Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.289
5.266
Скопје
hackitfree.github.io
Друштво се поврзано како што треба. Стример > Појачало > Звучници

Се јавува шум на над 40-50% гласност од двата звучника, се слуша само кога сум ептен блиску до звучникот без музика, не можам да направам разлика дали влијае воопшто на звукот кога се слуша музика.

Кога се активни оптичките порти тогаш се јавува шумот, пробав ТВ>појачало има шум, стример>појачало има шум, во моментот кога ќе го извадам оптичкиот кабел се губи и шумот. Пробав со 2 различни оптички кабли.

Пробави се и комбинациите различен кабел различен source различна порта, пробав да ја исклучам секоја варијанта, ама секогаш се јавува шумот.

Прашањето ми е дали е нормално ова, или треба да очекувам да нема никаков шум?
Пробај на различен штекер приклучи ги...
Мене Јамаха звучниците ми вадат компјутерско она зуење ако се на ист штекер со ПЦто. Морам или во друг штекер - на друга фаза или да го исклучам заземјувањето на нив (со селотејп само контактите за заземјување ги покривам) и штама !
 
  • ми се допаѓа
Реакции: dino

dino

lurker
5 јули 2009
663
249
дефинитивно е шум
ќе пробам со RCA и најверојатно ќе пробам со грамофон за 100% да го исклучам и стримерот како "проблем"

@Nikola100 имав проблем со компјутерските звучници со зуење, ова е различно. Ама сепак ќе пробам и со други штекери
 

TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
дефинитивно е шум
ќе пробам со RCA и најверојатно ќе пробам со грамофон за 100% да го исклучам и стримерот како "проблем"

@Nikola100 имав проблем со компјутерските звучници со зуење, ова е различно. Ама сепак ќе пробам и со други штекери

Случајно климата да не ти е ставена на ист штекер?
 

dino

lurker
5 јули 2009
663
249
Пробав со RCA од стример и од лаптоп имаше шум, пробав на друг штекер.
Следно ми е да пробам во другите соби, да земам продолжен кабел па ќе тестирам и тоа деновиве.

Во меѓувреме ме водеше патот до аудио центар, дечките ми пуштија два засилувачи на двата го имаше истиот шум, ми рекоа тоа е од струјата единствено да пробам да го решам е со некоја алатка што ќе го елиминира шумот.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150

Препорака. Звукот на Letshuoer S12 има сосема друга димензија. Не очекував таква разлика. Додуша гумчињата што доаѓаат со слушалките се некоја чудна и нестандардна димензија.
 
Последна промена:

supergamer

hello world
1 октомври 2022
166
201
Друштво се поврзано како што треба. Стример > Појачало > Звучници

Се јавува шум на над 40-50% гласност од двата звучника, се слуша само кога сум ептен блиску до звучникот без музика, не можам да направам разлика дали влијае воопшто на звукот кога се слуша музика.

Кога се активни оптичките порти тогаш се јавува шумот, пробав ТВ>појачало има шум, стример>појачало има шум, во моментот кога ќе го извадам оптичкиот кабел се губи и шумот. Пробав со 2 различни оптички кабли.

Пробави се и комбинациите различен кабел различен source различна порта, пробав да ја исклучам секоја варијанта, ама секогаш се јавува шумот.

Прашањето ми е дали е нормално ова, или треба да очекувам да нема никаков шум?
На секое појачало ќе има некој шум во лер, ама се додека се слуша само ако ептен се доближиш до звучниците тогаш нема проблем. Ама ако го слушаш низ цела соба тогаш нешто друго е во прашање.
А кога ќе го извадиш оптичкиот кабел тогаш појачалото ако нема друг влез приклучен најверојатно само се гаси.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: dino

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје

Препорака. Звукот на Letshuoer S12 има сосема друга димензија. Не очекував таква разлика.
Прават прават разлика, генерално правило е - потесно грло за бас и високи(од повисоките) а пошироко грло за средина и високи(од пониските).
Има врска и длабочината на пенетрација, што подлабоко е гумицата во ушен канал тоа на повисока фреквенција(којашто помалку може да смета во зависност од тјунингот) ти е резонансата на ушниот канал.
Би ти рекол да си земеш и CP100.
Еве ти мерење што им имам правено за споредба, cp100 се зелената линија а cp145 црвената.
Spinfit.png

Минимално помалку високи(над 10к, во англојазичен свет познати како Air или Sparkle), имаат и нешто поизразен бас покрај тоа што мерењето не го покажува тој момент.
По стерео панорама 145 се подобри, али тука негде се на тоа поле, мала е разликата.
И нешто помек е материјалот кај CP100, и се со по-округла форма, не накај куршум шејпд ко 145.
Мислењето е автоматски споено:

А еве и за споредба CP145(плавата линија) со 2 различни модели на гумици со широко(зелената) и пошироко здравје грло(кафеавата).
145.png
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Прават прават разлика, генерално правило е - потесно грло за бас и високи(од повисоките) а пошироко грло за средина и високи(од пониските).
Има врска и длабочината на пенетрација, што подлабоко е гумицата во ушен канал тоа на повисока фреквенција(којашто помалку може да смета во зависност од тјунингот) ти е резонансата на ушниот канал.
Би ти рекол да си земеш и CP100.
Еве ти мерење што им имам правено за споредба, cp100 се зелената линија а cp145 црвената.
Погледнете го атачментот 123925

Минимално помалку високи(над 10к, во англојазичен свет познати како Air или Sparkle), имаат и нешто поизразен бас покрај тоа што мерењето не го покажува тој момент.
По стерео панорама 145 се подобри, али тука негде се на тоа поле, мала е разликата.
И нешто помек е материјалот кај CP100, и се со по-округла форма, не накај куршум шејпд ко 145.

Ќе ги нарачам CP100 наредно иако овие точно ме погодија како треба. Или оние мундроп кои често ги споменуваат. Но не планирам многу да се замарам со ин еар. Иако сум воодушевен од S12 сепак големите слушалки ми се слабост. Ништо чудно да ме фатат лудите па да ги нарачам HD800. Ги меркав порано ама се откажав заради цената. Но еве сега пак огнот за трошење пари се разгорува :)
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
Или оние мундроп кои често ги споменуваат.
Многу пари се тие, за да земеш 3 големини треба $40 да потрошиш, буљашки финти прават, продаваат за $13 иста големина 3 пара. Ако си решен за нив, подобро купи си Moondrop Chu слушалчиња за $20, со нив ти доаѓаат трите големини од Springtips. Иначе не сум ги пробал, али по мид-центрични ќе бидат ко што ми се гледа.

Иако сум воодушевен од S12 сепак големите слушалки ми се слабост.
Незнам, ја па неможам да сфатам дека е подобро нешто да ми тежи и да ми притиска на уши/глава, едино ако неможе човек да трпи туѓ објект во каналот и/или лесно добива инфекции на ушле. Знаеш колку мали може да се земат за цената на хд800? :)
Ал па секој со својот хир на крај.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Многу пари се тие, за да земеш 3 големини треба $40 да потрошиш, буљашки финти прават, продаваат за $13 иста големина 3 пара. Ако си решен за нив, подобро купи си Moondrop Chu слушалчиња за $20, со нив ти доаѓаат трите големини од Springtips. Иначе не сум ги пробал, али по мид-центрични ќе бидат ко што ми се гледа.


Незнам, ја па неможам да сфатам дека е подобро нешто да ми тежи и да ми притиска на уши/глава, едино ако неможе човек да трпи туѓ објект во каналот и/или лесно добива инфекции на ушле. Знаеш колку мали може да се земат за цената на хд800? :)
Ал па секој со својот хир на крај.

Ах да прочитав за тие Чу слушалките. Можда нив ќе ги земам.

Големите слушалки ми имаат многу повеќе 3 димензионалност. Простор. А HD800 викаат дека се едни од најдобрите за таа цел.

Само што во летен период не можам многу да ги слушам. Најчесто уживам навечер во мозика а не е згодно секогаш да пуштам клима. Па можда ќе се наредам и со уште неколку ин еар за летово :)
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
Големите слушалки ми имаат многу повеќе 3 димензионалност. Простор. А HD800 викаат дека се едни од најдобрите за таа цел.
У суштина само Audiotechnica M50X имам слушнато од поскапа голема слушалка, а тоа нит простор нит 3димензионалност имаше, а утепана од фалење слушалка по интернет. Ми исквари целосен впечаток и очекувања за релативно не-ефтини слушалки. Можда сменам некад мислење ако имам прилика нешто посалам да чујам.
Јас со мали слушалчиња слушам звуци што се пример на околу 2 метра надвор од глава лево или десно од мене по перцепција, не се, одредени звуци. Ваљда зависи како е сниман материјалот, и тоа што работи добро со фул сајз може да не работи исто со малечки. Ипак мала слушалка ти ја скока ушната школка и таа задача паѓа на тјунингот и комората. А и наукана нели психоакустика се вика... ми се десило на исти слушалки да ми се изгуби просторот во даден момент :), полно работи играат улога како слушаш, расположение, замор, крвен притисок, синусна шуплина(помала, поголема, затната) итн.
Ме интересира кај С12 споредно со сенхајзерките твои, ако можеш во бројки да пренесеш, која е разлика во перцепција на простор?
 

hpetrovski

hello world
22 октомври 2018
131
280
Скопје
www.instagram.com
Ах да прочитав за тие Чу слушалките. Можда нив ќе ги земам.

Големите слушалки ми имаат многу повеќе 3 димензионалност. Простор. А HD800 викаат дека се едни од најдобрите за таа цел.

Само што во летен период не можам многу да ги слушам. Најчесто уживам навечер во мозика а не е згодно секогаш да пуштам клима. Па можда ќе се наредам и со уште неколку ин еар за летово :)
Веќе се obsolete Chu, Salnotes Zero за неутрални, CCA CRA за V-shaped околу таа цена.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
У суштина само Audiotechnica M50X имам слушнато од поскапа голема слушалка, а тоа нит простор нит 3димензионалност имаше, а утепана од фалење слушалка по интернет. Ми исквари целосен впечаток и очекувања за релативно не-ефтини слушалки. Можда сменам некад мислење ако имам прилика нешто посалам да чујам.
Јас со мали слушалчиња слушам звуци што се пример на околу 2 метра надвор од глава лево или десно од мене по перцепција, не се, одредени звуци. Ваљда зависи како е сниман материјалот, и тоа што работи добро со фул сајз може да не работи исто со малечки. Ипак мала слушалка ти ја скока ушната школка и таа задача паѓа на тјунингот и комората. А и наукана нели психоакустика се вика... ми се десило на исти слушалки да ми се изгуби просторот во даден момент :), полно работи играат улога како слушаш, расположение, замор, крвен притисок, синусна шуплина(помала, поголема, затната) итн.
Ме интересира кај С12 споредно со сенхајзерките твои, ако можеш во бројки да пренесеш, која е разлика во перцепција на простор?

Сенхајзерките HD650 немаат некоја голема моќ за доловување на простор. Кај нив постои некоја друга магија на звукот која секогаш ме тера да им се вратам. Интересно е што прв пат кога ги чув мислев дека се расипани :)

Beyerdynamic DT770 pro иако од затворен тип јас мислам дека имаат голема тродимензионалност. Затоа и ги задржав како втора слушалка.

AKG K701 ги имав многу кратко. Не знам зошто не можев да ги поднесам иако имаа одлична тродимензионалност.

Не сум имал премиум овер еар слушалки што чинат многу.

Од in ear имам од поефтините по дома како Sony, AKG, JBL, KZ ZS10 Pro / AS10. И сите се расфрлани или се по ранците на ќерка ми. Освен Sennheiser Momentum in-ear кои ми се онака летна слушалка А сега за сега влегува во игра и S12. Не сум имал допир со ин еар од отворен дизајн и од повисоки ценовни рангови.

И овие може да имаат ширина но не и длабина за мојот мозок. Премногу ми се „во лице“..S12 е еклатантен пример за голема и невообичаена ширина. Но само по хоризонтала. Не знам како да опишам. Како аптекарски шишиња. Иако со новите гумички чинам има некакво присуство и на длабина. Но ми треба време да се навикнам па да споредувам.

Сенхајзер за мојот мозок колку и да не може да се пофалат со ширина, сепак имаат и длабина. Но и некое чувство дека јас и просторот сме присутни додека слушам.

Мислам дека во прашање е лично чувство. Не секој перципира и доживува исто.

Едит: Од аудиотехника дома ми останаа само М20 зашто се премногу ефтини да се замарам да ги продавам. Не се мирисаме некако со тој бренд. Што не значи дека за некој друг не се идеални нивнaтa ATH линија.

Интересни беа вокменските Koss Sporta Pro кои ми имаа добар шмек. Но сепак не ми легнаа со некои жанрови.
 
Последна промена:

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
Веќе се obsolete Chu, Salnotes Zero за неутрални, CCA CRA за V-shaped околу таа цена.
Прочитај го контекстот, ради гумиците што доаѓаат со нив беа препорачани. Ако се земе предвид цената на гумиците(а и онака планираш да си ги купиш), слушалките искачаат околу $7. А може да се рече и дека си $20 у плус, пошто за три големини(како што има кај чуто) од тие гумици треба да потрошиш $40 aко немаш со кој да ги поделиш.
И немој вакви муабети, обсолит биле, остај нека ги лажат американцине, ние попаметни треба да сме :). Неможе нешто што било добро(не дека сум фан на тој тјунинг на чуто и на зиро) одеднаш да стане обсолит кога искочил поредниот нов модел, ако ти се свиѓал тјунингот ќе продолжи да ти се свиѓа. А штанцаат секој месец нови, и ривјуерите(маркетинг агентите) ептен ефективно продаваат. Се додека не направат некој пробив, пример со ефтин драјвер обложен со берилиум за истата цена, не држи тоа вода. Во случајов кај Chu e деклариран Titanium coated a кај Zero е деклариран Metal alloy coated, колку да не е исто во маркетинг материјалот и да не бидат апла директна конкуренција него да си ги земеш и двата модела :). Водејќи се од FRC достапни на нет за двата модела, разликата во тјунинг со пар филтри ќе ја снема, ептен личи дека истиот драјвер го користат. Баш треба да ми донесат Chu на третман за некој ден, па може и да постирам FRC од пред и после тјунинг од нив ако ти е интересно.

И овие може да имаат ширина но не и длабина за мојот мозок. Премногу ми се „во лице“..S12 е еклатантен пример за голема и невообичаена ширина. Но само по хоризонтала. Не знам како да опишам. Како аптекарски шишиња. Иако со новите гумички чинам има некакво присуство и на длабина. Но ми треба време да се навикнам па да споредувам.
Убаци малку кросфид ефект на с12, ќе ти ги стесни и ќе додаде нешто длабочина. Тјунингот игра улога за перцепцијата на ширина и длабочина, и со профи изготвени пресети за еквилајзер за моиве неколку пара, реално може да си играм со тој аспект како ми е воља(до одредени граници, пошто и комората си игра некоја улога).
Може да ти скоцкам пресет или два за еквилајзер(до таргети што јас ги преферирам) за с12-ките, нема да е идеално пошто ги немам мерено и ќе треба туѓо мерење да користам, али сепак мислам дека ќе биде солиден резултатот.
И пушти некоја плејлиста од тајдал ако имаш, да видам што слушаш ме интересира.
 
Последна промена:

InSides

lurker
21 февруари 2009
759
2.019
Има магија во HD800, настрана се друго. И јас би сакал (како и верувам, сите) да бидат со пониска цена од тоа што се, но очигледно такво нешто нема да се случи. 12+ години ги мислам, и никако да ги смислам, токму поради цената. Се тешам со друго.

IEM од друга страна се извонреден концепт, и многу софистициран начин да се добие многу музика за (по)малку пари. Ама несериозно е директно да се споредуваат тие различни концепти.

Туку на тема на IEM, зошто не направите калапи за вашите ушни школки? Јас имав на Etymotic ER6i пред 15+ години, направени во Скопје. Сигурно не беа прескапи, а речиси секое студио за слушни апарати ќе се нафати.

И ќе се избегне целата драма околу врвови кои одговараат или не одговараат на ушниот канал.
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
@gokica

Изволте ветеното, по редослед како што најчесто користам.
1.png
2.png
3.png

Првово ми е некако најуниверзален тјунинг и се што слушам звучи екстра солидно со него, без моменти на вриштења или парање на уше дури и на стари траки што го имаат тој момент и е одличен за долго слушање без да те замори. Вториов и третиов(посебно третиот) се посветли и може подобро да ти пашат за потивко слушање, али знаат да ме заморат понекогаш.
Пошто неможев да најдам употребливо во REW мерење за S12 Pro(од слика да го конвертирам може али е ептен мачно), како почетна точка се земени S12. Нема некоја голема разлика меѓу нив така да мислам дека ќе биде и вака резултатот добар. Евентуално можеш да додадеш peaking филтер на 2.5KHz со Q2.5 - 3.0 и да го ојачаш за 2db и исто на 8KHz so Q4 - 5 со ојач од 2-4db, мада прво пробај без нив.
Ваљда ти е јасно што значат вредностите на сликите, али еве за секој случај да пишам. PK ти е peaking филтер, Headrooom(горе десно) ти е колку треба да намалиш на приамп да не ти клипува. A Q е Q :), во случај да користиш PEQ кој што ширината на филтерот ја рачуна во BW, можеш да најдеш конвертер на гугл.
И би ти рекол да не менуваш он д флај пресети за старт, пошто најчесто знае да го влече човек накај посветлото. Него намести пресет, пуштај музика најразнообразна некој отприлика пола саат, па угаси(тука може и мала пауза), па смени пресет итн. Па кога ќе дојдеш до некој примарен заклучок со силушани доволно различни траки со секој пресет, после и он д флај терај да видиш на одредени траки кои промени ги даваат.
Мислењето е автоматски споено:

Туку на тема на IEM, зошто не направите калапи за вашите ушни школки? Јас имав на Etymotic ER6i пред 15+ години, направени во Скопје. Сигурно не беа прескапи, а речиси секое студио за слушни апарати ќе се нафати.

И ќе се избегне целата драма околу врвови кои одговараат или не одговараат на ушниот канал.
Абе демек да се уштеди, еден калап и да ти изготват кастом куќиште колку ептен солидни IEM слушалчиња кошта. И најголем дел од производителиве не нудат таква услуга, претежно кај $500+ го имаш тоа. Бар ја не сум избегал уште до толку :).
А со гумициве и разнообразие се внесува во сликата, мењаш звук по желба/расположение.
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
759
2.019
Какви производители?

Одиш со слушалките во било кое студио (јас мислам бев кај Туџарова) и ти го прават калапот да одговара на тие слушалки. А ако се работи за стандардна димензија на каналот каде влегуваат врвовите (мислам дека беше 4мм на ER6i) ќе може да се користи и со други IEMs.
 

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
Какви производители?

Одиш со слушалките во било кое студио (јас мислам бев кај Туџарова) и ти го прават калапот да одговара на тие слушалки.
Aaaa ok, на разни работи мислиме. Јас се пребацив на CIEM, правиш калап, им го праќаш и ти го прават целото куќиште според увото и каналот, и користиш без гумици.
Ова ти што го збориш е претпоставувам како гумица голема според калапот, така? И коку кошта такво задоволство?
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
759
2.019
Да да. Штета што немам слика од своите веќе.

Ама еве слична ситуација:

Ety-Custom-pic.png


Имај предвид дека јас ова го правев пред скоро две децении. Ама би се шокирал ако чинат повеќе од стотина евра со се целата компликација на земање мерка и изработка.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Има магија во HD800, настрана се друго. И јас би сакал (како и верувам, сите) да бидат со пониска цена од тоа што се, но очигледно такво нешто нема да се случи. 12+ години ги мислам, и никако да ги смислам, токму поради цената. Се тешам со друго.

IEM од друга страна се извонреден концепт, и многу софистициран начин да се добие многу музика за (по)малку пари. Ама несериозно е директно да се споредуваат тие различни концепти.

Туку на тема на IEM, зошто не направите калапи за вашите ушни школки? Јас имав на Etymotic ER6i пред 15+ години, направени во Скопје. Сигурно не беа прескапи, а речиси секое студио за слушни апарати ќе се нафати.

И ќе се избегне целата драма околу врвови кои одговараат или не одговараат на ушниот канал.

Ич не сакам слушалки на старо. Ама овие легенди со добра цена можеби ќе влезат како опција. Па да сменам перничиња и да ги послушам малку.

За калапите не сум знаел дека вакво нешто е можно. Исто не знам и дали материјалот игра некаква улога т.е. дали е од ист тип како и подобри еартипс. Но зошто да не, може да се проба да ми изработат еден пар.

Ти благодарам за појаснувањето и што се обидуваш да ме просветлиш. Обавезно ќе пробам штом најдам време.

Работам на компјутер и слушам многу често музика. Па така морам да менувам жанрови за да не ми биде досадно. Секогаш имам потреба од нова музика. Поп, џез, класика, рок, метал итн. Нешто сега сум во фаза на филмска музика, музика во живо од разни жанрови но и најново ми е трап за чудо.

Не сум фанатик кога станува збор за звук. Сакам да истражувам со различна опрема. Варијации на тема не ми пречат. Баш ми дозволуваат иста музика да ја слушнам во различни димензии. Не мора да е така како што некој замислил да звучи. Ако знаеле Dire Straits дека ќе ги слушам на S12 најверојатно нешто ќе било изменето при снимањето :) Е сега доброто е што карактеристиките на слушалките си остануваат.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно