• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

One Plus One

Кој смартфон би го купиле:

  • Вкупно гласале
    32
  • Анкетата е затворена .

psyside

Rising Star
4 септември 2008
28,075
29,080
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X [email protected] 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Абе не си играјте, си имате златни G2/N5 овде за горе доле иста цена...би купил Oneplusone само ако го видам на лице место, има доста проблеми со контрола на квалитет, (пола екран жолт пола нормална боја)
 
psyside

Rising Star
4 септември 2008
28,075
29,080
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X [email protected] 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Тоа ама има и други проблеми како заглавени пиксели, не-еднакви бои итн. Јас би идел на G2/N5 или Xiaomi Mi3 кога би зимал телефон до 300 евра на пример. Е сега, ако се доенсе тука, да го видиш во живо па да го купиш, би било одличен избор.
 
Mirche Nikolovski

Gaining Experience
21 мај 2012
228
63

Или да си малку мрднат (како мене) па да ризикуваш од алиекспрес хаха :D
 
TMT89

Gaining Experience
23 март 2011
44
107
Куманово
facebook.com
TMT89's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4790K Haswell & Noctua NH-U14S
Motherboard
ASUS MAXIMUS VII HERO
Storage
Samsung SSD PRO 850 /256 GB/ & Western Digital Blue WD10EZEX /1TB/
PSU
CM V750 Semi-Modular
RAM
HyperX Fury Red Series /16GB/ (2 x 8GB) DDR3 1866
Video card
Asus HD7850-DC2-2GD5 Radeon
Case
CM HAF XM
Mouse
Logitech G402 Hyperion Fury
Keyboard
CM Storm QuickFire Rapid - CHERRY MX Brown
Audio
Mackie CR3 & Audio-Technica ATH-M50X
Monitor
Dell UltraSharp U2412M
OS
Microsoft Windows 10 Pro
Си размислувал ли да го порачаш од ebay или aliexpress?
Која верзија (боја/меморија) би ја избрал ?
Секако Sandstone 64GB (за 50$ добиваш 3 пати повеќе меморија). Но за тие пари имаш и G2/N5, ако сакаш да одиш на сигурно. Или, да си заштедиш уште некој денар, па да си тераш мераци со N6 :).
 
Astraion

Unstoppable
24 ноември 2012
1,831
2,737
Струмица
OnePlus во секое време пред нексус и самсунг. Си го имам веќе месец дена. Новиот ОТА апдејт уште толку ја подобри батеријата. 3 дена stand by без проблем, 1.5-2 дена нормално користење. Со оглед на поддршката за клиенти што ја имаме овде, овој телефон е перфектен за сите пари.
 
NanoCell

Gaining Experience
10 октомври 2011
355
405
64Gb = 16*4 :) Муабетов постојат 3 типа на луѓе на светов : оние што знаат да бројат и оние што незнаат да бројат .:tease:
Конкретно за телефонот интересно е да го пробаш, но немаат испорака до Македонија, немаат доволно раширена мрежа и можност за подршка. Имаше некои најави од @the_maker носење на телефонот во hi.com.mk, па можеби во блиска иднина некој ќе се поднови со телефонот ;)
 
Mirche Nikolovski

Gaining Experience
21 мај 2012
228
63
Океј за меморијата, туку бојата.. тоа ми е проблемот. Црна или бела ?
+Капакот на црната верзија е како рапав, а на белата мазен.
 
Astraion

Unstoppable
24 ноември 2012
1,831
2,737
Струмица
Црниот е 64, белиот 16GB. Баш рапавото го прави уникатен. Не се лизга, има добар grip. Со инвајт моеш само 64GB да порачаш, што е и подобро. 16GB за OnePlus е малку, снима 4K видео а нема SD карта, мада може да се игра со OTG кабел и на пр. WD My Passport Slim 1GB+
 
TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,958
2,515
Го меркав долго време телефонот, но како што кажаа веќе не е толку добра зделка како што беше, а и тоа со гаранцијата е голем проблем. Не дај боже нешто да се заебе знаете која процедура е да го пратиш и пак да си го добиеш назад? И пак ќе треба да си платиш ДДВ по втор пат кога ќе ти стигне и ќе ти се фати ѓавол и пол. А веќе има докажани телефони за иста цена со гаранција.
 
Не знам кои ти се тие докажани телефони шо ги имаш предвид за иста цена, ама знам оти овој телефон ќе остане најдобра зделка се додека не излезе некој од гигантиве (Samsung, Google, HTC, LG) со цена пониска од OnePlus. Да не филозофирам за спецификациите ова видео најубаво објаснува зошто OnePlus e bang for the bucks:

А што се однесува до гаранцијата, ако се расипа сигурно не планирам да го праќам назад пошо знам оти ќе ми излезе поскапо од носење на сервис тука. И сервисерите тука треба да живеат од нешто, така да ако имаш дефект со дисплејот порачуваш нов дисплеј од интернет и го носиш на сервисер, олдскул. Нити сме во ЕУ нити па сме Американци за да се грижиме за Customer support делот што овој телефон го нуди, а затоа и кошта 310евра.

Еве едно најреално ревју за OnePlus:

Висам на официјалниот форум и гледам МНОГУ Ајфон и Нексус фенови како мигрираат на него, бидејќи, ако гледаш цена-перформанси, му нема конкуренција. На xda форумот дури има свој посебен форум овој телефон од шо е толку едноставно добар. А ефтин е оти не фрлаат пари на маркетинг како овие гигантиве, затоа и коштаат дупло повеќе. Имаат друг принцип на ширење hype.

Да не должам, ако некој сака да го има овој телефон, нема да му е жал за парите, најискрено. 310евра се џабе за перформансите и хардверот шо го има во него. А батеријата... тоа е веќе друга димензија.. :)

Иначе јас мојот го порачав и го пратив кај другар во Минхен, а од таму по друг пријател стигна до мене, и платив само 310еур.
Имаш друга опција АКО немаш пријатели во ЕУ, да направиш парцела на mailboxde.com и да го пратиш на нивна адреса и тие да го пуштат на некоја адреса најблиску до Македонија, да кажеме Бугарија, па да си го собереш, ако не ти се плаќа царина и ддв, се разбира. Плаќаш некои дополнителни 15еур за парцелата со вклучено осигурување за телефонот во случај да се изгуби.
Така купуваат хрватите, босанците и србите досега на форумот.
 
TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,958
2,515
Не знам кои ти се тие докажани телефони шо ги имаш предвид за иста цена, ама знам оти овој телефон ќе остане најдобра зделка се додека не излезе некој од гигантиве (Samsung, Google, HTC, LG) со цена пониска од OnePlus. Да не филозофирам за спецификациите ова видео најубаво објаснува зошто OnePlus e bang for the bucks

А што се однесува до гаранцијата, ако се расипа сигурно не планирам да го праќам назад пошо знам оти ќе ми излезе поскапо од носење на сервис тука. И сервисерите тука треба да живеат од нешто, така да ако имаш дефект со дисплејот порачуваш нов дисплеј од интернет и го носиш на сервисер, олдскул. Нити сме во ЕУ нити па сме Американци за да се грижиме за Customer support делот што овој телефон го нуди, а затоа и кошта 310евра.

Еве едно најреално ревју за OnePlus:

Висам на официјалниот форум и гледам МНОГУ Ајфон и Нексус фенови како мигрираат на него, бидејќи, ако гледаш цена-перформанси, му нема конкуренција. На xda форумот дури има свој посебен форум овој телефон од шо е толку едноставно добар. А ефтин е оти не фрлаат пари на маркетинг како овие гигантиве, затоа и коштаат дупло повеќе. Имаат друг принцип на ширење hype.

Да не должам, ако некој сака да го има овој телефон, нема да му е жал за парите, најискрено. 310евра се џабе за перформансите и хардверот шо го има во него. А батеријата... тоа е веќе друга димензија.. :)

Иначе јас мојот го порачав и го пратив кај другар во Минхен, а од таму по друг пријател стигна до мене, и платив само 310еур.
Имаш друга опција АКО немаш пријатели во ЕУ, да направиш парцела на mailboxde.com и да го пратиш на нивна адреса и тие да го пуштат на некоја адреса најблиску до Македонија, да кажеме Бугарија, па да си го собереш, ако не ти се плаќа царина и ддв, се разбира. Плаќаш некои дополнителни 15еур за парцелата со вклучено осигурување за телефонот во случај да се изгуби.
Така купуваат хрватите, босанците и србите досега на форумот.
Тие докажани телефони ми се Нексус 5, Xiaomi Mi3, LG G2 сите се иста ценовна зона и сите се bang for the buck и не можеш да кажеш дека ОнеПлус Оне е над нив, бидејќи веќе станува збор за вкус и преференци. Така да и тоа како има конкуренција и тоа силна.

Ти си направил добра зделка бидејќи имаш роднини во странство, но за останатите кога ќе му ставиш 50 евра плус за ДДВ, поштарини, осигурување, парцела која цена ќе излезе? А каде е тука гаранцијата? Токму затоа не се исплати покрај останатите 3 телефони наведени погоре освен ептен ако не ти прави кеф.

Од сите не дај боже работи што можат да се расипат ти се фати за дисплеј, па тоа да треба да го поправиш од кај сакаш нарачај го, плус работна рака повеќе ќе ти се исплати на ново да си го купиш пак отколку да го поправаш. Праксата години наназад покажала дека кога се работи за поголем квар без разлика дали е телевизор, фрижидер ... или смартфон не се исплати да го поправаш.

Не ме сфаќај погрешно, и мене OnePlus One ми е во топ телефони, но поради Гаранција (која е и те како битна за уред над 300 евра) и
Крајна цена на корисник од Македонија( која ќе надмине 22.000 денари)
го ставам на последно место. Да го донесат hi.com.mk за пристојна цена да се подразмислам ама вака it is a no go for me.
 
Astraion

Unstoppable
24 ноември 2012
1,831
2,737
Струмица
Тие докажани телефони ми се Нексус 5, Xiaomi Mi3, LG G2 сите се иста ценовна зона и сите се bang for the buck и не можеш да кажеш дека ОнеПлус Оне е над нив, бидејќи веќе станува збор за вкус и преференци. Така да и тоа како има конкуренција и тоа силна.

Баш за тие што ги наброја ОнеПлус е над нив. Можеби се иста ценовна зона и се bang for the buck, ама не се во браншата на ОнеПлус. (перформанси и хардвер)
Да ги спомнеше HTC M8, LG G3, Samsung S5 и евентуално новиов Nexus 6, тогаш ќе бевме на исто мислење за силна конкуренција.

Еве која му е вистинската конкуренција за сега: (уште нема бенчмарк тестови со Нексус 6)

Ти си направил добра зделка бидејќи имаш роднини во странство, но за останатите кога ќе му ставиш 50 евра плус за ДДВ, поштарини, осигурување, парцела која цена ќе излезе? А каде е тука гаранцијата? Токму затоа не се исплати покрај останатите 3 телефони наведени погоре освен ептен ако не ти прави кеф.

Секој сака поефтино да си помине, а како што гледам ти не сакаш уопште да се замараш со достава по најефтин пат, така да за тебе најдобра опција би била клуч (телефон) на рака, одиш во мобиљара и купуваш телефон со бесплатен сервис по напумпани цени. Мислам дека овој ѕвер не е за тебе.

Јас си ја искористив шансата, да. Другар ми работи привремено таму и фала богу го пратив кај него.
Му дадов инвајт на еден другар тука и тој си ја испланира целата достава. Му кажав како одат работите со mailboxde.com, си прочита чоекот, купи парцела за 15еур (цената вклучува осигурување) и му стигна телефонот во Софија. Значи го кошташе моите 310еур + 15еур за доставата.

Сум имал телефони под гаранција досега, а не дошло време за неа. Така да зошто би се замарал со гаранција ако знам што и како правам со него? Ако веќе дојде време за поправки сигурно нема да платам повеќе од 10к за него, ама АКО дојде време. Значи не плаќам огромна цифра у старт, за еден телефон. Плус можам да си отклучам bootloader, да му стаам custom recovery, да си го root-нам, и да не ме боли ама уопште за тоа дали сум под гаранција или не.
А што правиме кога ќе истече и твојата гаранција? Си размислувал за тоа?

Од сите не дај боже работи што можат да се расипат ти се фати за дисплеј, па тоа да треба да го поправиш од кај сакаш нарачај го, плус работна рака повеќе ќе ти се исплати на ново да си го купиш пак отколку да го поправаш. Праксата години наназад покажала дека кога се работи за поголем квар без разлика дали е телевизор, фрижидер ... или смартфон не се исплати да го поправаш.

Се фатив за дисплејот пошо тоа е единственото нешто кое има најголема веројатност да се расипе кај овој телефон. (најскапиот дел што треба да се порача преку интернет - 110$)
Деловите внатре се стандардни како и кај секој телефон, да не кажам идентични со Самсунг, така да може да се најдат и во Македонија. До батеријата не се стига баш лесно така да тешко е да се оштети, а камоли до внатрешните делови.

Поентата ми е, ако стварно сакаш да го имаш овој high-end телефон со low-end цена, ќе направиш план за да стигнеш до него.
Ако не ти се замара, а сакаш да си блиску до него со перформанси и хардвер, тргни настрана 650-800еур и уживај си во гаранцијата и customer support за тие пари.
Јас ќе си го пазам и ќе си уживам во неговиот CyanogenMod и редовните ОТА апдејти. За 3 месеци треба да е готов новиот Андроид Л за него од Cyanogen.

И да му се заебе нешто нема да ме боли глава бидејќи сум платил за него 20к, а не 40к+, а да бидеме реални, гаранциите и сервисот во нашата држава и не се баш фантастични. Не дај боже да ти се заебе нешто и го однесеш, го оставаш буквално во лавиринт.
 
TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,958
2,515
Баш за тие што ги наброја ОнеПлус е над нив. Можеби се иста ценовна зона и се bang for the buck, ама не се во браншата на ОнеПлус. (перформанси и хардвер)
Да ги спомнеше HTC M8, LG G3, Samsung S5 и евентуално новиов Nexus 6, тогаш ќе бевме на исто мислење за силна конкуренција.

Еве која му е вистинската конкуренција за сега: (уште нема бенчмарк тестови со Нексус 6)

Секој сака поефтино да си помине, а како што гледам ти не сакаш уопште да се замараш со достава по најефтин пат, така да за тебе најдобра опција би била клуч (телефон) на рака, одиш во мобиљара и купуваш телефон со бесплатен сервис по напумпани цени. Мислам дека овој ѕвер не е за тебе.

Јас си ја искористив шансата, да. Другар ми работи привремено таму и фала богу го пратив кај него.
Му дадов инвајт на еден другар тука и тој си ја испланира целата достава. Му кажав како одат работите со mailboxde.com, си прочита чоекот, купи парцела за 15еур (цената вклучува осигурување) и му стигна телефонот во Софија. Значи го кошташе моите 310еур + 15еур за доставата.

Сум имал телефони под гаранција досега, а не дошло време за неа. Така да зошто би се замарал со гаранција ако знам што и како правам со него? Ако веќе дојде време за поправки сигурно нема да платам повеќе од 10к за него, ама АКО дојде време. Значи не плаќам огромна цифра у старт, за еден телефон. Плус можам да си отклучам bootloader, да му стаам custom recovery, да си го root-нам, и да не ме боли ама уопште за тоа дали сум под гаранција или не.
А што правиме кога ќе истече и твојата гаранција? Си размислувал за тоа?

Се фатив за дисплејот пошо тоа е единственото нешто кое има најголема веројатност да се расипе кај овој телефон. (најскапиот дел што треба да се порача преку интернет - 110$)
Деловите внатре се стандардни како и кај секој телефон, да не кажам идентични со Самсунг, така да може да се најдат и во Македонија. До батеријата не се стига баш лесно така да тешко е да се оштети, а камоли до внатрешните делови.

Поентата ми е, ако стварно сакаш да го имаш овој high-end телефон со low-end цена, ќе направиш план за да стигнеш до него.
Ако не ти се замара, а сакаш да си блиску до него со перформанси и хардвер, тргни настрана 650-800еур и уживај си во гаранцијата и customer support за тие пари.
Јас ќе си го пазам и ќе си уживам во неговиот CyanogenMod и редовните ОТА апдејти. За 3 месеци треба да е готов новиот Андроид Л за него од Cyanogen.

И да му се заебе нешто нема да ме боли глава бидејќи сум платил за него 20к, а не 40к+, а да бидеме реални, гаранциите и сервисот во нашата држава и не се баш фантастични. Не дај боже да ти се заебе нешто и го однесеш, го оставаш буквално во лавиринт.
Me мрзи да те цитирам на секоја реченица ќе ти одговорам вака-

1. Повеќето од аргументите ти беа за цената. Кои напумпани цени? Иста цена се сите. За волја на вистината Оне плус има подобар процесор.
2. Другар ти го земал во Софија, ама пак забораваш уште една битна работа со која останатите се соочуваме + 18% ДДВ на целата цена со шипинг и осигурување
3. Гаранцијата најчесто не затребува ама ти пружа мирен сон
4. Замена на дисплеј. Велиш 110 долари е дисплеј, но на тоа треба да додадеш ддв+царина+поштарина за дисплејот+ работна рака. (Се разбира оваа замена на дисплеј не вклучува ако некому му падне од рака)

Со здравје да се служиш, како што реков и мене ми е во топ телефони, но не под горенаведените околности
 
psyside

Rising Star
4 септември 2008
28,075
29,080
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X [email protected] 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Сега да не претеруваме, добро е што си мераклија на телефонот, и луѓе како тебе се добредојдени, луѓе кои не ги мрзи да напишат долг и детален пост, и се страствени за хардвер/телефони генерално. За тоа ја добиваш мојата почит, но да не претеруваме со споредбите со другите телефони. Oneplusone може да биде подобар од G2/N5, само во одредени свери, но генерално G2/N5 се подобар избор (како целосен пакет)

Имаат подобри дисплеи
Подобра контрола на квалитет
Подобар прием
Подобра изработка
Поголема поддршка
Постабилен софтвер
Гаранција од тука (за мене небитно но за многу други и тек како)
Практичност да го добиеш одма а да не молиш и да порачуваш, па да чекаш и разноразни глупости

Каде е предноста на Oneplusone?

VS G2

Поголем дисплеј
Малце побрз процесор
3GB рам наместо 2GB

VS N5

Поголем дисплеј
Малце побрз процесор
3GB рам наместо 2GB
Подобра батерија

Ако ги земеме сите предности/недостатоци, телефонов освем ако можеш да го купиш тука на лице место, (да видиш каков е дисплејот, дали е ок приемот и слично) е несомнено послаб избор од G2/N5.

За крај, споредбите со Note 4 се во најмала рака несериозни, Note 4 е далеку подобар телефон за разлика од G2/N5 кои се тука некаде....
 
Последна промена:

DayWalker

Intern
19 ноември 2014
1
5
Го користам телфонов веќе 2 месеца, ептен сум задоволен.
Најпрово ептен сум гик за телефони, чепкало сум и сакам добар телефон. Имав ХТЦ ОНЕ кога искочи, го земав во УСА и телефонот беше страшно нешто а и уште е за мене. Се навикнав на сенсот и некако бев скептик да се префрлам накај ванила андроид (цијаноген мод е ептен блиску до ванила нели само покастмајзбл ептен).
Самсунг некако не ги сакам многу многу, тачвизот е катастрофа и додека не го средат како што доликува самсунг за мене не е. Јес да добив добра понуда со продолжување на договор за С5, некако бегав од тоа и среќа избегав.
Сакав М8, ама некако од М7 на М8 не е некој апгрејд, а парите беа големи, не се исплатеше.
Улета покана, си реков ок ке го земам телефонот и би.
Го нарачав во Шведска бидејќи од таму имав кој да ми го донесе, ме фати 300 евра и шипинг 3-4 евра беше, данок манок не платив нормално.
Најпрво ептен зборев за големи телефони, 5,5 инча ми беа многу, премногу. Арно ама се поднавикнав иако на почето стварно тешкичко ми идеше, а и сеа се нервирам што у потесни фармерки во џеб нервира а и неможам ко човек да влезам во кола и слично. Среќа зима е, па јакни носиме, за во лето незнам :D
Телефонот е исклучително брз, значи не очекував до толку да бидам искрен, осетна е разликата со Оне м7 нормално. Некако цијаногенов ми дојде доста природно па со тоа немав потешкотии иако навикнат на сенс на хтц. До сега немам никакви забелешки, презадоволен сум од телефонот и со дилот, доплатив некој 2-3 илјади само со продажбата на Оне-то а добив мноооооооооооогу повеќе. Камерата е фантастична, иако не ми игра тоа голема улога. Екранот е ОК, не како на самснг ама доста добар. Цијаногенот фура супер, не сум сретнал ниту еден баг до сега ( ако го читате форумот ке прочитате илјадници глупости) арно ама сега со тие нови апдејти се е решено, багови можеби имало во претходните верзии на цијаноген, незнам.

И да, доколку некој сака и има можност да си го нарача телефонот деновиве, нека ми прати ПП имам некој инвајти.
 
prolivot

Gaining Experience
28 декември 2014
327
385
Од 8 до 10 денес ќе може да се купи без покана, има некој идеа колку би чинело царина и ддв ?
 
Stru4nak

Gaining Experience
16 април 2007
373
114
Stru4nak's setup  
Processor & Cooler
INTEL Core i7 7700K
Motherboard
Asus Strix Z270F
Storage
Crucial M4 128GB
PSU
CM 620W
RAM
DDR4 3200MHz G.Skill TridentZ 16GB
Video card
R9 290 Tri-X 4GB
Case
Cooler Master Enforcer
Monitor
Asus LED 24"
OS
Windows 10 Enterprice 64bit
Па ако воопшто го царинат како оди таму 15% царина и 5% данок
 
prolivot

Gaining Experience
28 декември 2014
327
385
Па според мислењава то темава единствено се плаќа 18% ддв. Не ми е јасно само зошто два пати се плаќа ддв, еднаш 300 евра место 300 долари и тука плус уште 18%. Смешно.
 
mlekar1

Intern
30 октомври 2013
7
2
mlekar1's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5-4670K, Cooler Master Seidon 120M
Motherboard
ASUS ROG MAXINUS VI HERO
Storage
Patriot Pyro SE 256GB + WDC 500 GB
PSU
Cooler Master Silent Pro 500W
RAM
8GB Pattriot Viper
Video card
Sapphire tri-x r9 290 4gb gddr5
Case
CM Stormtrooper
Mouse
Roccat Kone XTD
Keyboard
Logitech G510
Monitor
LG ips 23EA63
OS
Windows 8,1 pro x64
Океј за меморијата, туку бојата.. тоа ми е проблемот. Црна или бела ?
+Капакот на црната верзија е како рапав, а на белата мазен.
Јас имам земено бел 16GB и мислам доволно ми е само да знајс дека многу се валка од фармерки многу боја остава а иначе е многу издржлив мене поке ппати ми падна а нигде не е изгребан тоа ме зачуди многу.Прет OnePlus One имав iPhone 5s на прво лизгање од рака и паѓање и одма лузна на страна.
 
Majestic

Gaining Experience
25 јули 2008
126
122
Битола
/lurkmode off

Неколку месеци после регистрација ми стигна покана точно ден пред Нова Година. После чудење и штурење што да правам и каде да го порачам, се одлучив да го купам. Телефонот го платив преку Paypal (кој сега е достапен легално и за нас македончињата, за плаќање) а испорачав на адреса во US.

И толку, приказната тука завршува пошто моментално не гледам никаква можност да некој го донесе телефонот оттаму, барем не пред летото... кога обично си доаѓаат нашите оттаму. Така да сум во иста ситуација во која @viksa86 е/беше.
А и би радо искористил приликата да доколку некој има кој наскоро доаѓа наваму од US, и сака и има шанса да “измула“ еден телефон со него, слободно нека се јави. :)

П.С. Би сакал да споменам дека штом добијам покана, радо би ја споделил со заинтересиран од форумов, но понудата би била излишна покрај вчерашната вест кога OnePlus објави дека телефонот ќе биде достапен за продажба секој Вторник од секоја седмица. Повеќе детали за тоа тука.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,737
Мислења
856,387
Членови
29,741
Најнов член
Bitpb
На врв Дно