Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.579
19.288
Нормално ли е,климата наместена на 22 на ауто фан во собата термометарот покаѓува скоро 25,а климата си дува постојано тооол воздух на најмала брзина дали со ова си одржува тт со тоа што не исклучува бидејки кога надвор беше потопло и и аше сонце знаеше да исклучи извесно време потоа пак да почне да дува.
Нормално е. Н најмала брзина, на најмал проток топлиот воздух се трупа пред неа и го буни сензорот
Исправна си е климата. Сите си имаат вградено компензација во својот софтвер. Обично е +2 степени над подесената температура затоа што таму горе воздухот е потопол.

Пластично објаснето, на 2,5м висина има 24, на 1,5м 22 на под едвај 20
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
совет за инвертер со буџет до 50к денари. Ќе се загрева дневна од стан со 30тина квадрати, со можност да се отвара друга врата од соседна соба за да оди дел од топлината и таму.
Пошто е стан и не наведуваш - ќе препоставиме дека немаш големи топлотни загуби и дека ти е доволна 3.5кв клима.

Буџетот ти остава простор и за поквалитетна клима од набројаните. Разгледај понуди и за Тошиба (Сузуми+) и Мицибуши/Даикин (за нив ќе оставам други да предложат модели). Ако баш мораш со набројаните брендови да идеш, тогаш секако Гри, и тоа Хансол моделот.
 
jasminajac

read-only
21 февруари 2019
24
2
Нормално е. Н најмала брзина, на најмал проток топлиот воздух се трупа пред неа и го буни сензорот
Исправна си е климата. Сите си имаат вградено компензација во својот софтвер. Обично е +2 степени над подесената температура затоа што таму горе воздухот е потопол.

Пластично објаснето, на 2,5м висина има 24, на 1,5м 22 на под едвај 20
22 е подесена тт а на скоро три метри далечина и од климата и некаде метар висина тт на термометарот покажува околу 25 затоа прашав а климата наместена на ауто фан ама само на минимум дува нема зголемено воопшто а се исклуче само еднаш денес.
 
wolverine

user
27 јуни 2012
1.341
1.578
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i5-13600K / Arctic Liquid Freezer II 360
Motherboard
Gigabyte Z790 GAMING X AX
Storage
1x 2TB 980 Pro | 2x 980 PRO 500GB | 1x 1TB MX500
PSU
NZXT C750
RAM
2x32GB G.Skill TridentZ 6400
Video card
ASUS 7800 XT 16G
Case
Phanteks Eclipse P600s
Mouse
Logitech G502
Keyboard
IBM Model M / F12 Kailh BOX White
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Fedora (GNOME)
Може некој да ме посоветува за избор на клим уреди? пошто неук сум во овие работи а мора да донесам одлука за брзо време... Куќа е и на секој спрат имаме 3 соби, една дневна со кујнa и плус две спални кои сакам да имаат клима. Како може да се изведе ова без многу надворешни уреди а за секоја соба, мултисплит?

Еден спрат изгледа нешто вака Screenshot
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Сам си одговори, мултисплит систем ако не сакаш повеќе одделни клима уреди.

Друго теоретски можно решение е воздух-вода (или вода-вода) ако си спремен за огромен зафат со поставување на топловодно подно греење. Изворот на топлина е топлинска пумпа исто како кај стандардните и мултисплит климите.

Скапо е, затоа велам „теоретски можно“. Освен техниката скапо е и поставување на цевките во подот, алтернатива има со некои ѕидни изведби што би дошло нешто поевтино од подната варијанта која е најдоброто можно греење на светов. Или би било најдобро, да не е толку безобразно скапо.
 
wolverine

user
27 јуни 2012
1.341
1.578
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i5-13600K / Arctic Liquid Freezer II 360
Motherboard
Gigabyte Z790 GAMING X AX
Storage
1x 2TB 980 Pro | 2x 980 PRO 500GB | 1x 1TB MX500
PSU
NZXT C750
RAM
2x32GB G.Skill TridentZ 6400
Video card
ASUS 7800 XT 16G
Case
Phanteks Eclipse P600s
Mouse
Logitech G502
Keyboard
IBM Model M / F12 Kailh BOX White
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Fedora (GNOME)
Фала. Веројатно ќе биде мултисплит во сите три соби, ќе треба некои бакарни цефки да се пуштат како што ми кажаа од Gree, а во моментов ќе може лесно тоа да се изведе бидеќи уште во фаза на малтерај е внатре. Незнам колку е добро вака ако е за редундадност ќе имам и парно на струја како бекап. И исто ме интересира и брендови, кои се подобри итн.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Да додадам две АКО.
- Ако се грееш со добро димензионирани (по јачина) клими, тогаш парно за струја не е бекап туку непотребно фрлање пари (во случај сега паралелно да го набавуваш). Јас на времето ставив инсталација за парно, и единствено би можел да ја искористам ако ставам парно греење на дрва/пелети - што никогаш нема да се случи пошто е неисплатливо (плус е замарање).
- Ако не ти е завршен подот тогаш сериозно можеш да размислиш за топловодно подно греење со топлинска пумпа. Зафатот е поскап/посложен ако се преправа/реновира. Топлинските пумпи воздух/вода сега имаат многу попристапни цени.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.579
19.288
Фала. Веројатно ќе биде мултисплит во сите три соби, ќе треба некои бакарни цефки да се пуштат како што ми кажаа од Gree, а во моментов ќе може лесно тоа да се изведе бидеќи уште во фаза на малтерај е внатре. Незнам колку е добро вака ако е за редундадност ќе имам и парно на струја како бекап. И исто ме интересира и брендови, кои се подобри итн.
Мултисплит само со парапетни.

Уосталом не ти треба компликација со милтисплит ама ти си знаеш.
 
aronmacedon

read-only
19 февруари 2019
16
11
Информативно за тие што ги интересира како се однесува внатрешната единица на Haier Tundra Green 18 за време на дефрост, се гаси/престанува да дува. После еден месец од користење за прв пат посведочив да дефроста и тоа траеше од прилика 3-4 минути.
 
Mao

user
5 јуни 2007
1.339
1.094
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
Здраво на сите, утре треба да купам клима за во канцеларијата, па решив првин да се исконсултирам тука, гледам темава е голема и корисна. Јас лично во клими не се разбирам, па затоа ќе побарам препорака за клима за греење на 50м2 канцеларија, плафон висок 3 метри, поткровје (демек со добра изолација било) и плус големи прозорци кои сочинуваат 60-70% од најголемиот зид шо гледа на улица. Се на се станува збор за загревање на 150м3 воздух (незнам дали е ова потребен детаљ).

Во прилог и слика:
mQcT8Wa.png

Незнам дали ми треба 18ка или 24ка (толку знам). Во СЕТек ми препоручија 18ка оти доволна ќе била за загревање на просторот.

Ви благодарам однапред.

Едит: Ако може и некоја прорачунка за потрошња ако климата работи од 10 наутро до 7-8 навечер. :)
 
15 септември 2012
1.164
1.300

Може прорачунка, ама треба да назначиш:
Во кој град е лоциран објектот
На која страна ти е север
Имаш ли високи дрвја околу објектот и високи дрвја што го затскриваат сонцето?
Ѕидовите која дебелина имаат и од што се изградени? Керамички блокови, гипс картон, сипорекс блокови, друго (што друго)?
Подовите која дебелина имаат? Наведи ги слоевите од материјали со нивната дебелина: АБ плоча, цементна кошулка, паркет, мермер, керамички плочки или?
Плафонот прикажи ги слоевите со материјали и дебелина.
Какви се вратите? Крилата се дрвени, алуминиумски, пластично? Стакло? Какво? Алиминиумско саќе? Димензии? Од каде влегуваат посетителите? Влезот за посетители се наоѓа на отворено или во ходник?
Какви се прозорите? Крилата се дрвени, алуминиумски, пластично? Какво е стаклото, ако е стаклопакет, кога е направен? Ако е современ стаклопакет 4+12+4 или трослојно, наведи ги емулзиите на одделни стакла од пакетот? Завеси има? Какви? Димензии?
Катот под тебе се грее или лади?
Што ти значат белите полиња, сините а што кафените на цртежот?
Што ти значи триаголникот во горниот лев агол?
Напиши ги димензиите во метри на цртежот.
Наведи ги сите електрични уреди во просторијата и WC-то посебно, секој со своја снага.
Колку и какви светилки имаш внатре?
Наведи колку лица очекуваш во ист момент да се најдат внатре?
Можеш ли да најдеш основа на просториите нацртани од техничко лице од областа на градежништвото? Овој ребусот што си го пратил, можеби ти и само ти го разбираш, ама за пресметки треба и некое технички писмено лице да го разбере.

Ако сакаш утре да купиш климатизер со пресметките што ги бараш, требало да побараш пресметки пред недела дена.

Ова јас што те прашав, те прашаа во СЕТЕК за да ти дадат препорака?
Можеби е подобро да ги послушаш експертите од продавницата оти они имаат да ти продадат баш тоа што ти нудат... (можеби и за да исчистат стари залихи)
 
Mao

user
5 јуни 2007
1.339
1.094
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
Може прорачунка, ама треба да назначиш:
Во кој град е лоциран објектот
На која страна ти е север
Имаш ли високи дрвја околу објектот и високи дрвја што го затскриваат сонцето?
Ѕидовите која дебелина имаат и од што се изградени? Керамички блокови, гипс картон, сипорекс блокови, друго (што друго)?
Подовите која дебелина имаат? Наведи ги слоевите од материјали со нивната дебелина: АБ плоча, цементна кошулка, паркет, мермер, керамички плочки или?
Плафонот прикажи ги слоевите со материјали и дебелина.
Какви се вратите? Крилата се дрвени, алуминиумски, пластично? Стакло? Какво? Алиминиумско саќе? Димензии? Од каде влегуваат посетителите? Влезот за посетители се наоѓа на отворено или во ходник?
Какви се прозорите? Крилата се дрвени, алуминиумски, пластично? Какво е стаклото, ако е стаклопакет, кога е направен? Ако е современ стаклопакет 4+12+4 или трослојно, наведи ги емулзиите на одделни стакла од пакетот? Завеси има? Какви? Димензии?
Катот под тебе се грее или лади?
Што ти значат белите полиња, сините а што кафените на цртежот?
Што ти значи триаголникот во горниот лев агол?
Напиши ги димензиите во метри на цртежот.
Наведи ги сите електрични уреди во просторијата и WC-то посебно, секој со своја снага.
Колку и какви светилки имаш внатре?
Наведи колку лица очекуваш во ист момент да се најдат внатре?
Можеш ли да најдеш основа на просториите нацртани од техничко лице од областа на градежништвото? Овој ребусот што си го пратил, можеби ти и само ти го разбираш, ама за пресметки треба и некое технички писмено лице да го разбере.

Ако сакаш утре да купиш климатизер со пресметките што ги бараш, требало да побараш пресметки пред недела дена.

Ова јас што те прашав, те прашаа во СЕТЕК за да ти дадат препорака?
Можеби е подобро да ги послушаш експертите од продавницата оти они имаат да ти продадат баш тоа што ти нудат... (можеби и за да исчистат стари залихи)

У реду е друже не ми треба препорака ќе си купам алфа на дрва ќе се греам :)
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Голем простор. Поткровје со голема прозорска/стаклена површина, висок плафон... Топлотните загуби извесно не се мали. Ќе треба барем 24-ка (7кв), или подобро - две 12-ки (2х3.5кв).

Едит: Ако може и некоја прорачунка за потрошња ако климата работи од 10 наутро до 7-8 навечер. :)
Нема економска логика гаснење на климата навечер на евтина тарифа. Помали се сметките ако климите се пуштени 24/7 (повеќе пати објаснувано наназад).
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Не е нормално толку да е гласен дефростот, да не имаш 1 метар цевки?
Уште поненормално е што имаш искривени крилца на изменувач, ко да е репариран/сервисиран производ?
 
VE1965

read-only
14 ноември 2019
7
0
Имам Грее Амбер 3,5 сакам да прашам на даљинското има знак за да ја покаже надворешна температура ама не ја покажува има ли таква можност или не не нешто во ред.И ако знае да ми каже некој знакот со елкта што функција има.Поздрав
 
turbiny

hello world
20 декември 2016
231
123
Не е нормално толку да е гласен дефростот, да не имаш 1 метар цевки?
Уште поненормално е што имаш искривени крилца на изменувач, ко да е репариран/сервисиран производ?

3,5 метри цевки, можно е да е репариран затоа 40000 ден но јас за нов го купив

N56 via jailbroken Monarch
 
15 септември 2012
1.164
1.300
У реду е друже не ми треба препорака ќе си купам алфа на дрва ќе се греам :)

Ти греј се на што сакаш, твоја работа. Ако користиш дрва, ќе бидеш модерен - ќе користиш обновливи извори на енергија. :)

Да те потсетам дека ти побара пресметка. Со кои податоци мислиш дека се извршуваат пресметките? Со цртанка како твојата?
Ти си го познаваш (делумно) објектот, ама тој што ќе ти ја врши пресметката незнае ништо за твојот објект?
Ако сакаш сериозна пресметка, а не брљотина со еден куп претпоставки, ќе му ги обезбедиш податоците на тој што ти пресметува.

Да бидеш здрав и жив, па да дочекаш обврска да обезбедиш енергетски сертификат (пасош) за тој простор (или некој друг - сеедно, постапката е важна), се надевам дека ќе се сетиш на дискусијава.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Абе ако се плаќа индустриска струја, го разбирам плашењето од сметките. Има основа стравот дека нема да испадне многу поевтино од други опции за греење. Од друга страна останува тоа дека не се испонаша баш ок.

Инаку сега со магливе ќе почнат пак да се вртат редовно повторуваните прашања за дефрост циклусите.

Нормално е нова да дојде со искривени "решетки"?
Мене ми личи на непазење при монтажа.
Со „чешлање“ наводно се средувало ова, а веројатно влијанието врз ефикасноста и работата, е минорно (иако нервира). Jaс ваков чешел чекам да ми стигне од Кина, па ќе видиме како (и дали) ќе функционира.

едит:
View: https://www.youtube.com/watch?v=mwzwboqN5Cw
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.520
2.975
Д
Нормално е нова да дојде со искривени "решетки"?
Погледнете го атачментот 81947
Погледнете го атачментот 81948
N56 via jailbroken Monarch

Сигурно не е нормално, можда при монтирање некој ја закачил раката внатре и ги извиткал при местењето???

Имам Грее Амбер 3,5 сакам да прашам на даљинското има знак за да ја покаже надворешна температура ама не ја покажува има ли таква можност или не не нешто во ред.И ако знае да ми каже некој знакот со елкта што функција има.Поздрав

Се случува да има на даљинското некоја опција, ама истата да не е поддржана од моделот што имаш ти (исто даљинско за поќе модели на инвертери со различен сет на опции).
Ама треба да прочиташ низ „Мануел“ дали кај тебе тоа е случајот или друго е во прашање.

А за елката...па Нова година иди, стави и лампиони :)
Ок, мала шала, мислам дека тоа ќе да е за уклучување на јонизатор (ако е достапен во твојот модел).

Ти греј се на што сакаш, твоја работа. Ако користиш дрва, ќе бидеш модерен - ќе користиш обновливи извори на енергија. :)

Да те потсетам дека ти побара пресметка. Со кои податоци мислиш дека се извршуваат пресметките? Со цртанка како твојата?
Ти си го познаваш (делумно) објектот, ама тој што ќе ти ја врши пресметката незнае ништо за твојот објект?
Ако сакаш сериозна пресметка, а не брљотина со еден куп претпоставки, ќе му ги обезбедиш податоците на тој што ти пресметува.

Да бидеш здрав и жив, па да дочекаш обврска да обезбедиш енергетски сертификат (пасош) за тој простор (или некој друг - сеедно, постапката е важна), се надевам дека ќе се сетиш на дискусијава.

Абе се е во ред, навистина се ова валидни и аргументирани побарувања, ама сепак...го уплаше чоеко, а и мене како и поширокиот аудиториум тука, особено со барањево, цитирам:„...наведи ги емулзиите на одделни стакла од пакетот? Завеси има? Какви? Димензии?....“

Иначе, погрешно е да се спомнува дека дрвата спаѓаат под обновливи извори на енергија, едноставно литературата од која си прочитал, има лоша претпоставка за категоризација на енергетските извори...
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Дрвата СЕ обновлив извор на енергија.

Проблемот со дрвата (овде кај нас) се следниве:
- ако наместо во ефикасна печка ги гориш во ќумбе, загадуваш како идиот, посебно ако си глуп и си купил идиотски пресилно и предимензионирано ќумбе (а овде ќумбињата се купуваат дупло поголеми од што треба)
- не функционира шумарството, и не се сече плански и само одредени дрва, туку имаме ОРКИ кои сечат по цели шуми и прават пустош во кој шумата нема да се самообнови, наместо тоа се дешава ерозија и уништување на почвата, итн

Во урбани средини секако треба да се забрани горење дрва и било што органско/фосилно (освен природен гас). Пошто овде регулација (побарување на ефикасни печки) нема да функционира. Овде за ништо не функционира регулација, таква ни е државата.
 
Не, дрвата НЕ се обновлив извор на енергија.
Од проста причина што истото не се обновува со иста брзина како што се троши/согорува.
(ако нештото е обновливо, значи дека се враќа назад на располагање скоро во иста мера колку што се потрошило, или ај да прифатиме дека е можеби нешто помалку-некој маргинален процентуален поен, и тоа за единица време при кое корисникот нема ни да забележи дека било истрошено. Ама ни најефикасното „ќумбе“, најсовршено димензионирано, нема да можи да потроши толку малку, за да во системот биди незабележливо дека истото е истрошено, односно дека дур си изгорел еден кубик дрва, еден кубик никнал и порастил и стигнал за сеча.)
 
Последна промена:

Mao

user
5 јуни 2007
1.339
1.094
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
Ти греј се на што сакаш, твоја работа. Ако користиш дрва, ќе бидеш модерен - ќе користиш обновливи извори на енергија. :)

Да те потсетам дека ти побара пресметка. Со кои податоци мислиш дека се извршуваат пресметките? Со цртанка како твојата?
Ти си го познаваш (делумно) објектот, ама тој што ќе ти ја врши пресметката незнае ништо за твојот објект?
Ако сакаш сериозна пресметка, а не брљотина со еден куп претпоставки, ќе му ги обезбедиш податоците на тој што ти пресметува.

Да бидеш здрав и жив, па да дочекаш обврска да обезбедиш енергетски сертификат (пасош) за тој простор (или некој друг - сеедно, постапката е важна), се надевам дека ќе се сетиш на дискусијава.

Не се жалам на твојот коментар, нити де испонашав. Да знаев дека сето тоа треба да го знам за да добијам предлог за клима немаше воопшто да прашам, не ги знам соте тие параметри. Како и да е...

Купив Vivax Aeri 18ka. Ја немам фактурата да го пишам целиот назив. Ќе ја комбинирам со 12ката што веќе ја имам ако има потреба.

Во салон ја добив истата препорака 2x3.5kw ама се решив за примарна појака клима.

Фала на сите за коментарите.

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.088
6.024
Не, дрвата НЕ се обновлив извор на енергија.
Од проста причина што истото не се обновува со иста брзина како што се троши/согорува.
(ако нештото е обновливо, значи дека се враќа назад на располагање скоро во иста мера колку што се потрошило, или ај да прифатиме дека е можеби нешто помалку-некој маргинален процентуален поен, и тоа за единица време при кое корисникот нема ни да забележи дека било истрошено. Ама ни најефикасното „ќумбе“, најсовршено димензионирано, нема да можи да потроши толку малку, за да во системот биди незабележливо дека истото е истрошено, односно дека дур си изгорел еден кубик дрва, еден кубик никнал и порастил и стигнал за сеча.)
И да е обновлив во поглед на ЦО2, вооооооопшто не е обновлив во поглед на емисија на ПМ честички. Она главното од кое имаме локален проблем.
 
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно