би дал 2600 денари реално за нешто што би стоело на монитор. Не гледам како е тоа евтино но добро, вие си знаете.

Константно седам во темница и не ми пречи тоа, но очите секогаш ми се одмараат и ми се одмарале со столна/подна ламба поставена во ќош позади мене. Ем дупло поевтино, ем подобро, бар за мене.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.084
14.189
@stefan_mkd и @mihovkris и јас имам лед кој осветлува зад монитор т.е. служи како амбиентално светло. Помага за намалување на оптеретеност на очите во темница. И може да биде доволно доколку тастатурата има осветлени карактери/легенди. Но кога нема зависно од тоа колку е силно тоа амбиентално осветлување може да има замор. Плус тастатурата најчесто ќе има сенки од рацете и прстите што дополнително отежнува.

Шаоми е поскапо зашто сепак е добро изработено. не можам на Тему да најдам некое со баш таков механизам. Иако метални со далечинско може да се најдат и за илјадарка. Но си чини цената на шаоми е таа и зашто кутијата е габаритна. Плус е метал па е потешко. А тоа си крева и на транспортни трошоци меѓу другото.

Доколку не чувствувате сепак нема потреба да трошите пари на лајт бар. Конвиниенс е ама и без него се може.


Во називот вика за монитор. Но некако од сликите не гледам држач за на монитор. Ова да не е за на ѕид/плакар?
 

SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
@stefan_mkd и @mihovkris и јас имам лед кој осветлува зад монитор т.е. служи како амбиентално светло. Помага за намалување на оптеретеност на очите во темница. И може да биде доволно доколку тастатурата има осветлени карактери/легенди. Но кога нема зависно од тоа колку е силно тоа амбиентално осветлување може да има замор. Плус тастатурата најчесто ќе има сенки од рацете и прстите што дополнително отежнува.

Шаоми е поскапо зашто сепак е добро изработено. не можам на Тему да најдам некое со баш таков механизам. Иако метални со далечинско може да се најдат и за илјадарка. Но си чини цената на шаоми е таа и зашто кутијата е габаритна. Плус е метал па е потешко. А тоа си крева и на транспортни трошоци меѓу другото.

Доколку не чувствувате сепак нема потреба да трошите пари на лајт бар. Конвиниенс е ама и без него се може.



Во називот вика за монитор. Но некако од сликите не гледам држач за на монитор. Ова да не е за на ѕид/плакар?
Зависи што имаш околу мониторот, на пример на вакво биро наоѓа примена. Дополнитено, може да се искористи и за други намени како што напомена самиот.

1772112323290.png
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.084
14.189

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.084
14.189
Само што измерив до 50мм , ама видов во коментари на тему дека може да испратат друг вид на држач. Погледнете го атачментот 159122

Така е со кинезите. Гледаш едно, добиваш друго.

Благодарам за трудот и информацијата. Ќе видам можеби ќе го нарачам. А можеби и ќе земам од кај нас од Шаоми. Не се брзам зашто и ова што го имам брка супер работа. Само што е гето дизајн, со таа врвката.
 

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.269
2.705
начекав летоска земав една од Тему FunLicht многу квалитетна од алуминиум на тач за 1700 денари. Но е discontinued секаде сега.
Имаше и со тркало да се земе на дугме да контролираш све, но не можев таа да ја нарачам.

View: https://www.youtube.com/watch?v=Pi9vLD6XnQc
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.774
12.745
Skopje
www.wemaxa.com
Земи го на Жаомије моделот, солидна алуминиумска база што одговара на секој монитор (тешка и стабилна е, со гумици да не го оштети мониторот) и светлосно стапче што се прикачува магнетно. Доаѓа со блутут контролер за интензитет на боја и светлина од 3500 до 6500 келвини мислам (сончево жолта до плаво бела). Јас сум задоволен, имам на неколку машини ставено.

1772206242990.png
 
25 ноември 2014
1.538
1.969
Скопје
Isak Keyten's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460 Processor 6M Cache, 3.20 GHz Haswell 22nm Technology
Motherboard
ASUS H81M-K (SOCKET 1150)
Storage
Samsung SSD 850 PRO 120GB
PSU
Thermaltake TR2 Bronze 700W
RAM
Kingston HyperX DDR3 16GB 1600Mhz Dual-channel
Video card
ASUS AMD Radeon R9 280x 3072MB
Mouse
Logitech G603 LIGHTSPEED
OS
Windows 10 :(
Као се погоди темава и ја нарачав темовка за 600 денари ме занимаше дали ќе ја бива.
Нека стигне ќе пишам мислење и линк.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.084
14.189
Оваа ефтинарија што ја купив практично ги исполнува сите услови освен држачот. Не е фенси, нема ваерлес/блутут и нема копчиња кои реагираат на допир.

Но од аспект на светлина нема забележително треперење. Ледот е како неонска сијалица а не низа на ламбички па да се гледаат мали светли точки. Баш е како поновите лед стрипс со изедначено светло по цела должина. Топлината на бојата е добра. И јас би рекол дека средниот сетинг баш одговара на природна светлина. Има 10 нивоа на јачина на светло од кои најсилното е толку светло што не го користам. Сет ит а потоа форгет ит е ситуацијата. Пушташ и гаснеш на далечинското на жица.

И ми одговара да е далечинското на жица. Не сакам да имам уште една плочка на биро за подесување на светлото.

Е сега не сум имал поскапо за да правам разлики. Па ете чисто од екпериментални причини би купил Шаоми. За поскапо од тоа не ни помислувам. Кога за некои 400 денари, колку што го купив ова барче на попуст, си има се освен што треба да правиш акробација за прицврстување. Ама па и тоа е еднаш. Го местиш во една идеална позиција и повеќе не треба да се чепка воопшто. Кај мене црната врвка е тенка и не се ни забележува.
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.179
18.805
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
@gokica узми шаоми брате… али озбилно, земи го и не се заебавај со врвки, не е дека е миљарда пари, а е мн убаво.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.084
14.189
Ајде ете место не ме додржа па денес земав Xiaomi Mi Light Bar.

1000008918.jpg

Првата работа која ме разочара е што повторно ми треба гето модови:

1000008921.jpg

Едноставно мониторот е претерано дебел за да легне како треба. Или да го врзувам со врвка повторно. Или пак да го отворам и да го сецнам пластичето кое го лимитира кога се отвора.

Е сега самото барче е одлично. Ајде една мала споредба со ефтинаријата погоре која ја земав од Тему.

Прво делот од бирото пред мониторот кај мене е скромен. Би рекол дека осветлувањето врз самата тастатура и бирото пред мониторот е горе доле исто. Убаво си осветлуваат и двете. За нијансите на бела може да се анализира повеќе. Можеби за нијанса 4000-4500К како и 6000-6500К изгледа подобро на Шаоми онака одокативно. Поприродно. Ова е мој впечаток пуштено преку ден со дневна светлина во собата.

Ефтиното има само три топлини на боја (3500, 4500 и 6000К). Шаомито има уште три четири нијанси при што оди уште потопло можеби накај 2500К.

И двете се слично моќни чинам. Најсилно е претерано многу навечер и кај двете.

Функционално Шаоми е сепак светлосни години понапред со пукот кој иако зафаќа место на биро сепак е поцивилизирано решение отколку да се стиска далечинско на жицата па некогаш може да и се помести тубата. Со еден клик се пушта и гасне. Со ротација се зголемува и намалува осветлување. Со ротирање додека е притиснато се избира топлина на боја. Се разбира пукот е безжичен и му се потребни две AAA батерии кои за чудо ги нема во пакувањето туку треба да се докупат. Срамотилук за Шаоми е ова.

И сега најголемата разлика која мислам дека игра и најзначајна улога. Додека гледате во екран, ефтиното иако ограничено со црна пластика, сепак дречи по малку заради тоа што дизајнот е цевка. Сочивото е дел од цевката и ја има таа облина. Додeка шаоми е засечено. Сочивото е подвнесено внатре во цевката и не е овално туку рамно. Исто така кај шаоми ледовите се асиметрични, односно се поставени накосо а не директно вертикално насочени 90 степени кон бирото и тастатурата. Шаоми каде каде помалку се забележува дека свети додека гледам во екран. Онака како што ми беше мене поставено со врвка ни едното ни другото не ми прават отсјај врз панелот. Барем не забележително за да ми пречи.

Јас не зажалив што го купив Шаоми. Едноставно е подобро. Дали е подобро скоро пет пати колку што е и поскапо од ефтиното што го купив претходно, тоа зависи од преференци.

Од она што гледав на Тему можеби најблиску како дизајн со солиден држач е ова (но и овде стаклото не е рецесирано во цевката повнатре туку е надворешен ѕид):


Можеби има и други модели. Но сепак ниту еден од тему не е пандан на шаоми од аспект на функционалност. Тоа е факт. А доколку малку повеќе светлина во очи или на екран не пречи тогаш и поефтините солуции од Тему бркаат работа.
 

DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.104
2.343
На некои отпакувања на јутуб доаѓа со батерии барот.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.084
14.189
На некои отпакувања на јутуб доаѓа со батерии барот.

Тука нема. Не пишува ни во package contents на кутијата дека има батерии. Мислам дека „ел чипо“ се понашаат шаоми. Ама добро битно барот си е ОК.
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.179
18.805
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
На добар пат си, сега уште да го замениш мониторот со Dell UltraSharp U3225QE, сепак твојот е веќе 10 години стар модел, време е да се пензионира и после ќе видиме за другите компоненти од твоето дигитално опкружување.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.084
14.189
На добар пат си, сега уште да го замениш мониторот со Dell UltraSharp U3225QE, сепак твојот е веќе 10 години стар модел, време е да се пензионира и после ќе видиме за другите компоненти од твоето дигитално опкружување.

За шаоми ме убедивте и не зажалив.

Е сега мониторот ќе го возам и понатаму. Погоден ми е фантастично. Нема изгубено нити од осветлување нити од калибрација. Едноставно немам потреба од повеќе.
 
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно