filip-jovi
read-only
- 8 јуни 2012
- 3
- 5
Здраво луѓе.
Јас неколку месеци работев на c# базирана веб страна www.mojagitara.mk, наменета за сите македонски гитаристи и музичари воопшто.
Првичната идеја на веб страната беше да ги соберам сите акорди од македонски песни на едно место, бидејќи моментално се расфрлани по форуми, блогови, некакви си фајлови,..
Деновиве ја полнев базата и стигнав до фонд од некои си 200 таблатури за песни. Посетителот на сајтот може да ги разгледува сите таблатури, а откако ќе се најави може да додава и нови.
Освен таблатури, на страната има простор за огласување на половни инструменти и музичка опрема и понуда на часови по гитара. Сите огласи се бесплатни, а за додавање на оглас потребно е да се најавите/регистрирате.
Наредна функционалност е додавање и разгледување на бенд оглас. Идејата е да им се помогне на луѓе/групи/бендови да го најдат она што им треба за да можат да оформат целосен бенд.
На страната има дел каде можете да ја разгледате моменталната понуда на гитари и гитарска опрема во продавниците ширум Македонија, и да направите споредба на 2 од нив. Моментално ги имам само тие од каталогот на Дореми Јамаха, ама деновиве ќе додадам и други, штом ги добијам.
И на крај, страната содржи делови со информација за музичките случувања во Македонија и на Балканот. Во делот "Настани" се ставени настаните кои се тековни во денешниот ден или наредните 2-3, пред се во Скопје. Во делот "Концерти" ги ставив концертите кои се најавени за наредните месеци, а треба да се одржат на различни локации низ Балканот.
Мислам дека ништо не испуштив.
Јас сум отворен за критики/идеи/соработка, па чувствувајте се слободни да коментирате и давате сугестии.
Фала на внимание!
Филип