Chicco69
lurker
- 21 април 2016
- 648
- 3.080
SBody VapeDroid C2D1 DNA250 167W - втор дел (TC, Battery Charging, OS & Menu)
Ги ставив двете нови батерии да се полнат во него и го приклучив на УСБ полнач. Уште една чудна ситуација: дисплејот свети константно, а нема никаква индикација дали се полнат батериите или не. WTF!
После 2.5 часа дисплејот кажува дека батериите се скроз празни, значи не ги полни модот. Чудно... Го отштекав од полнач и ај си велам да го пробам. Хммм, батериите сепак се полнеле во тие 2.5 часа. Смешна ситуација, јас си вејпам увелико, а показателот за батериите покажува дека се скроз празни. Мака ми е да ги вадам батериите за да ги измерам со унимер. Нели, вадење/ставање батерии во дроидов е трауматичен процес.
(Update: после 2 - 3 часа барот за батерија на дисплејот рипна на околу 50%. Му текнуе, ама споро.
)
Пред да се испразнат батериите, на кратко го имав ставено во температурна контрола. Греачот заклучен, стокмено се како треба, Чико си цугаше на 235C и си тестираше... Сега после ова "скришно" (не) полнење на батериите, се е исто (амитот не пипнат од мод), ама 235C се мнооогу жешки. После неколку серии од два-тринаест кликања ја симнав температурата на 220C и пак е жешко. Ништо од таа фамозна ДНА температурна контрола. Делува како да има варијабилна (аналогна) јачина, според наполнетоста на батериите?!? Знам дека не е така, ама сепак.
Со полни батерии работи доста солидно. Како во ватен режим така и во ТЦ, сакам да верувам дека побрзо реагира од кинезите, ама уште помалку сум убеден. Ако и постои некаква разлика во ТЦ со Joyetech/Eleaf/Aspire, дефинитивно е минорна. Споредено со Voopoo Drag, Smoant Charon и GeekVape Aegis кои користат екстра квалитетни брзи чипови, разликата веројатно би била 0. Уште лани пишував за тоа. Еве сега гледам Voopoo Too се фали со светски рекорд од 10 мили секунди (интересен нов мод BTW)...
Уште една чудна работа во ТЦ мод: После секој "цуг", по два пати ми титка "TEMPERATURE PROTECTED". Aко сака да ми каже дека намалил снага за да ми ја одржи температурата што сум му ја задал, излишно е тоа. Се подразбира. Ако нешто не му е погодено, негов проблем. Јас сум го заклучил атомајзерот со греач на собна температура, сум му задал Т и мое е да си дувам, а негово е да работи најмалку како еден просечен кинески мод, а не да ми цмиздри цело време.
Подесувањето на самата температурната контрола е грубо, во чекори од 5C. Далеку е тоа од 1C градација што ми ја нуди Aspire Speeder. Ок, во класа на Joyetech/Eleaf е според тој параметар и не е крај на светот. Но (ова е многу значајно за мене), за промена на температурата треба да се надрукаат 12-13 клика движејќи се низ менито, за да зголемам од 220C на 225C и обратно ... упс, уште нови 12-13 клика за обратното.
Ако е активен стелт модот, цифрата рипа на 18 клика. Тоа кај Joyetech/Eleaf/Aspire е проста операција од едно или две кликања.
Тука не завршуваат компликациите. Дроидов има стелт мод, не е дека нема. Ама е или фул оф или екранот блешти цело време. Интелигентен стелт мод како кај Џока & Илиф не открив - дисплејот да си биде оф, а при кратко притискање на фајр копчето или било кое од тие за подесување, да си се активира како што е редот.
Да напоменам уште еднаш, се уште го тестирам 'as is' или 'out of the box'. Не секој што ќе го купи е компјутерски гик што ќе инсталира софтвер, ќе апгрејдува фирмвер и на сето тоа ќе се бафта со калибрации и што уште не.
Еден стандарден потрошувач плаќа со мерак скап ДНА250 мод. Го носи дома, го отпакува, чита упатството, става две батерии и почнува да го користи. Модот треба да го понуди својот максимум токму во таква ситуација. Фабричките сетинзи треба да бидат најдобри колку што е можно, се треба да е калибрирано и дотерано...
Што би рекол Србинот Бет: - "Ајмо даље."
Следно ќе бидат драјвери, и-скрајб софтвер, најнов фирмвер ... ех, тежок бил овој ДНА живот.