Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Ethereum

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.476
SK
Најпрофитабилно копање етереум: Бапни опремата да копа на работа и калапи пари... Додека не те фатат. :)

Само овој ептен глуп, не му било доста што краде струја, туку ставил мајнинг малвер на серверите во фирмата (аеродром, ни мање ни више). Тежок идиот.


Сафирки се ова, а?
Има и видео на италијанскиот линк.

1605095197936.png




 

makadam

read-only
28 март 2011
25
17
Пошто етериум “phase 0” и официјално започна имам прашање до кога ќе може да се копа оваа крипто валута, мислам секако со 8 гб карти пошто 4гб се активни до epoch 382 но најкасно до крајот на јануари со lolminer (zombie mode) и со помала ефикасност.
 

Sludge.Factory

Баниран/a
7 февруари 2014
1.225
1.901
Gostivar
Етх 2 има повеќе фази

phase 0, Beacon chain веќе започна.Тука е само овозможено да се депонира етх, да се приклучат валидатори, и да се почне со создавање на блокови.

phase 1, би требало да почне, по 6 месеци од претходната фаза, и тука ќе има веќе и праќање и примање на трансакции, но без смарт контракти. Слично како биткоин мрежата моментално.

phase 2, исто така 6 месеци од претходната фаза, каде ќе бидат додадени смарт контракти, како и шардинг, што овозможува многу поголема брзина на трансакции по секунда, и општо повеќе трансакции по блок.

Меѓу првата и втората фаза, ќе има phase 1.5, која е специјална а можеби и најважна. Со неа, цела моментална proof of work eth1 мрежа, ќе мигрира во етх2, истите адреси, фрази, состојби, трансакции, ќе ви се префрлат автоматски на proof of stake. Тука завршува копањето на ЕТХ.

Важно е да се напомене, дека сите овие фази се во завршна состојба, и кодот им е готов, само треба полирање и оптимизирање. Причини за етапите и овие 6 месеци период е да се избегне некоја критична грешка, и да има шанса да се поправи пред ЕТХ1 мрежата да престане да функционира.

Исто така убаво е да се знае и дека тој период е потребен да се завршат тестирања и контроли, слично како пред да почне фаза 0. Беше спремна од мај, но поради audits, моравме да чекаме до средина ноември за да добиеме адреса за депозит и зелено светло.

Ако се оди глатко, без никаков баг (што е невозможно) тогаш меѓу фазите, ќе видиме 3 месеци период, т.е за 6 месеци веќе етх1 ке мигрира. Но ништо не е идеално, и затоа е земен тој временски период од 6 месеци, т.е уште година дена копање.

Според мене лично, од денот на genesis block, т.е вчера, за 12-24 месеци етх1 целосно ке премине на етх2.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно