1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Електронски цигари

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од ARMac, 12 Јуни 2014.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. krema

    krema
    Professor

    8,829
    8,576
    24 Јуни 2009
    Машко
    Да, и јас имам гледано вакви ама кои беа? :)
    Трендот мора да се следи во секоја гаџет област. :)
     
    На Ace Lud му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,332
    1,450
    25 Март 2013
    Машко
    Гледав куќишта па ми текна, ама не проверив на гугл прво :rolleyes:
     
  3. MikickoHC

    MikickoHC
    Practice makes perfect

    1,773
    1,345
    26 Февруари 2016
    Машко
    Дегустатор на Е-Течности
    Еве светлелчи
    [​IMG]

    Sent from my SM-N910F using Tapatalk
     
    На ТАТА_МАТА му/ѝ се допаѓа ова.
  4. VApeVape

    VApeVape
    Intern

    24
    15
    4 Април 2018
    Машко
    Zdravo poftorno se snadbiv so vaporesso polar go cekam da stigne me interesirase nekoj ako ima iskustvo so nego overall thinking vo sporedba so devilkinot

    Испратено од HUAWEI VNS-L21 преку IT.mk форум апликација
     
  5. VApeVape

    VApeVape
    Intern

    24
    15
    4 Април 2018
    Машко
    samo modot ke go koristam so tfv12 prince tankot so rba dual coil alien clapton 0.223ohms Vaporesso-Polar.jpeg

    Испратено од HUAWEI VNS-L21 преку IT.mk форум апликација
     
    На MikickoHC му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ace Lud

    Ace Lud
    Practice makes perfect

    1,111
    1,924
    7 Април 2012
    Машко
    zokimk, bicikle и на Sharlovski им се допаѓа ова.
  7. MikickoHC

    MikickoHC
    Practice makes perfect

    1,773
    1,345
    26 Февруари 2016
    Машко
    Дегустатор на Е-Течности
    Epten taze set[​IMG]

    Sent from my SM-N910F using Tapatalk
     
  8. tranquila

    tranquila
    Intern

    1
    1
    18 Јануари 2019
    Здраво,нов член сум на форумот и исто така почетник сум со електронскиве цигари.Корисник сум на Endura T18II и имам неколку прашања.
    1.Колку време да ја полнам батеријата и до каде да ја празнам?
    2.Како да ми трае подолго батеријата?
    3.На колку време треба да се менува коилот?
    4.Моментално користам течности на absolute ejuice и дали ги има кај нас и каде можам да ги најдам?
     
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    947
    2,139
    28 Јануари 2017
    Машко
    @tranquila Добредојде
    Го погоде местото да прашаш за Ендура бидејќи таа е број 1 што повеќето ја препорачуваме на нивајлии.
    1. Полни ја кога сакаш и колку сакаш, полначот да не биде над 1 ампер. За празнењето, добро е да не ја цедиш до крај, тоа важи за сите литиумски батерии.
    2. За подолго да ти трае, помалку ќе влечиш :hay: мајтапот на страна, нема финта за тоа.
    3. Коилот сам ќе ти кажи кога треба да го смениш, ќе ти намали на пареа, вкус, ќе ти мириса на изгорен памук а често и ќе престани да работи цигарата и ќе ти трепка. Најчесто трае од 2-4 недели али знае некој да одкажи и за 3 дена.
    4. Течностите не би знаел каде можиш да ги најдиш баш тие, кај нас имаш избор да купиш од Амбрела, домашна направена од 2-3 ца на форумов, да порачаш од интернет и сам да си правиш.
     
    На zokimk, cacko1, gokica и уште 4 други им се допаѓа ова.
  10. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,833
    6,416
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Еден пријателски "хедс уп" римајндер да се снабтите со се што ви треба пред да фати кинеската нова година.
     
    На Tom Ford и MikickoHC им се допаѓа ова.
  11. krema

    krema
    Professor

    8,829
    8,576
    24 Јуни 2009
    Машко
    На tranquila му/ѝ се допаѓа ова.
  12. VApeVape

    VApeVape
    Intern

    24
    15
    4 Април 2018
    Машко
    nesto kako upgrade od revenger x-ot od vaporesso

    Испратено од HUAWEI VNS-L21 преку IT.mk форум апликација
     
  13. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    545
    2,334
    21 Април 2016
    Машко
    Некогаш глупоста нема граници. :(

    Ги растурив сите три атомајзери што единствено ги користам и ги бапнав во вода да ги зачистам. Некако батал ми се видоа, па дотурив оцет и алкохол и ај викам да ги џишнам малку у микробранова...
    До тука сум ок. Арно ама наместо 30 секунди (да се замлачи водата), ги оставив (заборавив) најмалку минута, уште што не прокључа водата...
    IMG_20190118_182750.jpg
    Каде е тука глупоста?
    Епа ме мрзеше да ги вадам о-ринговите и во старт не планирав темелно да ги чистам. Всушност влегував од глупост во глупост. :innocent:

    Сега да почекам полека да се изладат и да видам дали и колкава е штетата по гумиците. За среќа имам резерва о-рингови за сите атомајзери. Сепак глупост е глупост и во комбинација со мрза не носи ништо паметно.

    Изгледа јас сум најактивен во рубриката "како не треба". :mad:

    П.С.: Вака на прва контрола изгледаат добри гумичкиве, но пожелно е да се избегнуваат вакви глупости.

    П.П.С.: Добре дојде до новите членови и само храбро. :)
    Потсетување за најновиот индекс на Метузалем - одлична појдовна точка за квалитетно и целосно информирање, особено што сите можни прашања се стотици пати веќе одговорени.
    join-the-resistance.jpg
     
    На cacko1, gokica, fis1976 и уште 3 други им се допаѓа ова.
  14. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,164
    13 Јуни 2009
    Жал ми е за тоа што се случило. Јас само сапун, вода и ајт со здравје.

    Да те замолам, освен скајлајнот, да ми кажеш кои се другите два атомизери кои ги користиш. Би бил благодарен.
     
  15. Tom Ford

    Tom Ford
    Gaining Experience

    157
    386
    20 Декември 2017
    Машко

    Гоки, ти се купуе нов атомизер, ти се плаче! :)
    ПРИЗНАЈ! :D:D:D
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    545
    2,334
    21 Април 2016
    Машко
    Прво, гумичките се држат одлично, чистењето со алкохол и оцет и не излезе така лоша работа. :crazy:
    За полесно, едниот е Ammit клон (тој во средина), другиот е SXK Kayfun V5, трет од лево.
    IMG_20170524_172111.jpg
    Кајфунот ми е вистински ол-раундер сите овие години. Инаку имам два клона и правев компарации меѓу нив во минатото:
    SXK vs Евтинчо 1
    SXK vs Евтинчо 2
    SXK vs Евтинчо 3

    Амит клонот се продаваше многу кратко во ФТ и го укинаа. Според изработката можно е (што би рекол Метузалем) да е правен во трета смена, но без оригиналниот натпис и пакување.
    IMG_20170226_140513 small.jpg
    За скоро 3 години имав само еден проблем со него, што го документирав тука.

    Овие два атомајзера заедно со Скајлајн ми беа и во избор како најдоброто од 2017. Интересно, тие би биле најдобри (за мене) и во 2018, а имаат одличен старт и во 2019. :)
     
    На fis1976, gokica, krema и уште 2 други им се допаѓа ова.
  17. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,143
    11,137
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    И така, стигна ова...

    Cel.png

    Пак ли цевка бе, црни Метузалеме... tenor.gif

    Ами што да правам, морав. Оваа ја вратија од мртвите (укинатите), а првиот пат не се заинтересирав многу, но потоа читав многу за неа и ја среќавав, па така се излажав да ја звизнам кога беше на 15% попуст. Многу чекав да им стигне, повеќе од 10 дена, па да тргне, ама се исплатеше... Претпоставувам. :hay:

    Се разбира, тоа е:


    Што е финтата кај оваа цеФка? Тоа што е механичка, но со електроника внатре, која служи само за да го заштити нежниот прекнувач и да... ја прекинува струјата. :) Исто и тоа што е кратка (дополнителен дел е само малиот капак со чипчето), а може да се направи и уште пократка со 18350 батерија. Деловите од цевката се спојуваат речиси незабележително (се гледа ако знаеш каде да бараш):

    Rasklopen.png

    И веќе се гледа копчето, кое како што реков е нежно, но за чудо многу убаво клика и има јасно дефиниран „осет“ и звук при кликањето. Но има пријавено дека им се расипувало на некои, па треба внимателно да се користи. Друга особеност е што батеријата се става наопаку, со плусот надолу, што се гледа од изгравираното (на најгорната слика). Исто, ако батеријата се стави обратно од тоа, луѓето викаат дека „пука“ - се активира, или дури и прегорува чипот, па тоа го прави овој мод многу „намќорест“ и нежен. :rolleyes: Толку од заштитите. :)

    Значи, горната капа:

    Top.png

    Сликите испаднаа матни, кога беа големи (ги сликав од подалеку затоа што знаев дека не може да зумира ептен блиску мобилниот) изгледаа остри, но еве зголемени се матни. Го предвидов и тоа и правев по 5-6 слики од секоја, но сите излегоа такви. :oops:

    Добро, ајде чипчето, тоа е малку подобро фатено:

    Chip.png

    Се гледа колку е мал прекинувачот, а тоа во средината е лимче што допира до плусот (односно во овој случај минусот, централниот дел) од 510 конекторот на атомизерот кога ќе се наврти, значи е полу-хибрид или што знам што е. Столпчето е свртено накај батеријата и тоа е минусот. Плочкава лесно се вади и става, само треба да се пази на капачето на прекинувачот, што не е тешко.

    Долниот дел што допира на плусот на батеријата, со дупче за луфтирање:

    Bottom.png

    И тука мора да го спомнам моето нубство, кога дојде, ниедна батерија не фаќаше (изгледаше како да се прекратки, клапаа внатре). Си викам не е можно, да не не е чипчето легнато на место, подместувај го, застегнувај ги сите навои (а баш тоа не го препорачуваат да се прави затоа што ќе го згмечи чипчето), но не сака. И тогаш ми текна да го завртам правоаголникот и пази стварно, тоа е подесување на височината на батеријата. :) Бев пробал веќе еднаш, ама не мрдаше и не сакав да силувам, но во очај морав. :hay: Тогаш ми се склопија коцките за тоа што го бев читал за него, и јасно е дека така треба да биде: прво да се намонтира атомизер, па потоа да се стави батерија и да се зашрафи капакот (со подесување на висината, а на овој дел не бев обрнал внимание), сето тоа нежно, без стегање. Ова е тој „аха“ момент што постои кај повеќето атомизери и понекој мод, „да го прочиташ“ како дише и затоа толку ретко „почнувам“ нови атомизери, затоа што немам време за детално расклопување и разгледување (плус чистење, стругање ако треба и така натаму).

    А спомнав ли дека е мал? :hay:

    SoBaterija.png

    Ова е со 18350 батерија, се разбира. И да спомнам дека фино си работи и со двата вида батерии.

    И то...
     
    На Lokvan, DennyMK, zokimk и уште 7 други им се допаѓа ова.
  18. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,164
    13 Јуни 2009
    @Tom Ford сакам нешто да се подновам ама не сум сигурен што да купам. Му се думав на Дварв ама имам некаква претстава дека е сличен со кајфун прајм. Или нешто меѓу него и берзеркер. Во секој случај не ми изгледа дека е направен за троут хит. Hussar ветува многу ама не ме бендисува пластиката односно металот преку кој не можам да видам останата течност. Исто сега се заинтересирав за OBS Engine Nano и Baby TVF8 или како и да се викаше. Тое е веќе нешто сосема ново.

    @Chicco69 ти благодарам за деталниот одговор кој секогаш е поткрепен со екстра фотографии. Сега ќе ме натераш да го отворам скајлајн па да пробам малку друг тип на вејп односно рестриктивно. Кајфунот ќе го разгледам малку а амитот веќе ми разигра љубопитност. Имам чувство дека со тебе и со Гајче сме погодени во вкус кога станува збор за атомизери.

    @Metuzalem со здравје да си ја играш играчката. Изгледа многу интересно вака малендаво. Можда е време и јас еден ваков стелт мод да набавам сега кога ја немам веќе ендурата Т18.
     
    Chicco69, Metuzalem и на Tom Ford им се допаѓа ова.
  19. InfinitasX

    InfinitasX
    Intern

    24
    17
    10 ноември 2018
    До сеа иам пробано на Амбрела ( премиум ) што ѓи рекламираат и овие обични у 10мл шишенце, и нешто не се посебни,сеа оваа недела треба да зимам течност па така да ќе прашам дали има некој домашна па да се направи една споредба али мислам дека ќе биде 100 пати боља.
     
    На tranquila му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,143
    11,137
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Слики од Солцата со Амнисот (сликано за потребите на друг форум).

    Но за жал, таа комбинација (како и многу други) нема да успее затоа што многу се клати. Амнисот е многу лесен и плус има закривеност кај УСБ конекторот, кога ќе го оставиш на маса се ниша неколку пати пред да застане, и се гледа дека сака да паѓа. А уште не е ни полн со манџа (и грејач и памук).

    Само некој лесен атомизер за него, појма немам кој. Некој пластиканер.

    Или да се остава легнат цело време, од што имам уплав поради течење. Си ги носам тие трауми од одамна... :hay:
     
    На aalekso0, gokica, fis1976 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  21. InfinitasX

    InfinitasX
    Intern

    24
    17
    10 ноември 2018
    Ме потсеќа на едно клипче типацот си го става уредот у џеб и почиња да тече и еден тип го глеа овој мокар кај џебот.

    Едит : некој го има пробано џусот од Насти?
    Nasty Juice и мислења? Глеам еден од шо го зимав пикото продава 50мл за 400 денари.
     
  22. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    On your way to fame

    784
    571
    29 Март 2011
    Супер Комбо Барем за мене :) IMG_20190115_104325.jpeg IMG_20190116_085555.jpeg

    Испратено од DRA-L21 преку IT.mk форум апликација
     
    Metuzalem, krema и на cacko1 им се допаѓа ова.
  23. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,164
    13 Јуни 2009
    Каков е вејпот со солите професоре?
     
  24. VapeS

    VapeS
    Gaining Experience

    164
    228
    12 Август 2016
    Машко
    Другари, стандардно затерав на vapefly galaxies MTL RDTA фиксна 26 гејџ кантал на 1 ом намотана и со 15 вати на power mode. При крај ми е жицата, а имам на залиха SS 316L 24 гејџ. Сакам да ја искористам на температурна контрола, ама немам искуство со температурна. 420 F ќе ја ставам а да загрева со 17 w (дека подебела жицата) .. дали да одам вака .. или дајте совет за подесување и на колку ома да ја направам за МТЛ...
     
  25. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,164
    13 Јуни 2009
    @Chicco69 ме кандиса. Наредна набавка ќе бидат Coppervape Hussar и најверојатно Ammit RTA. Ќе се подумам викендов меѓу Ammit и OBS Engine Nano уште малку. Ама изгледа Ammit ќе легне подобро во оваа фаза на моето другарување со вејп опрема. Дали Ammit може да се вози како чист (тесен) MTL или рестриктивно му е единствена и најголема специјалност?
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...