Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Mеханички тастатури

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Мојот последен апгрејд за некое време се надевам:

Gateron Oil Kings свичеви:

20251031_143107.jpg

20251031_143136.jpg

Стигнаа за 16 дена. Нарачани од тука:

Едни од најславните (а и меѓу поскапите) линеарни свичеви на планетава. Направени се од посебен материјал на долниот дел од куќиштето кој е тајна на Гатерон. Целта е да имаат кремав загушен звук. Но таквиот материјал и конструкција не даваат да продира лед осветлување. Еве како е на мојата Keychron V6 Max (ставени се само три гатерон свичеви - другите под капачињата се црвените):

20251031_143637.jpg

Спецификации:

1761918338466.png

Disclaimer: овие кај мене (и од линкот) се трета итерација со зајакнати метални пинови. Внимавајте зашто се многу тешки за вадење еднаш кога ќе се постават. Бараат многу повеќе сила да ги извлечете.

Потешки се од црвените свичеви. Но не толку заележително како што очекував. Доаѓаат со фантастично подмачкување од фабрика. Некои се жалаат од бачеви кои не се толку добри во поглед на подмачканост. Кај мене се погодија перфекција.

Звукот е многу чуден. Како под вода да се поставени свичевите. Ако ChosFox Dune Fox се како џамлии, кралевите се џамлии под вода (или во масло). Уникатен звук но и феноменален од на стемот без никакво клатење. Би рекол дека Dune и Gateron Oil Kings се исти во тој поглед што е за пофалба кај HMX. Сепак тие се поефтини двојно од кралевите.

Како минува време можеби ќе споделам повеќе импресии. До тогаш еве видео како звучат на AULA F75:

View: https://www.youtube.com/watch?v=YU1jsdWZL_I

А еве како на Keychron V1:

View: https://www.youtube.com/watch?v=FSvyWJaeW7k
 
Jackie

Баниран/a
7 февруари 2020
49
24
Досега немам користено механичка тастатура, само што пристигна, експертите на темата нека дадат мислење дали сум ја утнал работата или не
 
Атачменти

  • 8bit.jpg
    8bit.jpg
    232,4 KB · Прегледи: 40

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Ми се појави двоен клик на Keychron Max. Се што требаше да го средам беше да притиснам врз копчето со кружно движење за да влезе свичот назад во сокетот. Гатерон свичевите кои доаѓаат со тастатуриве имаат многу нежни пластични држачи. Со употреба свичевите се подоткачуваат и излегуваат од лежиште.

Oil Kings имаат многу поцврсти пластични држачи и неќат да мрднат. Така што сопствениците на Keychron нека не очајуваат. Ова е многу лесно решливо.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.759
6.463
SK
Ми се појави двоен клик на Keychron Max.

Oва ме вади од такт. И ваљда ти се средило, ама да знаеш дека знае да е непредвидливо... Да го нема некое време и после пак се јавува. Имам дадено тастатура заради вакви срања. :-/
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Oва ме вади од такт. И ваљда ти се средило, ама да знаеш дека знае да е непредвидливо... Да го нема некое време и после пак се јавува. Имам дадено тастатура заради вакви срања. :-/

Ха, ха, не е ова значаен проблем. Само треба човек да знае како да го реши.

На двете Max сменив свичеви и спијат. Тие фабричките гатерони ја прават целата збрка. Но и тие може да се користат без проблем. Повторно притиснување нежно да легне убаво проблематичниот свич веднаш го средува. Не е хардверски проблем, ладни лемови, пени за звук и сл. како што јас и многу други претпоставуваа. Само не можев да знам се додека не се појави проблемот кај мене. Лежиштата за свичевите имаат малку поголема толеранција за да обезбедат лесно менување на свичеви. Ништо страшно, дури и за ентузијасти како мене и подобро.

За ентузијасти во хобито V Max/Q Max се фантастично добра зделка кај нас по продавниците.
 
Insanious

hello world
18 јануари 2025
279
361
Росоман
linktr.ee
Поздрав дечки, денес бев до анхоч да видам некоја механичка тестатура до 4000ден, дечкото ми понуди steelseries apex 3 tkl ми рече дека е механичка но после на нет видов дека била мембрана инаку свичовите и дизајнот баш ми се свиѓаат, друга опција е logitech g413 tkl
Ме интересира ваше мислење дали да ја земам таа или боље да барам механичка до 4000ден
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.215
2.644

Механичка со лемени свичеви не би ти препорачал да земаш. Лоџитекот изгледа е таква. Знаат некојпат свичевите да праат дволик и кога имаш таква нема лек. Гледај hot swappable ако сакаш механичка.
 
thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
Од чист инает нарачав друга F108 Pro за малце поевтино откако ги молев support за попуст (за 25$ и пак платив премногу) но еве сега со све smoothies засега работат сите копчиња фала богу, ми требаше цел саат пополека проверувајќи секој свич дали е прав и да не туркам ако бара поише сила, хаос, сега другиот keycap сет сивиот ќе го чувам за иднина ако сакам промена...
20251113_105049.jpg
 
Погледнете го атачментот 155587

Со здравје да си ја служиш. Најважно е да си задоволен и да ти е мерак. Имаш многу свичеви и капачиња резерва сега :)

Дали има голема разлика помеѓу Leobog Reaper свичевите кои си ги сместил во кутија и Gateron Smoothies? BTW која верзија на Smoothies ја зема?
 
thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
Со здравје да си ја служиш. Најважно е да си задоволен и да ти е мерак. Имаш многу свичеви и капачиња резерва сега :)

Дали има голема разлика помеѓу Leobog Reaper свичевите кои си ги сместил во кутија и Gateron Smoothies? BTW која верзија на Smoothies ја зема?
Од Aliexpress се, не знам која верзија а не ни пишува на огласот, можно е да се некоја стара?

иначе за разлика reaper свичовите не се лоши воошто, супер беа, сега smoothies уште по "thonk-y" звучат и со по длабок глас, а за пишување сеуште не сум навикнат зошто smoothies се со 40g а цел живот користам стандард 45g, и reaper мислам беа 45g, сега тоа ми е малце чудно и некад грешки мали, освен тоа супер се по звук и осет, сигурно боље него blackwidow v3 yellow switch, откако почнав овие тастатури одма се приметува како има тој евтин ABS звук и звуки така hollow (стварно не знам терминиве на македонски, шупливо? но тоа би звучело погрешно во опис на ова), друга класа ти е со овакви слоеви за звук + PBT капачиња и све тоа, старата ќе ја чувам за резерви батерии делови што знам, се надевам батеријата на оваа ќе почне поарно од старата, сега за прв пат ми се наполни до 100% и ќе пуштам да тера wireless да видам до кога ќе издржи
 
Ти ги имаш чисто Smoothie. Има уште два подвида:

View: https://www.youtube.com/watch?v=a-4ybW-F8Uo

Тастатурата си нема маана и не може да се споредува со механички тастатури од претходни генерации.

Види како ќе ти се допадне вака па ако сакаш друг постишан звук, потешки свичеви и сл. пиши во темава па ќе се консултираме.
 
thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
Ти ги имаш чисто Smoothie. Има уште два подвида:

View: https://www.youtube.com/watch?v=a-4ybW-F8Uo

Тастатурата си нема маана и не може да се споредува со механички тастатури од претходни генерации.

Види како ќе ти се допадне вака па ако сакаш друг постишан звук, потешки свичеви и сл. пиши во темава па ќе се консултираме.
Важи, планирам да терам со овие подолго, зошто уплав ме фаќа сега кога мора да hot-swapnuvam, најголема грешка порано ми беше што не ја држев тастатурата додека вадев копчиња, па сега ја држев, и пак 2-3 излегоа заедно со свичовите, не знам зошто, така се фатило, а за вадење свичови некад е многу лесно некад е доста потешко, исто и со ставање, некад со 2x притисок влегуваа некад со помалце, сега фала богу сите работат, цело време мислев на нова тастатура да не скршам нешто па да мора пак да отварам и со тој проклет ribbon кабел и on/off свич да се замарам, ужасно срање, така да се надевам нема да има причина да ја отварам пак барем година :)
 
Треба искуство малку. Тоа што се извадиле свичеви заедно со капачето да не те плаши. Нормално е зашто најголем дел свичеви имаат лесно свитливи држачи или јас ги викам јазичиња.

Битно е свичевите да ги вадиш со пулерот поставен вертикално. На северна и јужна страна свичевите имаат мали пластични јазичиња. Со пулерот прво малку стегаш на нив па вадиш. Провери на извадените свичеви и ќе видиш за што ти зборувам. Ако не може пулерот да пропадне за да ги стиснеш јазичињата, постави го хоризонтално и само малку повлечи. Потоа вертикално полесно ќе излезат.
 
Да сите ги вадев со пулерот, но понекогаш добро ќе фати на држачите и одма ќе излезе, а повеќето од нив како да фаќа како да не и треба малку да се повлече, а за ставање свичево, некогаш добро ќе легне и со мало туркање одма ќе влезе, друг пат лежи но не влага толку лесно и треба да се турне и тогаш влага, стварно немам поим како се расипа првиот пат, но можно е премногу да сум притиснал на некое што било со свиткани стемови, сега за секое гледав да се прави пред да ставам
 
користи ваков пулер, најдобар е. Ги имам и другите и ич не чинат у споредба.

mechanical-keyboard-key-switch-puller.jpg
 
thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
користи ваков пулер, најдобар е. Ги имам и другите и ич не чинат у споредба.

mechanical-keyboard-key-switch-puller.jpg
1763050920564.png
Гледам ова многу го фалат, а наместо тоа тој gateron switch puller, но 2000 ден за овакво нешто е премногу.... 1000 ок, не ми треба сега, но можеби во иднината ако одлучам да сменам свичови
 
FatCat

hello world
4 март 2022
196
120
јас ја земав оваа, добра ми вака

thexfiles125

hello world
29 април 2013
409
276
@gokica Дали ти се случува вака со Aula-ta? Сега приметив, на поголемите копчиња има овака доста key-wobble од страна на страна, мислам дека е нормално, баш пробав и со reaper свич на старата тастура и keycap од старата на новата и како и дае има до негде, помалку со reaper (зошто имаат тоа како ограда оклу стемот не знам како се вика) но и со тоа се случува, не удира на функционалност скоро ич, но сега си чепкав по тастура и приметив дека backspace ми беше малку крив во релација со пластиката
Погледнете го атачментот 20251117_001517.mp4
 
Погледнете го атачментот 155720

Нормално е да имаш клатење на стемот. Плус и стабилизаторите мора да имаат одередена толеранција заради различните растојанија помеѓу пластичните држачи кај различни комплети на капачиња.

Ако ставиш премиум свичеви тоа клатење ќе се намали но нема целосно да се елиминира.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.759
6.463
SK
Maл осврт за 8BitDo Retro Mechanical Keyboard (фамикон верзијата).

Ривјуата од нет сублимирано сите заедно прават добар објективен опис, мојов е субјективен:
  • добар филниг има при користење
  • белите каилх бокс се прилично интересни тастери, клики ама лесни (можеби прелесни доаѓајќи од чери плави)
  • тастатурата има многу добар звук при чукање текст, сочен ама и гласен
  • посебно спејсот е факинг гласен, можеби дупло погласен од другите копчиња, веројатно ќе морам да го пригушам звукот некако (силиконски падови изгледа, или о-рингови ама тие поглуп го прават звукот и чуството), пошто навечер звукот сигурно смета дури и од друга просторија
  • целото куќиште на тастатурата интересно резонира (звучно), треба да се осети тоа, не може баш со зборови да се опише
  • тастерите се добри, одлични всушност (пбт, дебела пластика)
  • пошто копчињата се бели (интересно жолтеникаво топло бели) а карактерите темно црвени, воопшто не фали беклајт, одлично се читаат и на пригушено светло
  • величината/форматот на тастатурата е добар, од нумпад сегментот само ентерот понекогаш ми фали, навистина лесен формат за навикнување (доаѓајќи од фул сајз тастатура)
  • променливи тастери, некогаш кога нема да ме мрзи, ќе ги сменам тастерите со други каилх бокс и гатерон тастери кои ги имам по дома
  • жичана ја користам, ама проверено работи и безжично со приложен адаптер и преку БТ

Настрана ретро шмекот (што за мене е топ), ова се на сѐ е прилично добра тастатура. Всушност во однос на цена/перформанси, одлична тастатура. За тие пари не знам за други понуди за тастатура со променливи тастери и добри копчиња дебела пбт пластика.

Купена од член на форумов, иако се мислев и да ја нарачам C64 верзијата од Амазон. Но крајно не се решив за тастатура со SA профил на копчиња, и освен тоа ќе фатеше барем за половина поскапо (веројатно и многу повеќе ако испаднеше да се плаќаат шпедиции и лежарини).
Мислењето е автоматски споено:

Eве е и слика (да биде фер за тие што не слушнале за тастатурава):

8bitdo-retro-mechanical-keyboard-fami-edition.jpg

Мислењето е автоматски споено:

И несудената C64 верзија. :)

8BitDo_Retro_Mechanical_Keyboard_C64_1080px_1080x.jpg
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Со здравје да те служи. Тастатурата си има квалитет. Не сум имал прилика да ја држам во рака. Но од видеа има квалитетна пластика на куќиштето, многу добри PBT капачиња и добар PCB.

Се разбира целата идеја била да се долови тој ретро вајб што само по себе значи гласна тастатура без RGB. Има метална плоча заради тој ретро филинг при куцање што денес како концепт полека се напушта. Не знам какви се стабилизаторите но се надевам не ги направиле да додаваат на звук.

Добро е што има пена помеѓу плочата и PCB. Тоа е предуслов за подобар звук со други копчиња.

Ако воопшто сакаш да ја намалиш гласноста а да го одржиш тој фидбек на механичка тастатура може да пробаш црвен про или млечен жолт свич на гатерон од про верзијата. Орингови не би ти препорачал освен на спејс барот да му ставиш некаков сунѓер со поголема густина.

Иако за стишан звук на оваа мислам дека најмногу би легнале Gateron Oil Kings или Vertex 1.2 (подмачкани). Па дури и Vertex 1 неподмачкани. Но овие свичеви се дупло па и повеќе поскапи. Па не знам колку би ти се исплателе. Плус веќе нема да биде ретро во поглед на гласноста и филингот.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.759
6.463
SK
Не знам какви се стабилизаторите но се надевам не ги направиле да додаваат на звук
Мислиш на стабилизаторите на големите тастери како спејс, ентер, итн?
Нема мрдања лево десно, мазно идат тастерите. Прилично добри. Тоа што додава на јачина на звукот на спејсот веројатно е поголемата ударна површина (тастерот плус допирните точки од стабилизаторите). Притоа звукот е „сочен“ и убав, само е погласен. Навечер во тишина отскокнува, и се пазам да не удирам многу (да не правам bottom-out), што резултира со поспоро чукање.

Ако воопшто сакаш да ја намалиш гласноста а да го одржиш тој фидбек на механичка тастатура може да пробаш црвен про или млечен жолт свич на гатерон од про верзијата. Орингови не би ти препорачал освен на спејс барот да му ставиш некаков сунѓер со поголема густина.
Не, гласноста е супер само спејсот малку би го пригушил. Ќе пробам веројатно со силиконски падови.

Има на нет soundtest со разни линарни тастери, не сум фан. Претпочитам тактилни клики свичеви. Следно кога ќе имам време ќе пробам со Каил бокс розови, ги имам дома. Ама секако некое време вака ќе ја возам. Прилично добри излегоа беливе Каил бокс тастери.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.480
2.927
Maл осврт за 8BitDo Retro Mechanical Keyboard (фамикон верзијата).
.....
Купена од член на форумов, иако се мислев и да ја нарачам C64 верзијата од Амазон......
Аааа, ти си бил тој шо ми ја џапна пред носо, а?
Ц-ц-ц-ц-....

Со здравје да си ја куцаш, твоја среќа, јбг :)
(и онака јас сакав да ја купам за да ја подарам - па пак ќе бев без таква тастатура)
 
Последни теми

Последни огласи

На врв Дно