• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Царинење на компјутерска опрема

worker_x

Gaining Experience
17 март 2010
375
373
Струга
Сигурен си дека испорачуваат? Да си го прашаш прво продавачот. А давачките - кому иде.
Значи најбитно е да се осигурам дали продавачот ќе испорача, а кај нас овде нема некакви посебни регулативи, така? Е сега за давачките, и то шо викаш, како ќе се расположени на царина, така :)
 
Costigan_Jr

Unstoppable
5 јули 2013
2,848
3,929
Неколку прашања во темава:

1. Како се остварува повраток на данок доколку купувам преку фирма од Грција? Дали се плаќа во секој случај па се враќа како што е случајот со физичко лице или пак има друг начин за правни лица(пример да не се плаќа воопшто, бидејќи оди на фактура)?

2. Колку се царината и данокот за 3Д печатари?

Благодарам однапред
 
smole

Unstoppable
18 април 2007
3,401
3,989

Ако купуваш во ГР како фирма од МК од нив добиваш девизна фактура без ДДВ и ја плаќаш во наша банка фактурата.

Они треба да ти спремат извозни документи и да си најдеш превозник и шпедитер, и после да ти се царини робата во МК (во просториите на шпедитерот ако има царински склад).

Мислам дека од пред некое време треба да потпишеш некакво овластување од тебе за шпедитерот, па он за тебе ги плаќа давачките кон РМ (царина/ДДВ/акциза ако има) па ти на него после му плаќаш, провери си.
 
Ти должам за ова! :) Благодарам многу!
 
Pane24

Unbeatable
31 октомври 2012
4,843
4,220
Ethermine
www.facebook.com
А фото апарат дслр?

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
Ако е вредноста на апаратот 20.000 денари додај си на тоа севкупно уште 6000-7000 денари. Мене за фотоапарат од вредност од 12.500 денари ме изгореа 5000 на рамното.
 
Martinovski

Gaining Experience
4 октомври 2011
619
215
Martinovski's setup  
Processor & Cooler
i7 7700K @ 5.0GHz // NZXT Kraken X62
Motherboard
Asus ROG Strix Z270E Gaming
Storage
2x Samsung SM960 EVO 250GB RAID 0 // SSD 850 PRO 256GB // WD Black 2TB
PSU
EVGA SuperNOVA 750 G3
RAM
G.Skill Trident Z RGB 32GB (4x8GB) DDR4 3867MHz
Video card
Asus ROG Strix 1070 8GB OC Edition
Case
NZXT S340 Elite Matte Black
Mouse
Razer Lancehead TE // Steelseries Qck XXL
Keyboard
Razer BlackWidow Chroma v2 TE
Audio
Asus ROG Strix Fusion 300 // Asus Xonar U5
Monitor
Dell S2417DG w/ 165Hz, 1ms & G-Sync
OS
Windows 10 Pro 64-Bit

Enquito

On your way to fame
8 август 2017
1,408
847
Може некој да објасни која е разликата што ќе се плати при порачување да речеме тауер од 1000€ и од 750€. Односно кои се давачки се плаќаат ако сумата надмине 800€.
 
TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,868
2,307
Го разгледував ценовникот на Нексио каде се наведени стапките за ддв на разни компјутерски компоненти и како што гледам нема некакви поголеми промени во однос на првиот пост од темава.

Некои производи ги додадов, сигурно ќе му се најдат на некој.

5% ДДВ имаат сите процесори, матични, DIMM и SO-DIMM мемории (РАМ), графички, куќишта, внатрешни и надворешни хард дискови и ссд-а, CPU кулери, сите жичани и безжични мауси, тастатури (и комбоа), монитори

18% ДДВ имаат сите напојувања, кабли, вентилатори за куќишта, термални пасти, сите слушалки, звучници, РГБ светилки за куќишта и нивни контролери, мемориски картички и усб flash мемории; лан опрема, рутери, свичови; mouse pads, web камери

Она што го забележав а се сменило од првиот пост е што ССД-ата сега имаат 5% ДДВ, наместо 18%
 
NikolaJa

Intern
27 април 2019
27
3
Дали е сигурно да се купат компјутерски делови или некои други уреди од Amazon, ebay итн, дали сте сретнале нешто да не е исправно??
 
ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,091
8,278
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Дали е сигурно да се купат компјутерски делови или некои други уреди од Amazon, ebay итн, дали сте сретнале нешто да не е исправно??
Имаш тема за онлајн нарачки.

Башка прашањево ти е како мајка ми кога ќе ме праша што е тоа мегајбите во секунда.

ПС. Мајка ми е 70 год.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,570
Мислења
820,688
Членови
28,227
Најнов член
Ivan G
На врв Дно