Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

НЛБ Банка

Дали сте задоволни од услугите на НЛБ Банка?

  • Да

    Гласови: 89 43,2%
  • Делумно сум задоволен

    Гласови: 71 34,5%
  • Не

    Гласови: 46 22,3%

  • Вкупно гласале
    206

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.623
3.175
Еднаш многу одамна, имаше проект, национална платежна картичка. Парите легнуваат на сметка на државата, наместо на банките. Со таа картичка се пазари низ државата. Потреба од виза/мастеркард - нула за пазарење во Македонија. Преглед на тоа кој каде и што купува останува во Македонија и никој од надвор нема пристап на тие информации.
Сега размислете кој и зошто ја сруши таа работа.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507

Нешто што беше осудено на пропаст и што до денес вака или онака ќе беше купено/превземено од Виза/Мастер.
Инаку НПК требаше да биде на банките, а на државата само привремено на почеток. И после се десија тешки крадења и слични балкански шеми и така...

Кој сака да чита еве на https://fokus.mk/minaa-10-godini-od-somnitelnata-privatizatsija-na-npk-na-gruevski/
 
Рекетарската агенција фокус не е веродостоен извор на информации. Требаше да биде врзано со банкарскиот сектор, но како државна а не приватна играчка.
Тогаш може банките да наплаќаат за услуги бидејќи не сум обврзан да бидам кај нив. Нека вратат исплаќање плати и услуги во ќеш, да немам потреба од банкарска услуга, па нека ставаат маржи/тарифи. Вака, штом морам да имам електронска сметка на која ќе стигнува плата/исплата, тоа мора да е бесплатно.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.481
2.929
Што знаете вие господа од старост и годиште од 1940 година кој бара внучко што е тоа пин код и дај покажи ми како се пушта ова со замарања.Не ви било срам. МОЈА БАНКА Е ФУНКИОНАЛНОСТ ОД ВРХУНСКИ ПРИОРИТЕТ У 2025 ГОДИНА ЛЕТО ГОСПОДОВО. МА ТОА Е НАЈНОВ КРИК НА ТУТУНСКА БАНКА. МА ШО Е ТОА 20 ДЕНАРИ ЗА ВАС . ЏУНГА ЛУНГА МАСТИЧЕ ЕДНО :cool::coffee:
Кој ти е дилеро?
Дај сподели, не биди себичен, е*аго.
"функционалност" за да земаат плус пари
Чинам, беСплатно е тоа, ама се друго, не е.
Ништо важно. Ги чуваат известувањата што ги праќаат по месец како пдф/слика.
Искрено, мислев дека има тро поќе функционалности и значење.
Звучи разочарувачки.
'ногу врева за џабе.
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.765
4.484
Неготино
Почитувани,

Ве известуваме дека Банката изврши измена и дополнување на Општите услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги на физички лица и на Одлуката за Тарифата на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка АД Скопје, кои ќе се применуваат од 23.6.2025 година.

Измените во Општите услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги се однесуваат на одредби за: комуникација со клиентите, авторизација на трансакции, уредување на околностите на крајно невнимание како и одредени технички прилагодувања.

Детални информации за измените во Општите услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги и за измените во Одлуката за Тарифата на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка АД Скопје се достапни на порталот за персонализиран пристап за известувања и документи за платежни услуги – „Моја Банка“ на линкот https://shorturl.at/i5exn, на веб страницата на Банката www.nlb.mk, како и во хартиена форма во експозитурите на Банката.

Со почит,
НЛБ Банка
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
Рекетарската агенција фокус не е веродостоен извор на информации. Требаше да биде врзано со банкарскиот сектор, но како државна а не приватна играчка.
Тогаш може банките да наплаќаат за услуги бидејќи не сум обврзан да бидам кај нив. Нека вратат исплаќање плати и услуги во ќеш, да немам потреба од банкарска услуга, па нека ставаат маржи/тарифи. Вака, штом морам да имам електронска сметка на која ќе стигнува плата/исплата, тоа мора да е бесплатно.
Аааа, извини што не ти се допаѓа изворот, да не треба линк до законот за НПК да видиш законски како е планирано и дефинирано. Вистината нажалост е таа независно дали е од Фокус или било кој друг извор. Не мора да ги прифатиш редакциските/новинарските коментари, ама историјата, фактографијата и тајмлајнот за НПК е тој, јбг.

А што се однесува до бесплатноста на услугите на банките и тоа имаш. Информирај се за Платежната сметка со основни функции. Можеш да имаш само една, кај една банка и толку. Без никакви напредни можности и поволности. Ама е бесплатна.
 
Нема допаѓал или не. фокус беше класичен пропаганден медиум. 90% од тоа што го пишале е лага. единствената вистина во сторијата е дека имало НПК.
Дај принтскрин од тоа каде е тоа наведено како бесплатно.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.481
2.929
Погледнете го атачментот 149701
Дали ова значи дека ќе земаат по 20 денари за секое вклучување на мклик?
Да, и мене ми падна в очи.
За што стварно станува збор?
До толку ли ќе се луди за секое отворање на апликацијата да ми/ни наплаќаат?
Мислењето е автоматски споено:

пу пу, ова треба да е месечно
Абе, не треба ни толку!

Претходно имаше веб пристап, па барем за основен преглед на сметката, со акаунтот од таму се логираш, колку да провериш состојба. Бесплатно.
Сега откако го токенизираа и тој пристап (мора да имаш мклик апл.инсталирана на мобилен, па од таму да одобриш логин), ако го наплаќаат и ова, некако е безвезе...ептен еврејски потег.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.481
2.929
Значи од Понеделник да си ја затворам сметката на нлб. Секако така стои, барем да не маваат провизии.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Обавезно.
Ако не ја користиш за ништо, а имаш друга покорисна, нема потреба да ти наплаќаат.
Иако, додуша, имаше ставка дека ако ти се трансакциите под 100 денари месечно, 0 (нула) денари е?
А можда сум грешка.
 
RagingDemon

senior
24 март 2009
6.479
5.584
Да почнеш да наплаќаш нешто што било бесплатно не е убава работа. Никад на банкомат не сум проверувал сметка ниту пак сум барал извештај после некоја трансакција затоа што тоа можам да го видам на апликацијата на која основна функција и е тоа, да си ја провериш сметката и трансакциите. Е-банкарство, ме-банкарство ок, нека наплаќаат, ама основни функции ко проверка на состојба е како да кажам...
 
Потполно се сложувам.
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.589
6.862
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Секако плаќам 70 денари за Стандард пакет така да не ми мења ништо, ама стварно е педерски потег (n)
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.481
2.929
Секако плаќам 70 денари за Стандард пакет така да не ми мења ништо, ама стварно е педерски потег (n)
Па, дилемата ни беше (или барем мене ми е), дали тие 20 денари се дополнителни, плус на тие што ги плаќам месечно за да имам е-банкинг пакет?
Доколку со плаќањето на пакетот, не се плаќаат тие 20 денари за мклик, то е подруго...
Ама во тој случај мклик лајт значи нема да е бесплатен.
Ок, не се многу пари, ама ова банкиве многу измислици за наплаќање протнаа на мала врата, а не дека кузнај што сне добиле за сите тие наплаќања....
 
JamesKirk

poweruser
12 февруари 2015
3.684
3.777
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1315u
Motherboard
ASUS
Storage
WD SN5000S 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Па, дилемата ни беше (или барем мене ми е), дали тие 20 денари се дополнителни, плус на тие што ги плаќам месечно за да имам е-банкинг пакет?
Доколку со плаќањето на пакетот, не се плаќаат тие 20 денари за мклик, то е подруго...
Ама во тој случај мклик лајт значи нема да е бесплатен.
Ок, не се многу пари, ама ова банкиве многу измислици за наплаќање протнаа на мала врата, а не дека кузнај што сне добиле за сите тие наплаќања....
20 ден за проверка на сметка, 30-40 ден месечно за одржување сметка...се собира малце по малце
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
Погледнете го атачментот 149701
Дали ова значи дека ќе земаат по 20 денари за секое вклучување на мклик?
Не, бев денес во експозитура по друга работа и прашав за ова, ми рекоа дека иако е малку глупо напишано (многу ги прашале), тоа било за оној пакетот што досега беше бесплатен. Ако ме излажале или они не знаеле и јас ве лажам.
Нема допаѓал или не. фокус беше класичен пропаганден медиум. 90% од тоа што го пишале е лага. единствената вистина во сторијата е дека имало НПК.
Дај принтскрин од тоа каде е тоа наведено како бесплатно.
Добро отвори на други медиуми имаш колку сакаш или прочитај го законот, фактите се факти, дека од сам почеток НПК требаше да почне и после банките да влезат како акционери. Ама не се фатија за јадица, а многу пари во меѓувреме се испраа и потрошија. Останаа и 50 души на улица од бивши ЗПП, НПК ја купија Балканска и Македонска Банка, едната е денешна Уни другата ја рикнаа намерно одамна од една партија за да скријат дубарите.
А за бесплатното оди на НБРМ или на која сакаш банка и прочитај си за основна платеѓна сметка. Не мора се да ти сервирам. Ако ептен не се снајдеш пиши, ќе се потрудам да ти сервирам.
Значи од Понеделник да си ја затворам сметката на нлб. Секако така стои, барем да не маваат провизии.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Ако не ја работиш немаш ни провизии и трошоци.
Па, дилемата ни беше (или барем мене ми е), дали тие 20 денари се дополнителни, плус на тие што ги плаќам месечно за да имам е-банкинг пакет?
Доколку со плаќањето на пакетот, не се плаќаат тие 20 денари за мклик, то е подруго...
Ама во тој случај мклик лајт значи нема да е бесплатен.
Ок, не се многу пари, ама ова банкиве многу измислици за наплаќање протнаа на мала врата, а не дека кузнај што сне добиле за сите тие наплаќања....
За Лајт пакетот било, барем така ми рекоа во експозитура. Инаку нели би било многу глупо, било што друго...
 
StalkeR

poweruser
5 декември 2009
5.517
6.741
Обавезно.
Ако не ја користиш за ништо, а имаш друга покорисна, нема потреба да ти наплаќаат.
Иако, додуша, имаше ставка дека ако ти се трансакциите под 100 денари месечно, 0 (нула) денари е?
А можда сум грешка.

Не, бев денес во експозитура по друга работа и прашав за ова, ми рекоа дека иако е малку глупо напишано (многу ги прашале), тоа било за оној пакетот што досега беше бесплатен. Ако ме излажале или они не знаеле и јас ве лажам.

Добро отвори на други медиуми имаш колку сакаш или прочитај го законот, фактите се факти, дека од сам почеток НПК требаше да почне и после банките да влезат како акционери. Ама не се фатија за јадица, а многу пари во меѓувреме се испраа и потрошија. Останаа и 50 души на улица од бивши ЗПП, НПК ја купија Балканска и Македонска Банка, едната е денешна Уни другата ја рикнаа намерно одамна од една партија за да скријат дубарите.
А за бесплатното оди на НБРМ или на која сакаш банка и прочитај си за основна платеѓна сметка. Не мора се да ти сервирам. Ако ептен не се снајдеш пиши, ќе се потрудам да ти сервирам.

Ако не ја работиш немаш ни провизии и трошоци.

За Лајт пакетот било, барем така ми рекоа во експозитура. Инаку нели би било многу глупо, било што друго...

Не ја користам не, порано земав плата таму ама се префрлив. Имам картичка и денарска/девизна сметка кај нив, но немам трансакции.
Не знам дали ке им текне да наплаќаат нешто, ама ја превентивно. :D
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.507
3.109
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
И што се менува?
До сега беше:
  • 40 денари месечно за трансакциска
  • 30 за девизна
  • 70 стандард пакет мклик
  • 24 денари провизија ком НБРМ
  • 10 денари за трансфер кон физичко лице на НЛБ
  • 15 денари кон правно од друга банка
  • 0 за режиски трошоци преку сајтовите на евн, есм итн. (Мислам)
Тоа најдов преку мКлик. Прв пат се заинтересирав
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.603
1.764
Мислам дека НЛБ има најмали надоместоци за нивните услуги. Еве сега проверив на Шпаркасе и во 2024та сум платил 2656 денари, а во 2023 сум платил 1106 денари. Што и не е така мала сума. Нешто над 200 денари за М+Е пакет, Месечна провизија за дебитна картичка, за сметка.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.507
3.109
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Мислам дека НЛБ има најмали надоместоци за нивните услуги. Еве сега проверив на Шпаркасе и во 2024та сум платил 2656 денари, а во 2023 сум платил 1106 денари. Што и не е така мала сума. Нешто над 200 денари за М+Е пакет, Месечна провизија за дебитна картичка, за сметка.
Башка мислам дека за проверка на состојба на банкомат наплаќаат во Шпаркасе. И прв пат да проверуваш во месецот.
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.603
1.764
Башка мислам дека за проверка на состојба на банкомат наплаќаат во Шпаркасе. И прв пат да проверуваш во месецот.
И башка ми кажаа дека ме следува 2-3 пати без провизија да вадиш пари од друга банка на банкомат (пошто немаат секаде подружница/банкомат) во месецот, но лажат и за тоа, само ми земаа 300 денари за тест.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
И башка ми кажаа дека ме следува 2-3 пати без провизија да вадиш пари од друга банка на банкомат (пошто немаат секаде подружница/банкомат) во месецот, но лажат и за тоа, само ми земаа 300 денари за тест.
Ова мислам им беше во тој еден пакет за млади, го работи ќерка ми. Еве го најдов Vibe ON им се викало. Vibe On картичка со Vibe On пакет . Финтата е што по 24 години автоматски ти се префрла во стандарден пакет и гарант затоа те рокнале со провизија.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно