Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

18 август 2019
1.223
1.195
Тешко дека системот ќе го препознава ова. За него возилото поминало на црвено и направило прекршок.
Ниту брза помош не смее да поминува на црвено.
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.100
2.342
Еве пак со тие исклучоци. Колку пати се случило ова? Ако ти стигне казна за ова ќе одиш и ќе објасниш и треба да ја тргнат казната. Инаку ко што знам ако е црвено не треба да се тргаш затоа што може да го загрозиш сообраќајот.
Таман 2 дена одмор од работа да се земат дур се заврши работа во МТВ.
Тешко дека системот ќе го препознава ова. За него возилото поминало на црвено и направило прекршок.
Ниту брза помош не смее да поминува на црвено.
Може да се реши како во нормални земји, да се искористи системот кој веќе го има на сите раскрсници. Возила со ротации имаат можност да ги активираат семафорите во насоката во која се движат.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Еве пак со тие исклучоци. Колку пати се случило ова? Ако ти стигне казна за ова ќе одиш и ќе објасниш и треба да ја тргнат казната. Инаку ко што знам ако е црвено не треба да се тргаш затоа што може да го загрозиш сообраќајот.
Погрешно разбираш.

Зборуваме за лесно предвидлива ситуација иако можеби тешко решлива со автоматизам. Во разбрана држава со одговорни служби едноставно ќе понудат вакви казни да се пријавуваат на тој и тој емаил со тие и тие податоци. Службеник добива маил, клика пар кликови, гледа видео и идентифицирани „прекршители“. Им го поништува прекршокот и системот автоматски праќа на оштетниот одговор со благодарност за гестот и извинување за лимитите на системот. Минута работа за службеникот, минута за казнетиот, никој не се лути (премногу).

Назад во Македонија.
Никој не се замара. Казнетиот јадник ќе треба да роди мечка трачајќи по шалтери со угоени рамковни ухлебеници, и после доволно време (да зажали зошто едноставно не ја платил казната) можеби ќе биде изземен од казнување за доброто дело.

TL : DR
Kритиката не е „аха еве зошто треба да се укине сејф сити“.
Критиката е за угоените ухлебени функционери во МВР, кои немаат спремни решенија за предвидливи ситуации што набргу уште во Фебруари ќе се случуваат.
Мислењето е автоматски споено:

И не, никој не кажува дека притоа треба како имбецил да убиеш некој на раскрсница но можеш и мораш малку да се поттргнеш преку пешачки премин да направиш место за возило на брза помош.
 
Последна промена:

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.535
3.137
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Таман 2 дена одмор од работа да се земат дур се заврши работа во МТВ.

Може да се реши како во нормални земји, да се искористи системот кој веќе го има на сите раскрсници. Возила со ротации имаат можност да ги активираат семафорите во насоката во која се движат.
Каде има такво нешто? Од ова што го читам, автоматски казни за вакви ситуации стигаат во Франција, УК, УСА итн.

Еве во западните земји не се уште решени. А ние имаме проблем со неказнивост не со казнување за "глупости".

Башка еве премиерот кажа не знам пред 5 дена имало 16.000 казни во еден ден. Ако од тие 16.000 казни, има една ваква бош казна (што може да се оспори да потсетам!) тогаш мислам дека е топ.
Ако има секојдневно вакви 100 ситуации (тешко веројатно) сигурно ќе измислат и некој систем за нив.
 
Последна промена:

DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.100
2.342
Каде има такво нешто? Од ова што го читам, автоматски казни за вакви ситуации стигаат во Франција, УК, УСА итн.
Во САД најмногу се користат вакви системи ама и таму не знам колку е распространети.

Во Скопје колку што знам голем дел од семафорите имаат радио контрола, но немаат уреди за контрола вградени специјалните возила.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.535
3.137
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Во САД најмногу се користат вакви системи ама и таму не знам колку е распространети.

Во Скопје колку што знам голем дел од семафорите имаат радио контрола, но немаат уреди за контрола вградени специјалните возила.
Ќе биде во иднина, тоа зборам.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.719
12.634
Skopje
www.wemaxa.com
Сега пошто е актуелно, ќе се рашири оваа вест, така да никој нема да мрдне од место / до и околу раскрсница од страв да не добие казна и забрана за возење по автоматизам. Тоа дали некој умира во брза помош нема да биде битно.

Второ, сообраќајќи на раскрсници знаеме какви се, тргни застани, семафорот затворил, другите тргнале, се направила каша попара, во тие 1-2 саати додека ова се случува едно 1000 казни по автоматизам, 1000 луѓе што ќе отворат судски спорови, весеље.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Еве во западните земји не се уште решени. А ние имаме проблем со неказнивост не со казнување за "глупости".

Башка еве премиерот кажа не знам пред 5 дена имало 16.000 казни во еден ден. Ако од тие 16.000 казни, има една ваква бош казна (што може да се оспори да потсетам!) тогаш мислам дека е топ.
Ако има секојдневно вакви 100 ситуации (тешко веројатно) сигурно ќе измислат и некој систем за нив.
Jaс скроз нешто друго ти кажував (пишував).
Мислењето е автоматски споено:

Остај статистики, зборуваме за однос кон работата.
Вакви работи небитно колку често ќе се дешаваат ама предвидливо ќе се дешаваат. И наместо за предвидливото да имаат предвидено едноставни и лесно применливи решенија, они ќе нѐ остават да губиме нерви и време (во обилни количини и двете).
 
Последна промена:
15 септември 2012
1.161
1.300
Burundi calling! Еве за сите ама особено за печалбарите, што секаде ги почитуваат правилата (и камерите) освен во Македонија, нели:

Погледнете го атачментот 158161
Статистиката за Црна Гора е направена врз основа на погрешни податоци.
Да, тоа се жртви во возила, ама смртта настанала од „lead poisoning“ на членови од овие двата клана, не од сообраќајни несреќи...
 
18 август 2019
1.223
1.195
Може да се реши како во нормални земји, да се искористи системот кој веќе го има на сите раскрсници. Возила со ротации имаат можност да ги активираат семафорите во насоката во која се движат.
Ако го решат тоа на таков начин, добро ќе биде. Но дотогаш (и после) поминување на црвено не смее да има, без разлика дали е од хумани причини. Не смееме да ризикуваме за еден живот на коцка да ставиме повеќе животи.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.057
7.729
За вашите морални дилеми има две опции:

Прво:
1. Свесно се тргнуваш од патот на Итна помош и не го загрозуваш животот.
2. Се жалиш на суд за казната и можеби (или не) плаќаш пари и ја губиш дозволата на некој месец.

Второ:
1. Свесно НЕ се тргаш и го загрозуваш животот на пациентот.

Човек од нормална земја со цивилизирано население би го одбрал првото… А убиец би го одбрал второто. Или нецивилизиран.

Или може да се вратите во планината каде што нема возила на Итна помош па ќе немате ни вакви дилеми. Може селанец да излезе од селото, ама селото не може од селанецот…
Мислењето е автоматски споено:

Статистиката за Црна Гора е направена врз основа на погрешни податоци.
Да, тоа се жртви во возила, ама смртта настанала од „lead poisoning“ на членови од овие двата клана, не од сообраќајни несреќи...
Сакаш да кажеш дека сме последни… Жално :(
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Ако го решат тоа на таков начин, добро ќе биде. Но дотогаш (и после) поминување на црвено не смее да има, без разлика дали е од хумани причини. Не смееме да ризикуваме за еден живот на коцка да ставиме повеќе животи.
Интересен етички проблем. Но не мора да го претставуваме како дихотомија.

Возило за брза помош може да помине раскрсница без да убива луѓе. Малку подизлегува на раскрсница и чека да види - ако нема сообраќај ќе помине. Ако има сообраќај ќе почека да застанат тие кои имаат право на премин (зелено) и кои не се од Бурунди (како што би кажал колегата Кирев). Ни тие од брза помош не се самоубијци (обично не се).

Ова и досега било така и отсега ќе биде, возила за брза помош секако ќе бидат изземани. Сејф Сити се однесува за сите нас другите и треба да има лесни начини да се реши ситуација кога некој добил казна пошто за да направи место 2 метри се поместил над пешачки премин (без да згази пешак, нормално).
На тоа се жалиме, пошто наместо уште сега да е решено ова ќе биде проблем. А ќе биде проблем заради неспособноста на надлежните.
 
Во реалност ситуациите не се така чисти, во гужви каде се чека по 25 минути на семафор (неколку пати да отвори-затвори) и каде возило за ПП е на опашката, нема ни лево ни десно, едноставно не е можно да помине без рокади и партизански маневри од страна на сите учесници. До сега имаше слух за ова, од сега секој ќе си го гледа џебот и нема да се смара - а членот што празно морализира и шири демагогија со физички пречки и останати небулозни барања едноставно не сака да калкулира пракса и прагматизам туку пензионерски вергла тоа па тоа како Тричковски на времето кога уште некој се смараше да го објавува.
 
18 август 2019
1.223
1.195
За вашите морални дилеми има две опции:

Прво:
1. Свесно се тргнуваш од патот на Итна помош и не го загрозуваш животот.
2. Се жалиш на суд за казната и можеби (или не) плаќаш пари и ја губиш дозволата на некој месец.

Второ:
1. Свесно НЕ се тргаш и го загрозуваш животот на пациентот.
Свесно се тргнуваш од патот ако има каде. Ама свесно да поминеш на црвено за да не го загрозуваш животот на пациентот не знам дали е хуманост или лудило.

Свесно ја загрозуваш безбедноста во сообраќајот. Односно свесно го загрозуваш својот живот и животите на други учесници во сообраќајот.
 
greenline

Баниран/a
19 мај 2012
354
161
Поз дечки, читам по темава еден куп нови постови, и ми се чини дека одредени лица овде или се имуни на законот па го бранат у целост или пак немаат возачка и не возеле никад у живот. Поштовање за другите.

@Ragnar
Колку години уназад имаме камери (истите се и сега) ? = 15 години.
Никој до сега не се исплашил дека може да биде виден/снимен додека прави некаков прекршок.
Значи, дали званично системот почнал да казнува или не почнал, пак се случува истото, иако у јавност е презентирано дека за 35% е намален бројот на сообраќајни прекршоци и сообраќајни незгоди. Можеби згрешил оној министерот, сакал да каже за 35% им се намалил рејтингот на владеачката.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.719
12.634
Skopje
www.wemaxa.com
У суштина, оние што лапаат бенефициран стаж во топла канцеларија и одат во пензија на 55 со пензии повисоки од доктори, треба да регулираат вакви ситуации со клик пошто имаат на увид што се случува. За нафатираните ефендии со 78% покачени плати од народни пари - кога треба да се отвори зелен бран да поминат со свитата од 5 возила небаре светска сила сме а они се многу битни, регулираат. За останати инстанци немам приметено (кога се случи Кочани можеби, ама тогаш регулираа на терен сообраќајци).
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.162
16.253
А што правиме сега кога сервисниве центри за возила, лимарофарбари, ќе ги качат цените на услугите или ќе отидат out of business?
Многу од нив опстојуваа благодарение на сообраќајките, и сега аш!
А у принцип можат да се преориентираат од лимарофарбари во адвокати, па да репрезентираат возачи по судови :( што би рекол Проф Димитрија Бојаџиев - реориентација согласно состојбите на пазарот
 
greenline

Баниран/a
19 мај 2012
354
161
Дечки, испаѓа дека системов нема да има ама баш никаква ефикасност во однос на сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди и прекршоци.
И денес снимаат камерите и вчера снимаа камерите и пред 15 години снимаа камерите, ама џандарското го знаете:
не се замарај, дојди од ко ќе се случи и напрај записник и пушти потпарол да дрнда на тв.
Значи за сите веќе настанати сообраќајки полиција ќе премота снимки и ќе види и утврди кој е виновен и како дошло до тоа. Ова се случува и пред стапување на законот на сила.

Очигледно е дека системски полесно е да се казнат возачите, а потешко е пешаците, велосипедистите, тротинетите и скутерите.
А и едните и другите знаат подеднакво да предизивкаат судар.

Тоа е едната нефер работа у СејфСити законот за казнување.

Друга нефер работа е прашањето дали ќе снима и казнува возила со помаранџести таблици?
Или пак постои некоја листа на исклучоци у системот за казнување?

У трета нефер работа ќе ги стаам сите ситуации од типот на стиснав малку појќе гас да фатам зелено на семафор, ама 20 евра казна за пречекор од 2 км/час.
Поминав на црвено у гужва на затворање на семафор (сите пред мене минаа исто). Сите ли ќе јадеме 500 евра казна? Зар у таа гужва ќе се снимат сите регистрации?

Четврта нефер работа е заштита на лични податоци на пр. некој џандар таму у станица вика: види го бе овој шо праи со колата, шибни му казна и пушти го видеото на интернет нека видат сите и регистрации и кола и име и презиме, а кога ќе апсат некој кримос замагли му ја фацата и пиши го со иницијали да не ни дојде некој негов да ни удри ќутек.

А за патиштата, т.е. дупките на истите да не праам муабет. Значи има улици у градов и у државава каде шо мора некад цик цак да возиш неколку метри избегнувајќи дупки и ризикувајќи да влезеш у спротивна лента и да добиеш казна (ако има камера баш таму).

У Автокоманда улицата има уште вдлабнатини од НАТО и КФОР оклопните возила кога минуваа во 1999, 2000, 2001.
Не е реконструирана.

Самиот збор "СејфСити"=Безбеден град е ироничен за овој наш град, оти јасно ни е дека никој не се грижи за безбедноста на градот, оти ако се грижеа ќе ги направеа и дупките и ред други работи (надземни и подземни премини, семафори со дугме за пешаци и точаци, тротинети) и слично.

Така да целта на СејфСити е да полни дупки у буџетот (да полни нечии џебови) наместо да полни дупки по улиците и да го направи градов вистински Безбеден.

А ако веќе треба да земеме пример од некого, еве ќе земеме пример од екс премиерот на државава и некои други лица (веројатно си зеле пример од него) и кидни си бе брат, па нека застари делото и врати си се.
Мислењето е автоматски споено:

@Aowek и @Скоти шо ви е смешно, бе? Дај кажете и ја да си се насмеам сам на себе.

Смешно ви е шо екс премиерот и братучед му не опљачкаа и едниот кидна? Па почнаа сите да бегаат од затвори и од државава кога ќе напраат сообраќајка? Или ви е смешно шо иаме пониска мин плата од Косово, а казни и цени како у Германија?

Или ви се плаче, ама демек се смеете на сила?

Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
А што правиме сега кога сервисниве центри за возила, лимарофарбари, ќе ги качат цените на услугите или ќе отидат out of business?
Многу од нив опстојуваа благодарение на сообраќајките, и сега аш!
А у принцип можат да се преориентираат од лимарофарбари во адвокати, па да репрезентираат возачи по судови :( што би рекол Проф Димитрија Бојаџиев - реориентација согласно состојбите на пазарот

dejanm

hello world
15 јануари 2014
121
61
Другари, пред 3 недели бев да променам точни податоци на шалтерот на МВР бидејќи не ми стигаа казни, секако утнат бил бројот и мејлот. По направената промена повторно не ми стигаа известувања, па бев по втор пат увидоа дека исправни се податоците, но еве пак не ми стига ништо.
Дали има некој вакво искуство?

Проблемот е што и да добијам казна може со дебела камата и извршители да завршам поради неспособност на системот....
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.535
3.137
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Другари, пред 3 недели бев да променам точни податоци на шалтерот на МВР бидејќи не ми стигаа казни, секако утнат бил бројот и мејлот. По направената промена повторно не ми стигаа известувања, па бев по втор пат увидоа дека исправни се податоците, но еве пак не ми стига ништо.
Дали има некој вакво искуство?

Проблемот е што и да добијам казна може со дебела камата и извршители да завршам поради неспособност на системот....
Дали имаш имејл порака од МВР кога си ја регистрирал колата?
 
dejanm

hello world
15 јануари 2014
121
61
Да. Тогаш добив мејл со погрешен број, а кога бев да го променам тој податок испадна дека и друга мејл адреса била во сејфсити, па ги променив двата податоци. И во послените два наврати добив мејл со потврда за исправност...
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.535
3.137
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
View: https://www.facebook.com/damedimitrovskii/posts/122120864715037929?ref=embed_post

Мислењето е автоматски споено:

Со Атина во исто време почнуваме со камерите. Интересно, еве што вика натписот во врска со издавањето на казни општо и во случаи кога има нешто како брза помош или заглавен некој на раскрсница.

"Addressing concerns about artificial intelligence, the minister underlined that fines are issued by human officers, not automated systems. This allows for contextual judgement in cases such as emergency vehicles or congestion that leaves a car stranded at an intersection."

Па дури и за зелен бран дискутирале. По ова испаѓа дека ние сме пред Грција со овие работи :cool:
 
Последна промена:

Скоти

user
15 октомври 2013
1.275
2.348
За тие со автомобили на лизинг. МВР тек вчера и сабајлево им ги побарале податоците за правни лица со автомобили купени на лизинг од банките.
Доколку повторно стигнуваат кај нив казните, ќе ги препраќаат на мејлот ваш.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно