FLEGMA
sensei
- 2 август 2012
- 11.550
- 19.219
За жал ова е многу точно. До толку се боси што основни електричарски работи не знаат (На пример сум имал тврдење „што има врска ако 1,5mm кабел“ при местење на 7-ка клима.Ама ако монтерите до вчера мешале малтер или чувале овци во планина, толку им е знаењето. А ги има многу такви.
Абе што очекуваш ти? Тие едвај влегоа во колосек и се научија да вакумираат.
Фреонот се собира, така се нарекува постапката, во надворешната единица. Климата се пушта на ладење и во точно одреден временски интервал (спрема снагата на климата) постепено се затвора вентилот на надворешната единица. Ова искусни мајстори го прават по слух. Откако ќе се собере климата мора веднаш и без одлагање да се изгасне (останува без подмачкување)фреон ако треба да се собира не му беше ни на крај памет да го направи
После тоа, при повторно пуштање, потребно е уште еднаш да се направи вакумирање.
Се додека има лоши монтери ќе има и расипани скапи клими. Не велам конкретно за тој мајстор кај тебе..какви скапи клими имам поправано тоа е се случува
Таму или ги има дотегнато жиците од струјата или, по некоја луда случајност, го има доотворено вентилот од фреонот што според мене нема логика ама еве да речеме дека е можно да се случи еднаш на 1000 клими.Излезе повторно надвор со скала се качи и ја отвори кутијата од страна што е, дали таму затегна нешто не видов пошто не е на убава позиција за да видам
Се надевам дека кај тебе почетно направиле вакумирање.
btw
Недостаток на фреон најпрво може да се примети по тоа што едната половина од испарителот побелува/мрзне и тоа со прилично дебел слој на мраз.