Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Негативно искуство со Нексио

9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
Само ќарот во свој џеб, зијанот на муштериите? Пиши која фирма ја имаш, да знам моја нога таму да не припари.
Муштеријата не е зијан, вратен му е целиот износ што го платил и бесплатно користел диск 2 години.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.690
12.514
Skopje
www.wemaxa.com

Еве што точно значи она што го гледаш на страницата на Neksio со код 15917:
Назив на производот:
HDD 3,5" 6TB WD PURPLE IntelliPower 256MB 24x7 SATAIII WD64PURZ/2 — 9.680 ден.

Што значи ова:​

1. Основниот модел е WD Purple 6TB
Тоа е Western Digital Purple диск за видеонадзор со капацитет 6 TB. Овие дискови се специјално дизајнирани за работа со системи за видео опрема, DVR/NVR, 24/7 постојано снимање и висок workload, и поддржуваат многу камери (до 64) без губење на фрејмовите.

2. WD64PURZ/2 не е официјален WD модел што ќе го најдеш кај WD
Western Digital во своите спецификации за Purple дискови за 6 TB најчесто користи WD60PURZ или слични SKU кодови.
Нема официјален WD модел со назив „/2“ на крај — тоа е добавувачка/продавачка ознака што ја користи Neksio (или нивниот дистрибутер) за своите залихи.
Тоа значи:
  • WD60PURZ е официјалниот модел кај WD
  • WD64PURZ/2 што го гледаш е ист диск, само со дополнителна локална/складисна ознака што ја додава продавницата
  • Суштински, спецификациите на дискoт се исти: 6 TB, SATA интерфејс, 256 MB кеш, дизајниран за 24×7 surveillance, AllFrame технологија, ~175 MB/s трансфер итн.
3. Зошто Neksio има овие ознаки?
Продавачките-платформи често додаваат свои крајни ознаки како:
  • логистика/број на серија
  • разликување на уреди што пристигнале во различни серии
  • сопствени ознаки за инвентар
Тоа не значи поинакви перформанси или спецификации од WD Purple дискот што WD го нуди глобално.
4. Дискот што го гледаш е стандард WD Purple 6TB за видеонадзор кој:
✔ е наменет за 24/7 работа
✔ има AllFrame технологија за помалку изгубени фрејмови при снимање
✔ обично има 64 MB или 256 MB кеш според пакувањето што го продавачот го наведува
✔ е со SATA III и ~175 MB/s пренос на податоци
5. Дали е добра опција?
Да — WD Purple е специјална серија за видеонадзор, подобра од обични десктоп дискови ако ќе снимаш од многу камери или ако бараш работа на долг рок под непрекинато оптоварување.
Ако сакаш, можам да ти споредам** WD Purple со други 6 TB HDD опции (пример: Red, SkyHawk)** што ќе ти помогне да одлучиш што е најдобро за твојот конкретен систем.

Од страна на Нексио, одбиено е да биде заменет расипан диск со напомена дека сега не постои тој модел и новиот модел е /2, вратени се парите на потрошувачот но не му е даден заменски диск.

Ова што го опишуваш не е технички оправдано, туку е трговска одлука на Нексio, и добро е да се раздвои што е факт, а што е изговор.

1. Аргументот „не постои истиот модел, сега е /2“ не држи​

Како што веќе расчистивме:
  • /2 не е нов WD модел
  • тоа е внатрешна ознака на продавачот или дистрибутерот
  • основниот производ е истиот WD Purple 6TB диск
Од аспект на производителот:
  • WD не го има укинато производот
  • не постои „генерациска промена“ што би оправдала „нема замена“
  • станува збор за функционално идентичен производ
Значи, технички и логички, WD64PURZ и WD64PURZ/2 се ист производ.

2. Што реално направил Нексio​

Нексio:
  • одбил замена
  • се повикал на „непостоење на истиот модел“
  • вратил пари наместо да даде еквивалент
Ова значи:
  • тие немале залиха
  • или не сакале да дадат замена по стара цена
  • или им било полесно да затворат случај со рефундација
Тоа е нивно право како продавач, но не значи дека аргументот им е точен.

3. Дали имале обврска да дадат заменски диск​

Од практичен аспект:
  • ако во моментот немаат идентичен производ на залиха, имаат право да понудат:
    • замена со еквивалент
    • или рефундација
Но проблемот е во формулацијата:
„не постои тој модел, новиот е /2“
Ова е погрешно објаснување. Точната формулација би била:
„немаме залиха за замена, затоа враќаме пари“
Тоа е чесно. Сè друго е заматување.

4. Дали потрошувачот е оштетен​

Формално:
  • ако се вратени целосно парите, правно тешко е да се тврди оштета
Практично:
  • да, потрошувачот е оштетен во смисла на:
    • изгубено време
    • прекин на систем (особено ако е видеонадзор)
    • потреба повторно да купува диск, веројатно по повисока цена
Но тоа е реалност на локалната ИТ малопродажба, не правен прекршок.

5. Клучен заклучок​

  • /2 не е нов WD модел
  • аргументот на Нексio е технички неточен
  • реалната причина е логистика или цена
  • враќањето пари е „clean exit“ за нив
  • но објаснувањето е маркетиншко-административен спин




Така говореше Џипити.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.763
10.096
Муштеријата не е зијан, вратен му е целиот износ што го платил и бесплатно користел диск 2 години.
Зашто уште си на темава? Да знаеш, додека си ти тука, ќе бидам и јас тука за тебе.
Бидејќи сакаш да одиме во други насоки, мене воопшто не ми е проблем да те деконструирам на сите аспекти поврзани со темата, бидејќи навистина е страшно колку си out of touch.

За конкретниов случај, ваков стануваш

Pepe_Silvia.jpg


Ајде сега малку пластично:
  • Кога купувач се одлучува да купи производ/услуга, тогаш тој проценил дека монетарната вредност која ќе ја даде е еквивалент на корисноста која ја добива од дадениот производ/услуга
  • Бидејќи веќе заменувам пари за производ/услуга, мене приоритет не ми се парите бидејќи сум одлучил да ги дадам, туку производот/услугата која треба да ја добијат со дадените пари
Ова значи дека при купување на производ/услуга, целта на клиентот не е да си ги врати парите што ги дал (кај персонална употреба), туку да ја добие корисноста на производот.
Токму заради тоа, дури и на најосновно ниво твојот аргумент не држи никаква смисла.


СЛУЧАЈОТ СО НЕКСИО и WD 6TB


Кога веќе ни е разјаснета основата, сега можеме да видиме што се случува со конкретниот случај:
  • @AleksandarT плаќа сума од 150еур за диск WD 6TB од кој има корист
  • Кога ги добива парите назад, за да ја добие истата корист која веќе ја имал/платил, сега треба да доплати 50 еур повеќе. Да повторам, за да продолжи да има идентично ниво на производ/услуга, сега треба да ДОПЛАТИ.
  • На ова може да додадеме прекин на корисноста која ја имал од прозиводот, како и целиот процес за истражување и набавување на друг таков производ - ресурси во време, пат и пари.

Значи ако на 31.12.2025 Александар имал диск и си го користел, по постапките на Нексио, на 01.01.2026 Александар мора да плати 50еур плус за да ја добие истата корисност.

Фрапантно е кога луѓе од индустријата фундаментално не ги разбираат потрошувачите.

Те молам продолжи да пишуваш на темава, добиваме доста „инсајдерски“ информации иако ни сам не си свесен. :)
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
@Вајкинг @TylerMkD не претерувајте другари. држете ја дискусијата во рамките на цивилно прифатливо. Повторувате исти работи и веќе е непријатно за читање. Немојте да се искарате безвезе утре ќе треба пак да дискутираме за нешто друго
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.763
10.096
@Вајкинг @TylerMkD не претерувајте другари. држете ја дискусијата во рамките на цивилно прифатливо. Повторувате исти работи и веќе е непријатно за читање. Немојте да се искарате безвезе утре ќе треба пак да дискутираме за нешто друго
Јас не гледам проблем во мојот пост и дискусијата оди напред, ова досега не беше дискутирано. Ако гледате проблем, бришете слободно.
Гледам си го лајкнал ChatGPT постот, а мојов смета - не ме сфаќај лично ама малце смешно ми е :)

П.с. На страните наназад има навреди низ членови, не знам зашто ова е фокус сега.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Јас не гледам проблем во мојот пост и дискусијата оди напред, ова досега не беше дискутирано. Ако гледате проблем, бришете слободно.
Гледам си го лајкнал ChatGPT постот, а мојов смета - не ме сфаќај лично ама малце смешно ми е :)

П.с. На страните наназад има навреди низ членови, не знам зашто ова е фокус сега.
Нема проблем во твојот пост, ниту смета, само превентивно спомнав затоа што не е фино од страна да гледаш како другарите ти се на пат да се скараат.
На крај на денот, не мора секој со секого да се сложи. Во случајов нема да има јасен заклучок, но потребно е да останат сите постови, за да може сам да донесе заклучок следниот што ќе чита.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Те молам ако не те мрзи да го објасниш ова со „бесплатно“.

btw
Извини што му го рониме бисерот на Нексио.
Муабетот му е си платил 9000 за диск (или колку и да беше), си го користел 2 години, си го вратил и си добил 9000 денари назад. 2 години си го користел дискот бесплатно.
Но другарот не разбира дека интересот тебе не ти е да добиеш пари назад туку диск. Ти во минатото си одлучил да размениш 9000 за 1 диск, значи ти треба диск а не 9000. При тоа не сфаќајќи дека не си во ќар што си „користел диск бесплатно 2 години“ туку си зијан дека немаш видео надзор и дека со тие пари денес не можеш да купиш таков диск.

Тоа е класичен случај на манипулирање на информации во одредена насока која нема врска со реалноста... барем со онаа реалност која купувачот ја искусува. Тоа ти е како да речеш: Зошто и ѕиркаш на девојката под сукната? Епа сама си го бараше.
 
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
Јас не гледам проблем во мојот пост и дискусијата оди напред, ова досега не беше дискутирано. Ако гледате проблем, бришете слободно.
Гледам си го лајкнал ChatGPT постот, а мојов смета - не ме сфаќај лично ама малце смешно ми е :)

П.с. На страните наназад има навреди низ членови, не знам зашто ова е фокус сега.
@Вајкинг @TylerMkD не претерувајте другари. држете ја дискусијата во рамките на цивилно прифатливо. Повторувате исти работи и веќе е непријатно за читање. Немојте да се искарате безвезе утре ќе треба пак да дискутираме за нешто друго

Те молам по едно лајкче за постовите на @TylerMkD , се чувствува запоставено, зарем вештачка интелегенција со еден генеричен текст може да е подобра од природната на тајлер ??

  1. @AleksandarT плаќа сума од 150еур за диск WD 6TB од кој има корист
  2. Кога ги добива парите назад, за да ја добие истата корист која веќе ја имал/платил, сега треба да доплати 50 еур повеќе. Да повторам, за да продолжи да има идентично ниво на производ/услуга, сега треба да ДОПЛАТИ.
  3. На ова може да додадеме прекин на корисноста која ја имал од прозиводот, како и целиот процес за истражување и набавување на друг таков производ - ресурси во време, пат и пари.

1. Да, платил сума од 150 еур за диск WD 6TB пред 2 години, кој активно го користел.
2. Нексио не се виновни што сега дисковите сега чинат 50 евра повеќе.
3. Виновникот за прекинот на корисноста е WD што произвеле неквалитетен диск, а земајќи во предвид искуството што го имаат со производство на хард дискови тоа е жива трагедија, а ти тврдиш дека јас на форумов со 100 активни членови им ја нарушувам светската репутација :ROFLMAO:. Обрати им се директно и извести ги за моето однесување.

Фрапантно е кога луѓе од индустријата фундаментално не ги разбираат потрошувачите.

Те молам продолжи да пишуваш на темава, добиваме доста „инсајдерски“ информации иако ни сам не си свесен.

Ми се допаѓа изборот на зборови, од авион се гледа колку очајно се трудиш да направиш што поголема драма, веројатно тоа води кон лајкови, иако од X причини не успеа кај @Astro.

Мојата цел беше да ви дадам insight за дел од предизвиците и проблемите со кои се соочуваат продавниците за ИТ опрема во Македонија (на пример дека многу уреди немаат RMA, флуктуацијата на набавните цени, обиди за злоупотреба од страна на купувачите, дека нема совршено решение за секогаш двете страни 100% да бидат среќни и задоволни), за да не бидете толку кусогледи, наивни и себични ама тоа што ти ги отфрлаш информациите како "невистинити", "небитни", “во странство е така и тука мора да е така“, „така пишува на нивниот сајт, „мене не ме интересира тоа е нивен проблем не е мој“) само кажува за тоа каков хипокрит си ти.
Значи, ќе ја разберев целата драма доколку Нексио:
му одбиле гаранција на малициозен начин, му вратиле помала сума од онаа што ја платил, му увалиле замена со инфериорен диск
Тогаш и од мене ќе беа етикетирани како преваранти, И за @AleksandarT имам разбирање дека за него ова е непријатно искуство, ама никогаш нема да те разберам тебе, што без апсолутно никаков увид во индустријата (не само кај нас, туку низ цел свет) делиш правда и кажуваш што како треба да биде. За почеток, прогуглај за практиките на WD со customer service и ќе ти стане јасно дека Нексио се светци во споредба со нив.
 
Последна промена:

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.622
3.169
Добро, ќе каже ли некој конечно во/од која фирма е викингов? Нексио? Бетер од нив секако, ама да знам кои фирми да ги ставам на црна листа.
Џофри од лотр е помалку антипатичен лик.
 
9 јуни 2015
1.388
2.199
Скопје
Добро, ќе каже ли некој конечно во/од која фирма е викингов? Нексио? Бетер од нив секако, ама да знам кои фирми да ги ставам на црна листа.
Џофри од лотр е помалку антипатичен лик.
Стави ги сите фирми во МК на црна листа и купувај во Косово.
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.763
10.096
И за @AleksandarT имам разбирање дека за него ова е непријатно искуство,
Како сега непријатно искуство кога нели он си добил бесплатно користење на диск на 2 години? Па треба да е среќен тогаш според твојата логика? :)

Btw линкот што ми го праќаш е од Google и првите резултати се форумски дискусии против WD. Од друга страна тврдиш дека форумите нема да наштетат на Нексио.
П.с. На линковите не видов нешто за техничка поддршка конкретно, не знам што ми линкаш?

Од тука се поставува прашањето - Ако навистина WD се преварантска фирма и не уважуваат RMA, тогаш зашто Нексио, Анхоч и сите останати не прекинат да ги носат? Која е таа бизнис одлука јас да продавам дискови без никакво покритие, каде што ќе треба фирмата да ја покрие загубата?
Ако Нексио направиле лоша бизнис одлука и соработуваат со бренд кој не нуди RMA, тогаш не е на товар на корисникот да ги сноси овие лоши одлуки.
 

architect

poweruser
27 ноември 2008
2.724
4.295
Скопје
architect's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 9800X3D / NZXT Kraken Elite 280 RGB (White)
Motherboard
Gigabyte X870E AORUS Elite WiFi 7 1.2 (White)
Storage
SSD 2 x Samsung M.2 990 PRO 1TB
PSU
Gigabyte PSU AORUS Elite P850W PG5 ATX 3.1 850W 80+ Platinum
RAM
Kingston 32GB 5600MHz DDR5 CL40 DIMM
Video card
Gigabyte nVidia GeForce RTX 5070 EAGLE 12GB 192BIT (White)
Case
NZXT H7 Flow RGB (2024) Case (White)
Mouse
Logitech G Pro X Superlight 2 (White) / Logitech G502 RGB / Deskpad World of Warcraft Shadowlands
Keyboard
EPOMAKER x AULA F75 / ROG STRIX SCOPE NX TKL Moonlight white
Audio
Logitech Z625 2.1 THX Speaker / Logitech G335 (White)
Monitor
LG 27GL850-B
OS
Windows 11 x64
Добро, ќе каже ли некој конечно во/од која фирма е викингов? Нексио? Бетер од нив секако, ама да знам кои фирми да ги ставам на црна листа.
Џофри од лотр е помалку антипатичен лик.
Адвокат е на Анхоч, а за друго не знам :D
 
18 август 2019
1.210
1.172
Имаше еден лик на жолтиот форум во темата религија. Кога барав да ми одговори за контрадикторностите во Библијата, неговиот одговор беше: „Веќе ти е одговорено“. Постојано така.

И овде истата приказна. Постојано се вергла: „Две години бесплатно користел диск“. Ама гаранцијата е три години, не само две.

Корисникот требало да си бара замена, бидејќи прифатил враќање на средствата, приказната е завршена.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.690
12.514
Skopje
www.wemaxa.com
Имаше еден лик на жолтиот форум во темата религија. Кога барав да ми одговори за контрадикторностите во Библијата, неговиот одговор беше: „Веќе ти е одговорено“. Постојано така.

И овде истата приказна. Постојано се вергла: „Две години бесплатно користел диск“. Ама гаранцијата е три години, не само две.

Корисникот требало да си бара замена, бидејќи прифатил враќање на средствата, приказната е завршена.

Три работи се сигурни,
1. Фирмите кај нас ги заболе за крајниот потрошувач и имуни се на импактот од негативен публицитет (Правев петиција за Телеком нели, не бе, кој те/ве е*е вас на некакви си форуми, ние имаме 100,000 други будали).
2. Доколку навистина овој потег на Нексио е за тие мизерни 50Е, браво, темава ќе им се рефлектира негативно најмалце х100
3. Ваков кр ме боли став на фирмите потоа се рефлектира и во кр ме боли став кај потрошувачите, затоа е прилично лесно да се пенетрира овој пазар, не постои лојалност, се е сведено на чист опортунизам
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.763
10.096
3. Ваков кр ме боли став на фирмите потоа се рефлектира и во кр ме боли став кај потрошувачите, затоа е прилично лесно да се пенетрира овој пазар, не постои лојалност, се е сведено на чист опортунизам
Ако добро се сеќавам, некои од ликовите тука кога пенетрираше Жирафа50 викаа „Да бе, цените се топ, ама иди пробај активирај гаранција“. :D
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Имаше еден лик на жолтиот форум во темата религија. Кога барав да ми одговори за контрадикторностите во Библијата, неговиот одговор беше: „Веќе ти е одговорено“. Постојано така.
Ах, тоа религиозните биготи кои мислат дека се на мисија да наметнат глупост на цел свет, халуцинираат дека се на некоја света мисија, немаш шанси да излезеш на крај со нив. Тие се за во Демир Хисар а не за на форум, кој и да е.,
 
28 јануари 2017
2.050
4.706
Ресен
Ах, тоа религиозните биготи кои мислат дека се на мисија да наметнат глупост на цел свет, халуцинираат дека се на некоја света мисија, немаш шанси да излезеш на крај со нив. Тие се за во Демир Хисар а не за на форум, кој и да е.,
Само тазе невервник се замара со такви, сите го имаме поминато тоа.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.622
3.169
Не чепкајте религија, ќе ве сечам сите :)

сепак името е судбина
NЕ Х IO

три пати те одбива
1. NЕ

2. X

3. I (вклучено, па следи исклучено) O


Со ова да ја исклучиме темава, нексио се покакаа на себе, а вајкинг тоа успеа вешто да го размачка и да го цементира.
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.519
1.027
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Дојде Шумарот и ги избрка Германците и Партизаните!!!

1. Вратено целокупна сума на пари
2. Задржано право на купување од каде сака
3. Задржано право на мислење на сите што учествуваа во дискусијата, до таа мера што никој не го промени ставот
4. Заклучок можат да донесат само оние кои учествуваа во дискусијата, и некој нелогичен ако има доволно време за губење да препрочита цела тема
5. Кога ќе стане пазарот монопол или дуопол тогаш купувачот разбира што значи здрава конкуренција
6. Темата почна да се шири до таа мера што почна да навлегува во други теми
7. Го уважуваме револтот на купувачот со тоа што еве ветуваме/ветувам дека нема да ги купиме/купам работите кои не сме планирале/планирал да ги купиме/купам

EDIT: го разбирам и моментот на променета вредност на веќе купениот производ...
а и цело време рачунам со парите што сум ги платил со Крипто колку ќе сум бил "богат" само ако сум го чувал криптото што ми служело за плаќање
 
Последна промена:
18 август 2019
1.210
1.172
Со ова да ја исклучиме темава, нексио се покакаа на себе, а вајкинг тоа успеа вешто да го размачка и да го цементира.
Вајкинг случајно или намерно одработи против Нексио. Со неговото пишување придонесе многумина да се запознаат со малверзациите.

(А можеби задачата му била таа, да одработи за друга фирма).
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно