Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Топлотни пумпи - Дискусија

mdeni

senior
24 септември 2012
6.098
6.040
Подно греење со топлинска пумпа, со фенкојлери ако правиш нема логика топлинска пумпа - тогаш ти треба мултисплит или посебни инвертери ѕидни или парапетни, по желба.
 
SimeonS

read-only
4 февруари 2017
49
18
За мултисплит има проблем што надворешната единица ке биде подалеку од внатрешните а не требало да надминува 10m. Кај мене е ~18m.

Фенкојлерот со топлинска пумпа би бил неефикасен во поглед на потрошувачката на струја што би ја имал?
 
dino

lurker
5 јули 2009
663
249
Ако идеш со фенкојлери подобро потрошени пари ќе ти бидат на инвертери зошто со фенкојлерите ќе го добиеш истиот ефект како со клима само за повисока цена, од искуство на блиски луѓе топлинска и радијатори не им е баш загреано по дома радијаторите имаат додатни ребра така им било препорачано од монтажерите заради пониската темперстура на вода, ако имаш можност подно греење да монтираш тоа ти е најдобрата опција за топлинска
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.098
6.040
За мултисплит има проблем што надворешната единица ке биде подалеку од внатрешните а не требало да надминува 10m. Кај мене е ~18m.

Фенкојлерот со топлинска пумпа би бил неефикасен во поглед на потрошувачката на струја што би ја имал?
Може и комбинација, зависи од местото. На пример мултисплит за едниот дел, кај што има неколку соби блиску, а од другата страна наместо да тегнеш цевки, ќе си ставиш инвертер сингл.

Како и да е, топлинска пумпа е повеќе за подно. Инаку излегува прескапо и недоволно ефикасно.
 
jovanovmk

hello world
24 ноември 2008
113
50
Јас можам од искуство да ти кажам. Користам топлинска пумпа на фенкојлери веќе 3 години. Топлинската пумпа е исплатлива само ако имаш добра изолација.
Топлинска пумпа и подно греење/ладење е до 50% поефикасна од фенкојлерите. Никаков сплит систем не може да ја замени ефикасноста на тп. Радијатори и ТП не би ти препорачал. Ако немаш можност за подно тогаш оди само со фенкојери. Ама гледај и тие да не се предимензионирани за просториите ладе ќе се користат. Јас сум презадоволен од ТП. и мислам дека ми е најпаметна инвестиција до сега.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk
 
Aowek

user
14 април 2012
1.215
1.170

Кој модел на т пумпа го имаш ?
 
zoranovski

read-only
7 јули 2013
5
6
Здраво, би сакал да слушнам мислење од поупатени на темава.

Сакам да наместам греење во куќа на два спрата па после разговор со мајстори добив понуда да наместам топлотна пумпа со 2 фенкојлери и 2-3 радијатори. Ова би било за на приземје со тоа што помпата е 15кв па би имало можност понатаму да се приклучи и горниот спрат. Вкупната површина на приземјето е ~90m2

Дали би бил енергетски ефикасен во однос на потрошувачка на струја или можеби засебни клими во секоја просторија би било подобро или нешто трето како опција?
View: https://www.youtube.com/watch?v=3oZWf2frlLc&ab_channel=Heatmaster

Мислењето е автоматски споено:

Здраво, би сакал да слушнам мислење од поупатени на темава.

Сакам да наместам греење во куќа на два спрата па после разговор со мајстори добив понуда да наместам топлотна пумпа со 2 фенкојлери и 2-3 радијатори. Ова би било за на приземје со тоа што помпата е 15кв па би имало можност понатаму да се приклучи и горниот спрат. Вкупната површина на приземјето е ~90m2

Дали би бил енергетски ефикасен во однос на потрошувачка на струја или можеби засебни клими во секоја просторија би било подобро или нешто трето како опција?
View: https://www.youtube.com/watch?v=0ByeqQ8JDRw&ab_channel=Heatmaster

Мислењето е автоматски споено:

За мултисплит има проблем што надворешната единица ке биде подалеку од внатрешните а не требало да надминува 10m. Кај мене е ~18m.

Фенкојлерот со топлинска пумпа би бил неефикасен во поглед на потрошувачката на струја што би ја имал?
Мислењето е автоматски споено:

За мултисплит има проблем што надворешната единица ке биде подалеку од внатрешните а не требало да надминува 10m. Кај мене е ~18m.

Фенкојлерот со топлинска пумпа би бил неефикасен во поглед на потрошувачката на струја што би ја имал?
 
Атачменти

  • screenshot.png
    screenshot.png
    166,6 KB · Прегледи: 97
  • screenshot.png
    screenshot.png
    141,3 KB · Прегледи: 92
Последна промена:

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
Здраво, би сакал да слушнам мислење од поупатени на темава.

Сакам да наместам греење во куќа на два спрата па после разговор со мајстори добив понуда да наместам топлотна пумпа со 2 фенкојлери и 2-3 радијатори. Ова би било за на приземје со тоа што помпата е 15кв па би имало можност понатаму да се приклучи и горниот спрат. Вкупната површина на приземјето е ~90m2

Дали би бил енергетски ефикасен во однос на потрошувачка на струја или можеби засебни клими во секоја просторија би било подобро или нешто трето како опција?
Ајде да се вклучам малку во дискусијава и разговоров. Многу теоретизирање, малку практични примери, предлози, бла бла бла.
Јас би споделил лично искуство.
Куќа на 2 спрата, релативно нова градба ~ 10тина години, пвц дограма, надоврешна изолација со стиропор, со вкупна површина од некој си 150-160 кв.
Околу 45 квадрата од куќата се посебно одделени, како засебен стан. Си има засебно греење на инвертор клима уред. Останатите 110 квадрати се со посебно греење, дел од приземје и останатото на спрат со засебно инсталирано парно греење со Фероли панелни радијатори по собите и подно греење во купатилото. Парното е конструирано да работи со електричен котел, и така работеше до пред 3 години. Односно работеше во денови кога температурата беше екстремно ниска, а останантиот период се користеше инвертор Тошиба кој што ја грееше само дневната соба (околу 34 квадрати) . Околу топлината нема муабет, но работата е што сметките за струја беа пре-високи.
Се решив да направам мала инвестиција, односно да монтирам топлинска пумпа се со цел да ги намалам трошоците а притоа да бидам конфорен. Од истражувањата на пазарот дојдов до даклучок дека е најдобро да инвестирам во топлотна пумпа Мидеа и тоа сплит систем, не моноблок. Постоечката инсталација да ја поврзам и да пробам што ќе добијам. Пробата се разбира ме чинеше околу 5500 евра + трошоци за приклучување на постоечката парно инсталација.
Топлинската пумпа ја користам само во режим на греење со оглед на тоа дека немам фенкојлери за да можам да ја користам и во лето.
За во лето си ја користам климата, односно климите кои веќе ми се инсталирани.
Од работата на топлинската пумпа сум презадоволен за овие 3 години.
Како во поглед на работа, така и во поглед на греење и во поглед на сметките за струја.
Температурата на водата ми е наместена на 45 степени, од максимални 60 колку што се сеќавам.
Температурата на дневната ми е наместена на 23 степени од 6:30 до 23:20, а во другиот период на 21,5. Во дневната соба ми е термостатот, и таму се разбира температурата е највисока. Во останатите соби преку ноќ паѓа до 19 - 19,5, но со оглед на тоа дека во ноќниот период се спие, таа температура е и повеќе од идеална за спиење, ако не и повисока.

Што сакам да напоменам овде.
  • Не додавав никакви ребра и радијатори плус
  • додадов во системот бафер од 60л
  • додадов циркулациона пумпа
  • не поврзав бојлер со спирали на топлотната пумпа ( да не образложувам зошто и како, си имам мое видување за тоа )
  • Сметките за струја се намалија на 1/3 од претходните кога се користеше електричниот котел (најефикасниот котел кој е направен од Vaillant со 300 електроники) . едит: Ако сум плаќал 18000, сметките паднаа на 6000.

Во ниеден момент за претходниве 3 зими не осетивме никаов недостаток на топлина. Температурата во куќата е константна. Јас најчесто седам по куси ракави.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Ако идеш со фенкојлери подобро потрошени пари ќе ти бидат на инвертери зошто со фенкојлерите ќе го добиеш истиот ефект како со клима само за повисока цена, од искуство на блиски луѓе топлинска и радијатори не им е баш загреано по дома радијаторите имаат додатни ребра така им било препорачано од монтажерите заради пониската темперстура на вода, ако имаш можност подно греење да монтираш тоа ти е најдобрата опција за топлинска
^^ Ова.

Таква комбинација од аспект на исплатливост има смисла во облик на топловодна парна инсталација.
  • фенкојлери се ретардирана опција, пошто работи исто како обични клими а е многи пати поскапо
  • радијатори се неисплатлива опција пошто водата мора многу повеќе да се загрева (на повисока температури)

Со топловодно парно водата се заграва на некои дваесет и ситно степени целзиусови - и тоа е доволно. Пошто целиот под е топлински изменувач. Со радијатори водата мора да се загрева на многу повеќе. Од примерот погоре во нов објект со добра изолација, Сале поминува со греење на водата до 45с. Другите што немаат добра изолација ќе мора да загреваат вода над 60с (или повеќе)... Ама тоа воопшто не е едноставно. Топлинската пумпа загрева само до некаде (освен ако не е предимензионирана), а потоа водата се дозагрева со класични електрични грејачи. Повеќето решенија се или такви со догревање со класични електрични грејачи или воопшто не успеваат да ја дозагреат водата доволно за да можат радијаторите да постигнат задоволувачка температура во собите.

Мое мислење: Ако може да се иде на ставање топловодна парна инсталација (нов објект, или стариот објект има доволно носивост), тогаш тоа е најдобрата опција. Другото е неисплатливо, во такви случаи подобро е да се стават обични клима уреди (неколку такви).
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.098
6.040
Кажи што подразбираш на „топловодна парна инсталација“ зошто ти уствари мислиш на подно, а кажуваш друго.

Јас имам подно и баш би сакал да го конвертирам на некоја 3kw топлиснка пумпа, ама мислам дека тоа не постои нажалост. А реално само тоа е потребно на светов да постои во 2024та година. Баш треба да се јавам да прашам по местава да кажат што нудат на таа тема, за конверзија како кај Сале, само нешто многу поефтино.
 
Има многу елегантно решение за твојата конфигурација. Само треба да ја посакаш и да брцнеш во џеб :D :D :D

Решение

И покрај тоа што ја нема, може многу брзо да биде достапна. Ти само посакај и ке добиеш понуда, цена и време на испорака.
Имаш и детални спецификации за неа.

едит: Важи и за останатите учесници во дискусијата....Многу многу теоретизирате, а ништо практично не применувате. Сите тие математики и загуби во пракса ке ви се сјебат само со едно луфтирање на просторијата...Опуштено малку, реализација и уживајте...
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Интересно, Мидеава во Грција чини 2,170.00 €. Добра цена за ~5Kw... Не знам колку би дошла цената овде (Мидеа ги увезува СЕТ). Но дури и увоз од Грција (и евентуален такс-фри), не звучи како невозможна опција. Она го собира во гепек.

Кажи што подразбираш на „топловодна парна инсталација“ зошто ти уствари мислиш на подно, а кажуваш друго.

Јас имам подно и баш би сакал да го конвертирам на некоја 3kw топлиснка пумпа, ама мислам дека тоа не постои нажалост. А реално само тоа е потребно на светов да постои во 2024та година. Баш треба да се јавам да прашам по местава да кажат што нудат на таа тема, за конверзија како кај Сале, само нешто многу поефтино.
Mислам дека се разбираме, но ако не се разбираме тогаш еве дополнително: само потенцирам дека се работи за нешто што примарно се планира како за во нов објект (иако е можно да се додаде во било каде се додека нема проблем од аспект на носивоста на тој објект).

И ете, Сале ти посочи на уред со соодветно мала моќност. Тоа што е нешто предимензиониран за твоите потреби не би требало да биде никаков проблем. Со оглед на термалниот бафер (водата во цевките). И баш интересно како само 3KW топлина ти се доволни. Поединечна просторија? Мини викендица?
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.098
6.040
Подно греење. И без него е сосема загреано во куќата/станот, ова само ќе го стопли подот и ќе ги растерети инвертерите.
 
jovanovmk

hello world
24 ноември 2008
113
50
^^ Ова.

Таква комбинација од аспект на исплатливост има смисла во облик на топловодна парна инсталација.
  • фенкојлери се ретардирана опција, пошто работи исто како обични клими а е многи пати поскапо
  • радијатори се неисплатлива опција пошто водата мора многу повеќе да се загрева (на повисока температури)

Со топловодно парно водата се заграва на некои дваесет и ситно степени целзиусови - и тоа е доволно. Пошто целиот под е топлински изменувач. Со радијатори водата мора да се загрева на многу повеќе. Од примерот погоре во нов објект со добра изолација, Сале поминува со греење на водата до 45с. Другите што немаат добра изолација ќе мора да загреваат вода над 60с (или повеќе)... Ама тоа воопшто не е едноставно. Топлинската пумпа загрева само до некаде (освен ако не е предимензионирана), а потоа водата се дозагрева со класични електрични грејачи. Повеќето решенија се или такви со догревање со класични електрични грејачи или воопшто не успеваат да ја дозагреат водата доволно за да можат радијаторите да постигнат задоволувачка температура во собите.

Мое мислење: Ако може да се иде на ставање топловодна парна инсталација (нов објект, или стариот објект има доволно носивост), тогаш тоа е најдобрата опција. Другото е неисплатливо, во такви случаи подобро е да се стават обични клима уреди (неколку такви).
Што е тоа топловодно парно?
И како тоа водата од дваесет степени ќе грее просторија?

Sent from my SM-A528B using Tapatalk
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
Што е тоа топловодно парно?
И како тоа водата од дваесет степени ќе грее просторија?

Sent from my SM-A528B using Tapatalk

У принцип термините си ги измислува кој како сака. Работата е што нема да ја загрееш просторијата со +20, туку ке ја загрееш со + 30 степени....
Низ инсталацијата од подното греење се пушта вода со 30 степени загреаност која што го грее подот - најчесто треба да биде подот изработен од материјал кој што има способност да апсорбира, па потоа да емитира топлина, односно спроводници на температура. Најчесто тоа се подови кои што се изработени од мермер, гранитни или керамички плочки. Подното го грее подот, а тој одкако ќе се загрее ја оддава топлината на околината. По законите на физиката топлиот воздух оди нагоре, па следствено на тоа се грее и воздухот во просторијата. Кога на подот има инсталација за подно греење не е препорачливо да биде покриен со теписи заради ефикасност (тука доаѓаат и дел од муабетите што се прават погоре за ефикасност и бла бла бла бла бла, па кошулката треба да биде одвоена од бетонската плоча со изолација, страниците од кошулката исто така итн итн итн) ....
И има уште еден момент, а тоа е воспоставување на температурна рамнотежа за подеднаква затопленост кај подното греење. Не е баш се така едноставно. Со подно неможеш инстантно да се загрееш, за тоа е потребно време и тоа што претходно го реков - температурна стабилност на загреаниот под.
Јас лично не сакам мермерни и подови од плочки, сакам дрво.
Дрвото како материјал со низок коефициент на спроводливост, односно добар топлински изолатор не е добар под ако сакаме подно греење.

Секогаш во изведбите и размислувањата ќе наидете на различни размислувања, тврдења, поделени мислења, но најбитно од се е да знаете што од сето тоа вам ви треба и што да извлечете и да завршите работа се разбира.
Да бидете стоплени и задоволни. Секој пат има нешто што ќе заборавите или ке го измените. На крајот на краиштата за 5 години можеби ке измислат нешто што ќе не грее на скроз различен систем од сегашниот а ке неможе да се имплементира во постоечкиот.
:)
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.098
6.040
Би сакал само да напоменам дека има паркети кои се наменети за подно греење. А и на обичните ако се лепени со двокомпонентен се океј. Имено, ако е минимално загревањето на подот со вода со соодветна температура од околу 30-40ц нема да има никаков проблем околу употреба на подно со дрвен под. Лично би сакал да кажам дека чувството е дури и многу подобро кај дрвен под отколку кај плочки. Сосе тепих со се.

Плочките имаат многу голема топлинска спроводливост и кога стоиш на нив „ти се чини“ дека се многу потопли од што се. Исто и кога се ладни, ти се чини дека се поладни од што се. Замо затоа што побрзо спроведуваат топлина. И тоа мене не ми е убаво. Ако пуштам подно и се загрее се на 25 степени, цел под. И со инфрацрвен термометар измерам на плочките ќе е 25, и на паркетот ќе е 25. Но осетот на паркетот е многу поубав, и не те тера за брзо да се тргнеш. Исто и со тепихот. Си се осеќа преку тепихот без проблем.

Зошто е тоа така? Затоа што подот е огромен. Има кошулица па паркет/плочки. И тоа акумулира енормна количина на топлина, и ја распределува убаво плус. Просторот нема толку загуби колку што подното може да испорача, и си ги надоместува без проблем. (ако не е хотел промаја се разбира) Ако си испорачал 15KW во кошулицата, сакал-неќел тие 15KW ќе стигнат во просторот кога тогаш. А паркетот не е толку голем изолатор за тоа да го спречи.

Сакам само да кажам, да не се устручавате за ставање на само мермер или плочки или неставање на теписи. Побарајте си паркет за подно - ефектот е неномално добар. Само тоа сакам да кажам.
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
Зборувам за дрво дрво, не за хемија.
Дрво и паркет мислам на паркет со дебелина од 3 цм, колку што е и дебелина на дрвен паркет.
Паркетот наменет за подно греење е добиен по "вештачки" пат односно лепење на дрвени листови под одреден агол со специјални лепаци и дебелина не поголема од 12-13 мм. И секако без да се стави лак врз него, него повторно да е хемиски обработен со специјален лепак.
Зошто е ова така?
Заради тоа што природното дрво е топлински изолатор и тоа е тоа. За да се заштити мора да се стави завршен лак.
Е ова не може да оди со подно, заради тоа што дрвото работи на температурни промени, пука, се шири, се суши итн, а лакот за негова заштита пука и почнува да се лупи.
:)
Истото е и со ламинатот.
Оној ефтиниот не е наменет за подно греење. Повторно треба да се побара некој наменет за подно за да има ефикасност.
:)

Ајде доста теорија, дајте малку имплементација на решенија и подобрување на моменталните системи за греење...
 
jovanovmk

hello world
24 ноември 2008
113
50
Наместо плочки може и дрвен под таркет, кој не се лепи со лепак туку се монтара врз термопропусна подлога по систем перо/жлеб.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Што е тоа топловодно парно?
И како тоа водата од дваесет степени ќе грее просторија?

Sent from my SM-A528B using Tapatalk

1705095792501.jpeg

Подно греење, во кошулицата од подот има цевки низ кои поминува топла вода. Предност е што водата се грее на пониски температура, затоа што целиот под е топлотен изменувач.

На пример сакаш дома да биде 24с? Водата се загрева на 26-27с. За разлика, со радијатори зависно од изолацијата на објектот - водата мора да се загрева од 60 до 70 или повеќе степени целзиусови. Затоа што површината на радијаторите е помала од површината на подот, и водата мора да биде потопла за да загрее до бараната температура.

Да загреваш вода на 27с и да загреваш вода на 70+с, тоа се огромни разлики во потрошувачка на електрична енергија. Нормално димензионирани топлотни пумпи не ни можат да загреат вода на 70+ и се догрева со класични ел. грејачи, што греењето го прави неефикасно а сметките големи.

Кратката верзија: Топлотна пумпа што загрева вода најоптимално иде со подно греење.
Исклучоци се разбира има. Некој што има одлична изолација на објектот теоретски може и со сијалица да е грее. Најпосле со сегашните цени (посебно со Мидеата погоре) целата работа е многу полесна. Има избор.
Претходно со 6-7-8 илјади за 7-8 киловатни модели, нонсенс беше било што освен подно греење. Сега 2К за 5.5КW... Каква сакаш комбинација може да направиш и да не ти го утепа домашниот буџет.
Мислењето е автоматски споено:

Наместо плочки може и дрвен под таркет, кој не се лепи со лепак туку се монтара врз термопропусна подлога по систем перо/жлеб.
Тоа е како да си ставаш тегови од десетина кила во ранецот, пред да качуваш планина. Да се разбира дека и така можеш да се искачиш, но со која причина си ставаш хендикеп?

Естетика? Ок, секому неговото. Но тогаш ако ефикасност не ти е важна, зошто замарање со скапи решенија за греење како топлотни пумпи воздух-вода?
 
Последна промена:

mdeni

senior
24 септември 2012
6.098
6.040
Наместо плочки може и дрвен под таркет, кој не се лепи со лепак туку се монтара врз термопропусна подлога по систем перо/жлеб.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk
Веќе секаде така се прави, ретко кој става плочки во дневна/спална. И кај мене е така иако е правено одамна. Непоимливо е колку е поубаво чувството од плочки. А уште поефтино е и ламинат - ама тоа мене ми пречи што прави звук кога се гази.

Клучното е дека топлотна пумпа е најдобро да се користи со подно. Другото се веќе финеси.
 
Misko6000

user
5 април 2015
1.131
1.005
Ајде да се вклучам малку во дискусијава и разговоров. Многу теоретизирање, малку практични примери, предлози, бла бла бла.
Јас би споделил лично искуство.
Куќа на 2 спрата, релативно нова градба ~ 10тина години, пвц дограма, надоврешна изолација со стиропор, со вкупна површина од некој си 150-160 кв.
Околу 45 квадрата од куќата се посебно одделени, како засебен стан. Си има засебно греење на инвертор клима уред. Останатите 110 квадрати се со посебно греење, дел од приземје и останатото на спрат со засебно инсталирано парно греење со Фероли панелни радијатори
Случајно да не знаеш кој ги продава овие панелни радијатори?
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно