1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Македонски Пошти- општа дискусија

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од TATA_MATA, 28 Мај 2016.

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  1. Да, задоволен/а сум

    12.3%
  2. Ок се, сум немал/а некакви особени проблеми

    39.6%
  3. Не сум задоволен/а

    19.3%
  4. Не сум воопшто задоволен/а

    28.8%
  1. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    314
    150
    18 oктомври 2019
    Машко
    Да меѓутоа тракинг бројот е од Сингапурска пошта. Не ми е јасно како со таков тракинг ја пушта преку Yanwen?
     
  2. sinsinsin

    sinsinsin
    Intern

    8
    0
    22 ноември 2019
    Женско
    немам картонче, на тоа мислев, ама на форумов имам видено коментари од типот на иди земи си го само со тракинг бројче чим гледаш дека ти е стигнато, а од искуство тоа не функционира - како шо си пиша сам
     
  3. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,139
    7,039
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Мене поштарот ми оставил 2 картончиња за 4 пратки. Значи пи 2 бројчиња на 1 картомче. Ми се дереа и за тоа на шалтер ко ја да сум ги пишал така.

    Лошо е моментално, од преработеност се нервозни а и многу си отидоа. Мора да најдат решение неможе да функционираат како ПТТ од 1974.
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mmarko

    mmarko
    Gaining Experience

    91
    59
    1 Март 2013
    Машко
    Мене ми има стигнато картонче со 3 пратки на него :D. Што е ок, стигнале во исто време на ист човек, ги ставил на исто. Ама многу неефикасно ми делува целиов процес со картончињава. И онака на крај пак треба да отидам до пошта да ја земам, само плус ќе се прошета и поштарот до кај мене да остави картонче и ќе си ја разменат пратката меѓу себе неколку пати.

    Нека направат барем да има како опција некоја, кој сака да се регистрира, да му стигнува на маил, вибер, смс, што и да е, известување кога ќе стигне пратка и да одиш да си ја земеш. Ем за нив помалку работа, ем побрзо ќе си ја земеш пратката..

    Ама добро, со оглед на тоа колку време тракингот не е како што треба, ова е научна фантастика :)
     
  5. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,359
    11,538
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Рекорд ми е осум (ова не е тоа).
     
  6. MartinJack3d

    MartinJack3d
    Gaining Experience

    104
    82
    21 oктомври 2016
    Машко
    [​IMG]

    Ова значи дека е во главна пошта пристигната? Ја утепав од чекање од Октомври доаѓа... Чим не е спомната дека отишла на царина, се е океј така?
     
  7. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    314
    150
    18 oктомври 2019
    Машко
    Само уште да ти ја донесат.
     
    На MartinJack3d му/ѝ се допаѓа ова.
  8. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    829
    528
    20 Декември 2015
    Машко
    Шо пошта е? И јас чекам мауспад од октомври последно 21.12 прага ја пратила за навака.

    RBXXXXCN ти е ?
     
  9. Vlecka

    Vlecka
    Gaining Experience

    321
    169
    28 Јуни 2013
    Во последно време на 19/20ка имаат нов метод на работа. Помладата девојка и една постара госпоѓа, мислам некоја шефица им доаѓа, седат на шалтер и собираат топтан по 2-3 бројчиња и дали они, дали тој постариот со наочарите одат позади и носат одеднаш многу пратки и ги раздаваат.

    Се брзав и немав време да ги пофалам таму, ама ако некој знае каде да се остави пофалба или едноставно некој одговорен чита на форум - браво. 10 души за 5 минути исчистија, нешто што порано и по 20ина минути траело.

    25-30 дена Прага-Скопје како што гледам низ моиве пратки. Една од 5.12 на 30.12 стигна тука, друга од 16.12 уште ја нема...или надежно е во турава од горе ама уште не е скенирана.
     
    На steelseries му/ѝ се допаѓа ова.
  10. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,021
    2,266
    19 Јули 2013
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    314
    150
    18 oктомври 2019
    Машко
    Ова во 3D технологија.
     
  12. Vlecka

    Vlecka
    Gaining Experience

    321
    169
    28 Јуни 2013
    @steelseries Сабајле ја скенирале, може и твојава е во турава.
     
    На steelseries му/ѝ се допаѓа ова.
  13. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    829
    528
    20 Декември 2015
    Машко
    сеуште пиши

    CZ350, Pratkata e stavena vo vlez(izlez) :[
     
  14. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    722
    385
    25 Јули 2015
    Машко
    Економетричар, Ph.D
    Мене ми мириса дека нашава пошта забушава. Не е можно 24 дена да ја нема пратката со Сингапурска пошта. Порано за 13-14 дена или максимум 17 дена стигаа. Дури си помислувам да не ја собрале.
     
    На steelseries му/ѝ се допаѓа ова.
  15. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    829
    528
    20 Декември 2015
    Машко
    Кај нас е друже, нема вработени доволно, а и тие што се не си ја вршат должноста. Празник е за нив секој ден.

    Карпош 3 пошта даваш картонче и чекаш 15 мин да тргни да ти ја носи пратката а пред тоа трачарски муабети слушаш.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MartinJack3d

    MartinJack3d
    Gaining Experience

    104
    82
    21 oктомври 2016
    Машко
    [​IMG]

    Некој да не знае процедура сега.. чим пишува ДО 1006 Царина? Значи ќе оди на царина пратката? А забелешка пишува "Во Пошта"
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  17. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    722
    385
    25 Јули 2015
    Машко
    Економетричар, Ph.D
    Ќе чекам уште оваа недела, ако не се појави, ќе им се нацртам на железничка.
     
  18. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    722
    385
    25 Јули 2015
    Машко
    Економетричар, Ph.D
    Би требало да се појави за брзо време и "недостасува фактура". Тогаш прати им мејл во царина.
     
  19. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    829
    528
    20 Декември 2015
    Машко
    Сериозно ако не ми дојди и мене, пиши ми ПП заедно ќе идеме на правење шпански серии.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    314
    150
    18 oктомври 2019
    Машко
    Не се сложувам со тебе. Никогаш не сум чекал повеќе од 2 минути за да ми ја дадат пратката со картонче. Башка и дома ги доставуваат кога можат.
    А и не знам што очекуваш? Да те дочекаат со 3-4 пратки на шалтер и до букет цвеќе? Ај малку биди реален.
     
    Последна промена: 15 Јануари 2020
  21. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    829
    528
    20 Декември 2015
    Машко
    Ти немора да се сложуваш, тоа е твое право. Да има една нова плава си ја врши работата а една друга старица со една црна се прави дибеци. Ау заборавив и еден келав шо сака да скокни од шалтер и да се тепа. Башка 50 пратки во Скопје годинава имав една не ми ја доставија дома, од кои што 90 посто беа помалку од 100 грама тешки. Незнам дали си частел поштар или толку добродушен ти е, зависи од самиот поштар и каде живееш. Дали куќа или стан. Шест години поштарот во Карпош 3 го немам видено.
     
  22. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    314
    150
    18 oктомври 2019
    Машко
    Не е битно дали јас се сложувам или не. Плукаш овде по вработени во институција. Дали трачарат или не, не е твој проблем. Твое е да одиш да си ја земеш пратката. Друго не треба да те интересира. Ниту плавата, ниту црната а и ниту "ќелавиот" не се таму поставени за тебе. Си дошол да земеш пратка и треба сите да ти се клањаат? Кој фактор си па ти?
     
  23. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    829
    528
    20 Декември 2015
    Машко
    Се клањаат дома, немора мене да ми се клањаат. Јас сум човек кој што треба да биде послужен кога ќе им го дадам картончето а не да го држат во рака и да си прават муабети, на 10 јазици. Ако е институција според тебе, зошто зборуваат на друг јазик? Да не навлегуваме повнатре, тоа не ми смета што си разговараат на нивни јазик, туку за послужноста. И да поставени не се само за мене, туку се поставени за СИТЕ, и сите рамноправно треба да бидат послужени. Кога и да отидам во поштата да подигнам пратка, луѓе се караат со нив.
     
    На Vlecka му/ѝ се допаѓа ова.
  24. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    722
    385
    25 Јули 2015
    Машко
    Економетричар, Ph.D
    Нашата пошта не го исполнува основното правило во јавниот сектор, а тоа е јавниот интерес. Зошто ги блокира корисниците да не можат да си го проверат преку веб страната статусот на пратката? Зошто јас за да си го проверам статусот на пратката морам да вклучувам VPN? Тоа не е во ред.
     
  25. Excalibur

    Excalibur
    Gaining Experience

    314
    150
    18 oктомври 2019
    Машко
    Еве ти лично искуство. Јас никогаш не сум бил блокиран. Секогаш ми е во функција страницата. Незнам како би те блокирале освен по IP адреса? По MAC адреса сигурно не те блокирале.
    На кој оператор си? Зошто кога проверуваш не рестартираш рутер, па да видиш дали си блокиран со новата IP адреса?
    Не можам да тврдам, меѓутоа имам чувство дека само од одредени провајдери имаат проблем со отворање на страницата.
     

Сподели

Вчитување...