• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Tehnika.mk - нов огласник за технологија

Кое е вашето мислење за Техника.мк?

  • 1 - Вебсајтот има хендикеп и е осуден на пропаст

    Гласови: 3 5.6%
  • 2 - Добра идеја но не би го користел

    Гласови: 4 7.4%
  • 3 - Има некаков потенцијал и може да се доразвие

    Гласови: 28 51.9%
  • 4 - Многу добро функционира и работи, но фали...

    Гласови: 5 9.3%
  • 5 - Одлична идеја и реализација

    Гласови: 18 33.3%

  • Вкупно гласале
    54
  • Оваа анкета ќе се затвори: .
  • Ја почнал/а темата
  • #26
16 февруари 2021
14
30
Скопје
tehnika.mk
Пуштена е во употреба првична верзија на андроид апликација - Tehnika.mk - Apps on Google Play

+ сега сме на HTTP/2 протокол
+ мобилната апликација работи со dark mode доколку имате подесено на вашиот телефон
 

NecrotoX

Unstoppable
4 март 2013
3,763
3,956
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home x64
За сајтов дознав од реклама на time.mk, добра идеја, ќе огласам нешто деновиве.
 

goldline

Intern
17 јули 2011
6
1
level.mk
Според мене има потенцијал за огласник во Македонија и вака специјализиран но и општо, бидејќи оние најпопуларните почнаа да наплаќаат за огласување (или демек) верификација. Во тој смислол на долг рок ќе успее оној огласник кој овозможува навистина бесплатни огласи за обични корисници кои имаат потреба да огласуваат еднаш, два пати годишно или поретко.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #29
16 февруари 2021
14
30
Скопје
tehnika.mk
@goldline уште во самиот старт кога имавме идеја за сајтот не размислувавме за монетизирање од крајните корисници - особено не тие што ставиле или ќе стават неколку десетици огласи во годината.

we are free as in free beer :)
 

Necromancer

Unbeatable
24 февруари 2012
3,439
4,052
Скопје
Совет: понудете нешто што останатите огласници го немаат, на пример прецизно пребарување (search) по клучни зборови од содржините на огласите.
Не' бива тоа кај нас, поприлично неписмен народ сме. Дополнително придонесува и користење латинично писмо.

Некој напишал „продавам куќа“, друг „prodava kuka“, трет „prodava kuka“ ама третиов стварно кука, за кола, вториот куќа продава. И така фино лепо во search си ги бараш сите можни комбинации што на некој може да му текнат, башка (не)намерни грешки при куцање.

Ај побарај рам за лаптоп. Некој огласил SO-DIMM, друг, SODIMM, трет „рам за лаптоп“, четврт „ram laptop“, петти „ram lap top“ итн...
Многу ретко се користат и поткатегориите кои според мене на огласник мора да бидат задолжителни за да биде воопшто прифатен огласот. Но тука е веројатно и стравот на сопствениците на платформата дека ќе изгубат пазар заради мојата прва реченица во мислењево.
 

dddragan

Gaining Experience
12 август 2014
323
383
Нешто што приметив на прво отварање:

1617749310186.png

Непотребно се дава предност на "се продава" лабелата во однос на продуктот. За да видам за поточно што продукт е, 80% од времето треба да го отворам огласот само за да го дочитам насловот зошто 1/3 од него е "се продава", а битниот дел е скриен со "...". Башка што огромен дел од огласите ќе бидат продажба, некако default доаѓа тоа да го помисли корисник.

Не знам дали корисниците сами го пишуваат ова или вие го генерирате, ама мислам попрактично од корисничка гледна точка е избор на N типа огласи "продавам, заменувам, поклонувам, купувам итн." и некоја лабела кај сликата ко што е "премиум" што ќе го означува типот на огласот. Така корисник и сам да го пишува насловот, во моментот ако одбере тип на оглас може и ќе избегне да го допише тоа.

Можда ципидлачам, ама тоа вие ќе си одлучите. :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #33
16 февруари 2021
14
30
Скопје
tehnika.mk
@dddragan го мислевме тој проблем. едното решение е да направиме филтер (се продава, se prodava, prodavam и сл) и да не го прикажуваме воопшто. другото решение е да го зголемиме на 2 реда текстот од насловот, ама сепак, секако знаеш дека се продава, немора воопшто да се чита тоа. третото решение е - и мислам најефикасно е да се преработи work-flow от на додавање на огласи, каде што прво. се избира тип на трансакција (се продава, се купува, етц.) и наместо „Наслов“ да се додаде „Модел“ со тоа корисникот ќе знае дека треба да го пише само моделот... ципидлачење :)
Мислењето е автоматски споено:

@dddragan рачно преработив неколку наслови, многу пофино изгледа. ќе биде приоритет ова.
 

PrinsGraphic

Intern
16 септември 2015
13
1
Прилеп
Една забелешка од страна на Корисничко Искуство.

Кога ќе стегниме на види профил, за профилот фалат некои информаци. Знаеме дека сега се повеќе се фокусираме на купување/продавање на онлајн посебно со моменталната ситуација. Со тоа што повеќе се користи онлајн продажвата се зголемува и можноста за измата. Сите поголеми платформи да речам каде што се врши некои вид на плаќање фокусираат за тоа на корисниците да му покажат дека е сигурен сајтот. Со оваа цел моја препорака е да додате систем на доверливост.
Пример:
Огласувачот да достави некои документ од него каде во случај на измама може да се превземат некои кривчни постапки.
Да се додаде Star Rating, може како пример на UpWork верифициран огласувач.
Можете да додаете статистика за успешни продадени огласи.
Да додаете сегмент каде што корисниците можат да напишат фидбек од продавачот.
Друг пример каде што на Upwork работи парите се на средина додека не се заврши проектот.

Системот ви функционирал:
Купувачот плаќа на страната, средствата не се префрлени на продавачот тие се кај вас да речиме и се додека купувачот не достави доказ дека стигнал производот тие не одат на сметката од купувачот. Може подетално да го разгледате системот на Upwork


И многу други вакви работи каде што купувачот би имал еден вид на сигурност дека не е измамен.
23.png
 
  • Ја почнал/а темата
  • #35
16 февруари 2021
14
30
Скопје
tehnika.mk
@PrinsGraphic Ние воопшто не сме посредници за наплата, не сакаме, и нема да го правиме тоа. Наплатата и размената на предметите што се продаваат ги договараат купувачот и продавачот преку телефон или e-mail.

Во случај на измама, сервисот нема да одговара за корисникот кој направил некаква измама. Доколку некој сака да превземе кривична постапка против продавач, ние можеме само да ја споделиме e-mail и ip адресата со надлежните органи. Oсвен верификација со e-mail, facebook или google сметка, не смееме да бараме документ за идентификација (лична карта, пасош или сл.)

Star Rating - размислувано е за тоа, ама сите знаеме дека многу лесно е да биде фејк.
Comments - тоа е во план
 

Goran995

On your way to fame
16 ноември 2019
497
743
Скопје
Гуглајќи кој е газда на хостов, станува збор за Петар Петковски.

Истиот Петар Петковски што беше член на форумов (Whisky Vishera) и споделуваше снимки од дрон?

Да, тој со дроновите.

Petar Petkovski | Graphic Designer & Web Developer

Изгледаше на фин и интересен момак. Штета шо така без поздрав се збогувал од форумов.

Sent from my SM-G950F using Tapatalk
 
Последна промена:

Enquito

On your way to fame
8 август 2017
1,620
990
Не знам зошто се обидувате со веќе постоечки сервиси. Пробајте нешто ново, на пример за изнајмување на станови (цели или со соби/цимери) и купопродажба, дури не може целосно да измислувате топла вода, доста е да ископирате од Zillow, idealista и слични сервиси. Со локација на мапа, со посредништво со агенции за недвижности со се. Пример наоѓаш работа во Карпош 3 и си бараш стан таму на мапата да ти е блиску да одиш пеш на работа.
 

NikolaJa

Intern
27 април 2019
35
5
Вака одлично изгледа и чим е бесплатно огласувањето претставувате добра конкуренција за reklama5 :D. Иако ги немате останатите продукти. Имам забелешка само со покажување на бројот. Незнам зошто сте го направиле така, дали е од безбедност или пак нешто друго но сепак е јавен оглас и кој сака да стави оглас, се согласува да го стави својот телефонски број и не гледам причина зошто прво би се покажувал како 07x xxx xxx па кога ќе кликниш на него да ти се појави бројот.
 

XFXRX580

Intern
5 мај 2021
6
5
Ова беше една идеја на двајца другари која се претвори во некаков производ после 4 месеци работа и многу непреспиени ноќи. Мотивот беше да направиме квалитетно ќоше за луѓе што сакаат да огласуваат техника и електронски уреди на едно место. Фокусот ни е насочен кон чист, функционален и брз производ, како и континуирана поддршка и развој на сервисот. И така испадна Техника.мк

Се одлучивме за 6 главни категории каде што корисниците ќе можат да огласуваат предмети за продажба: компјутери и делови, аудио опрема, дигитални камери, мобилни уреди, тв и видео опрема, игри и конзоли. Имаме и една мини блог секција каде што планираме поретко да напишеме по некоја интересна статија.

Огласувањето е бесплатно и сеуште не сме размислувале на финансискиот аспект и монетизација на сајтот. Досега имаме нешто повеќе од 100 регистрирани корисници и помалку од 100 огласи (од 0 до 100 за 4 месеци) Последниот месец имавме 3.2к Users и 15k pageviews според Google Analytics, од кои повеќето се органски Google search eg. "keyword: tehnika mk". Сеуште не сме лансирале некои поголеми кампањи fb/adsense/etc. но размислуваме за тој правец понатаму откако ќе бидеме задоволни со финалниот производот и сите функционалности.

Во оваа фаза сакаме да добиеме конструктивни критики и и фидбек и дали мислите дека еден ваков сервис воопшто би имал некаква публика која ќе има корист од вакво нешто.

*Веб сајтот е базиран на osclass. Користиме php7.3, mysql, nginx на Ubuntu 18.04. Користиме GIT за контрола на верзија на код, trello за bugs/issues, Signal за комуникација.
Sajtot e dobar, megjutoa e ogranicen na it proizvodi. Nemozes da prodade Tv, tocak, ili na pr. kola.
Treba malku posirok dijapazon za da dozree...
Fala
 

Mao

Practice makes perfect
5 јуни 2007
1,258
1,058
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
Sajtot e dobar, megjutoa e ogranicen na it proizvodi. Nemozes da prodade Tv, tocak, ili na pr. kola.
Treba malku posirok dijapazon za da dozree...
Fala
Помала е шансата таков макро огласник да успее отколку огласник у микро ниш - за техника. За макро веќе ги имаме реклама5 и пазар3 на кои веќе никој неможе да им парира. За коли има vozi.com изгледа, а за техника неаме ништо. Кога ќе барам ТВ да купам се знае - одам на техника.мк а не на реклама5 да се губам во тон нерелевантни огласи. Така да идејата си е на место - според мене.
 

NecrotoX

Unstoppable
4 март 2013
3,763
3,956
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home x64

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,803
Мислења
850,741
Членови
29,490
Најнов член
cadi1
На врв Дно