Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Официјална тема за избришани мислења / теми

toshex

the fool
18 септември 2013
6.581
8.230
Мелмак
Нема логика правилото ако постои темава. Едно од двете треба да не постои.

Ако ви текнува на дебатата за банирања на дупли акаунти, немаат правило за тоа но го практикуваат и во дискусијата ефективно си кажуваат секогаш дека на крај на денот што сакаат тоа прават админите. Да не отварам пак стари дискусии, научете дека тоа во пракса е заклучокот колку и да се тврди спротивното и користете го форумот како што сметате дека треба потоа.

Значи ако тоа не ви менува ништо продолжете по старо, ако ви менува нешто - прилагодете и продолжете.
 
goce03

user
20 јануари 2015
1.599
3.203
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Добро де не го сфаќај толку буквално правилото, кажи што напиша, ме интересира :)
Како да не го сватам буквално, ставен сум во позиција да бранам мое мислење/пост врз база на моја претпоставка за мисловниот процес кој го имал (ако го имал) типот што го избришал мислењето. Во превод mindfuck level на релација разговор со Спиноза и приглува теткица на шалтер у државна администрација.
 
goce03

user
20 јануари 2015
1.599
3.203
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Пинг aдминистрација , ќе ме удостоите со одговор дали вопшто е дополнително разгледана акцијата за бришење или ќе примени модераторската дискреција на самоволно одлучување.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: D

toshex

the fool
18 септември 2013
6.581
8.230
Мелмак
Пинг aдминистрација , ќе ме удостоите со одговор дали вопшто е дополнително разгледана акцијата за бришење или ќе примени модераторската дискреција на самоволно одлучување.

Една работа шо ми имаа спомнато некои членови или админ не ми текнува - е дека најчесто модерација прават врз база на report.

Така шо во врска со мислењето за кое велиш дека не било уопште различно од повеќето мислења на таа тема кои се офтопик ја би се кладел дека некој ти го има пријавено твоето мислење но не и другите мислења.

Грешка на администрација во ова е дека прават модерација само на пријавеното мислење а не го гледаат контекстот, или ретко ги проверуваат и другите мислења па да направат масовна чистка ако веќе толку сакаат да се придржуваат корисниците кон правила. Уште поголема грешка е коа прават модерација без да постои правило конкретно туку врз основа на како се чувствуваат во моментот.

Од друга страна логички гледано колку повеќе „модерираат“ толку помалку содржина ќе имаат и ќе згасне форумот. Искрено веќе е премногу свртен на многу огласи малку дискусии а зошто е тоа така нека си размислат.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.809
10.123

Абе модератор треба да поттикнува дискусија, не да брише мислења и да ја гуши. Ама Тоше, што сакаш...кога админ на друга тема се жали дека немало IT дискусија и тапа било, а не насочуваат прво прст према себе, што ќе правиме муабет?
 
Последна промена:

Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.317
5.312
Скопје
hackitfree.github.io
Абе модератор треба да поттикнува дискусија, не да брише мислења и да ја гуши. Ама Тоше, што сакаш...кога админ на друга тема се жали дека немало IT дискусија и тапа било, а не насочуваат прво прст према тебе, што ќе правиме муабет?
Во право си - ама сем Тошекс и уште два-три члена овде кои знаат и тоа како квалитетни теми да напишат - ретко кој пишува нешто . (добро јас глупости колку сакаш пишувам ама мене ми е досадно - не работам ништо и така...)
Ама сум приметил дека сите читаат брат ! Не им проаѓа ни најситна глупост напишана - одма смешковци - одма натегања „-Па тоа не е така„ - „-Што зборуваш глупости„ „-Седи единица„..

А за модераторите немам замерка - се што сум добил бан привремен или избришани мислења - заслужено било ! Исто други што заслужиле - си добиле. Ако не не изиграваат полиција они - „Оде Винча у ваздух!„

Е сега ако згрешиле а немаат достоинство да признаат - тоа е друго - млади се ќе научат. „Џаст донт тејк ит ту сириосли !„
 
Последна промена:

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.962
6.054
Skopje
(добро јас глупости колку сакаш пишувам ама мене ми е досадно - не работам ништо и така...)
Сега веќе е многу појасно. Си помислив дека бркаш некоја бројка на посстови...
Инаку, како што веќе пишав, многу е лабав форумов во последно време. Треба администрација да удира со тоа бичкиите многу повеќе и почесто.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Ама сум приметил дека сите читаат брат ! Не им проаѓа ни најситна глупост напишана - одма смешковци - одма натегања „-Па тоа не е така„ - „-Што зборуваш глупости„ „-Седи единица„..
Жива вистина... :)
 
D

Администратор
31 март 2007
4.055
4.255
www.aqtos.com
На оваа тема ми е избришано мислење кое го постирав утрово.
Ве молам за образложение зошто исто е избришано.
Однапред благододарен.

1659076570095.png

@goce03 твоето мислење е избришано бидејќи е всушност избришано мислењето на @Nikola100 и твојата реплика е поврзана со неговиот пост.

Од моја лична гледна точка мислењето ти е на место, меѓутоа ако се избрише мислењето на @Nikola100 кое всушност ти го коментираш, нема логика да стои и твоето мислење во ситуацијава. Корегирај ме ако грешам во перцепцијата.
 
D

Администратор
31 март 2007
4.055
4.255
www.aqtos.com
Вака ќе упаднам пошто ја видов темава, не сум сигурен дали некогаш ми било избришано мислење, освен кога сум пишал некој офтопик и сам сум се пријавил за да се избрише моето мислење и мислењата над мене кои биле исто така офтопик.
Во тој случај tnx што ги почитуваш правилата :)

Но нели има опција на форумов да кога ќе се избрише нечие мислење пишано, истиот член да добие известување со причина зошто е избришано? Истото важи и за пријава на некое мислење.

Има. Меѓутоа пред да навлеземе во дискусијата зошто не се користи, треба да се има фактот дека модераторите се исклучиво на доброволна база ангажирани да водат каков-таков ред на форумот кој дневно има доста мислења. Давањето професионално образложение е нешто што бара многу внимание и време, па дополнително и развива дискусија која ако гледаме од аспект на професионалност треба да биде испочитувана - и кога ќе видиш на крај на денот не е баш едноставно. Особено со фактот дека луѓе скриени под псевдоним онлајн во некои случаи се тука само за сеир или да си лечат лични фрустрации и знаат да бидат и полни со негативност, па тоа уште повеќе прави компликација на ситуацијата бидејќи во објаснување со таквите нема крај ниту НЗС.

Модераторите не поминуваат тренинг, обуки и се тука на доброволна основа. Од време на време низ годините имаше повици за модератори и секој можеше да се пријави, би требало да има и во иднина.

Идеално, за да се постигне професионалност мора да се има и буџет. Но тоа здравје, кога ќе дојде времето.

Ова, нема врска со членот погоре и неговото мислење во темата, но ме интересира само дали е таква праксата со известување за избришани мислења.

Да, објаснето е во првиот пост од темава.

Ако ви текнува на дебатата за банирања на дупли акаунти, немаат правило за тоа но го практикуваат

Нема пишано правило и дека не треба IT.mk да се DDoS-ира 24/7.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.809
10.123
форумот кој дневно има доста мислења.
Кхм...не си веќе во 2014
Мислењето е автоматски споено:

Идеално, за да се постигне професионалност мора да се има и буџет. Но тоа здравје, кога ќе дојде времето.
Кое време го чекаш, МК да влезе во ЕУ? Само така можам да објаснам да си ги оправдуваш одложувањава за v6, еве и со модерирањето итн...

Форумов е над 10 години стар, past his prime, дека ќе дојде време да имате буџет за полумртов форум не знам дали нас не лажеш или сам се лажеш. Грешките се направени кога гушевте дискусии и почнавте да алиенирате (не ми текнува на мк синоним) активни и продуктивни членови како @toshex , кога имаше најголем подем на мислења поврзани со Жирафа теми во офтопик носевте итн итн.

Не го правиш ти форумот, форумот го прават членовите. Она што ти може да го направиш е да ги мотивираш да останат и коменитраат или да станат пасивни и да престанат да читаат.

Модераторите исто не се важни за бришење мислења, туку за поттикнување и насочување на дискусија. Стави се во кожа на @goce03 , таман си почнал да се активираш повеќе и некој те брише без да ти објасни зашто. Да сте во прва година од форумов, ќе разберам за полуаматерско водење на форумов.
Мислењето е автоматски споено:

Нема пишано правило и дека не треба IT.mk да се DDoS-ира 24/7.
Еве ти чист пример како не се одговара на конструктивен пост без задна намера. Опциите ти беа:
  • Да објасниш и да ни стане на сите почиста сликата за позадинското работење
  • Да прифатиш и да воведете правило за дупли акаунти
  • Да игнорираш
  • Да му одговориш саркастично
Замисли имаше само еден погрешен одговор и успеа тој да го одбереш.
 
Последна промена:

D

Администратор
31 март 2007
4.055
4.255
www.aqtos.com
Кхм...не си веќе во 2014

@TylerMkD не си баш свесен на колку многу теми досега каде што мислиш дека поентираш со некој smart-ass тип на коментар, особено во кој инволвираш и пасивна-агресивна критика едноставно не си во право.

Лошото во таквите твои коментари ако не се побиени од наша страна, е што - бидејќи факт е дека елоквентно се изразуваш - лесно можеш да наведеш други луѓе дека тоа што го пишуваш е баш така и дека ете ние сме будалите што само се вртиме во круг, сме негативците у приказнава.

Повели црно на бело дека форумот е поактивен во 2022 отколку во 2014:
1659078095882.png

И повеќе од јасно е со бавната смрт на Facebook дека ова се случува и ќе се случува - особено е важно ова да го знае некој што е во светот на дигиталниот маркетинг нели? 2014 беше golden age на Facebook и зошто некој би трошел време на форуми кога си го троши на FB.

Од една страна ти благодариме што си дежурниот критичар - ептен го цениме тоа.
Од друга, има денови каде што едноставно претеруваш. :)
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.809
10.123
@TylerMkD не си баш свесен на колку многу теми досега каде што мислиш дека поентираш со некој smart-ass тип на коментар, особено во кој инволвираш и пасивна-агресивна критика едноставно не си во право.

Лошото во таквите твои коментари ако не се побиени од наша страна, е што - бидејќи факт е дека елоквентно се изразуваш - лесно можеш да наведеш други луѓе дека тоа што го пишуваш е баш така и дека ете ние сме будалите што само се вртиме во круг, сме негативците у приказнава.

Повели црно на бело дека форумот е поактивен во 2022 отколку во 2014:
Погледнете го атачментот 115346

И повеќе од јасно е со бавната смрт на Facebook дека ова се случува и ќе се случува - особено е важно ова да го знае некој што е во светот на дигиталниот маркетинг нели? 2014 беше golden age на Facebook и зошто некој би трошел време на форуми.

Од една страна ти благодариме што си дежурниот критичар - ептен го цениме тоа.
Од друга, има денови каде што едноставно претеруваш. :)

Не туку ги криј апсолутните бројки, стај го цел графикон.
 
D

Администратор
31 март 2007
4.055
4.255
www.aqtos.com
Не туку ги криј апсолутните бројки, стај го цел графикон.

Да, баш тоа е поентата на напишаното.
Пак си во право.

giphy.gif
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.809
10.123
@TylerMkD не си баш свесен на колку многу теми досега каде што мислиш дека поентираш со некој smart-ass тип на коментар, особено во кој инволвираш и пасивна-агресивна критика едноставно не си во право.
Јас истово за тебе би го кажал. Ама не ти го кажувам само јас како што гледаш, само одбиваш да слушаш, тоа е...

Сега фејсбук го вмеша во приказната, абе се нешто или сте пред времето или позади времето вие, никогаш не зависи од вас нели.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.809
10.123
Повели графикон со целосни податоци - контекстот е ист како на претходниот.

Погледнете го атачментот 115349
Е ова е друго, сега стануваат бројките јасни:
  • Неделен peak на активни членови од 900 (130+ на ден?)
  • Во моментот веројатно сме под 100 активни корисници дневно
  • Број на мислења од 300 неделно (2014) паѓа на под 100 во 2022?

Значи не зборуваме во илјадници или деситици илјадници, туку во стотки и тоа на НЕДЕЛНО ниво.
Активни корисници се и оние што се регистрираат, влегуваат на форум и читаат - ама не пишуваат? Или мора да пишат мислење за да ги смета во активни?
 
mviktors

user
25 октомври 2012
1.143
1.717
mviktors's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5600X & Noctua NH-D15
Motherboard
ASUS TUF GAMING B550-PLUS
Storage
1TB 970 Evo + Samsung SSD 500gb + WD10EZEX 1TB
PSU
CM Vanguard 750W
RAM
2x8GB Kingston HyperX Predator
Video card
EVGA GeForce RTX 3070 Ti FTW3 ULTRA
Case
CM Storm Scout 2
Mouse
Logitech G305
Keyboard
A4Tech B120 Bloody
Audio
JBL LSR305 & HyperX Cloud Pro
Monitor
LG 27GL850 & Dell U2412M
OS
Win 11 x64
Погледнете го атачментот 115345

@goce03 твоето мислење е избришано бидејќи е всушност избришано мислењето на @Nikola100 и твојата реплика е поврзана со неговиот пост.

Од моја лична гледна точка мислењето ти е на место, меѓутоа ако се избрише мислењето на @Nikola100 кое всушност ти го коментираш, нема логика да стои и твоето мислење во ситуацијава. Корегирај ме ако грешам во перцепцијата.
Постот на @goce03 е повеќе во функција на модерирање на дискусијата на темата отколку самото бришење на постовите од модераторот на форумот. Значи треба да се земе предвид и контекстот во кој е напишан постот, не може по автоматизам да се брише само затоа што е реплика на некое оф-топик мислење.

По таа логика дали ќе беше избришано мислењето ако не беше напишано како реплика туку како самостоен став на Гоце?

Модерирањето не може да биде оставено само на бришење постови по пријава, туку треба да се биде и присутен во темите каде што има каква, таква дискусија. Ако се примети дека некој член постира глупости само колку да си утепа време во денот или пак има поише профили од Мелита (што не може да не се забележи), не е страшно да се опомени или да му се даде неколку дена одмор да се издува надвор.
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.589
6.864
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Најголемата штета во целава ситуација е што 8 реакции на тој пост му отишле јабана. А не дека едното или другото мислење нешто значајно придонесуваат кон темата. Moving on...
 
D

Администратор
31 март 2007
4.055
4.255
www.aqtos.com
Постот на @goce03 е повеќе во функција на модерирање на дискусијата на темата отколку самото бришење на постовите од модераторот на форумот. Значи треба да се земе предвид и контекстот во кој е напишан постот, не може по автоматизам да се брише само затоа што е реплика на некое оф-топик мислење.
Никој не спомна дека модерирањето е перфектно и дека нема грешки, некад и поголеми. За да го промениме тоа, потребно е реализација на нешто на кое работиме последните години - премин на IT.mk од обичен портал/форум комбо кон платформа која нуди повеќе услуги и има повеќе стримови на приход за да може да ги покриеме овие дупки.

Сакате да помогнете кон конкретно таа цел? Станете премиум член или купете маица.
И да не сте во можност, придонесете со квалитетни дискусии, давање поддршка и создавање на менталитет на заедница.

Кој може и двете, супер. :)
По таа логика дали ќе беше избришано мислењето ако не беше напишано како реплика туку како самостоен став на Гоце?
Мислењето на Гоце било избришено според мислењето на еден од најзаслужните луѓе за форумот во изминативе години @Fatal1ty_ . Тој така проценил во тој даден момент, му веруваме на проценката.
Модерирањето не може да биде оставено само на бришење постови по пријава, туку треба да се биде и присутен во темите каде што има каква, таква дискусија.
Имаш интерес да бидеш модератор? :)

Ако се примети дека некој член постира глупости само колку да си утепа време во денот или пак има поише профили од Мелита (што не може да не се забележи), не е страшно да се опомени или да му се даде неколку дена одмор да се издува надвор.

Agreed.
 
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно