aleksr
read-only
- 14 декември 2015
- 28
- 14
Здраво на сите. Гледам дека темава е долга, па не знам дали ќе успеам сам да се информирам. Мајка ми е пушач, има 70 год. Просек пуши по 9-10 цигари дневно и сака да најде начин да се откажи и да се префрли на електронски, па доколку може и да ги откажи потоа и електронските. Прочитав тука дека има луѓе што направиле баш така - се префрлиле на електронски, па постепено се откажале и од нив. Јас воопшто не се разбирам од овие работи. Што би препорачале за неа? Која е најздрава варијанта на електронски цигари? Колку се здрави на пр. тие што се со масло? Каде ги купувате апаратите и полнежите? Еве да речеме ако е варијантата со масла, од каде ги купувате? Се наоѓаат во Македонија или онлајн од странство? Доколку не се лажам, имав на интернет прочитано дека има масла кои содржат повеќе вештачки состојки, но има и такви кои се поприродни. Нормално, ме интересира доколку има поприродна варијанта.
Последна промена:
