Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Сервер за книги со Koreader интеграција

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.219
1.686
Скопје
Перуџица Books, Македонски одговор на Амазон. Ова за СЕО :)

Кренав едно сервере за книги за лична употреба, па пошто се работи за мали фајлови ваљда ќе можам и вас да ве искрепам. Не верувам дека ве има многу што би биле заинтересирани за вакво нешто, но во секој случај рачунам дека ќе ви биде само за лична употреба и нема да се распространи по ојлевци дојлевци.
Кој сака пристап бујрум, пишете на темава, ќе ви пуштам пп со линк за регистрација.

И јас сеуште не сум му ги разгледал до крај можностите, па може заедно да откриеме нешто ново и интересно.
На серверот 99% се СФ книги(стриктно epub формат) пошто тој жанр го поштовам. Моментално немам којзнае колку наслови пошто бавно иде работата бидејќи се пази на тоа да е што поточна и целосна информацијата во метадатата.
Тука веќе може и да потпомогнете ако сакате(не е задолжително нормално), да добиете пристап до аплоад и едитирање на метадата па да си ги аплоадирате сопствените книги. За ова треба да сте ептен педантни, пошто како што реков погоре ептен гледам да биде се колку може по-цакум пакум.

Screenshot 2026-08-25 170431.png Screenshot 2026-08-25 170851.png
Screenshot 2026-08-25 170759.png Screenshot 2026-08-25 170657.png
Интеграција со Koreader преку официјалниот плагин.
Или преку мојава доработка на Bookshelf плагинот каде што му имам додадено поддршка за Bookorbit серверот.
Боље е моево брат, веруј :). Не е сеуште доработено но е доволно функционално(пофункционално од официјалниот плагин) и ми е веќе во употреба. Во случај да крашнува(со SIGSEGV порака во логот) ќе си смалите ќеш, пошто по моја мерка се фабричките вредности, за ридер со 1GB рам. За да биде максимално брзо вчитувањето да не се користат категории со поткатегории(фолдери) во Bookorbit чиповите на адонот, но сепак се оставени како можност пошто се позгодни и после првото бавно вчитување веќе оди брзо кога ги влече податоците од диск или рам ќеш.

Му доаѓа баш нешто како продавница. Податоците ги влече од сервер, книгите се со краток опис, комјунити рејтинг(најчесто од Goodreads), опција да се додадe книга во "Want to Read" секција, лесно достапни шорткати до авторот(приказ на останатите книги од истиот), серијата(приказ на останатите книги од серијата доколку е дел од иста), Слични книги итн. Сигурно пропуштив нешто да спомнам, али нека, ќе има што да се открие.
Еден тап ја селектира книгата и ја прикажува содржината, втор тап врз истата доколку не е на читачот ја симнува од сервер и ја отвара, при следно отварање на истата книга ја вчитува од диск.
scr0014.jpg

Кој нема електронски читач, може и преку веб пребарувач да читне. Евентуално на андроид таблет со Koreader, но никад не ми е пробано на андроид и немам појма дали исто функционира моментов со плагините.
И нормално пошто сме против пиратерија, серверов служи само како излог за книгите, симнување е строго забрането ;)

Ај па белким ќе работи се како подмачкано, ако не ќе се поправа.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.799
6.495
SK
Ајде зимава белким ќе имам време да си ги средам книгите (несредни и расфрлани низ неколку генерации фолдери), па ќе почнеме и oтсек епска фантастика, post-apocalyptic можеби и некои niche жанрови. :)

Во моментов тапа сум со време и за читање, не па за плагини. Aма пушти линк на пп за регистрација, ме интересира што си собрал во колекцијата.
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.219
1.686
Скопје
ме интересира што си собрал во колекцијата
Најдобрите се собрани, 200 и кусур ми се добитници на хуго и небула(SF Masterworks серијата), а останатите се најголем дел дополнување на сериите од кои биле дел тие книги.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.799
6.495
SK
Фала за пристапот.


Во врска со SF колекциjата, вака на прв поглед потребна е една итна исправка: Додади ги книгите од Скалзи... Кои прашуваш? Сите. :)

Ама почни од Old Man's War. Повеќе е накај military sf поджанрот, ама никој не е е совршен и забавно си е забавно.



Најдобрите се собрани, 200 и кусур ми се добитници на хуго и небула(SF Masterworks серијата), а останатите се најголем дел дополнување на сериите од кои биле дел тие книги.
Хммм... Со чесни исклучоци, почесто се разочарувам од наградените отколку не.
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.219
1.686
Скопје
Фала за пристапот.


Во врска со SF колекциjата, вака на прв поглед потребна е една итна исправка: Додади ги книгите од Скалзи... Кои прашуваш? Сите. :)

Ама почни од Old Man's War. Повеќе е накај military sf поджанрот, ама никој не е е совршен и забавно си е забавно.




Хммм... Со чесни исклучоци, почесто се разочарувам од наградените отколку не.
Немат гајле, радуј се :).

Ќе го додадам, само треба прво да ги докомплетирам овие што веќе ги имам со останатите од нивни серии, пошто имам дупки. Што сигурно ќе потрае, можда околу пола саат ми треба за 10ина книги да средам. Демек има автоматско повлекување на метадата, али тешки глупости ми испонаправи на почеток, така да сега се оди со препроверка.

Требаше од негде да почнам со некоја листа која ќе има работи што не ми се читани, па таа SF Мasterworks серија како некој репер беше земена, мораш на нешто да се ослониш што горе доле има некаков кредибилитет. А тоа дека знаат да разочараат, сигурно, али па затоа го имаш комјунити скорот кој е мислам померодавен и по кој можеш да се водиш, има такви од SF Masterworks серијава со 3-3 и кусур оценка.
Најидеално би било да се соберат повеќе луѓе желни да се позамараат да средат метадата и да споделат омилени книги, па за секого да има понекое изненадување.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно