Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Македонски Пошти - Општа Дискусија

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  • Вкупно гласале
    722

Riste19

lurker
14 ноември 2016
654
264
Точно така, ефтините одат со некоја економска а поскапите со стандард, изгледа тоа го открија нашите служби после 3 месеци и почнаа да ги пуштат без проверка и даночење, ова е само моја претпоставка.
Е има еден мал проблем, али може да ти спакува некоја или повеќе ситни порачки со некоја поскапа и да ги прати заедно со стандард шипинг, е тогаш и тие заглавуваат на царина.

Знам за тоа јас така и ги порачав и ситниците во почетокот на декември и со надеж дека ај си викам побргу да ми дојдат да не ги чекам месец-ипол со Cainiao Economy, порачав 6$ артикал и истовремено и тие 2 ситници што ми беа хитни. И резултатот испадна .!. Наместо побрзо испадна никад и да не стигаат вака!
 
Alucard

poweruser
22 октомври 2012
2.036
2.075
Скопје, Македонија
Од најновите со MK.......R уште немам добиено но ги има на тракингот на ЕЛС.

Вчера од ELS ми кажаа дека без разлика што се појавува кај нив на сајтот, не значело дека тие ќе биле доставувач, сите оделе преку Трансфера од Србија, а кај која фирма за испорака ќе завршеле на крај, не се знаело.

Муабетот, искрено, ми немаше врска, затоа што тракингот се покажува само на ELS сајтот, никаде на друго место, дури ни на Трансфера-та што ја спомнаа.

Останува да видиме, ама прилично сум сигурен дека сѐ оди преку ELS и муабетот што ми го свртеа е без врска.
 
Manis

hello world
14 јануари 2026
147
58
А тие старите со RR*****HU од пред 2-3 месеца што одеа со Виа Пост. Има ли некој инфо нешто ново што ќе биде со тие? Сеуште не пишува на тракингот за следење дека ќе се вратат назад.
 
zoran.europe

hello world
15 јули 2024
155
97

Не мора да значи. Вообичаено, кај нас не е ништо јасно, се мора да биде матно. Можно е да оди се преку тие Трансфера, а овие нашиве само потоа да разнесуваат. Како на Тему. Но тоа не ти менува ништо. Важно е само да не е вклучена мк пошта, помоли се за тоа ...
Мислењето е автоматски споено:

А тие старите со RR*****HU од пред 2-3 месеца што одеа со Виа Пост. Има ли некој инфо нешто ново што ќе биде со тие? Сеуште не пишува на тракингот за следење дека ќе се вратат назад.
За нив е надлежен Борис Јасновидец. Само тој може да каже каде се...
 
Manis

hello world
14 јануари 2026
147
58
Нема ги. Никој. Па ако викате навистина дека има повеќе од 10.000 пратки тогаш зошто никој не се замара? На реддит мк, фб групи, форуми, интернет што читав, многу слабо се жалат луѓето...Очигледно "куќат си зошто има и полошо".
 
ArMaKeDoN98

hello world
7 февруари 2016
298
192
Нема ги. Никој. Па ако викате навистина дека има повеќе од 10.000 пратки тогаш зошто никој не се замара? На реддит мк, фб групи, форуми, интернет што читав, многу слабо се жалат луѓето...Очигледно "куќат си зошто има и полошо".
епа наместо да се собереме 100 човека од тука и да пишеме до 10 надлежни и новинари ние тука баеме по форумот само како баби
 
Riste19

lurker
14 ноември 2016
654
264
Нема ги. Никој. Па ако викате навистина дека има повеќе од 10.000 пратки тогаш зошто никој не се замара? На реддит мк, фб групи, форуми, интернет што читав, многу слабо се жалат луѓето...Очигледно "куќат си зошто има и полошо".

10.000?

Би рекол НАД 50.000 досега им се натрупани! Само мој има 50 стави у просек по 6-7 да има секој 1 што порачува а скоро сите што ги познавам лично јас порачуват!
ЛОШО НАВИСТИНА !
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.628
1.797
Да, кога ќе пишеш Алиекспрес на овие пребарувачите за вести како Тиме и слични, нема ниедна вест за ова, а со тоа ниту едно известување од пошта и царина. Очигледно некој ги штити тие директори, кога беше претходниот застој се пишуваше доста многу по медиуми, мислам дека и Сител пуштија прилог на вести.
 
bonsmk

read-only
23 јануари 2026
32
10
Ајде нашиве нека го следат трендов.. очигледно дека е утопија и повеќе преставува оперативен трошок него што добивка...
Кинезиве се махери значи:
Italy was beginning to detect diversions in the flow of goods to other European hubs, such as Germany or the Netherlands, from where parcels could move freely once cleared, penalizing Italian airports and customs
 
zoran.europe

hello world
15 јули 2024
155
97
Ајде нашиве нека го следат трендов.. очигледно дека е утопија и повеќе преставува оперативен трошок него што добивка...
Кинезиве се махери значи:
Italy was beginning to detect diversions in the flow of goods to other European hubs, such as Germany or the Netherlands, from where parcels could move freely once cleared, penalizing Italian airports and customs
Каков оперативен трошок?
Па тие од ова ќе соберат еден тон пари кои досега не ги земаа, и кои кај редовните “матни“ бизниси во срм одат нормално со чист шверц (со аванта секако). Како што им недостигаат пари за крадење, ова им е ко порачано. Чиста работа, што ќе дојде опни му 18% а може и плус царина.... Убајна...
ЕУ има проблем со различните регулативи, но ќе го решат тие тоа. Ние глеј што ќе праиме...
 
Прав си.. ама со темпово на полжав не се способни ни тие пари да ги земат :D еве пратки 3 месеци кои лежат на царина не се испроцесирани, и секако ние не сме задолжени да ги подигнеме, нека ги враќаат назад на Али т.е ете ти оперативни трошоци, пак на сметка на народот
 
Zokbt

read-only
13 ноември 2014
48
20

Rabota e ako izrabotis nesto , a ova sto legaat so meseci pratki e ramno na nula
 
zoran.europe

hello world
15 јули 2024
155
97
Прав си.. ама со темпово на полжав не се способни ни тие пари да ги земат :D еве пратки 3 месеци кои лежат на царина не се испроцесирани, и секако ние не сме задолжени да ги подигнеме, нека ги враќаат назад на Али т.е ете ти оперативни трошоци, пак на сметка на народот
Не зборувам за пари што ќе дојдат од пошта. Од нив нема леб. Ќе земат пари од пратките што ќе одат преку приватните шпедитери и пошти. Како со Тему. Тоа е печатница за пари. Пошта не ја третирам, јас да сум утре би ја затворил...
 
denko55

hello world
8 ноември 2025
58
60
епа наместо да се собереме 100 човека од тука и да пишеме до 10 надлежни и новинари ние тука баеме по форумот само како баби
Тоа им го кажувам веќе некое време. Јас пишав на секој можен медиум/институција. Ама јас не сум доволен, пишувајте сите ако сакате да се реши застојот. Ако не продолжете со плачење тука.
 
Blagoj322

The More You Buy, The More You Save
4 март 2017
53
72
Јас имам две пратки заглавено што се порачани од Шпанија. Стојат на царина од 25.12.2025.
 
zoran.europe

hello world
15 јули 2024
155
97
Јас имам две пратки заглавено што се порачани од Шпанија. Стојат на царина од 25.12.2025.
Тоа 25.12 е некој судбински датум.....
А за чудо, денес, по 2 и пол месеци од нарачката одеднаш ми се смени статусот на една од пратките RR......HU (оние од Грујо) во
1770916501444.png

Не знам што значи тоа, но еве да ве известам, во исти ла*на сме...
Кај нас не можам да ја најдам, не знам на кој од 150 тракинзи да ја барам, ако воопшто е тука....
 
Riste19

lurker
14 ноември 2016
654
264
ако воопшто е тука....
Ма јок! Тоа значи дека штотуку е титната на бар код скенер во маѓарска сортинг центар и не се знае дали наваки ќе иде или рикверц у кина. Ако иде наваки има голема шанса да иде по скапанава пошта што значи уште минимум 5-6 месеци чекање (освен ако инаш многу голема среќа)!

И КАЈМЕНЕ НА 2 ГО ПОЈАВИ ИСТОТО !!
 
denko55

hello world
8 ноември 2025
58
60
Ајде уште еднаш да повториме. Ова што се случува повеќе не е застој. Ова е колапс на системот поради измена на закон донесена без елементарна логистичка подготовка. Илјадници пратки стојат со месеци. Луѓе чекаат, плаќаат, губат време и нерви.

И што имаме? Тишина. Ниту медиумска тема, ниту институционална одговорност.

Зошто? Затоа што проблем што останува затворен на форум не е проблем. Тоа е само муабет.

Ако навистина има десетици илјади заглавени пратки, тоа значи дека има илјадници луѓе што се погодени. А реалноста е дека многу мал дел од тие луѓе реагираат надвор од оваа тема. Без јавен притисок нема ни решение. Во моментот кога ова ќе стане јавна приказна, ќе стане и политички проблем. А кога нешто станува политички проблем, одеднаш има итно решение. До тогаш ќе си броиме денови на тракинг статуси и ќе се тешиме дека некогаш ќе стигне. Ако сакаме решение мора да бараме решение. Јас моето го направив, се надевам и други ќе реагираат надвор од форуми.
Мислењето е автоматски споено:

Знам дека има многу што мислат дека ќе искористат во ситуацијава, ќе направат поврат на средства и после некој месец ќе си добијат и пратка. Јас не барам поврат на средства, туку го продолжувам рокот за заштита. Гледам дека многу продавници престанаа да доставуваат во Македонија. Ако не го решиме проблемов брзо, ќе бидеме единствени на Балканот каде што нема достава од многу реномирани онлајн продавници.
 
zoran.europe

hello world
15 јули 2024
155
97
Овде

Овде никој не нарачал за да бара поврат на средства. Тоа е безмислено губење време. Јас сум кренал раце од тие пратки. Само кажав дека дојде мејл по 2 месеци сосема неочекувано. Што се однесува до мене, сеедно ми е што ќе се случи со пратките, јас веќе заборавив што имаше во нив...
Одиме понатаму
 
blackelf

lurker
14 декември 2013
619
546
Вчера бев во пошта испраќав пратка, и прашав што се случува со царина. Одговорот беше дека повеќе од пола си заминале и немало кој да работи.
Проверија статус на една моја пратка која ми е многу потребна, и ми кажаа дека сеуште е на аеродром од причина што немало веќе каде да ги складираат.

1770929448931.png

View: https://www.youtube.com/watch?v=PMrzPUYMFoE&list=RDPMrzPUYMFoE&start_radio=1
 
Manis

hello world
14 јануари 2026
147
58
Тоа 25.12 е некој судбински датум.....
А за чудо, денес, по 2 и пол месеци од нарачката одеднаш ми се смени статусот на една од пратките RR......HU (оние од Грујо) во
Погледнете го атачментот 158662

Не знам што значи тоа, но еве да ве известам, во исти ла*на сме...
Кај нас не можам да ја најдам, не знам на кој од 150 тракинзи да ја барам, ако воопшто е тука....
Провери на parcelsapp.com што пишува дали има сменето статус? Да не ја враќат? Оти мене не ми се верува да ги добиеме тие со RR..
 
pepo123

hello world
8 април 2008
173
319
www.google.com
Еве и од мене едно искуство за тие што се нервираат со пратки од памтивек...
Имам пратка со статус 1006 CARINA уште од 19.12.25. Само што се вратив од испоставата под железничка и ми кажаа дека тек сега ја процесираат таа вреќа, дека ќе е наскоро и да следам промена на статус. (Изненадно културно)
Инаку станува збор за шифра RN-JP..
Еден не-update. Бев пак до железничка и е се по старо. Од пошта ми потврдија дека на 20.1 царина го има прифатено пакетот и од царина ми потврдија дека е веројатно некаде во купот што сега го процесираат.
На коментарот дека веќе 2 цели месеци е во царина одговорот беше "Ехее, тука имаме пратки и од пред 3-4 месеци".

И така..
Инаку колку што можев да ѕирнам низ прозорчето видов имаат купови пакети на една страна и полица пакети на друга страна. Ми личи дека процесирањето им е всушност да земат пакет од купот, да го стават на полицата и да чекаат фактура за тој пакет, па капацитетот на обработка им е капацитетот на полицата. Под претпоставка дека повеќето немаат испратено предвреме фактура на мејл и се чека да добијат известување ПО ПОШТА, направете една математика кога ќе го исчистат застојот...
 
zoran.europe

hello world
15 јули 2024
155
97
Еден не-update. Бев пак до железничка и е се по старо. Од пошта ми потврдија дека на 20.1 царина го има прифатено пакетот и од царина ми потврдија дека е веројатно некаде во купот што сега го процесираат.
На коментарот дека веќе 2 цели месеци е во царина одговорот беше "Ехее, тука имаме пратки и од пред 3-4 месеци".

И така..
Инаку колку што можев да ѕирнам низ прозорчето видов имаат купови пакети на една страна и полица пакети на друга страна. Ми личи дека процесирањето им е всушност да земат пакет од купот, да го стават на полицата и да чекаат фактура за тој пакет, па капацитетот на обработка им е капацитетот на полицата. Под претпоставка дека повеќето немаат испратено предвреме фактура на мејл и се чека да добијат известување по пошта, направете една математика кога ќе го исчистат застојот...
Во “држава“ во која не постои апсолутно никаква одговорност, тоа е тоа
И не е од сега. Сега демек им дадоа работа да сметаат давачки за секоја пратка, а тие неучени да работат. Да беше за во џеб, да видиш како ќе летаа
Ама штрајкувале, не зеле плата
Истерај се тоа на улица...
Мислењето е автоматски споено:

Провери на parcelsapp.com што пишува дали има сменето статус? Да не ја враќат? Оти мене не ми се верува да ги добиеме тие со RR..
1770975177503.png Најдобрите светски форензичари не би можеле да ја дешифрираат патеката и судбината на пратките за во срм, а не јас. Кузнае што ова значи. И тој Орбан да го фанеш, да го .....
 
Manis

hello world
14 јануари 2026
147
58
Во “држава“ во која не постои апсолутно никаква одговорност, тоа е тоа
И не е од сега. Сега демек им дадоа работа да сметаат давачки за секоја пратка, а тие неучени да работат. Да беше за во џеб, да видиш како ќе летаа
Ама штрајкувале, не зеле плата
Истерај се тоа на улица...
Мислењето е автоматски споено:

Погледнете го атачментот 158674Најдобрите светски форензичари не би можеле да ја дешифрираат патеката и судбината на пратките за во срм, а не јас. Кузнае што ова значи. И тој Орбан да го фанеш, да го .....
636363.png Нема толку е ....Моите ќе поминат повеќе од 90 дена веќе....Тоа ќе ти биде последен статус. Сите се на тој последен маркиран статус ""Shipment is being prepared for international delivery"" или со ""Preparing item for international transport""..Исто е...Ако не да чекаме 35 години за пратката ? Зошто на оваа многу добра функционална прекрасна еуропска античката ДАРжава СРМ и требаше 35години да добие нов имотен лист со преспански и бг договор........ :ROFLMAO: :ROFLMAO:
 
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно