Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.690
12.524
Skopje
www.wemaxa.com
Еве, да се радува анти-тротинет лобито, злото е искоренето и конечно дојде живот. Буџетарите курсисти одговараат на поплаките од граѓанштината и носат ред и мир (и живот). Само вака, сидрото е фрлено и влече напред!

1780401648580.png 1780401661754.png

извор: View: https://www.facebook.com/ilija.marinkovski.2025/posts/1305483671768047?ref=embed_post
 
joe_te

hello world
18 ноември 2015
52
49
Согласно законите наши тротинет се вози по велосипедска патека со макс брзина од 25км на час , но доколку не постои истата истиот се вози на пешачка патека или тротоар со макс брзина од 6км на час, и задолжително е кацига, рефлектирачки елект ноќе или во намалена видливост . тоа успеав да го извадам од збпс . е сега дали ова е велосипедска патека е знак прашалник :)
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.480
2.926

Да, така си е, си стои во законот.
Едино, не ми е јасно овие 6(шест) километри на час, тој што ги пишал, знае ли колкава е тоа брзина?
Требало помалце, ете не знам, 1(еден) да било?

Иначе, јас пешки се движам со таа брзина од околу 6 km/h.
Пробав со тротинет да ја возам таа брзина.
Не е стабилен, односно при таа брзина, се ниша, и подобро е да слезиш и да го туркаш.
Со други зборови, мене лично, ми е малку нелогична.
 
18 август 2019
1.210
1.174
Иначе, јас пешки се движам со таа брзина од околу 6 km/h.
Баш затоа е таа брзина. Синхронизирана со брзината на пешаците. Како би изгледало на тротоар да се вози со поголема брзина, а полно е пешаци?

Дури и со оваа брзина ризично е за пешаците. Пешак како пешак, ќе појде лево-десно по тротоарот, а зад него тротинет. Не е паметно решение тротинет и велосипед да возат по тротоар, ама некој го дозволил тоа.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.344
Да, така си е, си стои во законот.
Едино, не ми е јасно овие 6(шест) километри на час, тој што ги пишал, знае ли колкава е тоа брзина?
Требало помалце, ете не знам, 1(еден) да било?

Иначе, јас пешки се движам со таа брзина од околу 6 km/h.
Пробав со тротинет да ја возам таа брзина.
Не е стабилен, односно при таа брзина, се ниша, и подобро е да слезиш и да го туркаш.
Со други зборови, мене лично, ми е малку нелогична.
Ќе те мери со радар 6км ебаго.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.690
12.524
Skopje
www.wemaxa.com
Ќе те мери со радар 6км ебаго.

Го измерија убаво тој 186 годишниот косовар што утепа 4рица. Го пуштиле на граница (како и сите до сега, влези излези), го измериле со сејф-шити што на тој правец се на секој 100 метри исто како и патарините, и на крај му отвориле банкина да утепа 4-рица ни криви ни должни. Сега ќе реметат возрасни луѓе што се враќаат од работа на тротинет наместо дечурланата што се главен проблем...

Ама кај ќе казнува деца, нема кеш од тоа, ќе треба да се смара, повикај родител, дрн дрн, па ова било па ова не било, а вака, дај ваму лична карта, решен проблем, си ја остварил поентата за постоење тој ден буџетарот. 80Е казна, ча-чинг, лесна пара за буџет што се крпи од позајмици секој месец од лево-десно кои потоа се делат за плати на 150,000 паразити.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.480
2.926
Баш затоа е таа брзина. Синхронизирана со брзината на пешаците. Како би изгледало на тротоар да се вози со поголема брзина, а полно е пешаци?

Дури и со оваа брзина ризично е за пешаците. Пешак како пешак, ќе појде лево-десно по тротоарот, а зад него тротинет. Не е паметно решение тротинет и велосипед да возат по тротоар, ама некој го дозволил тоа.
ок, ок, ај да не бидиме драматични до толку сега...
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
Иначе, јас пешки се движам со таа брзина од околу 6 km/h.
Пробав со тротинет да ја возам таа брзина.
Не е стабилен, односно при таа брзина, се ниша, и подобро е да слезиш и да го туркаш.
Со други зборови, мене лично, ми е малку нелогична.
Токму тоа и е поентата. :)
Ако патеката/тротоарот е предвидена за пешаци, значи возењето сообраќајно средство меѓу пешаци е безбедно со 6 км/ч или поспоро.

Што е поентата на ваквите закони? Треба да ги направат луѓето безбедни а тротинети помеѓу другото ги возат и деца и копиљаци кои генерално и ги прават најголемиот број од срањата (иако законски не смеат до одредена возраст). Таквата популација баш и не е позната по разумно и безбедно однесување. Мислам еј, сите сме биле на таа возраст и знаеме дека и со точаци може да се направат глупости - ама генерално не се сеќавам на многу случки каде точаци тешко повредувале пешаци. Со тротинетиве? Ехехехееее абре малтене секој ден некаква глупост читам поврзана со идиоти на тротинет.

Муабетот ми е дека треба построго да ги регулираат. Прво на копиљаци под легална возраст за возење тротинет - треба да им се конфискуваат тротинетите. Второ, треба да се донесе регулатива во фирмвер да мора да се ограничени со брзина. Трето, строго да се забранат за возење меѓу пешаци. Извини, извесно е дека ти не си кретен но во вакви случаи покра суровото гори и сировото. Едноставно премногу срања се дешаваат и треба построги регулации барем додека да „легнат“ работите.

Ама кај ќе казнува деца, нема кеш од тоа, ќе треба да се смара, повикај родител, дрн дрн, па ова било па ова не било, а вака, дај ваму лична карта, решен проблем, си ја остварил поентата за постоење тој ден буџетарот. 80Е казна, ча-чинг, лесна пара за буџет што се крпи од позајмици секој месец од лево-десно кои потоа се делат за плати на 150,000 паразити.
Има пари бе, може после на аукција да ги продаваат конфискуваните тротинети (од копиљаана под легална возраст).

Глумат лудило од МВР, имаат критики за срањава со тротинети па прават да изгледа како нешто да работат за решавање на тој проблем.

Како и обично, алатките не се проблемот туку тие што ги ракуваат. И како вообичаено кога премногу имбецили (и копиљаци без памет) конвергираат кон нешто, тогаш неретко го јадете и вие другите ни криви ни дужни. И најлошото е што ова се мерки за мачкање очи, ништо нема да сменат во реалност... А дека треба регулација, треба. Се претерува многу.

Инаку една работа за која не се зборува, е внесувањето на тротинетиве по автобуси. Со ова темпо, статистички сѐ поверојатно станува дека ќе се деси да се запали некој во преполн автобус.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
Се претерува многу.
Телефони, кафиња... А возат или во густ сообраќај (една мала дупка и ќе отидат под нечии тркала, некој да ги лежи во затвор ни крив ни дужен), или возат во близина до пешаци а возат со големи брзини (па често има повредени пешаци).

Многу се претерува, и трендот оди нагоре.

6db4573388b0de69d93b7be4a5b63bf4.jpg

Мислењето е автоматски споено:

Секоја чест на тие нормалните, ама вакви како овој горе гледам сѐ повеќе и повеќе, секојдневно. Тек ќе има срања, тротинетиве уште малку ќе почнат и по трафики да ги продаваат.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.690
12.524
Skopje
www.wemaxa.com
Телефони, кафиња... А возат или во густ сообраќај (една мала дупка и ќе отидат под нечии тркала, некој да ги лежи во затвор ни крив ни дужен), или возат во близина до пешаци а возат со големи брзини (па често има повредени пешаци).

Многу се претерува, и трендот оди нагоре.

6db4573388b0de69d93b7be4a5b63bf4.jpg

Мислењето е автоматски споено:

Секоја чест на тие нормалните, ама вакви како овој горе гледам сѐ повеќе и повеќе, секојдневно. Тек ќе има срања, тротинетиве уште малку ќе почнат и по трафики да ги продаваат.

Ако треба да бирам помеѓу две зла, истиов абдал да вози кола/камион/автобус и да ждере/збори или пишува на мобилен или да го прави истото на тротинет, би го одбрал второво. На тротинет е далеку помала општа опасност него ли во тешко возило. Пак по х100-ти пат, до народот е.

Вчера бев до бит пазар/чаршија. 10тина најмалце видов тинејџери по х2 на тротинет, некој чуден синдром е тоа што не го разбирам, дали по 1/2 ги купуваат или што и да е. Ама видов и 10тина нормални, што не возеа по самата чаршија туку ја кружеа, возеа најнормално по сите прописи. Јас мојот го буткав.

Кога доаѓа ред за санкционирање, се скока по кротките што почитуваат правила затоа што се лесна мета и се реметат со небулози како тетовчанецот, затоа што не се противат, не бегаат, не викаат пријател, не креваат зулум, го јадат и влегуваат во статистика за некој да си ги оправда мерките и да рече еве, правиме нешто. А дивјаците и сериските непочитувачи на закон си продолжуваат по старо/свое како 30+ години до сега, премногу се терсене за некој да се смара да ги оправа, премногу се умрежени, премногу имаат луѓе лево десно, ги знаат сите кривини..

Така да, слободно скандирајте за ригорозни рестриктивни и репресивни мерки, ќе ви се удрат од глава, а оние кои ги инспирирале тие мерки лесно ќе се адаптираат или ќе се извлечат од секое сценарио, пошто рибата тука ни смрди од главата, додека тоа не се реши (а нема) ќе биде мачкање очи и циркуси за три дена.
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.672
3.757
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

Последна промена:

Ќотеко по самаро ќе биди,
место по магарината!

И после оти сне заминвале од Македонија?
Е па ќе заминваме, и допрва има да не снема.
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
702
999
Идвајте побрзо и сполајти за споделеното.
И ко ќе се вратите да поправате заби, да ми се јавите...
Оти таму нооогу арно е...
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.690
12.524
Skopje
www.wemaxa.com

Бајат леб е велешанецов со неговото реактивно контење по телевизии за ефтини поени. Утре некој да прдне во лифт и да има стори/статија/тик-ток за тој "проблем" за 15 минути ќе оди на ТВ да најавува мерки против лифтови и прдење.

Закон за тротинети има, за забрана за малолетници да возат има, за забрана двајца на тротинет има, нека седне да спроведува тоа пошто ова уанаби-Фрчко али со комитски шмек е веќе стар фазон.
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.672
3.757
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Бајат леб е велешанецов со неговото реактивно контење по телевизии за ефтини поени. Утре некој да прдне во лифт и да има стори/статија/тик-ток за тој "проблем" за 15 минути ќе оди на ТВ да најавува мерки против лифтови и прдење.

Закон за тротинети има, за забрана за малолетници да возат има, за забрана двајца на тротинет има, нека седне да спроведува тоа пошто ова уанаби-Фрчко али со комитски шмек е веќе стар фазон.
Има закон Да ама хаос е со тротинетиве и мора да се средат. Скоро секој ден има по некоја случка со тротинет
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.480
2.926
Идвајте побрзо и сполајти за споделеното.
И ко ќе се вратите да поправате заби, да ми се јавите...
Оти таму нооогу арно е...
'ногу убоо знајме колку е арно таму, сне го виделе и арното и лошото таму.
Проблемо е шо овде само лошото остана.
И ко ќе се вратиме да си ги прајме забите, на приватно ќе си ги поправаме, не ти земаме ништо од твоето.

Овдеки околу мене само неписмениве просперираат, ама ај....
Кај и да се свртам - само ѓубре, нечистотија, распаднати улици, тротоари, патеки, запуштеност на секое ниво во секоја област. Тотална негрижа. Никој за ништо не одговара. (ахам, да, на „шампон“ мириса, а сега на топлово, тек ќе замириса).
А и како да одговара, кога таму кај тие што треба да одговара (судии, судство), тие се „заѕидани“ во корупција.

Десетици години уплаќам во системов тука во Македонија (и уште плаќам), и пак, кога ќе ми притреба нешто за што сум платил - или треба на приватно, или ќе се окозам дур да стигнам до моето, со крв и пот платено право. А до некое право нема ни да стигнам.

Извинете за рантов. Не е лично насочен кон тебе @Trtka
Општ е. Сејф сити е само еден дел.

Има закон Да ама хаос е со тротинетиве и мора да се средат. Скоро секој ден има по некоја случка со тротинет
Е па не се спроведува. Убоо има казано @xenon и убоо ги има описано сподобите што наводно треба да спроведат нешто.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.690
12.524
Skopje
www.wemaxa.com
Има закон Да ама хаос е со тротинетиве и мора да се средат. Скоро секој ден има по некоја случка со тротинет

Европа и Британија веќе го истераа овој филм. Секој Јајо и Пајо што ќе стане сабајле и ќе реши дека нешто му пречи добива закон, регулација, забрана, ограничување, казна и нова армија инспектори. Некој видел тротинет и се исплашил? Да забраниме. Некој видел цигара? Да оданочиме. Некој видел алкохол? Да регулираме. Некој видел кола? Да ограничиме. Некој видел нуклеарна централа? Да затвориме. Некој видел крава што прди? Да водиме војна против метан. Секоја ден нова драма и секој ден по едно ново "решение". И секое т.н. решение чудесно завршува со помалку слобода, повеќе бирократија и поголема државна контрола. На крајот излегува дека не е тешко да се "решаваат" работи кога дефиницијата за решавање е да забраниш нешто. Тоа го знаеше и источниот блок. 50+ години произведуваше решенија. Решаваше говор. Решаваше економија. Решаваше приватна иницијатива. Решаваше несогласување. Решаваше сѐ што ќе штрчеше надвор од зададена линија. Резултат беше сива, сиромашна и технолошки заостаната маса држави која се распадна при прв сериозен допир со реалноста.

Денес Европа оди по опасно слична патека. Не затоа што е комунистичка, туку затоа што го усвојува истиот инстинкт: ако нешто создава проблем, регулирај го. Ако не помага, регулирај уште повеќе. Ако и понатаму не помага, казнувај. Меѓувреме вистински проблеми остануваат недопрени. Слаб економски раст. Пад на продуктивност. Стареење на населението. Пад на наталитетот. Губење индустрија. Губење конкурентност. Бегство на капитал и талент. Но тие проблеми се тешки. Таму треба работа, визија и политичка храброст. Полесно е да се води крстоносна војна против тротинети. Затоа денес имаме континент што произведува сè повеќе правила и сè помалку раст. Сè повеќе регулатори и сè помалку инженери. Сè повеќе забрани и се помалку иновации.

Не е проблем што некој сака ред со тротинетите. Проблемот е што секоја генерација бирократи е убедена дека уште една забрана ќе го поправи општеството.

Пак ќе кажам, има закон, нека се спроведе. Детето од 13 години што загина - зошто возело? Зошто цајканот што го казнил тетовчанецот што се враќа од работа не го застанало детето да му го земе тротинетот?
 
Aowek

user
14 април 2012
1.211
1.168

Веројатно за странскиве таблици да се казнуваат ќе е потребно да има камери кои читаат таблици при влез и излез на граница со тоа што ако странска таблица направи прекршок се запишува и при излез кога даваш пасош/лична карта камерата ја чита таблицата и го предупредува полициското лице дека има прекршок на таа таблица.
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
702
999
'ногу убоо знајме колку е арно таму, сне го виделе и арното и лошото таму.
Проблемо е шо овде само лошото остана.
И ко ќе се вратиме да си ги прајме забите, на приватно ќе си ги поправаме, не ти земаме ништо од твоето.

Овдеки околу мене само неписмениве просперираат, ама ај....
Кај и да се свртам - само ѓубре, нечистотија, распаднати улици, тротоари, патеки, запуштеност на секое ниво во секоја област. Тотална негрижа. Никој за ништо не одговара. (ахам, да, на „шампон“ мириса, а сега на топлово, тек ќе замириса).
А и како да одговара, кога таму кај тие што треба да одговара (судии, судство), тие се „заѕидани“ во корупција.

Десетици години уплаќам во системов тука во Македонија (и уште плаќам), и пак, кога ќе ми притреба нешто за што сум платил - или треба на приватно, или ќе се окозам дур да стигнам до моето, со крв и пот платено право. А до некое право нема ни да стигнам.

Извинете за рантов. Не е лично насочен кон тебе @Trtka
Општ е. Сејф сити е само еден дел.

Е па не се спроведува. Убоо има казано @xenon и убоо ги има описано сподобите што наводно треба да спроведат нешто.
Баш напротив... Се правите дека таму нема нечисти улици, се правите дека нема убиства на секој чекор, се правите дека збирањето во парк на 40 години е нормално, се правите дека е нормално излегување за на работа во 6ам а се враќате во 6пм.... И се таму далеку каде нема кој да ве види и да ве чуе како четката ја влечите по вцињата, или вртите плескавици и живеете по 5 души во 35 квадрати... Се е тоа така нормализирано таму далеку по белиот свет... Затоа сте најгласни коа ќе се вратите во родната ви држава, и во кавана, и на раскрсница, и пред зграда... Со прости зборови ко стока од ремче испуштена...
Еве иди лето , запримети кои се најгласни... Кои возат најгласни изнајмени коли. Кои се најгласни на плажа... И така натака...
Овдека дека повеќе од пола прават по 10 одмори во годината, е тоа не чини.... Дека сите кафани се полни 24 часа. Абе за нигде сне...
Кога чекате за виза за арбајтен, по 24 часа седнати во тоа ходниците, е тоа е тој момент... Тука се нечини, ама таму шо се 24 часа во ходник.... Не е проблем, таму нема кој да ве види...
 
joe_te

hello world
18 ноември 2015
52
49
Веројатно за странскиве таблици да се казнуваат ќе е потребно да има камери кои читаат таблици при влез и излез на граница со тоа што ако странска таблица направи прекршок се запишува и при излез кога даваш пасош/лична карта камерата ја чита таблицата и го предупредува полициското лице дека има прекршок на таа таблица.
Нема камери, службеникот во кабина кога ти го евидентира влезот или излезот, запишува дали поминуваш со возило, со автобус и слично и мануелно ги внесува табличките. веројатно тоа сакаат да го синхронизираат на службеникот да му јави дека таа и таа таблица има прекршок.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.480
2.926
Баш напротив... Се правите дека таму нема нечисти улици, се правите дека нема убиства на секој чекор, се правите дека збирањето во парк на 40 години е нормално, се правите дека е нормално излегување за на работа во 6ам а се враќате во 6пм.... И се таму далеку каде нема кој да ве види и да ве чуе како четката ја влечите по вцињата, или вртите плескавици и живеете по 5 души во 35 квадрати... Се е тоа така нормализирано таму далеку по белиот свет... Затоа сте најгласни коа ќе се вратите во родната ви држава, и во кавана, и на раскрсница, и пред зграда... Со прости зборови ко стока од ремче испуштена...
Еве иди лето , запримети кои се најгласни... Кои возат најгласни изнајмени коли. Кои се најгласни на плажа... И така натака...
Овдека дека повеќе од пола прават по 10 одмори во годината, е тоа не чини.... Дека сите кафани се полни 24 часа. Абе за нигде сне...
Кога чекате за виза за арбајтен, по 24 часа седнати во тоа ходниците, е тоа е тој момент... Тука се нечини, ама таму шо се 24 часа во ходник.... Не е проблем, таму нема кој да ве види...
Мало допојаснување: цел живот во Македонија живеам и плаќам (сеуште е така).
И, те разбирам за кои појави зборуваш.

Нема да навлегувам во детали и метрички да го анализирам сето погоре кажаното, ниту имам намера да докажувам/оправдувам како е тука, а како е „таму“.

Сметам доволно сне возрасни за критичко погледнување на реалноста в очи.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв