Vladimir Filevski
hello world
- 17 февруари 2019
- 273
- 630
Sennheiser HD206 - одлични closed back слушалки, без конкуренција best buy, кај мене се 1.990 денари, прати ми ПП.
Каде во Скопје би можеле да ми и поправат слушалките, знам за логинг но би сакал да ми препорачате и друго место
View: https://youtu.be/R-lOVcEbCm8
нешто вакво, долу ми е скинат кабелот.
Фала ви
Зошто не ги поврзеш слушалките на звучниците? Ако се Z333 што ти се во потписот, тие имаат headphone влез на control pod-от.Дечки компјутерските звучници ги поврзувам во матичната позади преку ваков сплитер, за да можам да имам и слушалки во исто време поврзано. Беше ок со месеци ама сега почна да се слуша зуење од звучниците, ако ги поврзам директ нема зуење. Што може да биде?
Нов сплитер ќе си земеш.
Зошто не ги поврзеш слушалките на звучниците? Ако се Z333 што ти се во потписот, тие имаат headphone влез на control pod-от.
Сите тие проблеми исчезнаа во моментот кога купив надворешен аудио интерфејс, Focusrite Scarlett Solo.Да, тие се. Немам како да го поврзам микрофонот ако ги поврзам во влезот на звучниците.
На претходната Gigabyte матична што беше од 2012-та во плавото Line In ги поврзував и си функционираше најнормално, оваа плоча доста понова а не сака и тоа ме зезна, па морам со сплитер.
Сите тие проблеми исчезнаа во моментот кога купив надворешен аудио интерфејс, Focusrite Scarlett Solo.
Само од себе да се расипе?
Иначе го исклучив комплетно и го оставив на страна да постои, сега поврзав и нема зуење.
Не е невообичаено. При поместување/преместување, мал прекин или ослабен контакт е доволен за да ги направи тие артефакти.
Претпоставувам дека имаш добро (функционално) заземјување?
А сега приметив и дека каблите позади се допираат, тој од звучниците што оди во матична (односно во сплитер па во матична) се допира со струјниот кабел од PC-то, може до тоа да е?
Може.
Пред некое време правев прераспределба на компонентите околу слушалките, поради чистење на прашина. По завршување, на едни од слушалките се појави комбинација на шум и зуење (hum + buzz) во левиот канал. Веднаш претпоставив (погрешно) дека ми се расипале слушалките и/или засилувачот. Претпоставката ми се базираше на тоа дека каблите се балансирани, со што се поимуни на надворешни влијанија, а и фактот дека засилувачот има одвоено напојување (сиров DC во надворешна кутија, фина регулација во самиот засилувач).
Е. При преместувањето, сум го доближил напојувањето до приклучокот за сигналниот кабел за левиот канал. Го преместив напојувањето 10цм понатаму, и го снема целосно проблемот.
Тоа е линеарно напојување, на база на енкапсулиран трансформатор, дизајнирано за ниско ниво на шум, со номинална моќност од 100W.
Замисли сега што се случува во околина каде има високофрекфентно прекинувачко напојување (500W+ ATX) чија примарна цел не е ниско ниво на шум во комбинација со небалансирани кабли, и конектори од типот на 3.5mm TRS.
Има причина зошто сериозни студија инсистираат на (1) галванска изолација, (2) робусни конектори и (3) релокација на компјутерските компоненти во модуларни рекови.
Се подновив со Schiit Modi 3+, конечно да земам DAC за да врзам уреди на појачалото.
Вчера го наместив, првични импресии одлични. Ако некој го интересира нешто, нека праша слободно.
Погледнете го атачментот 101360
Од каде и цена?
Во право си тотално заборавив на овој дел...треба да се илиСекој модел на слушалки си имат единствени заменски падови така да мора да наведеш кој модел на Сони имаш!
И јас приметив разлика меѓу „новиот“ Денон 2500Н, и тој што го имав претходно од 2010, 1610 модел. Иако новиов наводно има „повисока ватажа“, стариот Денон беше погласен на исто ниво, да речеме на -20. За разлика од кај тебе, и стариот кај мене имаше HDMI, Audissey, HD audio декодирање и слично.Малку ми беше чудно откако го претворив прикажувањето на гласноста во релативно, (од -79 dB до 0dB), за да ја добијам истата гласност како и со старата Јамаха, треба гласот да оди до -8 децибели или -10 децибели. Значи тоа што беше -15дб на Јамахата, тука мора да биде наместено на појако. Но изгледа ова пак ќе е до Аудисеј калибрацијата, бидејќи на сите звучници левелите се намалени, додека кај Јамахата со калибрацијата од 2004та година левелите беа во обратната, позитивна, насока. Па изгледа до тоа ќе да е разликата.
Итно ми треба некој кулер, па ако некој има предлози, пишете.
Фала, да купиш уште подобар! Инаку после дополнителен рисрч, научив дека Аудисеј референтната вредност на 0.0 децибели на главната позиција за слушање ја сетира на 85 децибели. Значи кога гласноста се сетира на 0дб на рисиверот, во главната позиција ќе се слуша на 85 децибели, додека претходниот рисивер има различна референтна вредност. Фактички за моите звучници, за да се добие 85 децибели, мораше на сите звучници да намали левел по 3 до 4 децибели бидејќи сите ми се -3 до -4дб намалени од старт. Е сега останува да го тестирам малку да видам на погласно како ќе се понаша и дали ќе дојде до клипинг или не, мада реално кога доаѓам до -5дб на релативна гласност веќе станува прегласно за континуирано слушањеИ јас приметив разлика меѓу „новиот“ Денон 2500Н, и тој што го имав претходно од 2010, 1610 модел. Иако новиов наводно има „повисока ватажа“, стариот Денон беше погласен на исто ниво, да речеме на -20. За разлика од кај тебе, и стариот кај мене имаше HDMI, Audissey, HD audio декодирање и слично.
Од друга страна, HEOS многу ми брка работа затоа што имам и втора зона наместено.
Со среќа да се служиш и да ти прави ќејф.
Фала ти, поубав да си набавиш! Инаку забележав дека ова загрева и кога нема звук воопшто. Заради HDMI CEC нешто рошкав преку компјутер ги имаше уклучено и Нвидиа шилдот и телевизорот, и така си имаше стоено неколку саати без глас, и кога видов дека е уклучен гледам осетно жежок беше. Така да видео процесирањето од старт го загрева бајаги. Инаку кај мене скроз е отворено од горе и од страните. Се наоѓа над комодата, и има екстра вентилација, но мора да се стави вентилатор, особено налето пошо премногу се загрева таа соба.Со здравје да си го користиш @masterwu. HDMI процесирање знае да произведе троа повеќе топлина. Мене ми е сместен рисиверот во парче мебел од 40мм дебел буков масив, со простор над рисиверот од 15цм, плус отвори за вентилација и crossflow вентилатор, и пак се чувствува промена на дрвото (извитоперување) над рисиверот.
Cross flow од оние што своевремено се испорачуваа со CM Stacker куќиштата. Ова е "помодерна" опција:
Во спротивно, некој од лаптоп подлоги/кулери?