Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Самсунг S7 Edge екран

Jovan2389

lurker
22 април 2013
719
700
Здраво, телефонот е на сестра ми, го однела во Ледиком на промена на стакло, иако ја советував да не прави никакви промени, поготово таму, нека си го користи каков што е, и онака линијата не беше голема... али наводно за 4к било таму најефтино .... Сега има проблеми со цел екран/дисплеј, се појавува зелено, трепка итн. Го рекламирала во Ледиком, и јасно и кажале дека и паднал и пу пу не важи ништо.
Јас не сум во можност да го средам проблемот, па еве некој нека понуди каде би требало да се обратат, локација или цена доколку се знае итн. Иако знам дека од тој телефон, веќе свирка не бива ...
Однапред Благодарам
 

DrMTR

senior
27 март 2014
7.953
8.451
Во мобилара не се сервисира телефонот. Правило број 1 ! Второ екран за тој телефон е околу 14.000 денари, т.е не е исплатливо да се прави.
 

Jovan2389

lurker
22 април 2013
719
700
Се ми е јасно коа би бил мој телефонот и одлуката, запнале да фрлаат пари... Мој совет е да го даат за некој денар и да си земе исти таков или обична седумка. Прашање е во мобиларите шо цена би зеле како таков што е?
 

DaVoRkNe

poweruser
1 септември 2011
4.082
4.347
Скопје
Искрено мислам дека ке ти дадат некоја смешна цена,мобилариве кај нас,пошто екранот не ти е во функција,и дали 100 евра ке ти дадат.
 

Jovan2389

lurker
22 април 2013
719
700
Искрено мислам дека ке ти дадат некоја смешна цена,мобилариве кај нас,пошто екранот не ти е во функција,и дали 100 евра ке ти дадат.
Незнам јас пак ќе речам не одлучувам, али боље 100 евра и да се додаде уше 200 за исти телефон, него ли 200 евра за екран шо којзнае дали ќе биде како шо треба...
 

krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
Здраво, телефонот е на сестра ми, го однела во Ледиком на промена на стакло, иако ја советував да не прави никакви промени, поготово таму, нека си го користи каков што е, и онака линијата не беше голема... али наводно за 4к било таму најефтино .... Сега има проблеми со цел екран/дисплеј, се појавува зелено, трепка итн. Го рекламирала во Ледиком, и јасно и кажале дека и паднал и пу пу не важи ништо.
Јас не сум во можност да го средам проблемот, па еве некој нека понуди каде би требало да се обратат, локација или цена доколку се знае итн. Иако знам дека од тој телефон, веќе свирка не бива ...
Однапред Благодарам

Нов оригинален екран може да се стави и нема да има никаков проблем. Цената е висока - 14000 денари, но дисплеите ги прави Самсунг, тоа е. Ако се решиш за тоа решение пиши ми или донеси го.

Инаку за откуп, ни случајно нема да добиеш 100еур за таков неисправен телефон. Откупите ќе се движат ма дали и пола од таа цена.
 

DaVoRkNe

poweruser
1 септември 2011
4.082
4.347
Скопје
Јас кажав за на оглас да му земе 100 евра,а за во мобилари не правам муабет,јасно ни е на сите како идат цените во мобилариве,и какви сакали се јадат за телефони повловни :)

И да е читав телефонот гланц,во мобилара ке добие 150 евра.

Така да нека си го продаде на оглас,може на некој ке му треба матична,едно друго,и ке си извади дечкото 100 евра.
 

Jovan2389

lurker
22 април 2013
719
700
Не верувам ни на оглас да се добие 100 евра, секој што би имал потреба од нефукционален телефон, или би имал сервис, или има воља да прави дома експерименти ... и во никој случај не би се добило 100 евра, кога веќе екранот е аут. Да беше ЛЏ во прашање можеби, но кај Самсунг, без екран ништо.

Затоа што цената секогаш влијае на изборот, на крајот пак се плаќа истата цена или ногу приближна до таа со многу повеќе нервози и време. Затоа мојот предлог беше уште на старт да се користи таков како што е да не се менува ни стакло ни глупости, или да се иде во ибутик(сервис за кој што добив највеќе препораки) или во друг сервис каде што има одлична историја на сервисирање и да се даде поголема сума за ЦЕЛОСНА промена на екран и кога би имало некој проблем подобро е да имаш работа со искусни и одговорни сервисери отколку во мобилари каде што законот не е ист за сите.

Одлучено е телефонот да се складира у кутија, со надеж дека во иднина би можел за пристојна цена да се оспособи телефонот пред да иде во историја истиот како серија.

Благодарам на времето и советите, и се надевам од овој пост барем индиректно би се добила слика како и каде би се решавал сличен проблем, а не како во овој случај кај мене у фамилија, бидејќи ова е проблем од кој ниеден сопственик на смартфон не е имун во иднина со оглед на тоа дека екраните се најскапиот и највулнерабилниот дел.
 

krale

poweruser
6 февруари 2009
2.300
1.396
Одлучено е телефонот да се складира у кутија, со надеж дека во иднина би можел за пристојна цена да се оспособи телефонот пред да иде во историја истиот како серија.

Лошо решение. За Самсунг S6 (незаоблен телефон) се уште цената на екран е 130еур. Продај го негде, што земеш земеш и купувај друг штом така е решено. Чисто совет, вие си знаете...
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно