1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Samsung паметни телефони - генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од psyside, 30 Септември 2014.

  1. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    260
    103
    9 Август 2018
    Машко
    Да. Обете си имаат плусеви и минуси.
    Ама во One UI не гледам огромен проблем.
    Да знам глупо е кога ќе се навикнеш на нешто и мора да мењаш, ама пак ако пробаш, ќе се навикнеш пак.
    Еве на Chrome за Андроид, табовите пред некое време беа хоризонтални. Почетокот ми беше чудно, ама се навикнав.
    И после пак од гугл ги вратија да бидат вертикални. Така и со One UI.
    Драстична промена од претходно.
    Да ќе треба време за навикнуваме ама после ќе биде без проблем. Исто како и претходно, и идниот Android 10 сигурно ќе биде сличен на Android 9,исто како што беше со Android 7 и Android 8 (Samsung Experience), додека Android 11 сигурно ќе трпи промена (и на име, и на дизајн, како што се деси со Android 9/One UI).
    Ништо страшна работа. Сигурен сум дека и иконите можат да се сменат, барем така сите по јутуб/портали викаат. Не да се сменат во оние старите како што викате виме, ама сигурно може во некакви други.
    Се на се 9.5/10 за OneUI.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DarthJe5us

    DarthJe5us
    On your way to fame

    678
    565
    2 Јануари 2012
    Машко
    Веројатно theme store ќе работи кога ќе излезе од beta и ќе има да се симнат поасални икони.
     
    The Geek Boy, gokica и на DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  3. kristijan_m75

    kristijan_m75
    Gaining Experience

    372
    260
    22 Март 2016
    Машко
    Ако не сте купиле до сега,имаш една оваква проѕирна во телеком капитол 700ден.

    Sent from my SM-N950F using Tapatalk
     
    На Gaston и gokica им се допаѓа ова.
  4. DarthJe5us

    DarthJe5us
    On your way to fame

    678
    565
    2 Јануари 2012
    Машко
  5. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,174
    2,139
    9 Февруари 2011
    Купена, фала ти Кристијан!
     
    На kristijan_m75 и gokica им се допаѓа ова.
  6. gokica

    gokica
    Модератор

    7,880
    9,168
    13 Јуни 2009
    Ако некој знае каде можам да најдам Samsung DeX или друг квалитетен USB-C to HDMI 2.0 кабел во Скопје нека каже. Гледам телеком има на веб сајт ама ми треба за утре и немам поим дали во некој од салоните го имаат.
     
  7. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    260
    103
    9 Август 2018
    Машко
    Ако не се грешам во Anhoch видов.
     
  8. gokica

    gokica
    Модератор

    7,880
    9,168
    13 Јуни 2009
    На сајт го нема. Има само гембирд HDMI 1.4.
     
  9. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    260
    103
    9 Август 2018
    Машко
    Епа, конечно после 4 години дојде време.
    Татко ми зема Galaxy A8 2018.
    Епа од, секогаш бил фаворит на Samsung, и ова ќе му дое како трет Samsung телефон по ред.
    Претходниот A3 што го имаше, го зема едно 3-4 месеци штом искочи у Македонија (збориме за првата генерација на A класа).
    Пред тоа имаше еден Ace 4 Star, или така нешто..
    На A3 душата му ја извади чели 4 години, без посериозни проблеми.
    Последната година почна батеријата да му се деградира. Тоа е сосема нормално ама него не ни му пречеше бидејки не ни го користеше толку многу.
    За други ствари телефонот беше топ, и погоден.
    Ова е доказ дека ако човек правилно и прописно го користи својот уред, ќе може не само 4 туку дупло од тоа да истера со него.
    И, како што се наближуваа последните години телефонот почна да делува поспор, се појавуваа доста popup апликации. Не немаше вируси или такви ствари, ама Clean Master, и CM Security почнаа повеќе и повеќе да смараат дека телефонот бил доста спор.
    И дојде тој ден, четврток вечер отидовме у Ledikom и го земавме Galaxy A8 2018.
    Е сега, телефонот кошташе околу 17,500ден.
    Знам, за тие пари може да се најдат доста подобри уреди, воглавно кинески, ама не бидејки татко ми доста време користеше и користи Samsung, едноставно се навикна на тој екосистем.
    Истите ствари, само што у дизајн сменено.
    И, иначе да јас правев Research, бидејки јас сум тој у семејство што сум по такви ствари, моите не се разбираат многу.
    Евентуално се мислев помеѓу A7 2018,и A8 2018,но одлучив A8.
    А7 едина предност има кај камерата.
    Нема Type - C, нема Fast Charge, не е водоотпорен, од позади е пластичен, и доста други ствари кои што A7 ги нема, а A8 ги има.
    Евентуално тие ствари му беа најбитни бидејки татко ми работи доста со брашно и вода.

    За уредот:
    Уред како уред, си е врв.
    Super AMOLED панел, кој што е врв, со 1080p резолуција.
    4GB рам е супер, со доста добар Exynos 7885 Exynos Octa - Core процесор.
    Батерија, 3,000mAh е ок. Доволно да издржи цел ден, а за него е огромен исчекор бидејки A3 имаше 1,900mAh.
    Задната камера е ок, едино што нема портрет опција, ни Slow Motion, ама ни тоа, ни тоа не му требаат на татко ми.
    Предната камера, е доста добра. Не ни очекував толку добра да биде. Има доста опции, и сето тоа бидејки се 2.
    Звукот е океј, доста гласен. Не е Stereo, нема Dolby Atmos, а не ни му треба.
    Бчера пробав Dolby Atmos на слушалки (бидејки има, ама само за слушалки), и буквално како да сум на концерт или у ќино, само без публика.
    Пунење на батеријата е доста брзо, благодарение на Fast Charge технологијата и Type - C пунач.
    IP - 68 Water/Dust Resistance. Е ова на телефон од 17,500ден. е врв.
    Немам пробано тоа, а не ни планирам. Можда следново лето, ќе видиме.
    Софтверот е врв, нема што да зборам, се знае пун со опции.
    Треба идната година и Android 9 со One UI да добие, што ќе биде врв.
    Се на се, 9/10 доста добар уред, и доста погоден за татко ми.
    Еве неколку слики од уредот:
    20181227_204414.jpg 20181227_202210.jpg 20181227_200521.jpg 20181227_195840.jpg 20181227_225318.jpg 20181227_195836.jpg 20181228_152147.jpg 20181228_152156.jpg
    20181227_200521.jpg
    Веднаш и маска, и фолија му ставија, и не не кошташе многу.
    Иначе, гледавме првин во Телеком ама едноставно не вреди.
    Прва работа, договорот на ниеден од броевите не ни беше истечен, а и тие уреди што ги баравме, вклучувајќи го и овој ги немаа во Телеком.
    Ни препорачаа A6, за околу 16 илјади, ама едноставно не вреди.
    Дури и јас лично не препорачувам од многу причини Телефони да купувате од оператори, бидејки не вреди.
    Друга ствар, еден ни викаше зошто да не земеме некој од S класа, но поволно демек ќе не кошта поевтино.
    Не е тоа проблем, ама моите нејќат такви ствари па така да не.
     

    Прикачени датотеки:

    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,389
    3,377
    1 Септември 2011
    Машко
    Кога веќе имаш желба,да пишуваш волку долги текстови,и детално да објаснуваш,барем дај почни рецензии да правиш.
     
  11. DarthJe5us

    DarthJe5us
    On your way to fame

    678
    565
    2 Јануари 2012
    Машко
    Каква рецензија е ова напиша што има телефонот само.
     
    На Krkac, olikomerc, The Geek Boy и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,389
    3,377
    1 Септември 2011
    Машко
    Да направи,не ова што го пиша,него да пишува рецензии.
     
    На DarthJe5us му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DarthJe5us

    DarthJe5us
    On your way to fame

    678
    565
    2 Јануари 2012
    Машко
    Не мора, знаеме што ќе пише. :D
     
    Gaston, DaVoRkNe, The Geek Boy и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. Tomislav96

    Tomislav96
    Gaining Experience

    398
    417
    7 Февруари 2013
    Машко
    Студент, Информатика
    Така користам, оргиналниот сеуште ми е во целофан :)


    За онеуи theme store си работи, како и секогаш може да си смените икони и слично... дизајнот дефинитивно е подобар и се е по пристапно на допир и многу помалце се греши при кликање да се кликне нешто друго до тоа... се си е убаво големо одвоено, дефинитивно е погодок..

    И не е ништо копја од иОС туку се превзема дизајнот на ванила андроид, кој самсунг го има веќе подолг период преку Good Lock, поготово Task switcherot лево десно мрдањето, многу корисници се премногу задоволни од ГудЛок и затоа самсунг го напраи ОнеУИ вака, односно го послуша мислењето на корисниците.
    Толку. Сега сум на Бета3 OneUI
     
    Последна промена: 29 Декември 2018
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gokica

    gokica
    Модератор

    7,880
    9,168
    13 Јуни 2009
    Samsung DeX е интересно за перчење пред луѓе.

    Најдов кабел од телеком во ГТЦ за 1,699 денари. Па имав мала презентација. Мислам дека со блутут тастатура и глувче може да се заврши некоја работа на брзина како текст, ситно нешто ексел, презентација или едит на фотографија.

    Мазно е изкуството но компјутер си е компјутер.

    Ќе си поиграм малку повеќе па ќе споделам импресии. Добро е што пренесува 4К па може на телевизор да се има пријатно искуство кога прегледува човек фотки или видео директно од телефон.

    Едит: корекција - максимално поддржана резолуција 2560 Х 1440. 4K само во screen mirror mode.
     
    На Krkac, The Geek Boy, Gaston и уште 2 други им се допаѓа ова.
  16. Tomislav96

    Tomislav96
    Gaining Experience

    398
    417
    7 Февруари 2013
    Машко
    Студент, Информатика
    Јас си земав адаптер тајп ц то ХДМИ и го испробав, али без блутут тасатура и глушец ништо ... и како компјутер е, ама со РемиксОС ако некој користел
     
    На Krkac и gokica им се допаѓа ова.
  17. gokica

    gokica
    Модератор

    7,880
    9,168
    13 Јуни 2009
    Да, најдобар е за преглед на ТВ / монитор во висока резолуција директно од телефон. За лесна навигација телефонот брка работа ама за нешто да работиш обавезно тастатура и глувче. Се согласувам.
     
    На Tomislav96 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,376
    1,684
    10 Септември 2007
    Машко
    Wow, најавава за купување на A8 - револуција. :D

    Dolby Atmos на слушалки - буквално на концерт!
     
    На Скоти, Tomislav96, The Geek Boy и уште 3 други им се допаѓа ова.
  19. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,389
    3,377
    1 Септември 2011
    Машко
    Дечки имам едно прашање,после менување на батерија,има ли некоја процедура како да се полни или нема врска,се работи за S7 Edge.
     
  20. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    260
    103
    9 Август 2018
    Машко
    Јас препорачувам после менување да се исклучи Fast Charge, бидејки некои викаат дека така побрзо се деградирала батеријата.
    Само можеш да пушташ кога ќе ти треба (пр. ако си у брзање).
     
    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  21. DarthJe5us

    DarthJe5us
    On your way to fame

    678
    565
    2 Јануари 2012
    Машко
    Како сакаш полни го ништо не менува.
     
    На Oktar и DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  22. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,389
    3,377
    1 Септември 2011
    Машко
  23. DarthJe5us

    DarthJe5us
    On your way to fame

    678
    565
    2 Јануари 2012
    Машко
    За 600 полнења пак ќе е за менување и онака што менува :D
     
    На The Geek Boy и DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  24. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    260
    103
    9 Август 2018
    Машко
    IMG_20190103_211352.jpg IMG_20190104_174325.jpg
    Лелеее чинот да го намалеа...
    Ама неможат поради Edge дисплејот. Епа ако веќе се нафатат нека го тргнат и тој горниот таман ко ова:
    feature-26.jpg
    Епа, S10 Lite има рамен екран па може, нели?
    Ама тоа е Lite верзија па сигурно Samsung нема да го направат тоа на најмалиот модел, а другите така да ги остават.

    Шала на страна, долниот чин е драстично намален, иако вака на слики не изгледа до толку, сепак во реално користење на уредот, нема ни да биде проблематично.
    Другар имам, што има S8 и вака по слики чинот изгледа голем, ама у реалност кога ќе го погледнеш уредот, не е така.
    Исто и со S10 сериите, така ќе биде.
    Само кај S10 Lite ќе биде по - приметливо, бидејки е само рамен екран.

    Иначе, еве една илузија:
    IMG_20190105_032021.jpg
     
  25. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    480
    604
    25 Февруари 2016
    Машко
    Не разбрав, по чин што е водник, поручник. Ќе му намалат чин? Што ќе биде офицер, подофицер???
    Дај бе дете малку среди ги речениците и зборовите кои ги употребуваш.
     
    На Andrej666 и tupacan им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...