Проблем 1: Стариот keyboard layout-oт за Македонски јазик ги нема карактерите Ѝ + Ѐ
Проблем 2: Новиот "Standard" keyboard layout за Македонски јазик ги има карактерите Ѝ + Ѐ но шорткатот за UNDO не е CTRL+Z туку CTRL+Y, а како бонус „придобивка“ карактерот Ѐ се наоѓа на копче кое го нема на повеќето тастатури.
ѝ (зам.)| Дигитален речник на македонскиот јазик
È (кирилица) — Википедија
Решение за наведените проблеми: Custom layout направен на основа на стариот (за да се задржи CTRL+Z како шорткат за UNDO) со додадена поставеност на повеќето карактери од новиот "Standard" keyboard layout за Македонски јазик од Windows 10. Со мали измени, остануваат достапни ` и ~ на старите места, а карактерот Ѝ го подесив да биде достапен со притискање на десниот alt, или со комбинацијата alt+ctrl (делумно и заради тоа што Ѐ секако мора така да се користи).
Значи карактерите Ѝ + Ѐ се достапни со притискање на десниот alt, или со комбинацијата alt+ctrl. Карактерот Ѐ дуплцирано е поставен и на втора позиција (кај копчето Е), затоа што оригиналната позиција е на копче кое го нема на повеќето тастатури („одлична“ одлука на авторот на layout-от). Понатаму со shift се добива големата буква од карактерите. За жал caps-lock не успеав да подесам да функционира како со другите карактери, постои сетинг во алатката но сетирањето на истиот не носи резултат. Ако некој знае решение за ова нека помогне.
Генерално постојат и други опции за проблемиве, како скрипти во AutoHotkey и слично, но сето тоа се трипер комбинации за нешто што требаше и мораше до сега системски да биде решено без потреба од вакви замарања.
Hence, наједноставно решение во моментов сметам дека е кастом кeyboard layout направен со Microsoft Keyboard Layout Creator 1.4. Иако и ова е далеку од идеално пошто бара накнадна инсталација во оперативниот систем, наместо нешто слично по дифолт да доаѓа со системот. Но ова барем е еднократна инсталација која трае само неколку секунди и за разлика од AutoHotkey не може да се десат false positive проблеми со антивирусните софтвери.
Еве и линк до алатката (надворешен линк пошто Mикро$офт од непозната причина повеќе не ја хостира). Сорс фајлот (mk4.klc) го додавам во постов, за некој што сака да модифицира нешто, или сам да си избилда setup package. Приклучен исто така е и генериран setup package за тие што не сакаат да се замараат со билдање на истиот (готов пакет за инсталирање).
mk4.zip
Name: mk4.klc
Size: 13520 bytes (13 KiB)
SHA256: 91419ECA257B75B2917B714BA4CB029BC984242A3CAA08330651A1DD3E5C9FBF
Macedonian_custom_keyboard_layout.zip
Size: 258864 bytes (252 KiB)
SHA256: F044EAC4FCFC598FF0B208CD728012467AC912B9685C7C23AF01BCE7D4B3C8F2
Се е скенирано и проверено чисто со Касперски и Малвербајтс. Вирустотал: VirusTotal
Еве го визуелно keyboard layout-от:
Десен алт + 5 беше слободно копче, па поставив знак за евро €... Пошто зошто да не.
Секако дека има простор за подобрувања layout-от но сорсот е приклучен па кој има идеи за подобрувања - нека повели.
Инаку некако на ум ми паѓа дека замената на CTRL+Z со CTRL+Y можеби е заради тоа што тој што првично го изработил македонскиот keyboard layout за Mикро$офт, како темплејт употребил германски или некој сличен соседен keyboard layout од европските јазици каде на карактерите Z и Y им се заменети местата на тастатурата (можеби некој се сеќава на keyboard layout-ите на Комодор/Амига, шверцани од Германија). Како и да е, прилично дилетантски и неодговорно ако претпоставките ми се точни. Или едноставно колосално глупо ако некој намерно го направил ова. Но најбезвезе е што вака си стои проблемот со години а нели као нешто имаме надлежни институции.
Нејсе.
Повелете custom keyboard layout за Македонски јазик и... Нека ни е честит празникот денес!

Е со надреден знак или гравис (Ѐ, ѐ) е варијанта на кириличната буква „е“. Оваа комбинација не е посебна буква, туку се употребува во македонскиот јазик за разликување на истолики зборови во извесни случаи:
„И нe воведи нè во искушение, но избави од лукавиот“; или:
„Сè што ќе напишете може да се употреби против вас!“.

Атачменти
-
mk4.zip2,6 KB · Прегледи: 5
-
Macedonian_custom_keyboard_layout.zip252,8 KB · Прегледи: 15
-
Macedonian-custom.png67,7 KB · Прегледи: 24 -
Macedonian-custom-altctrl-altgr-shift.png53,3 KB · Прегледи: 23 -

Macedonian-custom-altctrl-altgr-shift.png53,3 KB · Прегледи: 23