Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Пакетомати (KargoExpress, MyBox) - Генерална дискусија и искуства

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.539
2.990
Пак ќе кажам, зависи како е имплементирано ова. Пратките се или не се осигурани од кражба? Можеби ќе те рефундираат во таков случај...иако од мое (ограничено) искуство со вакви автомати, кражби не се чест проблем.
Наводно, биле осигурани (конкретно од што, не е прецизирано).
Така прочитав на линков: „My Box“ нова услуга за достава на онлајн пратките, без курирски служби
Наводно, цитирам:
Од „My Box“ велат дека пакетоматите се безбедни и дека пратките се осигурени.
 

rotkiv

hello world
5 јуни 2016
112
137
Куманово
Не разбрав како функционира ова, нормално нели постои лимит колку пратки можат да бидат складирани во MyBox. Дали ако одберам опција да го подигнам пакетот од MyBox има шанси да чекам повеќе време се додека не дојде мојот ред на подигање?
 

rotkiv

hello world
5 јуни 2016
112
137
Куманово
Јас избројав 23, не е битно. Муабетот ми е дали вака би се убрзала процедурата на превземање на пратки. Цело време во глава ми е дека ќе треба многу вакви пакетомати за да постигнат со работа, особено моментално со пратките од Тему
 

kloki

hello world
24 јули 2015
331
74
Одредени станбени објекти имаат поштенски сандачиња иако по габарит не се баш прилагодливи за вакви пратки.Што правиме со нив ќе ја загубат нивната функционалност? Подобро е да ја остави над нив,во нив доколку дозволуваат димензиите.Ако веќе постават такви машини треба ли да се наплати услугата за нив при подигање или ќе остане безпари?
 

Majestic

hello world
25 јули 2008
199
196
Битола
Одредени станбени објекти имаат поштенски сандачиња иако по габарит не се баш прилагодливи за вакви пратки.Што правиме со нив ќе ја загубат нивната функционалност? Подобро е да ја остави над нив,во нив доколку дозволуваат димензиите.Ако веќе постават такви машини треба ли да се наплати услугата за нив при подигање или ќе остане безпари?
Услугата ќе биди наплатена во исто време кога се наплатува нарачката, како би било можно на тебе да остане само да си ја подигниш. Вака функционира BoxNow.

Затоа во целиот овој процес е важна интеграцијата на ваквите пакетомати со различни продажни партнери.
Како ќе биде изведено ова во склоп на веќе постоечка пошта, ќе видиме.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.081
7.769
Јас само не видов како функционира конкретно.
Пример, моментално сум во Италија, и тука кога нарачувам од амазон да речеме, при испораката ти вика дали сакаш на адреса или сакаш да ти ја остават во сандаче (пакетомат) и ти нуди во градот на која локација има и си бираш кое ти одговара.

Вака, пример праќам преку Каргоекспрес, му кажувам на тој на шалтер доставете го во Струмица во тоа и тоа сандаче, па ќе си го подигне купувачот. Ај ова го разбирам, не е спорно.

Но дали овие услуги се достапни преку онлајн продавниците кај нас? Пример Анхоч, Ананас и слично, да ми достават во сандаче што е блиску до мене.

Иначе супер работа е, не морам да одам во пошта која воведе работно време од 9-16 во аеродром и оди начекај ги.
Баш така. Во Салерно во Еуроспин имаше пакетомат, директно нарачав таму и си подигнував роба од амазон.ит во 2019г. Мора соработка со веб дуќанот. Без соработка само пост рестант во локалната поштата. Ако не ги подигнеш за три дена, ги добиваш парите назад. А, пред некоја година емаг.бг во Чепеларе доцнеше со испорака па ми ги вратија парите пошто се вративме дома
 
15 септември 2012
1.164
1.300
Разликата ја гледам во тоа што ќе имаш временска флексибилност, односно сам да одбериш во кој дел од денот ќе појдиш до пакетоматот.
Сигурно нема да биди: „слези, пред зграда сум“.
Но, останува да видиме како ќе функционира во пракса:
  • начин на известување (смс, e-mail,....)
  • начин на отклучување на сандаче (плус алтернатива ако примарен начин не функционира)
  • рок за подигање на пратката (ден, два, три...?)
-.....
Овој од карго експрес го покрил источниот дел на скопје, оти во другите делови обезбедил рачно доставување...
Мислењето е автоматски споено:

Значи сопственикот на My box е всушност сопственикот на Жито маркети
Реченицата ја има смислата и без употребата на зборовите „значи“ и „всушност“.
Да не лапрдам без веза, ама го знаеш значењето и употребата на овие зборови?
Прашањето е упатено до сите, оти приметувам дека ниту објаснуваат, ниту констатираат, ниту некому му значат, а „значи“ го употребуваат многу често.
Исто и за зборот „всушност“, ниту суштина, ниту ништо...
 
Последна промена:

Optipro

lurker
5 мај 2021
618
465
А како ке функционираат!? Во секој од тие простори ке има по една пратка? Или повеќе пратки, па кога ке се отвори, ке треба да си ја бараш твојата?
 

goramn

hello world
6 март 2021
157
316
Кочани
А како ке функционираат!? Во секој од тие простори ке има по една пратка? Или повеќе пратки, па кога ке се отвори, ке треба да си ја бараш твојата?
Секое сандаче има по еден пакет, у едно од нивното е твоето, не знаеш кое. Кога си пред пакетоматот, отвараш линк од смс или преку нивната апликација и се врзуваш со пакетоматот преку блутут. Кога врската ќе е успешна, , автоматски се отвара вратата од твоето сандаче со твојот пакет. Го земаш, затвараш врата за да го ослободеш и си продолжуваш со животот.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.586
8.234
Мелмак
Да надополнам дека пишува до 72 часа ти е пратката во сандаче (3 дена). Ако не си ја подигнеш за 3 дена ја враќаат во магацин или на испраќачот така нешто (вака работи у Грција имам читано).

Е сега во кои ситуации ќе иде во сандаче? Ако така избереш ти или испраќачот го штиклира тоа без да те праша, или ако има место во сандачињата по default ќе иде таму?

Ако е преголема за да ја собере во сандаче сигурно ќе си седи во магацин. Ако е преголема вредност може исто така да изберат доставувачите да ја достават лично наместо во сандаче итн.
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.395
5.546
Да надополнам дека пишува до 72 часа ти е пратката во сандаче (3 дена). Ако не си ја подигнеш за 3 дена ја враќаат во магацин или на испраќачот така нешто (вака работи у Грција имам читано).

Е сега во кои ситуации ќе иде во сандаче? Ако така избереш ти или испраќачот го штиклира тоа без да те праша, или ако има место во сандачињата по default ќе иде таму?

Ако е преголема за да ја собере во сандаче сигурно ќе си седи во магацин. Ако е преголема вредност може исто така да изберат доставувачите да ја достават лично наместо во сандаче итн.
Овие се современа верзија на поштенски фах. Поштенските компании ги поставуваат за своите пратки. Нема универзални правила што важат за сите, секоја пошта си ги одредува сама согласно својата деловна политика, но горе-долу се тука некаде.

Пратката мора да се достави на адресата наведена на неа. За да се пренасочи на пакетомат, треба дозвола од примателот. Обично известуваат за примена пратка по смс/вибер и нудат опција за преземање од пакетомат. Ако примателот се согласи, ќе добие порака кога пратката ќе биде доставена во одбраниот пакетомат со упатство и краен рок за преземање. Ако не се согласи, испораката ќе биде како и досега.
Поголемите оператори имаат и апликации преку кои се менаџира доставата, а имаат и опција за испраќање.

Пратки што не ги собира во сандачињата или заради друга причина се несоодветни за оставање, нема ни да бидат понудени за достава на пакетомат. Обично пратките може да се адресираат директно на пакетомат само во рамките на истиот поштенски оператор, со што се исклучуваат пратки испратени од странство. Евентуално ако имаат директен договор некои фирми или пошти за одредени пратки.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.081
7.769
Обично има и поголем долап како повеќе обични. Ова за големи пратки.
 

filipvselena

poweruser
7 април 2007
2.934
193
Дали Mybox функционира? Секаде поставија пакетомати ама од тогаш штама
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно