Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

18 август 2019
1.212
1.182
Сите знаеме, досега кај нас беше дозволено поминување кога сакаш, да не речам кога ќе ти се крене...
И така и ќе остане онаму кај што нема камери. Ќе треба време навиките да се променат,. особено кај умоболните кои тука не недостасуваат, за жал
Затоа и стасавме до стадиум на метастазирана дупка ...
Така да сето ова е добро, малку да се врати нормалноста во секојдневниот живот. Ние навикнавме се околу нас да биде ретардирано
Јас пишувам како беше законски, не како кој го почитува законот.

Потполно исправно беше да поминам на трепкачкко зелено или на жолто ако веќе сум преблизу до раскрсницата. Не можам да застанам на пешачки премин затоа што се појавило жолто светло, а јас сум само на метар од пешачкиот премин.

Според ова ново толкување, жолто светло воопшто не треба да постои бидејќи го сметаат за црвено. Сепак мислам дека не е така, но не сум ги читал измените на законот.
 

mkgunner

hello world
29 октомври 2008
444
339
Кичево
mkgunner's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 1600AF
Motherboard
MSI B450 Gaming Plus Max
Storage
Kingston A2000 250GB
PSU
Chieftec GPS-600A8
RAM
2x8Gb G.Skill Ripjaws F4-3200C16D-16GVGB
Video card
XFX RX570 4GB
Case
No name
Mouse
некаков Кинез
Keyboard
Delux K5108 (11 години, абер нема да рикне)
Audio
Panasonic SA-AK20 на AUX
Monitor
AOC 27V2Q
OS
Windows 10 Pro
Нема. На мајка и на другарка на колешка и стигнало СМС дека ќе и земат возачка бидејќи поминала на црвено (всушност поминала на трето трепкаво зелено).
Имаше објаснување за ова. Ако задниот дел од автомобилот ти е сеуште во линија со семафорот кога ќе светне жолта се смета дека си поминал на жолто/црвено. Мора со цела должина на автомобилот да поминиш додека не светнало жолто.
Затоа сите ќе кочат на трепкачко зелено ако кога не се доволно блиску до семафор.
Мислењето е автоматски споено:

По истиот принцип полагав и јас, далечната 2007. Тоа ми беа насоките дадени од самиот инструктор и по кои и ден денес се водам. Има некој да ми посочи каде се пишани промени за ова или само ќе хајпаме казни? Бидејќи нема никаква логика да застануваш на зелено, дури и ако е трепкачко. За жолто веќе е дискутабилно.
Сеуште важи истото, со истиот исклучок ако си многу блиску до семафор па не е безбедно да кочиш, ама тогаш ќе треба да се објаснуваш со приговори откако ќе ти стигне казна...
 
18 август 2019
1.212
1.182
Вака објаснето е двосмислено. Возачот треба да започне со сопирање кога ќе се појави жолто светло. Ама... Ќе запре каде не треба. И исклучокот не е прецизно објаснет.

Камерата не може да ја сними регистарската табличка кога веќе навлегувам во раскрсница.
 

Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.282
11.760
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.503
3.106
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Имаше изјава и на министерот на интервју во Само Интервју (интересно име за емисија со интервјуа).
View: https://youtu.be/ltYGjbs4KrQ?si=RGtvnwfptGESR8bv&t=183

Мислењето е автоматски споено:

Тука вика дека на трепкачко зелено се поминува, на жолто не и дека нема шанси камерата да те казни ако си поминал на зелено. Дури ако добро го разбирам вика дека камерата може ќе пропушти на жолто да те казни, што значи има праг на толеранција, што мислам дека е и логично. Проблем е во било кој случај да поминеш на црвено или жолто, ама во последниве години се накотија будали кои буквално на сред црвено на раскрсница ѕиркаа лево-десно и си проаѓаа.
Овој проблем мислам дека не беше толку распространет пред 15-20 години барем во Скопје. Памтам кога возев во Турција на времето, може пола од возачите тоа го правеа. И ова не ноќе во 4 сабајле кога ретко кој е надвор, него кога ќе стемни, на секоја раскрница - како да нема семафор, само гледа лево десно и проаѓа. Јас бев шокиран :)
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
се осеќа многу страв кај возачите...буквално возат 35/38км

сабајле на семафор зелено беше,почнува да трепка зелено,на прво трепкање кочат у место.
не се свесни дека зелено трепка мин 3 пати,не се свесни дека некој може да ги удри од позади,улетани сите брзаат-плус зелено е :)
Тешка паника се дешава, од страв не размислуваат луѓето. Има студија од запад, каде јасно се гледа дека после уведување казни за поминување на жолто (со агресивно поставени алгоритми, може жолто да те фати на последните 10 см од поминувањето), приметно се зголемила статистиката за сообраќајки на семафори. Баш од вакви ситуации, кочат како нездрави на прво трепкање зелено а можеби и претходно (од страв). И некој ги зденува отпозади, не очекува дека лудакот од напред наеднаш ќе закочи како мањак.
Мислењето е автоматски споено:

Нема. На мајка и на другарка на колешка и стигнало СМС дека ќе и земат возачка бидејќи поминала на црвено (всушност поминала на трето трепкаво зелено).
Штом е сигурна во тоа ќе си бара вештачење и прегледување снимки... Ако е сигурна.
Мислењето е автоматски споено:

Според ова ново толкување, жолто светло воопшто не треба да постои бидејќи го сметаат за црвено. Сепак мислам дека не е така, но не сум ги читал измените на законот.
Зошто го земаме ова здраво за готово дека е така?


Имаше објаснување за ова. Ако задниот дел од автомобилот ти е сеуште во линија со семафорот кога ќе светне жолта се смета дека си поминал на жолто/црвено. Мора со цела должина на автомобилот да поминиш додека не светнало жолто.
Затоа сите ќе кочат на трепкачко зелено ако кога не се доволно блиску до семафор.
Ова тешка ретардација, и ќе направи многу повеќе сообраќајки отколку што потенцијално ќе спречи.
Мислењето е автоматски споено:

не можеме вака да издржиме со нашата економија, а не можеме ни да ги изолираме во резервати.
Не можеме? :cry:
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.623
3.175
Пред семафори, на булевари испрекинатата линија станува полна (за да не менуваш ленти пред семафори иако има лудаци што менуваат ленти на сама раскрсница). Ако си во полна кога почнува да трепка и возиш нормално, поминуваш на зелено. Ако си на испрекинатата, не го фаќаш зеленото и почни да забавуваш.
Воведување на бројачи како што имаше е најдоброто решение што постои. Зошто ги има само во чаир/бутел, немам поим (а таму не ги есапеа многу).
 

Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.282
11.760
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro

M@RKO

user
3 јуни 2009
1.483
554
Јас иако не сум возач сепак го подржувам ова дури јас сум да се зголеми бројот на камери и да се стават една до друга камера на еден цел булевар. Исто сум секој град и село да бидат преплавени со таквите камери.
 

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.683
3.776
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

maci

poweruser
2 април 2008
3.383
972
Нема. На мајка и на другарка на колешка и стигнало СМС дека ќе и земат возачка бидејќи поминала на црвено (всушност поминала на трето трепкаво зелено).

јас денес поминав на трепкачко зелено,па не ми стигна смс

возачите сватија дека на секое место во Скопје треба а се вози 50 и буквално се влечат,но има места каде нема камери и можеш да дигнеш и 60/70/80км.
на пример:
од кључката кај момин поток накај АРМ,
од америчка амбасада надоле,кон мостот и др. места
 
Последна промена:

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.503
3.106
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
јас денес поминав на трепкачко зелено,па не ми стигна смс
Ја на целиов муабет прееска пројдов на трето трепкање кај Соборна. За среќа не стигна ништо. Може да биде зезнато на големи раскрсници.
 

maci

poweruser
2 април 2008
3.383
972
многу е важно да запамтите каде има камери,а на сите останати позиции може да се вози повеќе...кога ќе наближиш накај камера,намалуваш и тоа е тоа...мора дисциплина во возењето
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Доколку се држи соодветно растојание во сообраќајот според моменталната брзина, зденување отпозади е скоро невозможно.
Ај сега сериозно.

Просечно време на реакција е една до една и пол секунда (ако се внимава 100%, а не се внимава).

Од возење со дозволена брзина ако некој ти закочи наеднаш со добри кочници - колку растојание ти треба за да не се удриш во него? И пази, што ако си третата кола позади кочничарот па немаш ни визуелна индикација дека почнал да кочи. Кога второто ауто ќе се удри во првото ти ќе имаш буквално десетинки од секунда (не време за реакција, туку за да закочиш). Така се прават верижни судари.

Eве калкулатор:


Калкулаторот вели дека ти треба растојание од ~35 метри со 1.5 секунди време на реакција. Или ~28 метри со 1 секунда време на реакција.

Фак, кој држи 30 метри растојание во градска вожња??
Ти толку растојание држиш? ОК ти можеш да се обидеш да оставиш толку растојание ама нема да ја постигнеш целта што празнината некој веднаш ќе ја пополни. Па ти пак закочи остави 30 метри, пак 3-4 коли ќе ти се убутаат пред тебе... На крај во рикверц ќе треба да идеш. :)


И калкулаторот веројатно некои средни вредности користи, пошто седан и комбе/камион немаат иста маса/кинетичка енергија, па следствено немаат ни исто растојание на кочење туку многу поголемо.


1770327211718.png
 

krema

OG
24 јуни 2009
15.710
15.803
youtu.be
Ти толку растојание држиш?
Доволно колку ако тој пред мене прикочи да имам време за реакција, кога е врнежливо и малку повеќе од тоа. Инаку секогаш кога наидуваме на семафори ја намалуваме брзината (факт), значи не воземе константно со 50, па дури и во глуво доба кога нема сообраќај на семафори иако е зелено намалуваме, пошто има шанси лудаци од спротивната страна намерно со полна брзина да поминат на црвено (се надевам дека со камерите ќе ги снема камиказите).

(ако се внимава 100%, а не се внимава).
Инаку сето погоре си во право. ама на крај се сведува баш на невнимание.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Друже џабе ти е сѐ ако некој ти закочи наеднаш без најава. Ене ти го калкулаторот, со 35 км/ч и 1.5 секунди време на реакција, пак ти требаат 21.5 метри за кочење. Тоа е на сув коловоз.

Никогаш нема да имаш над 10 метри растојание во сообраќај Скопје. Никогаш. Освен навечер кога нема сообраќај а ти си втората кола. :)

Ете калкулторот вели дека и со 20 км/ч пак ти треба растојание над 10 метри. Невозможно во Скопје, дали 5 метри се остава (и пак некој ќе се бутне во тие 5 метри). Има причина зошто статистиките на судари раснат кога ригорозно се казнува поминување на жолто светло.
Мислењето е автоматски споено:

Инаку целосно се согласувам дека треба да ги вратат тајмерите, ама тоа нема да се случи заради усраните контролори на сообраќај да останат ухлебени во град Скопје (усрани пошто скроз го усраа сообраќајот откога стапија на функција, зборувам за сообраќајот надвор од шпицовите/гужвите)
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
Доволно колку ако тој пред мене прикочи да имам време за реакција, кога е врнежливо и малку повеќе од тоа.
Може ли едно прашање да ти поставам ако не ти е тешко:

Дали себеси се сметаш за потпросечен, просечен или натпросечен возач?
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
Ок крема, нема проблем. Без разлика дали се сметаш себеси за просечен или натпросечен (според изјавите), веројатно си свесен дека не возиш сам низ градов и дека правилата не се само за тебе, туку за сите.

Ако ти можеш да процениш во 100% од ситуациите кога треба да кочиш, има некој што не може да процени и бидејќи вози побрзо, тој возач тебе ќе те удри од позади со автомобил.

Муабетиве тука ако ги аплицираме на други закони, пример за поседување огнено оружје, ќе дојдеме до релативизација дека не треба да постојат процедури/дозволи, бидејќи ќе кажете „ама јас и да имам пиштол никогаш никој не би убил“.
 

zoran.europe

hello world
15 јули 2024
155
97
Може да мрчат колегиве колку сакаат, но ова е една од ретко добрите работи што се случиле во нашава жална земја, затоа што ние 35 години константно тонеме кон потполн хаос во сите сегменти
Не го сакам Мицко и бандата, исто како и сите претходни пред нив (горе долу), но за ова имаат од мене голем +
Ова беше неопходно да се случи за да колку толку се нормализира однесувањето во сообраќајот. Далеку е сеуште од нормално, но е чекор напред
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно