Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Пуштен сигналот на новата безжична дигитална телевизија

angel485mk

hello world
26 март 2008
267
59
angel485mk's setup  
OS
Windows 7
Оваа есен 95% од домаќинствата во Република Македонија ќе бидат во можност да уживаат во програмски пакет со супериорна дигитална слика и звук, преведени странски програми на македонски јазик, електронски програмски водич за 7 дена однапред, можност за снимање и премотување, како и видеотека со најнови филмски наслови и интерактивни сервиси. Со ова, Македонија станува една од првите европски земји кои го започнуваат процесот на дигитализација на ТВ етерот.

Во наредните недели, 500 македонски домаќинства ќе имаат можност бесплатно да го пробаат новиот ТВ сервис.

Ќе бидат понудени голем број домашни и странски канали од најпопуларните жанрови меѓу македонските гледачи; спорт, филм, музика, детска, документарна и образовна програма и канали за возрасни со посебна заштита за децата. Пакетот ќе содржи и тв програма со висока резолуција.

Добар дел од најдобрите светски канали ќе бидат ексклузивно достапни само на безжичната дигитална телевизија.

Најголема новина е локализацијата на македонски јазик, што значи дека странските канали се титлуваат или синхронизираат на официјалниот јазик во РМ , онака како што е пропишано во домашните закони.

Во компанијата изразуваат големо задоволство од фактот што по неколку месечни преговори со најголемите светски тв куќи, тие се согласиле по прв пат да го вметнат македонскиот јазик како рамноправен на останатите светски јазици на кои се емитуваат нивните програми. Во најскоро време, ќе биде понуден и превод на албански јазик.

Сопствениците на правата на странските програми се крајно задоволни што во РМ нашле сериозен партнер со чија помош конечно ќе се среди повеќегодишниот хаос во дистрибуцијата на тв канали, што подразбира целосно почитување на авторските права и справување со изворите на бесправното емитување туѓа програма.

Најголемите светски тв куќи во соработка со нивниот долгогодишен партнер Телеком Словеније се цврсто решени со сите правни средства целосно да ја заштитат сопствената програма од понатамошна дива злоупотреба како и на своите инвестиции во РМ во вредност од над 250 милиони евра да им обезбедат јасна правна околина и услови за фер и лојален натпревар на пазарот.

Проектот се финализира со постојана добра соработка со сите надлежни институции, особено со Советот за Радиодифузија и Агенцијата за Електронски комуникации, која е известена за сите технички потешкотии и начини за нивно надминување.

Инвестицијата во безжичната дигитална телевизија за Република Македонија е во целост финансиски обезбедена и Телеком Словенија е сигурен дека на македонските домаќинства од оваа есен ќе им овозможи да следат ТВ програми по сите најнови светски стандарди.

Извор : Cosmofon
 

dimitars

user
8 мај 2007
1.691
343
kewl, би било добро и телеком да се стегнат да ја поправат услугата уште повеќе.
 

Commie

poweruser
27 октомври 2007
4.722
221
www.foxmediahouse.com
Охооо ќе има намалување на цените... алелуја... конечно некој ќе може да го разбива монополот на телеком во Македонија.
 

feit

lurker
12 февруари 2009
684
44
Дали ќе има намалување или па покачување ќе видиме. Сепак добра работа е тоа со преводот...
 

/BRAINIAC\

Баниран/a
12 август 2009
447
7
А дали има некоја страна за подобо да се запознаеме со пакетите, со изнајмувањето на филмови, премотување... како што има t-home. А и не гледам нешто да се рекламират, ни по вестите.

Мислам дека е ова подобар потек отколу телевизија на мобилен телефон.
 

Gateway

hello world
21 март 2009
103
2
Сигурно е некоја дезинформација не ми се верува дека ке пуштат оваа година
 

olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.884
3.812
Дали до нова година воопшто ќе излезат со некоја понуда, чисто сумњам.

Инаку имаше нешто неофицијално првиот пакет со околу 30 канали ќе бил 423 денари.
 

/BRAINIAC\

Баниран/a
12 август 2009
447
7
Не сум баш информиран за проблемот меѓу а1 и телеком-словениа. Вчера слишав нешто тупеа на а1 ама не разбрав ништо, замо разбрав дека го прекршувале некојси закон. Ај некој нека ми кажи што си филма а1.

Нешто наслушнав ко закон за монопол на пазарот, па а1 ако нејќи телеком-словениа да направи монопол, и а1 нека праќа дигитален сигнал и готово. Баш се нервирам што поради некој единци кои сакаат да профитират целата држава треба да пати.
 

kimi makedonski

hello world
19 август 2009
440
14
Дали до нова година воопшто ќе излезат со некоја понуда, чисто сумњам.

Инаку имаше нешто неофицијално првиот пакет со околу 30 канали ќе бил 423 денари.
poskapo otkolku segasnite kabelski
ocigledno deka ke bide poskapo
 

filipvselena

poweruser
7 април 2007
2.934
193
PS Има ли некој некоја информација дали наскоро ќе почне офицјално емитување на дигитална телевизија од Космофон?На офицјалната страна од Он нет освен информацијата дека датата е поместена поради технички потешкотии ништо друго не е споменато:ermm:
 

PetarKH

read-only
17 август 2009
17
0
Значи јас како вработен на повисока функција во Он.нет лично тврдам дека ребрендирањето и почетокот на дигиталната телевизија ке започне пред 1 Ноември оваа година.Ке има многу поволни пакети се разбира со интернет телефон и се тоа.Не е проблемот во ребрендирањето туку во подготовката со пакетите и одобрувањето во радиодифузија.Ке има канали кој досега не сте ги виделе во ниеден пакет на ниедна кабловска и конечно ќе можете да гледате канали рамноправно со многу европски земји. Позз и наскоро ке уживате во вашиот топол дом со Телеком Словенија
Кајгана форум... :)
 

stefan

lurker
13 април 2007
715
553
Прилеп
netops.network
stefan's setup  
Processor & Cooler
i5-1235U
Storage
1TB NVme
RAM
16 GB DDR4-3200
Case
ThinkPad T14 Gen 3
Keyboard
Logitech K470
Monitor
Dell P2425H
OS
Windows 11 / Ubuntu 24.04 LTS
АБе ај дигитална, купи си dreambox 800 hd и уживај :)
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно