Што има врска за колку пратки се работи? Прашањето беше како се поднесува рекламација. Што е важно дали е за една или за повеќе пратки рекламацијата? Сакав да ти посочам дека до сега нон-стоп не ми стигаат пратки и дека моментално имам плус уште две кои ми фалат.За жал, нервозата кај тебе е преголема, за логично да размислуваш.
Не си ја прочитал мојата претходна порака, или не ти одговара тоа што сум го напишал.
1. Зошто се нервираш за евтина пратка? Зошто го оптеретуваш аудиториумот за евтина пратка?
2. Те советував: „Одмори, концентрирај се, биди љубезен, јави им се на телефонскиот број, прашај каква е постапката за да поднесеш писмен приговор за квалитетот на услугата или за непристигната пратка или како се карактеризира твојата жалба.“ - Не си го сторил тоа. Во ред - твој проблем е дали ќе ги послушаш советите. Очекуваш некој на форумов да ти го реши проблемот?
3. Никаков заклучок не сум донел, ти дадов совет да не се нервираш за $20. Да си зачуваш здравје.
4. Не читам мисли. Пишува во оригиналната порака пратка во еднина. Сега ја шириш приказната на три пратки.
5. Имам направено 200+ порачки по интернет во последниве 10 години и сите, ама баш сите имаат пристигнато кај мене дома, во Скопје, во населба Карпош. И Македонија е европска земја.
5. Прочитај ги пораките од твојата оригинална порака. Јас нема повеќе да ти одговарам, ниту советувам, очекувам да пораснеш и да почнеш сам да си ги решаваш проблемите.
Ти ептен брзаш.Кај мене купена пратка на 16 декември дури на 2 Февруари стигнала во Прага додека онаа што е купена на 27 декември пристигнала на 16 Јануари исто во Прага.И двете уште ги чекам а македонска пошта нема информации дали двете пратки уште се во Прага или си одмараат на царина.
Тоа е државна како и нашата чим испраќаат низ Европа брзината е таа, во просек 5-6 дена додека стигне. Да испратите нешто од тука во обратен правец за исто толку време би требало да стаса.
Кралската пошта е организирана да биде брза према (од и до) местата каде владее кралицата. (Ве чуди брзината на поштата на Хонг Конг? Кога кралицата го врати Хонг Конг на кинезите?) Се друго е случајност...
Еве да ја земам за пример последната изгубена пратка. Значи му ставаат бројче за пратење, го гледам статусот на страницата на поштата, кажува дека е стигната во Скопје, па дека е стигната во поштата во Битола, па дека испорачана, но на крајот мене не ми стигнува. Е сега објасни ми ти што се случило со пратката. Како тоа се губат пратките? Како е таа работа можна? Еве да речеме им залутала некаде во поштата во Битола (по бироа, по шкафчиња, паднала на земја или не знам што). Кога тогаш, сигурно некој вработен ќе ја најди, ќе ја види. На неа има име, презиме, адреса, па по тие податоци, нормално пратката треба да биде процесирана и на крајот да стигне кај што треба. Ај да е една можеби ќе залута и ќе се заборави некако, но како илјадници, ако не и милиони пратки во Македонија не стигаат и се губат? Види ги форумите, секој втор се жали дека му фали пратка, колку пати се пишувало/зборувало по медиумите. Нема ни потреба повеќе да се објаснуваме. Се знае како одат тие работи.
Јас порачав пратка на 05.12.2017 од UK и еве сеуште ја нема да дојде. Среќа евтина е пратката па не му ја мислам многу
Поштарот ти е lazy ass.
А ќе знаеш дали е дубара ако ги прашаш испраќачите дали им стигнале вратените пратки.
Вчера (26.02.2018) ми стига картонче за подигање на пратка со рок од 5 дена , а рокот тече од 13.02.2018 !!!
Идам у пошта и нормално пратката е вратена, и што е најважно не е прв пат, петти (5) пат ми се случува, џабе и жалење и идење кај тоа неписмените контролори.....
Му се случува на некој друг ваква работа или само мене ме д*пат овие од пошта?
Да може и се вика П.Фах.
Браво, така треба да биде во сите пошти.ама пази нема картончиња и такви работи туку ми стига вајбер порака со слика на пратката од некој од вработените од поштата во Чаир
...
Се си е во ред, само што јас неможев да го видам дека доаѓа во системот за "рано предупредување од проектили", просто ме изненади.
Пошо во моментов имам 14 пратки од Алиекспрес што ги очекувам и после секое станување од кревет телефонот во рака и по една проверка дневно онака опуштено.![]()

HDD 3,5" 8TB WD RED PRO NAS 7200RPM 256MB 24x7 SATAIII WD8005FFBX
20.200,00 ден
STEAM IRON EXTRALINK GARMENT 280ML
2.170,00 ден
COOLERS CASE FAN 120mm ARCTIC P12 Pro REVERSE, 3-Pack, 500-3000 RPM, BLACK, ACFAN00332A
1.560,00 ден
MOUSE WIRELESS USB LOGITECH G PRO X SUPERLIGHT 2 DEX (HERO 2 Sensor, Lightforce Switches), Black, 910-007357
9.950,00 ден
PUMPA EXTRALINK BICYCLE AND CAR w/pressure Gauge
890,00 ден
EARPHONES WIRELESS XIAOMI Redmi Buds 8 LITE BLUETOOTH w/microphone, BLACK, BHR08OMGL
1.680,00 ден