JasSum
poweruser
- 8 мај 2007
- 2.703
- 3.309
А волт за без пари врши достава или треба да му платиш дополнително ?
Волт си наплаќа за услугата. Зошто таа услуга да ја платам јас ако не ја користам? Седнувам во ресторан и не користам волт. Ама цената да биде иста? Нема логика нели?Волт дефинитивно треба да си ја наплати услугата, туку безобразно е што ресторанот до денар сака да ја покрие таа загуба со зголемување на цената.
Ако веќе не ти седам во ресторан, не ме служи келнер, не ти зафаќам маса и не ти валкам садови, апсурдно е оброкот преку апликација да ме чини 30% поскапо. Волт им носи голем број клиенти кои инаку би ги немале, можеби ни седечки капацитет немаат за сите тие.
Трошокот за користење на сервис кој значително им го зголемува прометот, го префрлаат целосно врз купувачот. Не е океј тоа.
Мада, никогаш не ме изненадува алчноста на угостителите...
Ако седнам во ресторан, најчесто нема да останам на првобитната нарачка. Ќе порачам и пиво (веројатно во множина) Набавна цена е под 50, продажна цена е 150+. Значи ете каде има профит во седењето и фаќањето место. Ако заседнам ќе има уште една тура. Преку волт не заседнуваш, не нарачуваш пиво од ресторанот. Не уживаш во певаљката (доколку ја има).
Угостителство е заебан бизнис. Отворете ресторан и бидете различни. Или ќе станете милионери или ќе банкротирате во првите 30 дена. Верувам дека второто е најчестата ситуација.
Рестораните имаат кујни димензионира да опслужат гости колку што е капацитетот на ресторанот. Немаат кујни за 10 пати поголем обем. Можеби волт ќе им донесе муштерии и во некои термини кога кујната е прилично лабава, ама во пиковите, не може да опслужат повеќе нарачки од тоа што е предвидено.
Ако на волт не му се допаѓа, може да затвори и да си оди.
Рестораните можат да функционираат без волт, волт без ресторани е ништо.