Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.465
SK
За следната фаза некако да се имплементира и ова

View: https://youtu.be/EPe-gNuYYu4
Некогаш сериозно се прашувам дали си бил во Скопје во последниов век.
Тоа што не се прашувам е моментот дека не размислуваш за реалните импликации на било што од тоа што го предлагаш.

Конкретно ова последново толку ќе го задуши ионака веќе умрениот сообраќај во Скопје да и самите автобуси нема да можат да се движат. Во примерот што посочува има автобус и 2 автомобили. Од друга страна во реалноста(!) има ~100 автомобили на еден автобус.

Сегашните закони предвидуваат намалување брзина и времено запирање, со што безбедноста е покриена. Несомнено е дека уште побезбедно е целосно запирање на цел сообраќај, ама тоа е ако предлогот се гледа во вакуум а не во реалноста. Исто така несомнено е дека уште побезбедно е ако целосно се забрани возење на приватни автомобили и сите да се возат со јавен превоз. Логичен следен чекор е таква дистопија да предложиш (а секако натаму идат работите, ќе немате ништо и ќе бидете среќни).


Надлежните во оваа држава можеби се мрзливи и криминално неедговорно (без разлика на поставата на власт), но за разлика од тебе мораат да се справат со следниве три моменти:
  • барем да се обидат да се водат според реалноста наместо според фантазиите
  • да не го доутепаат ионака веќе утепаниот сообраќај
  • да не бидат линчувани од накypчените учесници во сообраќајот кои не можат функционираат во градот
Мислењето е автоматски споено:

Го уапсиле Саит Саитов во Врање.

Ете камерите послужиле барем за нешто (претпоставувам дека така го идентификувале возачот).
Да имал врски во Косово, немаше повеќе да го видиме овде (освен со друг идентитет, после доволно години).
 
Последна промена:

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.694
12.537
Skopje
www.wemaxa.com
Еве реален предлог за некој од партиските сендвичари и плакато-лепачи ако читаат да го кажат и пласираат како нивна генијална на некоја колективна жабокречина во месен комитет:

- Х возило кое не е регистрирано од Х причини а има потреба да се регистрира, доколку денот на регистрација се уплати осигурувањето пред да се користи возилото - тој податок (уплатено осигурување за возило) да дозволи поминување под камери до најблискиот сервис за технички преглед и регистрација.

Да бидеме реални, никој нема да плаќа шлеп служби за да оди да регистрира кола што не ја возел од Х причини. Ќе се прават глупости, ќе се вадат таблици или ќе се лепат лајна на нив и слични перипетии, што нема потреба.

Стринки, тетки и пензионери ќе стават хехенца на предлогов, но сепак, издржан е, а не верувам дека е тешко да се имплементира. Плус ќе купи политички поени. ВинВин.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Една од важните опции е да се поскапи полисата за осигурување за 100%, а ако се извади полиса за возилото пред да истече претходната тогаш следува 50% попуст.

Со тоа ќе се решат доста работи со циркузот наречен неосигурани возила.

А ќе се даде рок до 01.04.2026ра пред да почне проектот, за да се регистрираат сите нерегистрирани возила по старите цени.

Решен проблем.

Ова и ловење на мотори без кациги. Што е прелесно и превидливо.

Зошто?

Затоа што од истиот ментален склоп кој вози нерегистрирано возило И/ИЛИ без кацига - доаѓаат 80% од проблемите и понатамошни несреќи. Вака ги ловиш во старт и пробуваш да го смениш менталниот склоп со време, за да може да учествуваат во цивилизација.
 
18 август 2019
1.212
1.181
- Х возило кое не е регистрирано од Х причини а има потреба да се регистрира, доколку денот на регистрација се уплати осигурувањето пред да се користи возилото - тој податок (уплатено осигурување за возило) да дозволи поминување под камери до најблискиот сервис за технички преглед и регистрација.
За да учествува возило во сообраќај треба да има извршено технички преглед. Не е доволно само да се уплати осигурување.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.235
- Х возило кое не е регистрирано од Х причини а има потреба да се регистрира, доколку денот на регистрација се уплати осигурувањето пред да се користи возилото - тој податок (уплатено осигурување за возило) да дозволи поминување под камери до најблискиот сервис за технички преглед и регистрација.

Да бидеме реални, никој нема да плаќа шлеп служби за да оди да регистрира кола што не ја возел од Х причини. Ќе се прават глупости, ќе се вадат таблици или ќе се лепат лајна на нив и слични перипетии, што нема потреба.
А ако не помине технички преглед возилото истиот ден а уплати осигурување? Или ако пандурот на шалтерот на МВР решил да оди во коцкарница или во кафана во работни време и не завршиш работа тој ден, нели датумот на осигурување и регистрација мораше да биде ист?
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.033
7.705
@Lokvan некогаш сериозно се прашувам дали си излегол надвор? Има примери што вредат да се применат а да не се од Бурунди.
(И зошто не се занимаваш со предлогот туку со авторот? Ad hominem — Википедија )
 
18 август 2019
1.212
1.181
Да имал врски во Косово, немаше повеќе да го видиме овде (освен со друг идентитет, после доволно години).
Да се презиваше САИТИ сега ќе беше на сигурно. А тој кутриот САИТОВ.
 

mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.763
4.482
Неготино
А ако не помине технички преглед возилото истиот ден а уплати осигурување? Или ако пандурот на шалтерот на МВР решил да оди во коцкарница или во кафана во работни време и не завршиш работа тој ден, нели датумот на осигурување и регистрација мораше да биде ист?
Се менува датумот на осигурителната полиса за жал. Го имавме случајот во јули бидејќи на господинот во МВР едноставно му текна дека тој ден не му се доаѓа на работа.
Утредента кога отидовме не натера да одиме да смениме датум на полисата :)
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.503
3.106
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.465
SK
Има примери што вредат да се применат а да не се од Бурунди.
Благородна мисла несомнено, но следниот чекор е да се обидеш да замислиш како тоа би функционирало во реалноста на Скопје (и тука да застанеш).
 

Audiofil

user
28 октомври 2007
1.154
556
Ај сега сериозно.

Просечно време на реакција е една до една и пол секунда (ако се внимава 100%, а не се внимава).

Од возење со дозволена брзина ако некој ти закочи наеднаш со добри кочници - колку растојание ти треба за да не се удриш во него? И пази, што ако си третата кола позади кочничарот па немаш ни визуелна индикација дека почнал да кочи. Кога второто ауто ќе се удри во првото ти ќе имаш буквално десетинки од секунда (не време за реакција, туку за да закочиш). Така се прават верижни судари.

Eве калкулатор:


Калкулаторот вели дека ти треба растојание од ~35 метри со 1.5 секунди време на реакција. Или ~28 метри со 1 секунда време на реакција.

Фак, кој држи 30 метри растојание во градска вожња??
Ти толку растојание држиш? ОК ти можеш да се обидеш да оставиш толку растојание ама нема да ја постигнеш целта што празнината некој веднаш ќе ја пополни. Па ти пак закочи остави 30 метри, пак 3-4 коли ќе ти се убутаат пред тебе... На крај во рикверц ќе треба да идеш. :)


И калкулаторот веројатно некои средни вредности користи, пошто седан и комбе/камион немаат иста маса/кинетичка енергија, па следствено немаат ни исто растојание на кочење туку многу поголемо.


Погледнете го атачментот 158422
Поради тоа можно нагло кочење на возило пред тебе треба да бидеш позади него онолку метри колку што изнесува брзината на движење на тоа возило или ако вози со 50км на саат ти треба да бидеш позади него 50 метри.
 

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.694
12.537
Skopje
www.wemaxa.com
Што е целосно возможно (и нема да дозволиме никој да каже поинаку). :)

Џабе везеш, се објаснуваш со слепи формалисти кои воошто не ги интересира здраво разумски компромис, завземаат идеално комотна позиција (онаа која коинцидира со авторатитивната) и се просто укотвени на тоа.
Формално, сообраќајни правила какви што имаме денес потекнуваат од 1970та некаде, тогаш се везеле 200,000,000 возила глобално, сега накај 1,6-1,800,000,000 (х8).

Еве што вика Џипити:


Првите формални сообраќајни правила не се појавиле одеднаш. Тие се развивале постепено, како реакција на хаосот што го создала појавата на автомобилот. Особено правилата за дистанца меѓу возила се релативно „нова“ формализација, иако концептот постоел имплицитно многу порано.


1. Пред автомобилите: коњски кочии (до ~1900)​

Дури и пред автомобилите, постоеле правила:

  • Во 1865, Англија – "Red Flag Act"
    • Возилото морало да има човек пред него со црвено знаме
    • Максимална брзина: 3 km/h во град
    • Целта била да се спречи судир со кочии и пешаци
Но, немало прецизна дефиниција за дистанца во метри.
Причина: брзините биле многу ниски, и визуелната контрола била доволна.


2. Ран автомобилски период (1900–1920)​

Ова е моментот кога проблемот станува сериозен.
Со Ford Model T (1908) и масовното производство:

  • Брзините достигнуваат 40–70 km/h
  • Луѓето немаат искуство
  • Нема стандарди
  • Судирите експлодираат
Првите правила биле општи, како:
  • „возачот мора да одржува безбедна дистанца“
  • без бројка во метри
Причина: немало научни податоци за сопирање.

3. Прва научна формализација (1920–1950)​


Ова е клучниот период.
Инженери и држави почнуваат да пресметуваат:
Дистанца на сопирање =
реакција на возачот + дистанца на сопирање


Типични вредности:
  • реакција: ~0.75 до 1.5 секунди
  • при 60 km/h → автомобил поминува 17 метри во 1 секунда
Ова води до првите формални препораки.

4. Првото широко прифатено правило: „2-second rule“​

Воведено околу:
  • 1950-тите (САД)
  • 1960-тите (Европа)
Не во метри, туку во време.
Причина: дистанцата во метри зависи од брзината.

Пример:
60 km/h → 33 метри
100 km/h → 55 метри
130 km/h → 72 метри




5. Првите експлицитни законски дистанци во метри​

Некои земји подоцна вовеле конкретни минимални дистанци, особено за камиони.


Пример:
Германија (StVO):
  • при 100 km/h → минимум 50 метри
  • правило: половина од брзината во метри
Пример:
100 km/h → 50 m
120 km/h → 60 m


6. Зошто дистанцата не се дефинира фиксно во метри​


Затоа што:
кинетичка енергија = ½ m v²
Ако брзината се удвои → енергијата се зголемува 4×
Затоа дистанцата мора да расте со брзината.




7. Модерни стандарди (денес)​

Типични препораки:
  • град: 2 секунди
  • автопат: 2–3 секунди
  • дожд: 3–4 секунди
  • снег: 5–10 секунди

Автономните возила користат исти принципи, но со помала реакциска латенција.

Заклучок (кратко и прецизно)​

  • 1865: први правила за возила (Red Flag Act)
  • 1900–1920: први правила за „безбедна дистанца“, без бројка
  • 1920–1950: научна формализација на дистанца
  • 1950–1960: воведен „2-second rule“
  • 1970+: конкретни законски минимални дистанци во некои земји
Значи:
концептот постои од ~1900,
но прецизни научни правила се дефинирани околу 1950.
колку возила имало на планетата земја во 1970 колку во 2026

Краток одговор со реални проценки базирани на историски податоци:

1970 година​

  • Приближно 200 милиони возила во светот (сите типови: автомобили, камиони, автобуси).
  • Растот бил експлозивен, бројот се удвојувал на секои ~10 години во периодот 1950–1970.
  • До 1986 веќе достигнал 500 милиони, што имплицира дека во 1970 бил значително помал, околу 180–220 милиони.
✔ Реална проценка:
≈ 200 милиони возила во 1970

2026 година​

Тука мора да користиме комбинација од податоци и логична екстраполација:
  • Во 2010: повеќе од 1 милијарда возила глобално.
  • Во 2023: се произведуваат ~93.5 милиони возила годишно.
  • Со оглед на производство, скрапирање и раст на Кина, Индија и Африка, глобалниот fleet денес е многу поголем.
✔ Реална проценка за 2026:
≈ 1.6 до 1.8 милијарди возила
 

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.683
3.776
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Eeeee
69a6324827e7eb8d7514b136113c2b6e.jpg


Sent from my M2101K9G using Tapatalk
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.235
Eeeee
69a6324827e7eb8d7514b136113c2b6e.jpg


Sent from my M2101K9G using Tapatalk
Пајакот е службено лице, нели?
Според муабетов пајакот не смее да застане на булевар за да го крене погрешно паркираното возило.

Ама пак можел пандурот додека овие креваат да тркне да земе бурек за сите за да не застанува пак пајакот. Има бурекџилница од спротива.
Абе во полициска академија ништо корисно не ги учат пандуриве. За што плаќаме ние даноци, како полицијата се грижи за нашиве интереси? :LOL:
 

Zippo

user
22 октомври 2014
1.008
899
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016

JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.683
3.776
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Овие се проблем...



Sent from my M2101K9G using Tapatalk
 
Последна промена:

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.503
3.106
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
За жал нема за скоро да се реши. Ко да рекоа дека не казнуваат за паркирање ради доставувачите и сега ќе се координирале за да прават исклучоци за кратко паркирање за достава и да одредат време кога.
 

HoLfElDeR

hello world
13 октомври 2010
226
146
Непозната
Во врска со регистрација и технички преглед на возилото, знаете дека можете месец дена однапред да го регистрирате возилото, не мора да чекате на денот кога истекува регистрацијата да идете, така да сите оправдувања паѓаат во вода
 
18 август 2019
1.212
1.181
Во врска со регистрација и технички преглед на возилото, знаете дека можете месец дена однапред да го регистрирате возилото, не мора да чекате на денот кога истекува регистрацијата да идете, така да сите оправдувања паѓаат во вода

Сепак има исклучоци. Купувам возило на кое му е истечена регистрацијата. Или баш пред регистрација се случува дефект за кој треба време да се среди.
 

Chiller

user
8 март 2012
1.541
1.139
Скопје Аеродром
Сепак има исклучоци. Купувам возило на кое му е истечена регистрацијата. Или баш пред регистрација се случува дефект за кој треба време да се среди.
Ај тоа, и да ја качиш на шлеп служба а да не ги покриеш таблиците исто ќе добиеш казна.
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.169
18.779
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Ај тоа, и да ја качиш на шлеп служба а да не ги покриеш таблиците исто ќе добиеш казна.
Ова е само претпоставка или реално се случило на некого овие две недели?
 

Chiller

user
8 март 2012
1.541
1.139
Скопје Аеродром
Ова е само претпоставка или реално се случило на некого овие две недели?
Реална претпоставка, ако камерата регистрира таблица која и поминал рокот за регистација нормално дека ќе реагира.

После тоа идат жалби до полициски станици па да разгледаат снимки и т.н....

Трчање без потреба ќе биде.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно