1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

(ecig) Батерии - 18650 и други

Дискусија во форумот 'Електронски цигари' започната од Metuzalem, 15 Декември 2017.

  1. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,532
    710
    3 Март 2018
    EL. CIGARI BATERII 3.7v 2600-3000mAh Истиот да не е, гледам брка поими а се фали со батерии раобтел. 20000 ампери си мојл да повлечиш.
     
  2. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    909
    2,020
    28 Јануари 2017
    Машко
    99%, и овој се вика Васил.
     
  3. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,532
    710
    3 Март 2018
    102,5 не 99, да васил се вика
     
  4. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,532
    710
    3 Март 2018
    Која е најдобра 30q, hg2, vtc6 или некоја друга (од кај енглезине) ?
     
  5. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,086
    11,018
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Се` е релативно. :hay: Освен што постојат најдобри за различни намени, во пракса ова што знам јас за нив е:

    HG2 на хартија е најдобра од нив, но има ептен многу фалсификати. Од кај енглезон не би требало да бидат фалц, но што ги знаеш (често им протнуваат и без да знаат).

    VTC6 е теоретски скоро иста (малку помал ампер лимит), но имаше некои тестови каде што многу брзо деградираше. Не знам дали уште важи тоа или можеби била лоша серија.

    30Q повторно е теоретски скоро иста со претходната, но во пракса (од мое лично искуство) НЕКОИ ПРИМЕРОЦИ брзо деградираат (по десетина циклуси полнење-празнење) и не држат како порано. Мислам дека тоа е причината што секаде се значително поевтини од претходните две.

    Во првиот пост од темава на првата слика ги имаш техничките параметри. Јас би ја одбрал чоколадната од овие (и од повеќето други, за користење во регулирани модови што не влечат премногу ампери по батерија). А за механика или за високи ампери (вати) по батерија VTC5A - малку помал капацитет, но цар за ампери. Замена за неа, Самсунг 25R - помал капацитет, ама добро се снаоѓа во сите услови (неа би ја одбрал само ако нема ниедна од претходните или ако цената е важна).

    Чекај викенд.

    Едит: Еднаква или малку подобра од VTC5A e Molicel P26A, не сум навикнат на неа (во мое време ја немаше), па не ја регистрирам. :)
     
    bicikle, Chicco69, Ace Lud и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. skopje_mkd

    skopje_mkd
    Gaining Experience

    257
    147
    5 Февруари 2016
    Последна промена: 18 Јуни 2019
  7. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,086
    11,018
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Тоа прашање повеќе одговара за оваа тема.

    Од моето скромно искуство со батериски ламби, овие обичниве (што не се кујзнае колку мега јаки) влечат до 3 ампера, па може буквално секоја 18650-ка, се разбира пожелно е со што поголем капацитет.

    А ние овде збориме за hi-drain батерии за vaping, што би биле релативно скапи и overkill за таква ламба. Конкретно од овде, се` уште неистестиран продавач (едвај го најдовме), но добро ни изгледа по долгата криза што немаше од никаде да се нарача до кај нас. Од таа продавница, за ламба јас би зел некоја од Панасониците или LG MJ1.

    За твојава можеби требаат и button top (плусот испакнат) и/или protected батерии, не сум сигурен. Затоа е подобро да прашаш во таа тема.

    Веројатно ќе бидат доволни и некои од Алиекспрес од проверен продавач.

    А и полначот не ми изгледа кујзнае колку безбеден, се надевам дека барем си го проверил (дали прекинува на 4,2 V на пример).
     
    На skopje_mkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. skopje_mkd

    skopje_mkd
    Gaining Experience

    257
    147
    5 Февруари 2016
    Фала на инфо! Мислев дека темава е само за батерии. Ова (ecig) би требало да значи за електронски цигари ?! ако не и местото тука ако може модераторите да ја префрлат или избришат би бил благодарен ! од али последно кога барав никој не праќаше за МКД незнам сега како е и немам полнач претходните ги полнев директно со кабел на ламбата !!
     
  9. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,086
    11,018
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    @skopje_mkd Да, (ecig) тоа означува. Немам ингеренции да префрлам надвор од овој потфорум, а и не знам дали баш мора, нека седи како информација.

    За батериска ламба јас би ги нарачал (можеби) од Али овие или овие. Имаат многу позитивни ривјуа и понекои од нив викаат дека капацитетот е приближен до декларираното, што е реткост кај батериите од Али. За повеќе испитувања треба поскапа опрема која ретко кој ја има, но бидејќи се наменети за батериски ламби (мали ампери), нема преголема потреба од тоа. Што е поважно, шипингот е евтин, што во последно време исто е реткост. Батериите од првиот линк се protected (имаат електронско коло за заштита од краток спој), што е многу пожелно ако се ставаат на глава, но тоа ги прави многу подолги и има голема веројатност дека физички нема да ги собере во држачот. Ако можеш, провери дали 7 сантиметри долги би влегле пред да ги нарачаш првите, ако ги нарачаш.

    Повторувам, за ако чита некој друг, овие батерии НЕ СЕ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ ЦИГАРИ.

    За полначот, од сликата ми изгледаше како да е од ептен старите (и евтините). Полнењето на 18650 батерии одамна е решено со чипче од 40 денари, кое многу правилно работи за специфичните потреби на полнењето на 18650, и човек би рекол дека ќе го користат во сите уреди, но во вакви евтини полначи не се знае. Сосема истото важи и за вградениот полнач во ламбата. Ако на 18650-ки не им се прекине полнење на 4,2 волти (има и други услови), можат да експлодираат.

    Ако си во можност, купи на пример Liitokala Lii-202, кој е сосема доволен за твоите потреби, на пример од овде или од овде (сосема случајно ги одбрав продавниците, меѓу првите кои ги најдов).
     
    skopje_mkd, Sharlovski и на Ace Lud им се допаѓа ова.
  10. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,532
    710
    3 Март 2018
    значи со втц5а би ми одговарале за дтл, во мод со 2/3 батерии, hg2 би одговарале во фајв :D
    Или е подобро да земам 10х втц5а па да спарувам? не знам колку се спарени од фабрика? на ли-500 би можел да извршам основни мерења за спарување? (немам дна)
    до колку е најдобро да се празнат (волти) за подолг живот ?
    Мое мислење е дека за долар плус дечкото подобро да ги земе овие за е-циг, нема да му шкоди 10 амперио плус:D 400mah и не се кој знае колку, претежно светилките имаат заштита, па не мора да е интегрирана во батеријата.Кај досегашните модели на батерии (ни-цад, цинк итн) се покажало дека колку си подалеку од максимумот толку повеќе трае. И да, 4,18в е далеку побезбедно полнење него 4.2в, а разликата е неприметна(освен на инструмент), така да не сметам дека е грешка да се користи 10-15амперска батерија за светло, освен ако не се пресудни тие 400мах. Јас за батериски лампи користам расходни од лаптоп, но ги користам за light намени, но за кампинг на пример не би ризикувал, од кај да знам кога ќе откаже :) Секако овие од лаптоп во никој случај не се за е циг.
     
    Последна промена: 18 Јуни 2019
  11. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,086
    11,018
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Гледаш по омов закон, амперите од првата слика во темава, волтите на празна = 3,2V (до толку, или до повисоко, ги празнат регулираните модови и тоа е безбедно) и одземаш 20% за електрониката/дисплејот/загубите.

    За VTC5a би било (25A * 3,2V) -20% = 64 W од батерија, заокружуваме на 60 W. Мод со една батерија од нив смееш да го возиш до 60 вати, со две батерии до 120 вати и така натаму.

    HG2 -> (20A * 3,2V) -20% = 51,2 W од батерија, заокружуваме на 50 W.

    Самиот рече дека ако ги возиш до крајни граници, на овие бројки (вати) ќе издржат, ама кратко ќе траат.

    За празнење, не е едноставно да се каже. Една батерија, во иста состојба на наполнетост (во ист момент) ќе покаже различен напон ако ја мериш без оптоварување и под оптоварување (пуцаш). Тоа е battery sag или voltage drop (зависи од каде го гледаш, односно на што се однесува) и е поради внатрешната отпорност на батеријата + отпорноста на жиците/контактите/внатрешноста на модот + отпорноста на грејачот. Па може да ти покажува 3,8 волти, а да пуца на 3,1 волт и да не може да постигне. За среќа, повеќето понови модови (па и кинеските) го детектираат ова и покажуваат грешка/празна батерија (иако можеби има уште цртички на индикаторот за батеријата) или намалуваат снага (а понекогаш не го ни пријавуваат тоа)... Главно, се водиш според модот, делумно и според осет (дали е иста јачина при крај), не силуваш и во прво време повремено проверуваш да не се прегреваат батериите.

    За спарување не се секирај, не е критично, дури и малку да се разликуваат. Ако се купени од иста серија (заедно) и ги користиш заедно, нема гајле. Но пак ако видиш дека некоја секогаш МНОГУ ПОВЕЌЕ се празни од другите, ќе ја елиминираш таа.

    Пример за тест: ќе ги наполниш сите заедно, ќе ги оставиш да стојат неколку часови или подобро денови, па ги мериш на Литокалата - ако некоја се самоиспразнила МНОГУ ПОВЕЌЕ од другите, држи ја на око (но сепак можеш да ја користиш ако немаш друга). Најчесто тоа значи само дека сите заедно како целина ќе ти траат пократко одошто ако сите се здрави - модот ќе го детектира падот на напонот на едната и ќе прекине порано.
     
    На Chicco69 и bicikle им се допаѓа ова.
  12. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,532
    710
    3 Март 2018
    "Гледаш по омов закон, амперите од првата слика во темава, волтите на празна = 3,2V"
    Затоа прашав до кај е безбедно да се празнат, не знаев. Секако праксата си има уаудел, ете видиш ич не ми дотекна дека со тек на време најверојатно voltage dropdown ќе се зголеми, мада ајде овие се демек безбедни, ама малце луфта нема да биде на одмет, нека дишат на раат xD
     
  13. Ace Lud

    Ace Lud
    Practice makes perfect

    1,109
    1,923
    7 Април 2012
    Машко
    А дали некој знае која е разликата меѓу Sony Koning и Sony Mujata? Го имам сретнато повеќе пати и која од нив е подобра? Или да си прашам директно у Кина?

    Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk
     
  14. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,086
    11,018
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Не е луфтата за старост, ако се стари треба и уште повеќе луфта, на пример VTC5a стари една година и повеќе (а и употребувани во таа година) би ги возел до 50 W од батерија, LG HG2 до 40 W и така натаму.

    Мене главен индикатор за состојбата на батеријата ми е самопразнењето, па и тоа не е страшно додека е исто (слично) кај сите брачни другари, или не е преголемо (веднаш да падне за 0,5 волти на пример).

    На Литокалата мерењето на капацитетот не игра улога за состојбата на батериите (но се разбира, корисно е да го знаеме капацитетот), а мерењето на интерната отпорност на батеријата е многу непрецизно и скоро неупотребливо.
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,086
    11,018
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Мурата ги купи фабриките на Сони за батерии и сите Сони произведени во последниве две години се всушност Мурати :hay:, а го задржуваат името од маркетиншки причини. Демек би требало да се идентични, ама тоа никој не може да го знае...

    За тие другите не знам. Порано сите Sony VTC батерии ги викале Конион, не знам зошто.
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,532
    710
    3 Март 2018
    "Не е луфтата за старост, ако се стари треба и уште повеќе луфта..."да де, тоа ми беше зборот.
    Внатрешната отпорност се мери прилично лесно ако имаш инструмент (обичен), мислам дека требаше еден отпорник со константна вредност, по голема моќност и мал отпор ( 200_300 милиоми) кој може да се купи но и да се направи од подолга алуминска жица, па и од кантал ваљда. Кој сака да мери отпор еве видео , за мене доволни се горенаведените индикации, секако ако паѓа одма за пола волт, што дека ќе го знам внатрешниот отпор xD Чим не завршуваат спектакуларно не би требало да имам проблеми, сум немал искуство со вејп батерии, а едино тоа ми беше некако страв, да не се запала. Да нарачам па ќе венчам и разведувам xD
    @zdrnik порача бактерии, ти стигнаа, за кокку време, имааат тракинг...?
    Фала ви.
     
  17. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,086
    11,018
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    ^ Тоа видео е повеќе теоретски, мериш најмалку 6 пати и пресметуваш градиент. Замисли да треба да го правиш тоа за 5 батерии, повеќе пати во месецот (нели, следиш).

    Ова е поедноставно:



    Но и за него треба да имаш точен отпорник (како и за претходното). Главен проблем е секој пат батеријата да ја притискаш (да правиш контакт) со иста сила/иста површина, што е многу тешко без таков држач на винт како што го користи овој во видеото (а на пример со него лесно можеш да ја здробиш ако се заборавиш).

    Исто, овој вика дека една иста батерија има различна внатрешна отпорност ако е различно наполнета. Не знам дали е точно тоа. Знам (нешто се сеќавам од видеата на Муч) дека има различни видови на внатрешна отпорност (добиени со различни начини на мерење) и таа бројка што најчесто ја даваат во техничките податоци не ни користи (мерено со наизменична струја? па со различни фреквенции? или баш таа ни користи?). Испомешано ми е, ама знам дека не беше едноставно како што изгледа.

    Ако ептен си запнал да мериш, биди муШ и фрли 40 долари на ова (од Едит 2). Ама знам дека само прашуваш. :hay:
     
    Chicco69, bicikle, gokica и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...