Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Дали PC Hardware-от е неинтересен за новите генерации?

Дали PC Hardware-от е неинтересен за новите генерации?

  • Вкупно гласале
    27

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.704
12.581
Skopje
www.wemaxa.com
1781785980520.png

Ме интересира дали и други имаат ист впечаток, за тоа дека интересот за ПЦ хардвер е драстично опаднат во споредба со тоа што беше пред 20-25 години. Крајот на 90ти и почетокот на 2000ти буквално имаше луѓе што со денови ќе расправаат кој процесор е подобар, која матична има подобар чипсет, кои мемории се покажале добро за клокање, кои драјвери даваат повеќе FPS во одредена игра. Се читаа ривјуа, се следеа тестови, се споредуваа температури, напони, латенции. На хардвер форуми секој ден излегуваа нови теми и дискусии. Денес како тоа го нема - на форумов се збори за се освен за хардвер. Исто е мање више и кај нас и на странски форуми. Порано секоја нова генерација процесори/графички итн беше а-у. Денес ќе излезе нов процесор, нова графичка, нов чипсет никој не се смара.

Мислам има повеќе причини за ова. Една е што ПЦ-то не е веќе нешто посебно. Генерации растат со компјутер, лаптоп, таблет и телефон уште од првиот ден. За некој што денес има 15 години компјутерот не е фасцинантна машина што треба да ја отвори и истражува. Тоа е само уште еден уред како фрижидер или телевизор. Работи и толку. Втора работа е што денешниот хардвер е многу помалку интересен за чепкање. Некогаш со малку знаење можеше да извлечеш сериозни перформанси. Имаше процесори што одеднаш стануваа многу поскапи модели само со малку оверклокување, премостување на контакти со графит (молив - АМД Дурон), итн. Имаше отклучување јадра, модификации, разни трикови. Денес од фабрика максимално ги бустаат компонентите. И саати да потрошиш да измолзиш неколку % добивка на крај ќе добиваш повеќе топлина отколку фајде.

Цените после крипто треската а посебно моментално со АИ моментот направија свое. Искрено, кој денес сака да експериментира со графичка што чини колку половна (нова?) кола? Некогаш повеќе луѓе можеа да си дозволат да купат нешто средна класа, да пробуваат, да расипат па и да научат нешто. Поинтересно ми е што не исчезна само ентузијазмот туку и целата култура околу него. Многу форуми се мртви и многу хардверски сајтови изгубија публика. Колку луѓе денес читаат долги ревјуа воопшто? Големите имиња од минатото се заборавени. Некогаш редовно се отвораа сајтови како AnandTech за да се прочита нов тест или анализа. Денес грото луѓе ако и бараат информација ќе изгледаат некое десетминутно видео (или по ново 60 секунди тик-ток / инста / јуџуб шорт) и решена е. Порано ентузијастите сакаа да знаат што има под хаубата. Денес повеќето ги интересираат некои језиви бесплатни игри (валорант, фортнајт, роблокс ??) или видевца како некој се прејадува (или стрима додека го прави тоа). Никој не се смара што има во куќиште.

И пазарот се смени. Некогаш ПЦ-то беше "центарот" дома, денес најголем дел од времето луѓето го поминуваат на телефони. Ако телефонот е примарен уред за огромен дел од населението, нормално е интересот за ПЦ хардвер да паѓа. Сепак, не можам да се оттргнам од впечатокот дека денес има многу помалку љубопитност околу компјутерите отколку порано. Како хардверот да стана невидлив. Го користиме повеќе од кога било, ама зборуваме за него помалку од кога било.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.997
Микротрансакции и надградби ги убија игрите, и компјутерите.

Сега се игра:
Текен 8
Фудбали
Ролек Коустер Тајкун
Ситис Скајлајнс
Цезар 3
Аге оф Емпирес 1
Марио Карт
Вормс
Кармагедон 1 и 2
Роблокс
Симс 1 2 3 4 5 6 7 8 9 0

Тоа е тоа. Се друго е жали боже.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.631
3.197

кој и каде игра вормс? Се уште има надеж? :)
На темата. Се што си набројал е точно но си испуштил уште нешто.
Тогаш немавме. Сега се има многу многу повеќе. Ќе се измачиш за 1% ако треба, затоа што не ти е опција да го купиш. А тој 1% правеше разлика многу повеќе него сега да имаш 20% повеќе перформанси.
Сега се подразбира дека системот работи глатко. Тогаш меревме време на бутирање на компјутер (сосе ос) и тоа траеше. Кога последен пат си користел F5 на десктоп? :)
Времињата се сменети. Пазарот за делови е намален и сведен на гејминг. Ентузијасти речиси и да нема, и нема зошто да има.
10 години стар хардвер е фунцкионален за 90% од популацијата.
За споредба: 486ка и П3 се во растојание од 10 години, а исто толку се и од п3 до првиот и3/5/7.
Денес комотно можеш да сработиш основна канцелариска работа на таков компјутер, стар 16 години. Десетгодишен компјутер може да има и ок перформанси за рабта. Тоа беше невозможно порано. Сега има напредок, ама толку е небитен за повеќето што исто како и да го нема.
Друг битен момент е што лаптопот го замени десктопот.
До кога ќе има делови за да склопуваш сам, тоа е прашањето. Пазарот е премал.
Повеќе ентузијасти видов на тема за оверклокување на кафемат отколку за оверклокување на процесор последниве 5 години. Поточно немам видено таква тема повеќе од 5 години.
Убави времиња, убава ера. Ќе ги споменуваме пред кооперации (форуми).
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.704
12.581
Skopje
www.wemaxa.com
Кај пријател пред некој ден инсталирав win/office итн. на новокупен лаптоп. Го зема 25000 мислам од Сет, 8 јадрен, 16гиги ддр5 (8онборд+8содим модул), 680м графика, 1920х1200 резолуција. Единствена замерка за мој вкус е 60hz панел. Му замени некој 2007ма HP (го препратив кај @Daniel86 - џекот за полнење отиден и цмос батеријата да ја смени). Пресреќен. Десктоп нема. 680ката сега е доволна и за гејминг, барем на 1280х720 и сл. резолуции.

  • Лаптоп LENOVO IdeaPad 3 15ARP10 ( GRAY )
  • - Процесор AMD Ryzen™ 7 7735HS (16M Cache
  • Up to 4.7GHz )
  • Integrated AMD Radeon™ 680M Graphics
  • Рам 16GB DDR5 4800MHz
  • Диск 512GB SSD M.2
  • HD 720p with Privacy Shutter камера
  • 2 x Stereo Speakers with Dolby Audio
  • Bluetooth® 5.0 Combo with WiFi Card
  • Ports: 2 x USB 3.2
  • 1 x USB 3.2 Type-C
  • 3.5 mm Combo Audio Jack
  • 1 x HDMI
  • 4-in-1 Card Reader
  • 15.3" WUXGA (1920x1200) IPS 300nits Anti-glare 45% NTSC
  • 60Hz
Ако ХП-то го чувал 19 години, ова треба да му држи наредни 38...
 
NanoCell

hello world
10 октомври 2011
418
520
Мислам дека не е само до децата, туку како што спомнаа погоре микронаградби од страна на производителите
.
Можам да кажам и јас лично дека сум изгубил желба за следење и споредување хардвер кога подобрувањата се најчесто мерливи во ниски проценти. За лични потреби кога бирам, читнувам малку и барам нешто што е најдобар сооднос цена и перформанси. Порано можеби таква претстава имам јас, ама сериозен скок имаше во процесори, брзина на рам, графичка моќ. Сега повеќе изгледа како fine tunning подобрувањето отколку како реално подобрување. Секако тоа е субјективно за секој од нас, ама тоа е чувството што јас го имам.
 
filipkir

user
17 јуни 2009
1.191
1.907
Скопје
Го следам развојот на компјутерскиот хардвер уште од 2002 година, но во изминатите три до четири години речиси и да не ги следам новостите во оваа област. Сметам дека технолошкиот напредок кај поновите генерации хардвер стана значително помалку динамичен. Во минатото, следењето на иновациите беше многу поинтересно, додека денес недостигаат суштински и револуционерни промени.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.069
14.166
Не играм, не работам со АИ, рендери, видео едит итн. Јас лично не правам никаква разлика помеѓу хај енд лаптоп стар 10 години и штотуку купен лаптоп.

Кај процесорите гледаме само беспотребно трупање на јадра. При што перформансот по јадро е скоро ист од пред 5-6 па и повеќе години.

Можеби единствен мерлив прогрес кај хардверот за широката популација е само кај графичките картички. Проблемот тука е што нема интерес за најнов хардвер зашто е бесмислено скап. Ова започна со рударската треска и трае се до денес.

Во мојата младост 400-600 евра купуваа последен крик на технологијата кај графичките. Денес по продавниците толку се графичките „колку да дава слика“. Нормално дека нема интерес да се анализираат какви перформанси имаат графички од 2000 евра. Исто како што има интерес луѓето да гледаат и читаат што нуди најново ферари.

На полето на монитори се се сведе на херци. Никој не сака да чита за бои, панели итн зашто сите се доволно добри за секојдневие. И повторно ќе речам општото поскапување на сите компоненти но и прогресот кој во голема мера изедначи на многу полиња ентри и хај енд хардвер влијаат многу врз интересот.

Друга приказна е што денешните млади имаат помалку интетес да трошат време на анализи. Од напливот на информации ги интересираат само површните ствари односно хајлајтс.
 
boro1

user
13 август 2009
1.823
1.646
Голем ефект имаат цените. Ако порано за 1000 евра се склопуваше топ компјутер, сега за тие пари имаш само некоа mid-tier графичка со смешни 8GB VRAM. За ССД и РАМ исто уште 1000ка..

Зошто да склопувам страшен компјутер кога со истиот буџет можам да купам: Macbook, iPhone и Playstation (плус ќе останат пари за некоа игра и џојстик) ?
 
Jedah

user
6 ноември 2007
1.309
2.285
Jedah's setup  
Processor & Cooler
AMD RYZEN 5 1600AF 6-Core 3.2 GHz (3.6 GHz Turbo) & CoolerMaster Hyper H411R
Motherboard
ASUS PRIME B450M-K
Storage
SSD: M.2 Corsair NVMe MP510 240GB / HDD: SAMSUNG F1R HE103UJ 1TB / HDD TOSHIBA DT01ACA 1TB
PSU
Cooler Master MasterWatt Lite 700W, 230V, 80Plus, HDB fan, Active PFC
RAM
Kingston 16GB 2666MHz DDR4 CL16 DIMM (Kit of 2) 1Rx8 HyperX FURY Black
Video card
MSI Gaming Radeon RX 570 256-bit 4GB GDRR5
Case
DeepCool Tesseract BF
Mouse
Logitech Optical M100 USB Black
Keyboard
A4Tech A4 KR-85 ComfortKey
Monitor
LG 24'' Full HD IPS Monitor with FreeSync™ (24MP60G-B)
OS
Windows 11
Последниот удар беше зададен со поскапувањава.
Инаку има неколку причини за стагнација на пазарот и ентузијазмот кон ИТ технологијата.
  • Слабиот напредок на перформанси,
  • Достапноста на технолошки уреди и нивната моќ, телефони, таблети, web based алатки
  • AI и целото срање со цените.
Последниов фактор со ВИ срањава беше капак на све. Некни го гледав видеото на Стив Бурк. Ги интервјуираше од Thermal Grizzly кукаа за 8 пати намалено производството на термална паста, Ако лани 2025, Октомври месец продавале 80.000pcs од Kryonaut 1g, сега месечно испорачувале само околу 10.000 парчиња.
Другиве Cooler Master продажбата на куќишта е целосно во out и вика ако порано нудевме 20 различни модели. Правевме иновации, интересни дизајни, или типа inverted case од десна страна да е.... сега вика ќе се концентрираме на 5-6 модели во годината и тоа е тоа. Build a PC está MUERTO!

E така... Видете си ене по секцијана Огласи, ојте зачистете малку троа прашината. 5 лика продаваат 6 компјутерски компоненти и тоа е тоа.
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.631
3.197
само шо пробав 2д и 3д и неигриво темпо имаат, чекаш меѓу играчи, чекаш да се прошета па да нишани па пак меѓу потези... ќе чекам модерна или оптимизиран римејк
Старата добра WMD. Цело друштво пред компјуер и сеир мавање. Онлајн е тапа работа. Не можеш да му се туриш у фаца на некој што си го заебал :)
Голем ефект имаат цените. Ако порано за 1000 евра се склопуваше топ компјутер, сега за тие пари имаш само некоа mid-tier графичка со смешни 8GB VRAM. За ССД и РАМ исто уште 1000ка..

Зошто да склопувам страшен компјутер кога со истиот буџет можам да купам: Macbook, iPhone и Playstation (плус ќе останат пари за некоа игра и џојстик) ?
Од прилика онпоинт. Само многу си тазе у пц свет изгледа. Саглам машина кошташе многу повеќе од 1000 дојч марки. Кога стигна евро 1000 евра станаа саглам машини, иако секогаш натпреварот беше да се прикаже колку е најефтината офис верзија што беше осетно слаба и застарена.
Во време на пентиуми уште се нудеа 486ки за да се покаже некоја ниска цена. Сооднос во перформанси - небо и земја. Ама осетно небо и земја.
И сега core ultra 9 285K во споредба со i9 14900k е да се убиеш. Постариот е за гејминг побрз од поновиот, Ама ако сакаш аи поновиот е побрз. И во суштина поновиов како по навика овие 15 години е 10% побрз од претходната генерација. Тоа е премалку.
Да оверклокаш пентиум за 30% од фабричка брзина, добиваш МНОГУ за парите. Купиш компјутер за 500-600 евра и веќе имаш компјутер што се носи со фабрички од 1000. Во време кога имаш осетна немаштија и тие пари вредат сериозно многу повеќе од тие бројки денес. Денес нема да оверклокаш графичка од 3000 евра, затоа што за тие пари имаш ПС наместо ПЦ со игри за цел живот.
За работа? Dell / Lenovo.
Затоа нема ентузијасти. Нема за што да ги има.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.704
12.581
Skopje
www.wemaxa.com
Поента за темава не ми е констатација на пензионерското "во наше време беше подобро", нема некоја придобивка од таков дефетизам реално, туку ги буцнам поискусните и поупатените членови да се активираат за повторна актуелизација на ова хоби.

Имаме генерации хардвер кој може повторно да се промовира. Многу постари машини можат да освежат дали со нов процесор од али/таму, дали со 100тина гигабајто ссд, итн итн. и да бидат доволно добри за многу нешта па дури и за гејминг (има 570ки/580ки по 1500 денари да ги ринеш). Ова (Кубанско сценарио) за жал ќе биде единствена опција за многу луѓе во догледно време со оглед на новите астрономски цени заради АИ / крипто хајката.

Доволно е да има повеќе теми од типот:
  • Ова е мојот ПЦ, на него правам ова ова ова
  • Мојот ПЦ е доволен за оваа/таа/итн. апликација процес итн
  • Научив ова/она и направив ова/она

Дечките со кафематите можат да интегрираат мелница, пумпа и сл. во пц куќиште, гледам им фали процесирачка моќ и онака за подобро кафе, вака и со некој виртуелен агент ќе ја појачаат работата за идеално еспресо :)
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.786
33.900
roka.mk
Кога разговараме за ентузијазам, за мерак, мислам дека парите не се пресудни воопшто и споредба зас тие пари ќе купам ова она не ми идат во иста реченица со ентузијазам. АКо така гледаме со 1000е имаш едно јако излагање со Моет со сепаре па дури и нос на напуниш... некој тоа го сака, некој сака ајфон, некој јак пц...
Ксенон мислам дека тоа што нема интерерсни теми на форуми не е ради пазарот, ради инфлации и слилчно, туку поради тоа што нема публика, а никој не сака да си троши време со нешто за што нема да добие никаква подршка ни дискусија, ако правиш и објавуваш на форум очекуваш дискусија, а нема да ја дабие бидејќи генерациски се промениа форматите за комуникакција, плус лошто америчко инфлуенсерско влиание дека сите мора да имаат многу пари за да бидат прифатени го прави своето. Од дамна си тука и ти самиот имаш учествувано во еден куп проекти, но види како тогаш се пристапуваше на проблемот како сега.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.767
10.099
Не играм, не работам со АИ, рендери, видео едит итн. Јас лично не правам никаква разлика помеѓу хај енд лаптоп стар 10 години и штотуку купен лаптоп.
Добро, ама затоа си на IT форум и знаеш дека ARM процесорите направија мултигенерациски скок во перформанси кај лаптопите од секој аспект (перформанси, батерија...).

1781871194328.png

Еве ако случајно и си немал интернет последниве 10 години, па да прочиташ. Ова беше скок во една генерација, 2019-2020 - најјакиот i9 процесор vs базичниот M1 Mac.

Е сега да кажеше „последни 5 години“, па да ти поверував.

Инаку мое мислење е дека не се децата/младите, туку целата индустрија. Од игри кои траат децении (GTA V, DotA 2 итн), па до цени забегани низ плафон за хардвер и финализирано со хардвер кој е доволен за сите стандард професионални потребни (освен нели пример 8K видео едитинг) - кој би го интересирало да следи со ентузијазам (возбуда)?
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.238
2.677
Добро, ама затоа си на IT форум и знаеш дека ARM процесорите направија мултигенерациски скок во перформанси кај лаптопите од секој аспект (перформанси, батерија...).

Погледнете го атачментот 162471

Што имаш, едно лаптопче. Кој лезет има во тоа. Не можеш да се нарекуваш ентузијаст ни за игрици ни за хардвер. Им викаш на компјутерџии еј брат имам М1 ми троши 20 вати, многу е ефикасен. Тоа исто ко со Тесла да влезеш у друштво каде возат Форд Мустанг и им збориш за ефикасност:ROFLMAO:
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.720
3.852
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Мислам малце по малце процесорите натака ќе се сите ARM, со тек на време.
 
boro1

user
13 август 2009
1.823
1.646
“Чепкам“ хардвер повеќе од 15 години, ќеф ми беше порано да читам рецензии и бенчмаркс, да изберам тоа што е најдобро за парите, имам склопено скромна бројка на компјутери (околу 30-40) за другари и пријатели.

Пред неколку години почнав секој месец да купувам делови за компјутерот што го имав замислено: бел компјутер, чист, со убави и јаки делови, без компромиси на естетика и на фунцкии.

Сите претходни компјутери ми беа "bang for buck" - старо кукиште, најефтината или средна матична, обичен рам итн... буџетот одеше на графичка - тоа е битно за игри, нема ФПС во скапа матична.

И дел по дел го склопив - Fractal Design кукиште и вентилатори, Z серија матична од Гигабит, бела 3080 Ti од бате Пане, Samsung NVME дискови од 1 и од 2 TB, купив и ебен држач за графичката и ргб контролер за иститот.

Кеф ми беше кога се беше готово, супер си работеше компјутерот, немаше ништо проблем со него.. сите игри се играа на макс.. но нешто фалеше.. the trill was gone.

Престанав да гејмам, компјутерот што го сакав цел живот сега го користев за гледање табели и чартови, не користев ни 10% од перформансите што ги има.

Затоа го продадов белиот компјутер, си го вратив стариот (i5-6500, 1660 Super), добив Playstation 5 (прва конзола во животот, нели PC master race) и си купив iPhone и MacBook.

Повеќе работа ми врши мекбукот одколку компјутерот што го имав/имам. 95% од времето работам на него, ако сакам да гејмам или го вклучам плејстешнот или си платам 10 долари за GeForce Now. Плус можам да го ставам во ранец и да го носам со мене, и батеријата му трае 10+ часа.

Уште го имам тоа “ентузијастичко чешање на новчаник“, само што сега наместо хардвер гледам монитори, делови за кола, батериски и рачен алат. Склопување компјутери веќе не е тоа тоа, секоа чест на дечките што им е хоби тоа и што си имат направено бизнис од истото.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.069
14.166
Добро, ама затоа си на IT форум и знаеш дека ARM процесорите направија мултигенерациски скок во перформанси кај лаптопите од секој аспект (перформанси, батерија...).

Погледнете го атачментот 162471

Еве ако случајно и си немал интернет последниве 10 години, па да прочиташ. Ова беше скок во една генерација, 2019-2020 - најјакиот i9 процесор vs базичниот M1 Mac.

Е сега да кажеше „последни 5 години“, па да ти поверував.

Инаку мое мислење е дека не се децата/младите, туку целата индустрија. Од игри кои траат децении (GTA V, DotA 2 итн), па до цени забегани низ плафон за хардвер и финализирано со хардвер кој е доволен за сите стандард професионални потребни (освен нели пример 8K видео едитинг) - кој би го интересирало да следи со ентузијазам (возбуда)?

Ах да прифатено. Само што мене како ентузијаст не ме интересираат мекови. Затоа и не се ни сетив на ова.

А и во минатото, најмногу се зборуваше за виндовс, интел, амд, нвидиа... И најчесто силата ја меревме преку ФПС во игри. Мене сеуште фокусот би ми бил тука.

Да не беа толку скапи графичките можеби ќе градев уште една машина за мене. Но со овие цени ми нема никаква поента. Посебно зашто не играм. Секој просечен лаптоп денес ми ја брка работата доволно добро.

Уште го имам тоа “ентузијастичко чешање на новчаник“, само што сега наместо хардвер гледам монитори, делови за кола

Истото чувство го имам. Јас пак купувам тастатури.
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.720
3.852
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
“Чепкам“ хардвер повеќе од 15 години, ќеф ми беше порано да читам рецензии и бенчмаркс, да изберам тоа што е најдобро за парите, имам склопено скромна бројка на компјутери (околу 30-40) за другари и пријатели.

Пред неколку години почнав секој месец да купувам делови за компјутерот што го имав замислено: бел компјутер, чист, со убави и јаки делови, без компромиси на естетика и на фунцкии.

Сите претходни компјутери ми беа "bang for buck" - старо кукиште, најефтината или средна матична, обичен рам итн... буџетот одеше на графичка - тоа е битно за игри, нема ФПС во скапа матична.

И дел по дел го склопив - Fractal Design кукиште и вентилатори, Z серија матична од Гигабит, бела 3080 Ti од бате Пане, Samsung NVME дискови од 1 и од 2 TB, купив и ебен држач за графичката и ргб контролер за иститот.

Кеф ми беше кога се беше готово, супер си работеше компјутерот, немаше ништо проблем со него.. сите игри се играа на макс.. но нешто фалеше.. the trill was gone.

Престанав да гејмам, компјутерот што го сакав цел живот сега го користев за гледање табели и чартови, не користев ни 10% од перформансите што ги има.

Затоа го продадов белиот компјутер, си го вратив стариот (i5-6500, 1660 Super), добив Playstation 5 (прва конзола во животот, нели PC master race) и си купив iPhone и MacBook.

Повеќе работа ми врши мекбукот одколку компјутерот што го имав/имам. 95% од времето работам на него, ако сакам да гејмам или го вклучам плејстешнот или си платам 10 долари за GeForce Now. Плус можам да го ставам во ранец и да го носам со мене, и батеријата му трае 10+ часа.

Уште го имам тоа “ентузијастичко чешање на новчаник“, само што сега наместо хардвер гледам монитори, делови за кола, батериски и рачен алат. Склопување компјутери веќе не е тоа тоа, секоа чест на дечките што им е хоби тоа и што си имат направено бизнис од истото.
Умре времето од чекање да излезе нов процесор, матична или графичка. Читање рецензии за секое парче хардвер, споредување со друго...
Списанијата да не ги заборавам, кои одвај чекав да излезе (читав BUG уште од 1994 година) за да прочитам рецензија или тес на X парче хардвер

Читав и jас, исто доста читав рецензии и тестови пример за ДВД-ја или ЦД-ја...Помина тоа време кое беше далеку поинтересно од денешново.
Ете сам кажа си имал мерак за Таков и таков пц со тие и тие делови, си го склопил ама не било тоа тоа...
Поминал меракот..Порано се беше мерак, секое парче хардвер од најмали и најефтино до најскапо...
 
Speedy

lurker
21 август 2010
630
206
Портабилниот хардвер стана многу моќен, лаптопите имаат моќ еден 95W десктоп процесор стар 10 години денес го има во "просечен" 25W лаптоп процесор.
ARM чипсети т.е. телефоните со перформанси на еден 15-20 годишен статичен PC.

Перформансите и потребата е задоволена за она што луѓето го прават
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.767
10.099
Ах да прифатено. Само што мене како ентузијаст не ме интересираат мекови. Затоа и не се ни сетив на ова.

А и во минатото, најмногу се зборуваше за виндовс, интел, амд, нвидиа... И најчесто силата ја меревме преку ФПС во игри. Мене сеуште фокусот би ми бил тука.

Да не беа толку скапи графичките можеби ќе градев уште една машина за мене. Но со овие цени ми нема никаква поента. Посебно зашто не играм. Секој просечен лаптоп денес ми ја брка работата доволно добро.

Истото чувство го имам. Јас пак купувам тастатури.
Имаш и Windows ARM лаптопи, треба да ги пробаш.

Се друго кажа @Speedy над мене, баш кај лаптопи имавме најголем напредок.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно