1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дали програмерските фирми гледаат и работен стаж во Македонија?

Дискусија во форумот 'Останато' започната од JensenInterceptor, 14 Септември 2018.

  1. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    446
    179
    28 ноември 2015
    Машко
    Не знаев каде е посоодветно да стои прашањево. Немам право да праќам во „вработување“, па едукација ми личеше најсоодветно.

    Бидејќи сум повеќе фриланцер и немам работен стаж, дали фирмите за програмирање и развој на софтвер гледаат колку работен стаж во струката(без стаж за работа на друг вид струка) во Македонија имаш?

    Дали можеби е пресудно за вработување да имаш стаж во струката?

    Или се е до тоа да се пополни ЦВто со програмерски „капитал“ и како тоа ќе се покажеш на разговор за работа?
     
  2. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,230
    811
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Официјален стаж за пензија не е битен.
    Битни се годините искуство што ги имаш, проектите што си ги работел, проблемите со кои си се соочувал.... Врз база на тоа + техничко интервју + soft skills + ... те вработуваат како junior/intermediate/senior/lead....
     
    Psycore, DonFrozex, loris и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,057
    1,260
    5 Септември 2008
    Машко
    Единственото нешто што треба да ја интересира фирмата е што и колку знаеш.
     
  4. loris

    loris
    Gaining Experience

    627
    53
    7 Мај 2007
    Машко
    Програмер
    Не е пресудно воопшто, најбитно е да го презентираш она што го имаш работено и кој бил твојот придонес во тоа.

    Обично се наведува сајт на кој си работел, на тоа следи прашање сам или тим, ако е тим која е твојата улога во тимот, што работеше front, back или full stack.

    Мене лично ако ме прашаш јас повеќе би сакал да видам портфолио пред CV.

    Исто така компаниите обично сакаат да ги знаеш и алатките што ги користат (односно што алатки користиш),
    со цел побрзо интегрирање во тимот и компанијата.
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Astro

    Astro
    Guru

    5,663
    7,305
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Или по можност да имаш што помалку стаж за да ти платат помалце и да те ј**ат што повеќе зошто си наводно неискусен... жална вистина.

    Многу зависи од фирма до фирма и многу зависи работното место какво е, ама генерално она што пиша @Taurus е некое непишано правило.
     
    JasSum, JensenInterceptor и на mdeni им се допаѓа ова.
  6. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,466
    2,390
    14 Мај 2008
    Машко
    Ко што се очајни фирмиве за програмери, не само што не гледаат искуство, туку не гледаат ништо друго. Пишуваат на LinkedIn search што програмер сакаат, и на сите што ќе се појават како резултати им кликаат "send message", не им ги ни отвараат профилите. True story bro.
     
    JensenInterceptor, DrMTR и на Fatal1ty_ им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...