Nikola100
poweruser
Одлично видео - јас само една слика ќе ти пратам - не да се направам паметен туку за да видиш зошто сум толку сигурен дека сепак се работи за хемиска реакцијаНе батка, не. Тоа ти се стари информации од пред повеќе од 5 години. Американците немаат вселенска станица по име Мир. Тоа беше Руска станица по име Мир (свет):
Mir was a space station that operated for more than 15 years in low Earth orbit. It was commissioned by the Soviet Union and continued its work under Russia after the union fell apart in the early 1990s. Mir served as an important precursor to today’s International Space Station (ISS).
Денешната вселенска станица (која ќе биде деорбитирана и уништена во 2030-та) се вика ISS - International Space Station и е подигната, управувана и одржувана од страна на NASA, Roskosmos, ESA i JAXA. На кинезите никогаш не им беше дозволен пристап, ама затоа они си ја градат Тиангонг (天宫空间站) сосем сами, со многу лимитирана Руска помош.
А американците се веќе повеќе од 5 години сосем независни од Русите откако SpaceX ја нарави оперативна Falcon 9 ракетата и го направија Crew Dragon могулот кој пренесува космонаути. Од време на време се користи и рускиот модул Soyuz, а за неколку години ќе биде оперативен и модулот развиен од Boeing по име CST-100 Starliner, којшто е too little, too late, пошто додека стане оперативен, вселенската станица нема да постои веќе. Така да, моментално американската вселенска технологија (читај SpaceX) е супериорна во споредба со руската и ја гази со генерациски разлики, и во погледна погон и во поглед на структура како и електроника и life support. Русите само водат во мали RTG - Radioisotope Thermoelectric Generators и нема да бидат достигнати од западот уште со години. Затоа кога ги воведоа санкциите, NASA и ESA откажаа еден куп планирани роботски мисии.
Така да, тоа што му треба на светот сега не е натпревар меѓу нациите во технологии и наоружување туку соработка. Проблемот е што на технологијата не се гледа како работа што треба да обезбеди прогрес туку на работа што треба да носи профит. Тој *бен профит е причината за сите проблеми во светот денес. наместо да се обединат народите и да го преработат светот како што треба, они се натпреваруваат и се доближуваат до атомска војна и целосно уништување на човештвото.
Мислењето е автоматски споено:
Фала што не ми замеруваш, за возврат ќе ти кажам дека навистина не станува збор за хемиска реакција. Хемиски реакции настануваа кај старите батерии кои не се полнат, односно се за еднократна употреба. Хемиска реакција е реакцијата меѓу две супстанци со која се менуваат физичките и хемиските својства на суптанците и се добиваат нови супстанци, односно соединенија или елементи (гасови, соли и слично, зависно од реакцијата).
Кај Литиум-јонските батерии, се движат јони од едната кон другата електрода низ течен или полутечен медиум додека се празни, а додека се полни се случува спротивното. Воопшто не настануваат хемиски реакции.
Повели одлично видео со одлична визуализација:
Секое ослободување на јон, електрон од некој елемент е хемиска реакција - не може да биде физичка
Секое насочено движење на електрони е eлектрична струја. Така да ова е како што вика во насловот Електро-хемиска реакција.
Последна промена: