xenon
εικονοκλάστης
Со оглед на актуелната состојба во светот моментално (2022-ра) свесни сме дека постои тенденција цената на сите енергенси, вклучително и цената на електричната енергија да оди нагоре.
За да се избегне ценовниот шок, кон крајот на 2021 се донесоа некои фластер-решенија/мерки со кои од буџетски средства се амортизираше цената на струјата за да крајното поскапување за физичките лица биде само ~10% (во реалноста 20% бидејќи се укина дневната евтина тарифа од 14.00 - 16.00h).
Ова решение (субвенционирање на цената на струјата) беше конципирано како времена мерка бидејќи никој не очекуваше дека ситуацијата само ќе се влоши односно цените на природниот гас ќе одат до рекордни $2400+ (за 1000м³) со тенденција да растат. Цената на гасот е тесно врзана со цената на електричната енергија (гасот се користи како енергенс во гасните централи) бидејќи останатите извори или сеуште не се доволно застапени (енергија од природни извори како сонце, ветер или вода) или пак се во фаза на предвремено пензионирање од Х причини, климатски, политички итн. (како нуклерна енергија, термо-електрани на јаглен итн).
Доколку не се случи стабилизација на ситуацијата, субвенционирањето од страна на Нашата Држава (Државата. На Народот.), ќе мора на еден или друг начин да престане (доколку не сакаме да одиме од сегашните 80% комбинирана внатрешно-надворешна задолженост до буквален банкрот бидејќи и онака живуркаме од позајмици и кредити на државно ниво).
Без субвенционирање, цената на струјата која би ја плаќале не би била само 10% повисока од порано туку најмалце 100% (нека дефинираат оние кои се подобро упатени во целата проблематика).
Тl,Dr: Цената на струјата е поскапена и ќе продолжи драстично да оди нагоре.
Поента на темата која сакам да ја наметнам не е да се дискутира за причините туку за последиците и како секој од нас ќе може да се носи со нив.
Да се разговара за:
- Практични методи за намалување на потрошувачката на ел. енергија во домот
- Методи за конзервација на електрична енергија во домот (на запад се користат некои решенија, складирање на ел. енергија во посебни ормари во домот во вечерните часови на т.н. евтина тарифа и ползување на истата во текот на наредниот ден)
- Алтернативни начини за генерирање ел. енергија во домот преку примери и дискусија за можни решенија (фотоволтаици, ветерници, од каде, колку, како)