Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Сервис на форумот [23.10.2026]

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.892
34.218
roka.mk
Здраво на сите,

Поради новонастаната ситуација во светот со сериозниот пропуст на php моравме да направиме мал сервис на форумот за да не дојдеме во несакана ситуација.
Накратко што е направено:

1. Нов PHP и безбедносни закрпи за XenForo
Форумот тераше на PHP 8.0, а тој официјално не доби безбедносни закрпи. Сега е на PHP 8.3.36. XenForo доби 2.2.11 Patch 2 (верзијата е стара но имам причина зашто сме сеуште на таа верзија), официјалните безбедносни поправки. Пред префрлањето форумот го тестиравме локално на новиот PHP и ги споредивме главните чекори еден по еден. Тоа што фати тестот го поправивме пред да го пуштиме, ова резултираше со 0 downtime на форумот.

2. Ботови, многу ботови
Околу 90% од сообраќајот беа ботови, а не луѓе. Кинески пребарувачи, SEO алатки, AI роботи, удираа на форумот секојдневно.
  • Тие што немаат никаква работа тука се блокирани.
  • AI роботите се успорени: можат да читаат, ама полека.
  • Google и Bing не се допрени, тие си работат нормално.
  • Се покажа дека robots.txt со години бил погрешно напишан и ботовите ич не го слушале. Сега е поправен.
Серверот одма олесна: оптоварувањето падна од околу 35 на околу 6.

3. Кешширање на гости
Вклучивме кеш за гости. Почетната и списоците сега се отвораат за 0.03 секунди, наместо 1.4. Кога сте најавени, се си е исто како порано.
И се од it.mk што гледате на форумот (огласи, настани, вработувања) се вчитуваа по секунда или повеќе. Сега се за 0.06 секунди.

4. Пребарувањето е освежено
Целиот индекс за пребарување е изграден одново: над 1.6 милиони пораки, теми и огласи. Ако нешто не ви го наоѓаше порано, пробајте пак.

5. Генерално чистење
  • Кешот на серверот беше полн со отпад од 2025 година. Исчистен е, па форумот сега има место да си работи растеретено.
  • Исклучен е еден режим за развој што неприметно стоел вклучен на продукција. Веќе го нема.
  • Поправен е еден template што фрлаше грешки во позадина.

Мал прекин
Ако видовте грешка 403 околу 20:03, тоа бевме ние. Траеше околу 2 минути, извинете за тоа

Ако нешто не работи
Се е тестирано колку што може, ама вие сте најдобри тестери. Ако нешто ви е чудно (не можете да пишувате, да прикачите слика, нешто се кочи), пишете тука во темава и ќе погледнеме.

Фала на трпението и поздрав,
Администрацијата на IT.mk
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.910
5.629

Ќе проработи ли некогаш повторно саглам со Тапаток, нотификации, рандом грешки итн...

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
stefan

lurker
13 април 2007
719
559
Прилеп
netops.network
stefan's setup  
Processor & Cooler
i5-1235U
Storage
1TB NVme
RAM
16 GB DDR4-3200
Case
ThinkPad T14 Gen 3
Keyboard
Logitech K470
Monitor
Dell P2425H
OS
Windows 11 / Ubuntu 24.04 LTS
Оти не го префрли на PHP 8.4.27 ?
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.892
34.218
roka.mk
Ќе проработи ли некогаш повторно саглам со Тапаток, нотификации, рандом грешки итн...

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
Слушнав ќе сме имале мобилна апликација :)
Оти не го префрли на PHP 8.4.27 ?
Како што кажав во првиот пост, верзијата на xenforo е старичка и за да работи добро на понов php ќе треба и нова верзија на xf а во моментов не можеме да идеме на понова верзија.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно