Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.867
5.582
Од твоево испага како да го одобруваш ПП/Ј кабелот при инсталацијата на клима уред..
Не, ама па и не е за паѓање во несвест ако е квалитетен.
Па не сваќај буквално дека е залепен ама при обвиткубање со белата трака се стега и сунгерот усте толку се пресова па растојанието помегу кабелот и бакарните цевки се намалува.
Ти буквално напиша така. Дека било 80+ степени итн. Ај фати клима цевка преку термо изолацијата (тоа сунѓерот што го викаш ти), па кажи дали е 80+.
Заради тоа озбилните производители го препорачуваат H07RN-F или сроден на него..
Не толку ради температурата, туку главна предност на RN vs VV кабелот е УВ отпорноста и отпорноста на одредени хемикалии и растворувачи, као и поголемата издржливост на механички промени и сето ова кога се употребува во надворешни услови.
Лино искуство.
Вршев преместување на клима инвертер кај мене инасталирана со РР/Ј кабел од ено на друго место.
Да видиш во каква состојба е кабелот после 12години сигурен сум дека нема да ти текне уште еднаш да користис таков кабел за монтажа на клима уред. Кабелот беше укрутен и испукан посебно зад внатресната единица во зидот (дупката) и низ неа.Кај што ја фака сонце климата или ако е јужна експозиција усте толку се оштетува и укрутува..
Зашто баш во дупката не знам, ама ао идеме со лични искуства ако сакаш ќе ти сликам 25+ години стар PP-Y (или NYM-Y) или ми ти по старо PGP или по најново H0*VV-*, кабел на клима Фонко на кој бутур не му фали. Значи и до кабелот е.
Многу се остетува ПП/Ј кабелот при греење со киматизерот,не е квалитетен..
Пак грешиш изрази. Не е наменет точно за тоа, а квалитетот е друга работа.
Повторувам исклучиво монтажа со H07RN-F или сроден на него.
Ако не верувате проверете во упатството кој кабел ви го предлагаат со вид и пресек (површина)мм2.
Сигурен сум дека никој нормален производител нема да го препорача РР/Ј.
Или нема да препорача ниеднаа ознака само ќе пише соодветен пресек, или ни тоа, него само максимум јачина на струја што би повлекол.

Sent by ME using Tapatalk
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.611
19.345
Јас досега немам сретнато да се препорачува одреден тип на кабел. Само пресекот е препорачан
 
Dinamit

hello world
25 мај 2013
438
612
Друштво. Препорака за клима 5.5KW. Ќе се користи за греење пред се. Околу 50м2 простор.

Работна температура:од -10 до +46
Разгледував неколку инвертери. Ме буни ова со работната температура, а немам баш многу време за истражување. Дали ова значи дека таа ќе грее само додека надвор е до -10 степени? Хипотетички што ќе се случи ако падне температурата на пример до -16 степени?

1. еден од главните фактори за избор е и економичноста
2. Добро би било да ја има на Еуровент
3. Влажност на воздухот опции, и распределба на дувањето низ целата просторија.
4. Да има некаква заштита од замрзнување на надворешна единица при ниски темп.
4. Буџетот е 35-45к денари, но отворена е можноста, ако навистина вреди да се доплати буџетот да се продолжи и до 53к денари

Може да давате и ваши предлози или совети, придружено со мало појаснување зашто вреди да се купи климата која ја препорачувате. Јас направив потесен избор oд овие клими, но се разбира отворен сум и за предлози.

Последна промена:

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.344
2.766

земи си Хајсенс, јас земав Energy SE, таа иде до -25, исто и оваа што си ја ставил иде до -20 без проблем. Плус имаат Wifi вградено и можеш преку телефон од каде сакаш да ја контролираш. Кај вивакс мислам се докупува wifi адаптер.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.611
19.345
Дали ова значи дека таа ќе грее само додека надвор е до -10 степени? Хипотетички што ќе се случи ако падне температурата на пример до -16 степени?
Ако има TOL (Temperature operation limit) на - 10 ова значи дека под оваа темперстура COP ќе биде 1 или благо под 1 или по нашки, ќе се понаша како калорифер. Колку што троши, толку дава.

Нормално, ова не е безгранично. Ако не и идговара, рецимо, под - 15,тогаш едноставно или нема да се вклучува (ќе исфрли код) или среде работа ќе пријави грешка.

Mitsubishi да си земеш
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.170
3.223
Струмица
Друштво. Препорака за клима 5.5KW. Ќе се користи за греење пред се. Околу 50м2 простор.

Работна температура:од -10 до +46
Разгледував неколку инвертери. Ме буни ова со работната температура, а немам баш многу време за истражување. Дали ова значи дека таа ќе грее само додека надвор е до -10 степени? Хипотетички што ќе се случи ако падне температурата на пример до -16 степени?

1. еден од главните фактори за избор е и економичноста
2. Добро би било да ја има на Еуровент
3. Влажност на воздухот опции, и распределба на дувањето низ целата просторија.
4. Да има некаква заштита од замрзнување на надворешна единица при ниски темп.
4. Буџетот е 35-45к денари, но отворена е можноста, ако навистина вреди да се доплати буџетот да се продолжи и до 53к денари

Може да давате и ваши предлози или совети, придружено со мало појаснување зашто вреди да се купи климата која ја препорачувате. Јас направив потесен избор oд овие клими, но се разбира отворен сум и за предлози.

Земајќи во предвид Еуровент и твојот буџет, ограничен си на овој избор, листата е од поевтина кон поскапа:

klima fan

lurker
14 јуни 2021
655
366
Друштво. Препорака за клима 5.5KW. Ќе се користи за греење пред се. Околу 50м2 простор.

Работна температура:од -10 до +46
Разгледував неколку инвертери. Ме буни ова со работната температура, а немам баш многу време за истражување. Дали ова значи дека таа ќе грее само додека надвор е до -10 степени? Хипотетички што ќе се случи ако падне температурата на пример до -16 степени?

1. еден од главните фактори за избор е и економичноста
2. Добро би било да ја има на Еуровент
3. Влажност на воздухот опции, и распределба на дувањето низ целата просторија.
4. Да има некаква заштита од замрзнување на надворешна единица при ниски темп.
4. Буџетот е 35-45к денари, но отворена е можноста, ако навистина вреди да се доплати буџетот да се продолжи и до 53к денари

Може да давате и ваши предлози или совети, придружено со мало појаснување зашто вреди да се купи климата која ја препорачувате. Јас направив потесен избор oд овие клими, но се разбира отворен сум и за предлози.

Vivax AEHI+ 5.5kw одличен модел

Нормално, ова не е безгранично. Ако не и идговара, рецимо, под - 15,тогаш едноставно или нема да се вклучува (ќе исфрли код) или среде работа ќе пријави грешка.

Ако е деклариран клима уредот пример до -15°C ќе работи и на -20°C но со намален капацитет нема грешка да исфрли туку ќе работи со помал капацитет
 
filipinec

hello world
5 февруари 2018
51
24
Јас досега немам сретнато да се препорачува одреден тип на кабел. Само пресекот е препорачан
Па можи не си сретнал, еве ти линк од Тошиба Toshiba RAS-B07J2KVSG-E Service Manual (Page 78 of 139) | ManualsLib се става
cable H07RN-F or 60245 IEC66 и назначено со кој пресеци воопшто не го спомнуваат PP/Ј.
Е сега ако некаде не е кажано не значи дека треба да се стави РР/Ј како што е над 99% од инсталациите.
Истава препорака сум ја сртетнал и кај климите на хитачи да се користи кабел H07RN-F
Не, ама па и не е за паѓање во несвест ако е квалитетен.
Тогаш објасни зошто Тошиба не го прифака РР/Ј како тебе туку H07RN-F or 60245 IEC66
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.867
5.582
Тогаш објасни зошто Тошиба не го прифака РР/Ј како тебе туку H07RN-F or 60245 IEC66
Добро, ме праша ти одговорив, и повторно ми ги вртиш работите. Ајде да повторам. И јас и тошиба и други, денес ќе препорачаме тоа што е најдобро за одредена работа, и што е најдобро според моменталниот стандард. Тоа исто така не значи дека поранешните поставени иабли се лоши ако се квалитетно изработени. Едноставно новите се подобри. И твојот H07RN-F, не е закон за клими, него по најстандардна монтажа тој е најпогоден. Но еве да те прашаам што би користел ако струјата ја тераш на друг начин. На пример вкопана во фасада/под малтер или на пример над фасада во метална/пластична цевка?
Него не кажа како е 80+ степени на цевката преку термо изолација? Пипна? Де да видам изгоретини прв степен?

Sent by ME using Tapatalk
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.611
19.345
Ако е деклариран клима уредот пример до -15°C ќе работи и на -20°C но со намален капацитет нема грешка да исфрли туку ќе работи со помал капацитет
Истото го пишав. Под TOL нема COP. Точка!
Ако троши 3kW, ќе дава 3kW. Исто како обична греалица, калорифер и слично

Имате Eurovent гледајте и анализирајте
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.332
5.348
Скопје
hackitfree.github.io
Јас досега немам сретнато да се препорачува одреден тип на кабел. Само пресекот е препорачан
Ма и мене ме збуни дечково - гледам нешто шифри кабли нешто врти - викам - експерт ова некој - ај не се мешам . ..
Уствари најпростото секогаш е најточно Колку струја - толку пресек на кабел А по шифри - кој ќе ти разбере или најде...
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.867
5.582
Ма и мене ме збуни дечково - гледам нешто шифри кабли нешто врти - викам - експерт ова некој - ај не се мешам . ..
Уствари најпростото секогаш е најточно Колку струја - толку пресек на кабел А по шифри - кој ќе ти разбере или најде...
Абе види не е лошо да се следат препораки или стандарди. Ама па да не претеруваме со некои изјави. Инаку го има кабелот кај нас, не дека го нема. H07 или кај нас повеќе го знаат како GN50, или црниот гумен за на моталици. А и нема што ти да бараш, треба да знае и да си донесе монтерот, ама ...

Sent by ME using Tapatalk
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.419
5.582
Истото го пишав. Под TOL нема COP. Точка!
Ако троши 3kW, ќе дава 3kW. Исто како обична греалица, калорифер и слично

Имате Eurovent гледајте и анализирајте
Не е така.
Не може ако цоп на тол да е 2,5, на тол-1 да биде 1.
Ќе си опаѓа според кривата на перформансите, нема магично да се исече на 1.
А ако климата е во согласност со европските прописи (CE), ќе престане со работа пред цопот да падне под 2.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.611
19.345
(Toshiba)
Operation limit temperature

(Tol) means the outdoor temperature [°C] declared by the manufacturer for heating, below which air conditioner will not be able to deliver any heating capacity. Below this temperature, the declared capacity is equal to zero

Згора на се постои и Wet Bulb и Dry Bulb temperature па така ова може по малку и да биде растегливо
 
И?
Како од ова извлече дека под тол ќе работи како греалка? Пишува дека под таа температура нема да грее.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
655
366
Истото го пишав. Под TOL нема COP. Точка!
Ако троши 3kW, ќе дава 3kW. Исто како обична греалица, калорифер и слично

Имате Eurovent гледајте и анализирајте

Ако е деклариран до -15°C на -25°C ќе работи но со намален капацитет НО битно нема да исфрли грешка туку ќе работи со помал капацитет

Абе види не е лошо да се следат препораки или стандарди. Ама па да не претеруваме со некои изјави. Инаку го има кабелот кај нас, не дека го нема. H07 или кај нас повеќе го знаат како GN50, или црниот гумен за на моталици. А и нема што ти да бараш, треба да знае и да си донесе монтерот, ама ...

Sent by ME using Tapatalk

Најдобро е монтерите одкога ќе ги избандажираат бакарните цевки со бела пвц трака пред да ги заштрафат цевките на надворешната единица да ги протнат во вакво изолационо црево

5oefxqsedgd281nmql6l_po7hpgl0srp7bckr2q_scale600x600.png

Но дали во МКД има вакви изолација црева незнам
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.611
19.345
И?
Како од ова извлече дека под тол ќе работи како греалка? Пишува дека под таа температура нема да грее.
Под TOL ќе има COP единица. Ако има COP=1 тогаш е еднакво на обично грејно тело кое исто така има COP 1 (или ајде еве, под 1 пошто дел од енергијата заминала во светлина)
И да има COP над 1 @ TOL под TOL се намалува драстично. И ни јас не тврдам дека магично се спушта на 1 или под него па да крене раменици и да рече „јас од одвде натаму не знам како“
Или на кратко
will not be able to deliver any heating capacity. Below this temperature, the declared capacity is equal to zero
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.867
5.582
Најдобро е монтерите одкога ќе ги избандажираат бакарните цевки со бела пвц трака пред да ги заштрафат цевките на надворешнат

5oefxqsedgd281nmql6l_po7hpgl0srp7bckr2q_scale600x600.png

Но дали во МКД има вакви изолација црева незнам
Има, зашто да нема. Ама сѐ е тоа трошок кој никој не сака да го преземе ако не мора.

Sent by ME using Tapatalk
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.419
5.582
Под TOL ќе има COP единица. Ако има COP=1 тогаш е еднакво на обично грејно тело кое исто така има COP 1 (или ајде еве, под 1 пошто дел од енергијата заминала во светлина)
И да има COP над 1 @ TOL под TOL се намалува драстично. И ни јас не тврдам дека магично се спушта на 1 или под него па да крене раменици и да рече „јас од одвде натаму не знам како“
Или на кратко
Еве една клима по случаен избор
1724345907219.png

На -16 ќе има цоп 1? Тоа сакаш да кажеш?
Или ќе биде некаде околу 2,2?

А тоа што упорно го цитираш од Тошиба, вика дека под тол рачунај дека не грее, а не дека цоп е 1.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: marv

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.611
19.345
На -16 ќе има цоп 1? Тоа сакаш да кажеш?
Или ќе биде некаде околу 2,2?

А тоа што упорно го цитираш од Тошиба, вика дека под тол рачунај дека не грее, а не дека цоп е 1.
Да, COP e 1 под TOL
Треба да ги расчепкаш тест критериумите на Eurovent за да видиш зошто добиваат толку COP на тој TOL и потоа да видиме зошто Toshiba вели дека капацитетот на греење е нула под TOL

1.png

2.png

3.png

Еве ги правилата ако ти се чита
Значи со паднат капацитет односно под TOL, таа ќе работи но ќе дава топлина онолку колку што троши во моментот а тоа е COP 1 при што се промаршува поентата на климата како уред.

Ако е поинаку, кажи еве како е
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.108
6.051
Еве една клима по случаен избор
Погледнете го атачментот 140210

На -16 ќе има цоп 1? Тоа сакаш да кажеш?
Или ќе биде некаде околу 2,2?

А тоа што упорно го цитираш од Тошиба, вика дека под тол рачунај дека не грее, а не дека цоп е 1.
Токму така. Ако ја тераш да грее ќе има цоп 2.2. Но по правило бидејќи таа е декларирана да работи до ТОЛ, се зема дека ако падне под ТОЛ - климата ја гасиш и палиш електрично греење панелка/калорифер со ЦОП 1.

На -14 ако има 2.3 на -16 ќе е околу 2.2. нека е и 2.1. сепак светлосни години од цоп 1.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.419
5.582
Да, COP e 1 под TOL
Треба да ги расчепкаш тест критериумите на Eurovent за да видиш зошто добиваат толку COP на тој TOL и потоа да видиме зошто Toshiba вели дека капацитетот на греење е нула под TOL

Погледнете го атачментот 140224

Погледнете го атачментот 140225

Погледнете го атачментот 140226

Еве ги правилата ако ти се чита
Значи со паднат капацитет односно под TOL, таа ќе работи но ќе дава топлина онолку колку што троши во моментот а тоа е COP 1 при што се промаршува поентата на климата како уред.

Ако е поинаку, кажи еве како е
Ова е сѐ за пресметка на СЦОП за Еуровент. Не паѓа магично реалниот капацитет кога ќе се достигне тол, туку продолжува да си опаѓа според кривата на перформанси како и до тол. Климата најчесто ќе си продолжи да работи и да грее. Само за пресметката се зема дека таа веќе не е грејно тело и затоа се заменува со обичен електричен грејач. Не климата, туку вредностите во пресметката (оттука цоп=1). Ама така се пресметува и за еден дел од капацитетот под бивалентната температура. Затоа екипата на кајгана мисли дека во климата има ел. грејач кој под бивалентната температура се вклучува и го догрева воздухот. Немој и ти по нивниот памет.

ТОЛ си го одредува производителот во зависност од перформансите на климата и крајниот резултат што сака да го добие за декларираната моќност и сцоп а со тоа и пресметаната годишна потрошувачка и енергетската класа. Е сега на некоја температура под тол, некои клими немаат сила ни да се вклучат, некои програмирано ќе намалат или престанат да работат, некои ќе тераат ко ништо да не било.
 
filipinec

hello world
5 февруари 2018
51
24
Добро, ме праша ти одговорив, и повторно ми ги вртиш работите. Ајде да повторам. И јас и тошиба и други, денес ќе препорачаме тоа што е најдобро за одредена работа, и што е најдобро според моменталниот стандард. Тоа исто така не значи дека поранешните поставени иабли се лоши ако се квалитетно изработени. Едноставно новите се подобри. И твојот H07RN-F, не е закон за клими, него по најстандардна монтажа тој е најпогоден. Но еве да те прашаам што би користел ако струјата ја тераш на друг начин. На пример вкопана во фасада/под малтер или на пример над фасада во метална/пластична цевка?
Него не кажа како е 80+ степени на цевката преку термо изолација? Пипна? Де да видам изгоретини прв степен?

Sent by ME using Tapatalk
Според монтажата како што е наведено во упатството ако напојувањето и конекцијата одат во сноп заедно со двете бакарни цевки Тошиба ти вели да се користи H07RN-F кој пстој од памтивек и лесно достапен (не треба специјална нарачка).Не дека нема подобри а и поскапи од него но таа вели дека е тој кабел доволен да ги здоволи критериумите оштета на бакарната изолација било мехничка,било UV зрачење или останати неповолни ситуации па ке ја издржи топлината од допирот со бакарните цевки,а не дека е тоа закон.Ти можеш да користиш и други кабли но да се во групата на 60245 IEC66 а РР/Ј и PGP кој се користи за инсталација не би требало да се употребуваат да се во сноп со бакарните цевки Каде сто треба има и дополнително загревање.Мозеби на твојата Фонко издрзал PGP кабелот 25 год.што си ја користел претежно за ладенње или мало пригревање па со тоа и изолацијата на бакарната севка не се оштетила а и кабелот бил оптеретен со 4-5А со пали гаси на климата.Се знае системите на Р-22 не биле толку оптеретени на негативни температури оти при грењето
како сто пагала температурата надворешна ,така и климата се помалце влечела ампеража а и бакарните цевки се помалце биле загреани,додека кај инвертерите е обратно.
Е па така кај мене Тошиба Сузуми 16 максим која макцилмум мозесе да повлечи 2250в го укруте ПП/Ј кабелот со пресек 1,5мм2 ставен во сноп со бакарните цевки после 50000 работни сати,е сега кога би била монтирана со H07RN-F би била друга приказна.Сега ако моето искуствосто сто го опишав го сметаш за претерување со изјави тоа незнам.Јас само велам теба да се внимава.
И ел.спорет и термоакомулационите ги продаваат без кабел треба да се монтираат со
H07RN-F па има многу сто сум ги видел монтирани и со РР/Ј и
PGP па ене работаат ништо не им е се додека не слушнеш дека причина за пожарот била неисправна ел.инсталација,или пецката или шпорет итн.
Не сакам да ширам никаква фобија или наратив или да си ги мериме тука кој е во право , него сакам да укажам дека треба да бидеме внимаелни,а тука на форумов е да размениме искуства и спознанија.
А за тие 80 степени слободно стави сонда помегу кабел пп/ј 1,5мм2 и бакарата цевка на растојание помеги нив од 2мм.
При тоа оптеретиго кабелот со ете не моора 10А нека бидат 8А во полна тула од двете страни дупката да е затворена па после кази го резултатот.Мозис да го поврзис и на монитор па како Злате да ни ја презентираш топлината.
Еве ви едно видео каде казва дека H07RN-F мози да издрзи 90 целзи без да ги изгуби своите својства.https://www.youtube.com/watch?v=5SobD-ZfMd0
 
Dinamit

hello world
25 мај 2013
438
612
земи си Хајсенс, јас земав Energy SE, таа иде до -25, исто и оваа што си ја ставил иде до -20 без проблем. Плус имаат Wifi вградено и можеш преку телефон од каде сакаш да ја контролираш. Кај вивакс мислам се докупува wifi адаптер.
Дали ја има на еуровент, Тоа ми е еден од критериумот? И ако можеш испрати ми го моделот.
Hisense секако ми беа едни од потенцијалните во изборот. Па ќе ми значи многу.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Офтопик

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно