DonFrozex
user
- 9 јуни 2011
- 1.405
- 1.639
Од времето на Александар МКД е ова дека работат до 8 ? :О![]()
Испратено од SM-G950F преку IT.mk форум апликација
До 8 веројатно средуваат магацин, документи и слично, инаку до 7:30 примаат странки.
Од времето на Александар МКД е ова дека работат до 8 ? :О![]()
Испратено од SM-G950F преку IT.mk форум апликација
За пратка ми беше, глеам вчера стигнала, па ако имаше шанса да ја земам...![]()
Сабота мислам до два е со пациенти, клиенти деЗа пратка ми беше, глеам вчера стигнала, па ако имаше шанса да ја земам...![]()
Ама се затоа скапи...Oд ројал меил пратка стигната за рекордни 3 дена во Скопје. Имам читано дека британциве тежнеат да имаат најдобра пошта, ама ова не ми се веруваше искрено.
Oд ројал меил пратка стигната за рекордни 3 дена во Скопје. Имам читано дека британциве тежнеат да имаат најдобра пошта, ама ова не ми се веруваше искрено.
Во адресата додај си ATTN: Trajko Petkovski и ќе ти го дадат со картонче и твојата ЛКОд сингапур побрзо стигна пратката него кај нас што се процесира, неможам и со картонче да ја подигнам, СМЕШКИ ЖИВИ СМЕ
Испратено од SM-G950F преку IT.mk форум апликација
Не ја даваат бев и без и со Картонче, викаат утре, сабајле од 7 можело бидејќи истекот за подигнување од 6ти почнувал, затоа...Во адресата додај си ATTN: Trajko Petkovski и ќе ти го дадат со картонче и твојата ЛК
Зошто толку голема горчина и омраза?
Не пристигнала пратка која чини 2-3-5-20 долари?
Или не пристигнала пратка која чини 2000+ долари?
Никој не нарачува скапи пратки по евтина пошта.
Ако е евтина пратката, зошто толку нервоза?
Пошта ти е систем. Они си предвиделе и можност индивидуите во системот да згрешат. Затоа ставиле оддел за поплаки. Треба само да го најдеш. А он ти е тука, пред очи, само од нервоза не го гледаш: Контакти
Одмори, концентрирај се, биди љубезен, јави им се на телефонскиот број, прашај каква е постапката за да поднесеш писмен приговор за квалитетот на услугата или за непристигната пратка или како се карактеризира твојата жалба.
Не си свесен колку се љубезни луѓето на тој телефонски број и колку сакаат да ти помогнат. Ама, само ако си смирен и љубезен.
На вебстранат од поштата има опција да ставиш тракинг бројче, ако има пратката и ќе видеш во која Пошта е, али да знаеш лажни податоци им се, мене 4 дена пратката ми е во Пошта и не можам да си ја подигнам, утре ми викаат....Цела година, секој месец нарачувам по 10 ситници од ебеј со најголема вредност од 10 еур, секогаш на време ми стигало се, последниве 3 месеци, поштарот ми замина во пензија, имам 6 случаја на ебеј, кај што ми викаат дека пратката е стигната, ама дека не ми е на врата, ке ми вратат пари за добар фидбек...
Може некако да следам дали во пошта кај нас стигаат праткиве онлајн како личност? пример за мене Томислав дали има нешто, или по адреса?
Така прават ако не им е вратена од поштарот. Види после 5
Цела година, секој месец нарачувам по 10 ситници од ебеј со најголема вредност од 10 еур, секогаш на време ми стигало се, последниве 3 месеци, поштарот ми замина во пензија, имам 6 случаја на ебеј, кај што ми викаат дека пратката е стигната, ама дека не ми е на врата, ке ми вратат пари за добар фидбек...
Може некако да следам дали во пошта кај нас стигаат праткиве онлајн како личност? пример за мене Томислав дали има нешто, или по адреса?
Барем ја доби, јас од 2ри им ја барам....На втори стигнала во скопје, денес на врата маска за телефон од хонк конг... Неможат поспоро...
Другар, не е скапа пратката, ама не се случува ова прв пат. Секоја трета пратка не ми стигнува. Не се работи за омраза, едноставно иритираност за криминал којшто го има години наназад, а не е санкциониран.
Донесе заклучоци, без да знаеш дали е точно тоа или не. Го знам бројот за контакти (не е дека не сум го видел од нервоза или не знам што), но знам како завршуваат таквите разговори. Плус тргнуваш со впечатокот кој го доби од мојот нервозен пост (си признавам дека бурно настапив) и доби грешна слика за мене. Никогаш не водам разговор на сила, со расправање и сл. и секогаш се обраќам културно и љубезно. Нервозата во мојот пост се должи на тоа што не е прв пат да ми е украдена пратка (за мене веќе нема дилеми дека се крадат пратките) и како што кажав погоре нон-стоп не ми стигаат пратки, па сега веќе кога е прелеана чашата, нормално дека ќе реагирам бурно.
За јавувањето на телефон, мене искуството ми е многу поинакво. Се имам јавувано така за да видам што се случило со пратката. Ти се јавува некоја тетка или некој стрико, ќе те префрли на сто различни телефони, на сите сто телефони ќе ти се развикаат како ненормални и на крајот ти ќе испадниш крив што ти ја изгубиле (читај: украдиле) пратката. И пак да напоменам, сум се обраќал културно и цивилизирано.
Не се изразив доволно прецизно во претходниот пост. Кога напишав поднесување рекламација, мислев на нешто како формулар, не мислев на телефонски број за поплака (требаше да се изјаснам попрецизно... моја грешка). Имам слушнато од Агенцијата за пошти дека се поднесуваат поплаки за пратките, но никаде немаат кажано како се прави тоа. На нивната страница информациите се крајно оскудни. Кога ќе одиш на делот за поплаки, те препраќа на страницата на поштата што ја линкува ти, но никаде нема информација како може да поднесниш рекламација во писмена форма. Прашањето ми е каде може да се најди формулар и каде да се поднеси. В пошта? Во Агенцијата за пошти? Онлајн?
А во врска со тоа што го напиша дека поштата е систем, па се случувале грешки. Да, точно е дека се случуваат грешки и сигурно не се само кај нас, но во толкава мера како во Македонија сигурно не. Имам правено порачки и во други земји и досега ни една пратка не се има случено да не стигне. Имам близок роднина во европска земја, и правам порачки на таа адреса многу често (се работи за десетици порачки) и сите, апсолутно сите, имаат успешно стигнато.
Еве да ја земам за пример последната изгубена пратка. Значи му ставаат бројче за пратење, го гледам статусот на страницата на поштата, кажува дека е стигната во Скопје, па дека е стигната во поштата во Битола, па дека испорачана, но на крајот мене не ми стигнува. Е сега објасни ми ти што се случило со пратката. Како тоа се губат пратките? Како е таа работа можна? Еве да речеме им залутала некаде во поштата во Битола (по бироа, по шкафчиња, паднала на земја или не знам што). Кога тогаш, сигурно некој вработен ќе ја најди, ќе ја види. На неа има име, презиме, адреса, па по тие податоци, нормално пратката треба да биде процесирана и на крајот да стигне кај што треба. Ај да е една можеби ќе залута и ќе се заборави некако, но како илјадници, ако не и милиони пратки во Македонија не стигаат и се губат? Види ги форумите, секој втор се жали дека му фали пратка, колку пати се пишувало/зборувало по медиумите. Нема ни потреба повеќе да се објаснуваме. Се знае како одат тие работи.
И за крај, додека го пишуваме ова, имам два отворени случаи на иБеј за рефундирање за непристигнати пратки.
Исто и кај мене беше,ќе го царинат пакетот но најверојатно немаат фактура.Од тука ќе отиде во 1003 откако ќе им пратиш колку кошта.прв пат вака ова од 'пратено на царина' во 'пошта', ама пак царина да се спомнува...
Да не ја сменија нешто рутата?Погледнете го атачментот 61985
Испратено од [device_name] преку IT.mk форум апликација
MB 1700 H610M-HVS/M.2 R2.0 ASROCK, 2xDDR4 3200MHz, M.2, VGA,HDMI, PCIex16 4.0, 1xPCIex1, 4xSATAIII, 2xUSB3.2Gen1, Gigabit LAN, H610M-HVS
3.840,00 ден
CPU INTEL i7-14700 max turbo 5,4GHz, 20 CORE, 33MB s.1700 TRAY
24.570,00 ден
SSD M.2 512GB PHISON P0327 NVMe Gen4 x4 P03270512N 2230
7.050,00 ден
HDD 3,5" 8TB WD RED PRO NAS 7200RPM 256MB 24x7 SATAIII WD8005FFBX
20.200,00 ден
PROJECTOR CEILING MOUNT ESTILLO C718, 530mm to 1410mm, max.13.6KG, White, 108786
2.850,00 ден
VGA ASROCK RX 9060 XT STEEL LEGEND OC 16GB GDDR6 2xDP, HDMI, 90-GA5JZZ-00UANF
34.390,00 ден